Број 2521  вторник, 30 октомври 2007
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Шарена
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

Имате потреба да тргнете од мртва точка. Завршете ги оддамна започнатите обврски и почнете повторно да верувате во себе. Брзи сте на дело, затоа најдете време за старите пријатели. Нив никогаш не треба да ги заборавите, тие се единствени што ве разбираат.



Бик

Почнете да размислувате за штедење особено сега додека изворите сеуште не се пресушени. Пари имате доволно, но ги трошите во поголема мера од она што ви е дозволено. Со партнерот страстите се смирија, уживајте во мирната атмосфера.



Близнаци

Пред вас е успешен период во сите сегменти од животот. Уште ако ја избегнете опасноста како што е суетата и пречувствителноста во комуникацијата со околината ќе ви биде сјајно. Немате причина да се чувствувате лошо, но морате да тргнете во потрага за внатрешен мир.



Рак

Не ви е тешко да работите, ниту пак тоа што не сте наградени за својот труд. Околината ве доведува до лудило која седи со скрстени раце и држи предавања. Луѓето околу вас едвај чекаат да направите грешка за да ги потценат вашите квалитети.



Лав

Некој ве оспорува во донесувањето одлуки. Личноста за која станува збор влијае на повеќе сфери од вашиот живот, затоа треба да и ставите до знаење до каде треба да оди. Денот е одличен за духовни искуства и патувања а лош е за финансиски потфати.



Девица

Грижите се зад вас. Важни случувања се под контрола а на вам е да направите нешто повеќе. Бидејќи се чувствувате одлично, исто така и функционирате и нижете успеси. Ова е одличен период за склучување договори и финансиски трансакции.



Терезија

Не ни знаевте колку сте среќни. Се ви оди од рака. Ѕвездите ве подржуваат дури и во некои работи од кои дигнавте раце. Не претерувајте со барањата кои му ги поставувате на партнерот. Тој би посакал на момент да се дистанцира од се, па и од вас.



Скорпија

Тежок ден кој бара максимална концентрација и многу одрекување. Секогаш кога се наоѓате во слична ситуација вистински сте мајстор за да излезете од неа. Работите до бесвест, и покрај тоа што резултатите не се видливи. Внимавајте на здравјето, заморот може многу да влијае.



Стрелец

Ви се случуваат многу убави работи. Тоа се однесува на љубовта, креативноста, работата и заработувачката. Единствено можете да направите грешка ако во нешто претерате. Потрудете се да бидете умерени во се и да застанете кога ви е најслатко.



Јарец

Се ви изгледа нормално и крајно опасно. Негативниот став е последица на обврските и мислите дека не се способни да ги исполните. Покрај трпеливоста и скромноста е на списокот на вашите негативни особини кои треба да ги менувате. Прифатете ги предизвиците.



Водолија

Доволно уживавте и се забавувавте, крајно време е да се фатите во костец со сериозните проблеми. Сите лоши работи ќе се одразат на здравјето. Ова особено се однесува на претерувањето на храната, пиењето и цигарите. Пожелно е да почнете со диета.



Риби

Со Лавовите соработката е проблематична. Сакате да доминирате, а покрај тоа да не сте свесни со кој сте се фатиле за оро. Доколку сакате да ги промените блиските, ќе наидете на проблеми, тие ќе се насочат против вас. Ве очекуваат пријатни вести од странство.

Најди! во Утрински