Број 2737  вторник, 15 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Груевски со писмо бара од Караманлис да се реши македонското прашање

Македонскиот премиер со надеж дека во разумен период Караманлис ќе предложи решение за проблемите

Македонскиот премиер Никола Груевски му испрати лично писмо на грчкиот премиер Костас Караманлис во кое од својот грчки колега побара решавање на проблемот на македонското малцинство во Грција, решавање на прашањето на протераните Македонци од Грција за време на Граѓанската војна, што би вклучило враќање на нивните имоти, добивање државјанство и слободен влез во земјата. Македонскиот премиер во писмото изразува надеж дека во разумен период Караманлис ќе предложи решение за овие горливи проблеми. Груевски го бара тоа од Караманлис за "исправање многу историски неправди кои се чувствуваат и денес", а кои ќе ги подобрат и односите меѓу двете земји.

Груевски накратко во писмото на Караманлис му го опишува егзодусот на Македонците од Грција, како и нивнте судбини потоа. "За жал, децении потоа, по нивното напуштање на родните места и живеалишта, дури и откако заврши војната, ним им беше оневозможено, односно забрането да се вратат во своите родни места, во своите родни куќи и на своите имоти. Тоа не им беше дозволено ниту ним, ниту на нивните наследници", стои во писмото на Груевски, во кое се наведува дека тие луѓе се тројно дискриминирани - не можат да ги добијат имотите назад, имаат сериозни тешкотии за влегување во Грција и не им се дава двојно државјанство.

Груевски очекува од Караманлис, како премиер на држава-членка на ЕУ и НАТО, институции каде што особено се внимава на човековите права и на стандардите за гаранција на приватна сопственост, тој лично да преземе мерки за исправање на неправдата нанесена на огромен број луѓе. Тој наведува дека писмото го испраќа по барање на повеќе граѓански здруженија на Македонците протерани од Грција, да му се обрати како на премиер на соседна држава, од која тие се чувствуваат дискриминирани. Груевски, исто така, бара од Караманлис признавање на македонското малцинство во Грција и нивно образование на мајчин јазик (македонски), како и употреба на македонскиот јазик во локалните институции во местата во Грција каде што живеат тие во позначаен број. За оваа молба Груевски верува дека Караманлис со „задоволство ќе се ангажира да помогне“.

Македонскиот премиер му нуди на Караманлис и секаква потребна помош, и институционална и експертска, за решавање на прашањата. "Можно е и средба на експертски групи од двете држави кои, верувам, во еден краток неколкумесечен период ќе ги утврдат сите факти и детали, со кои ќе ги надминеме овие проблеми", наведува Груевски. Тој верува дека Грција ќе ја има потребната, пред се' политичка волја, за решавање на проблемите, сепак, додавајќи дека во денешно време, кога се работи за човековите и малцинските права, „не се работи за тоа дали сакаме или не сакаме да ги решиме, туку потребно е стриктно придржување до меѓународните стандарди“.

Писмото до Караманлис, покрај со надеж за добивање скорешен позитивен одговор, Груевски го завршува укажувајќи му на грчкиот премиер дека „јас и Вие не можеме да ја промениме историјата и минатото, но со добра волја можеме да исправиме многу неправди од минатото, а секако дека можеме да влијаеме во креирањето на подобра иднина“.

Портпаролот на грчката влада Теодорос Русопулос изјави дека македонскиот премиер одново ги повторува „познатите неприфатливи тврдења за непостојни малцинства и дека Грција на никаков начин не сака да учествува во каков и да е обид за дефокусирање на преговорите за името". Според него, грчкиот премиер ќе испрати одговор на писмото на Груевски до крајот на неделата. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 2490 пати.

Испрати коментар

Од: jimmy1
Датум: 15.07.2008 01:00:03
Ete nesto pozitivno da slusnime od Grujo. Toa trebase da se bara mnogu porano, malu nasiot voz kasni ali sepak dobro baranje.
Од: mitko zali po minimax
Датум: 15.07.2008 01:50:39
Koga bevme malku pomladi (ova e objasnuvanje za decistata koi tuka pisuvaat komplimenti za VMRO i grubi istoriski falsifikati) vo sakanata ni Jugoslavija imase edna TV emisija koja se vikase "Od glave do pete", iako bese na srpski mnogu ja sakavme taa emisija. Nea ja vodea Minimax (umre pred kratko vreme, lesna mu zemja) i Minja Subota. Vo taa emisija imase edna rubrika koja se vikase "Zalete se vo emisijata od glava do petici". Steta sto taa emisija veke ne tece zatoa sto Grujo da se zalese vo ovaa emisija ke imase pogolema sansa da go resi problemot so Egejcite otkolku so prepiskata so Karamanlis. Dali ima nekoja budala (sto po sto ima) koja veruva deka Egejcite ke bide reseno na ovoj nacin? Dali ima nekoja budala (sto po sto ima) koja veruva deka problemot so Egejcite voopsto ke pocne da se resava pred RM da stane del od EU?
Од: od nikogo
Датум: 15.07.2008 01:59:54
koj klosar e toj gospodin g. ej ,koalira so ubica i terorista a saka pravdini od drugi zemji ,iscisti si go prvo tvojot dvor be klosar.ke me ubiea 2001 da mi go stavis onoj u vlada,kloooosaarrce
Од: USA University Professor
Датум: 15.07.2008 02:02:45
Bravo, Mr Prime Minister!!! This is right letter in right time. Do not be scare fro the jypsy from the south. The atac is the best defend. Go forward! Be brave and Gopd is with uou and Macedonia. God Blased Macedonia.
Од: andrej
Датум: 15.07.2008 02:16:27
POPULIZAM ! Ne se foliraj Grujo! Sto ke napravis ako ne ti go prifatat pismoto ? A ? Ne pominuvaat tie finti. Sto ke prevzemes ponatamu? Za se treba muda. A ne populizam.Narodot "cita",ne e nepismen.
Од: Toni K.
Датум: 15.07.2008 03:14:13
Bravo Gruevski.Neznam zosto ova baranje ne bese staveno na masa pred 17 godini?Megjutoa dobro e sto sosedite od jug ke pocnat da se chesaat za glava po ova prasanje.Site ovie raboti treba sekojdnevno da se prezentiraat vo svetot.
Од: Tina
Датум: 15.07.2008 04:10:09
A jimmy ne ne... Cekaj sega ke pocnat da plukaat kako ova bilo populizam i na SDSM im teknalo mnooooguuuuuu odamna ama nejkele da ni kazat za da ne sirat populizam! hahahaaa
Од: caci
Датум: 15.07.2008 05:56:36
Bravo Gruevski. Kade bese Gligorov, BC da prasa za ova. Eve konecno nekoj prav maz.
Од: Ilija Bendevski
Датум: 15.07.2008 07:32:05
Samo taka -Napred
Од: d-dorf
Датум: 15.07.2008 07:38:11
Kako melem na rana mi prelegna ovaa baranje do grcive.I duri sega mozam da kazam" AFERIM" Gos. Grujo. Epten krajno vreme bese , meckata da zaigra i pred vratata na komsii. i ne so samoto , baranjeto za prznavanje na malcinskite prava na Egejcite, tuku bi predlozil na nasite, predstavnici "ROMI" vo Vladata ,i tie da go pokrenat ovaa prasanje, pred EVROPSKITE institucii i kaj samite grci ,,, za pravata na Romite,vo grcija kako i priznavanje na nivnoto postoenje vo grcija(( zabraneto im e da se izjasnat kako Romi). Eve moznost, za Ministerot bez resors NEZDET MUSTAFA kako i Pratenikot AMDI BAJRAM da se zazemat po ovaa prasanje...Ako mozese Sarkozi javno da se zazeme za grcive...?? Pa neka vidi celiot svet kolku e, Demokratska zemja gr. Kolku e golema nivnata Demokratija, vo sporedba so pravata na ROMI vo Makedonija,i deka ni DEMO- nitu pak KRATIJA postoi kaj niv... Postojat samo grci. Mislam deka ZAEDNO sme posilni....?
Од: ZSS - Skopje
Датум: 15.07.2008 08:02:25
Da ne e samo odalecuvanje od vlezot vo NATO i EU? Zadskrieno toa najlesno se pravi so vakvi trikovi. Gi zkjalam brakata od Egejot deka povtrono i povtorno izigrani. Ocigledno na premierot ne mu se brza za vlez vo NAT i EU se do rasturanjeto i uniustuvanjeto na biznis-elitata na SDSM i formiranje na partiska biznis-vrhusaka. Gruevski najdobro ja znae mokta na parite, oti bez niv nema doaganje i ostanuvanje ana vlast.
Од: Петко
Датум: 15.07.2008 10:42:54
Како ли нашиов прв министер долол на идеа дека Коста Караманлиевски(самиот се кажува Македонец)немал доволно тоалетна хартија па решил да му испрати едно мало писулче?Да не нешто да му замирисало?Резултатот за решавање на ова прашање е многу јасен-никаков.Но,вистинскиот резултат што се сака да се постигне,ќе биде одличен-сите овци во еден глас ќе заблекаат : еве овај човек мисли за Македонија и јуначки се бори за неа!Овчички,на здравје нека ви е!Мене нека ми расте рејтингот,а за вас можеби Ќе видиме некогаш.
Од: A. Nikolov
Датум: 15.07.2008 10:53:57
Bravo za Nikolaj.Samo ne mi e jasno zoshto ne go iskoristi svojotaftoritet i rejting za reshavanje na problemite na istochnata kriza,potochno so rastot ma cenata na naftata.Neka im rzne malku i na amerikancite i na izraelcite.Poradi niv raste cenata na naftata,a makedonija so toa ekonomski propaga i se javuva nezadovolstvo kaj narodot.Bidete sigurni,Nikolaj i toa go moze.
Од: отец Спиридон
Датум: 15.07.2008 11:00:13
И јас сум за поставување на ова прашање.Меѓутоа, времето, на неговото изнесување ’на бело видело’ е крајно проблематично, неразумно и нерационално. Во корист на наша штета. Едно е да си сам, без јасни пријатели, сиромашен, опкружен со грабливци од сите страни, оставен во вода до уста,а ваму покажуваш остри заби, палиш најдолен вид на патриотизам за да покриеш како куќата тие празна, сиромашна. Друго е кога си во заедница, рамноправен. Што ли работат тие во Владата, дипломати, советници? Ова е сега уште еден глогов колец што самите си го удираме на бродот наречен Македонија. И само затоа што неговиот капетан сака да командува за вечни времиња иако ќе плови на релацијата Гевгелија - Куманово! Не се ударјате по гради. Читајте го Цепенко. Со глава не се урива ѕид. Туку треба да се разнишува камен по камен, тула по тула. Слепци и нерзумници...
Од: dragi
Датум: 15.07.2008 11:39:36
kade bese gligorov da go pokrene ova znacitelno prasanje za makedonija ,mesto da zastane vo odbrana na makedonija i makedoncite toj zastana vo odbrana na grcija i go smeni imeto vo firom.sega vidoa makedoncite za kakva licnost imale za presedatel na drzavata.t.narecen lisez .koi mnogu od nasite novinari go imenuva.
Од: tralala
Датум: 15.07.2008 12:00:48
mitko ti si za lecenje.ti go preporacuvam bardovci.komunist gnasen
Од: maak.
Датум: 15.07.2008 12:01:04
bravo,, SVETI NIKOLA "samo ti mozes da gi promenis istoriskite nepravdi samo ne trbalo so pismo da mu se obrakas na mobilen da mu se javese povise ke go isplasese karamanlis, kolku si glupav ne si svesen,posto probemot so imeto go resi vo nasa polza sega redno e i ovoj problem da go resis cccc...kaj imas ti mozok za vakvi probemi, ti 2 recenici sto ke ti gi napisat nemozes da gi procitas do kaj ke se glupiras samo bog znae.
Од: razumen
Датум: 15.07.2008 12:24:20
bravo oce aspiridon, ne razbiram kade se lugeto koi razmisluvaat so ladna glava i se prakticni. Ili gi nema ili se plasat. Nekoj rekol "zloto zema zamav koga pravednicite ne prevzemaat nisto" . Namesto da se prati pismo so koe se bara i predlaga resavanje na problemot so imeto, tie frlaat kamen vo ...
Од: nekoj
Датум: 15.07.2008 13:26:34
E kako ne be,eve na Grcite gacite im se stresoa,samo sto ne im padnale.!So ova nesto premierceto nase ja pokazuva svojata slabost za resavanje na diplomatski problemi,pa demek brej.!A bre Vmr-ovci,mnogu ste vie golemi dusebriznici,nema sto.!Na golema vrata zboruvate za cesnost i moral,a na mala vrata gi proturkuvate site onie vasi lokalni apasi i kriminalci da go teroriziraat i reketiraat cesniot covek.Nikakva razlika nema pomedju vas od pred nekolku mracni godini i sega koga demek rascistivte so sljamot vo partijata!Pozdrav do site sto razmisluvaat poinaku od diktatorive.
Од: Potomok na Aleksandar
Датум: 15.07.2008 13:47:19
Bravo go`s Gruevski prashajneto za egejcite odamna beshe izlezeno na povrshina i nesmee poveke da bide skrieno zad vrata jas prdlagam da se isprati pismo i do Alb,Bug,i Srb i ako trba dase organizira trkalezna masa i dase reshi problemot na site malcinstva shto ziveat na Balkanskiot poluostrov i da pochne balkanot dazivee vo mir. Do Otec spiridon da, zidot so glava ne se turka treba dase potkopa ajde dadete vie nekoja idea kako dago turneme zidot pet vekoven nishto nee vechno pa niti selata kako porano koga gi brkavte Petlinjata niz dvorovite sega nema ni sela ni petlina samo ostanaa pragovite od kujkite na nashite dedovci. ke dojde denot koga kako snop ke padne toj zid shto go deli Makedonecot veruvam vo zilavosta na Makedonskiot narod zashto ima SRCE LAVOVSKO.! za mnogu godini.
Од: Daren
Датум: 15.07.2008 13:57:12
Zatoa sto Makedonija ne e tamu kade e denes Slovenija, Ceska najgolema zasluga ima B.C. i nesto pomala Ljubco G. Stetata na Grujo zasega e daluku pomala od gornite 2. Tie go unistija I esnafot I moralot. Lagite I intrigite vladeat. Ne deka ne moze da gi stasa. Poleka ama sigurno. Ne veruvam deka ke ima vizija da im ja vrati drzavata nazad na graganite od vladenieto na partiskite maheri od 2te partii vo zavisnost od toa kolku godini bea na vlast. Narodot ke si go najde patot. Potrebna im e slobodata. Kako vika Brane , znam deka vi e loso ama da ne bevme nie ke vi bese mnogu poloso. A za pismoto , malku dostoinstvo vo okeanot ponizuvanja.
Од: Macedonian DownUnder
Датум: 15.07.2008 14:55:46
Koj li e ovoj "USA University Professor" samo da znam - angliskiot mu e tapa a se nadevam deka malce bolje ja poznava problematikata koja ja predava tamu... go pregledav tekstot nekolkupati nema samo gresski vo speluvanje ..... :)
Од: Bizmark
Датум: 15.07.2008 15:09:21
ОДГОВОР САМО ЗА МИТКО!! 1.006.400 Македонци од Македонија + уште х3 од странство. Ти требаат уште Митко?
Од: Makedonec
Датум: 15.07.2008 16:22:01
Nema pregovaranja so ubici fgasisti iasimilatori na Makedonskiot narod ime si imame. Razberete.
Од: Македонија
Датум: 15.07.2008 16:34:21
Е тоа е чист ПОПУЛИЗАМ, и ништо друго.
Од: spase - australias
Датум: 15.07.2008 17:31:33
Ne mozam i da ne napisam nesto komentar na komentarite golem procent na onie koji go kritikuvaat premierot. Koga ke se osvestite i pocnete da mislite bez strav sega ispadja ne trebase da se postavi ova prasanje a koga bre glupi moji makedonci koga spored vas nikogas vo vas strav vkoski vi se piknal drugo nisto. Sto gubime grcite igraat na karta isplanirano i plateno kaj evropski diplomati od dosta godini nanazad tie strategijata ja imaat napraveno so site mozni scenarija sto da pravat kako da ne unistat. Toj e klet narod no sto treba nie da napravime site partii slozno koj i misli dobro na makedonija da se tuzi grcija ama bas site gradjani i vlasta ednoglasno ova sakam da go vidam site prava na makedonci albanci romi turci grcite da moraat da gi priznaat so site medjunarodni normativi da se sprovedat. A sto pravi nasiot gradjanin si gi vadi ocite izmedju sebe a makedoncite posebno sekoj sekogo go kleveti napadja tuzikara kaj nekoji EU diplomati kraj nema nasata parodija zatoa sme ka
Од: Ema
Датум: 15.07.2008 18:37:06
ne mozam i jas da ne napisam nesto,ovoj Spase (Avstr.) ima pravo-namesto sega makedoncite da bidat srekni deka nekoj glasno,jasno i resitelno go potegnuva prasanjeto na egejcite-sega-tipicno makedonsko-si gi "vadite" ocite!Mozebi nema odma da se resi ,ama ova e pocetok!!!!! A do sega....nikoj nisto ne napravi....mene mi e milo za vakov poteg...pravdata koga- togas ke pobedi...
Од: Arslan Prime Minister
Датум: 15.07.2008 19:25:56
Bravo Grujo. Ama gi uplasi Grcistata , gi napika u majcina im. eve javija na TV Antena grcka deka posle tvoeto pismo se rasprodale site kolicini na gas papir( toaletna harti9ja) bidejci site Grci dobile proliv od strav, a na angro seprodavale i tbleti za smiruvanje. More sto im napravi, ama ako neka vidat so kogo si fatile rabota. More so niv treba uste poostro. Prati mu gi onie dve brigadi odARM i Voenoto vozduhoplovtvo do 4 helikopteri idva Suhoj , pa za osum casa vo Solun,. ma kako Solun , nema zapiranje vo Atina, ina Akropol da im go zakaces znameto makedonsko. Vo voenata akcija ce ni pomognat i bracata Hunzi. Askolsun bre Grujo, Arslan premier si i od arslan nacijai arslan drzava. Samo ne znam imas li ti politicki sovetnici vo vladata ili dejstvuvas solo. Ce se razsonis , ce napises pismo i burda pravo do Karamanlis!?
Од: sladj
Датум: 15.07.2008 19:52:57
ovakov angliski ni na Mala Recica ne bi pominal.. jas se nadevam deka doticniot univerzitetski profesor od USA sakal malce da ne zabavi i nasmee??! "Bravo, Mr Prime Minister!!! This is right letter in right time. Do not be scare fro the jypsy from the south. The atac is the best defend. Go forward! Be brave and Gopd is with uou and Macedonia. God Blased Macedonia."
Од: kole
Датум: 15.07.2008 21:08:34
Go citam komentarot od USA, University Profesor, i se prasuvam ovoj Univerzitetski profesor da ne doktoriral na VMRO-vskiot Praven fakultet vo Kicevo??? Tekston mashala epten English???

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Грујовлада
ДУИ останува на барањето албанскиот да биде службен јазик
Матурантите подобро знаат англиски од македонски јазик
Зденко
Нема средба на децата-бегалци во Лерин
Драмата на Егејците (14)
Нови повредени од падната гранка на „Егзит“, Македонката се бори за живот
Интернет плукачи
„Недофатливиот“ генерал
Слабата опозиција овозможува апсолутна власт и популизам
Уапсен кумановецот што ја уби сопругата
Ќе дува ветер со брзина од над 70 км на час
Хунза-македонски односи
Verbatim
Промакедонски натписи на грчки плакати во Италија

"""