Се предвидува забрана за палење цигара во сите јавни институции, а не само во одредени простории
Александрија Стевковска
Целосна забрана за пушење во болниците, училиштата, канцелариите, железничките станици, аеродромите, автобусите,се дел од новите одредби на Законот за заштита од пушењето, кои го добија собранискиот благослов и кои деновиве треба да се имплементираат во практика.Согласно со законските измени, целосна забрана за пушење треба да има во сите ресторани и барови помали од 40 квадратни метри, додека во поголемите ќе се пуши во специјално направени стаклени кабини со стол и пепелник. Со измените и дополнувањата на Законот за заштита од пушењето се предвидува забрана за палење цигара во сите јавни институции, а не само во одредени простории, како што беше уредено со истиот закон досега. Задолжени за тоа да го контролираат ќе бидат засилените инспекциски контроли кои ќе може да наплаќаат големи глоби за прекршителите на законот. Со овој закон Македонија е на пат и практично да ја спроведе практиката што ја најавуваат поголем број земји од ЕУ за речиси целосна забрана на пушењето во јавните простории.
„Забраната за пушење ќе важи и во просториите кои претходно не беа опфатени со законот. Во хотелите и другите угостителски објекти, во кои се сместуваат гости, може да се определат простории за пушење, најмногу до 50 проценти од вкупниот капацитет на објектот“, велат изготвувачите на овие законски измени (Министерството за здравство).
Измени се предлагаат и во делот на контролата на спроведувањето на Законот. Имено, досега не беше експлицитно наведено која инспекција врши надзор во определени објекти, додека со измените Пазарниот инспекторат, ќе биде овластен за контрола на Законот за заштита од пушењето во објектите во кои се произведува и продава храна, како и во Интернет-кафулињата и во објектите кои не продаваат прехранбени производи. Надзорот во јавните и приватните здравствени установи, како и градинките и меѓународните превозни средства ќе биде под контрола на Санитарната инспекција, додека Државниот просветен инспекторат ќе контролира како се спроведува законот во јавните и во приватните училишта, ученичките и студентските домови. Трудовата инспекција, пак, ќе го контролира почитувањето на Законот за заштита од пушење во сите органи на државната и на локална управа, како и во јавните превозни средства, местата каде што се организираат спортски и културни настани - додаваат предлагачите на измените на законот.
Измени се предвидени и во делот на казните за оние кои нема да го почитуваат законот. Секое правно лице кое нема да го почитува законот ќе биде казнето со глоба во износ од 2.000 до 4.500 евра, а иста казна ќе заработат и продавниците кои продаваат цигари на лица помали од 16 години и производителите на цигари кои нема да истакнат на кутиите дека пушењето е штетно за здравјето. Казна ќе заработат и оние кои јавно ќе го рекламираат тутунот и неговите производи. Покрај правниот субјект, казна во висина од 150 до 300 евра ќе заработи и одговорното лице. За граѓаните кои нема да го почитуваат законот се предвидува глоба во висина од 300 евра, а доколку биде фатен со цигара во објектот каде што е забрането пушењето, на самото место ќе биде казнет со 100 евра.
Според анализите на Светската здравствена организација, Македонците се вбројуваат меѓу најстрасните пушачи во светот. Поразителните податоци од анализите на СЗО говорат дека бројот на пушачи во земјава е во пораст, наспроти глобално преовладувачките трендови за намалување на бројот на пушачи. Во моментов Македонија е на второ место во Европа според потрошувачката на тутун по жител, а пред нас е само Полска. Над 40 отсто од населението во Македонија се пушачи од возрасната популација, осум до десет проценти од основците, а околу 20 отсто се средношколци и студентска младина, што, под претпоставка ако се пуши по една евтина кутија цигари дневно, која чини 42 денара, значи дека од џебот на потрошувачот се одлеваат 15.330 денари годишно. Кај поскапите цигари и доколку се пушат повеќе кутии, финансискиот трошок е многу поголем. Според неофицијални процени, во Македонија годишно се пушат околу 11.000 тони цигари, или поединечно секој граѓанин пуши околу 5,5 килограми цигари. Земјава е лидер во регионов во пушење по жител, поради што болестите на дишните патишта и на белите дробови се во подем и тоа претставува сериозен здравствен проблем. Најстрасните пушачи се лица на возраст од 35 до 54 години, а загрижува податокот што 17,7 проценти од вкупниот број пушачи се на возраст од 15 до 24 години. Неодамнешните податоци од Глобалното истражување за млади покажа зголемено користење тутун помеѓу девојките во адолесцентниот период во многу земји, а зголемувањето се смета дека се должи на агресивниот маркетинг од тутунската индустрија, кој ги охрабрува потенцијалните корисници да пробаат тутун и да станат долготрајни пушачи.
Паралелно со овој закон се предвидува донесување и измени на Законот за тутун и тутунски производи со кој, покрај текстуално предупредување, на кутиите со цигари треба да бидат отпечатени и слики од болести предизвикани од пушењето.
Pusacite se najgolemi egoisti ili na Makedonski gledaat samo niv da im je dobro pa ne im je gajle dali gi trujat prijatelite kolegite rodninite duri i sopstvenite deca najtesko koga se raboti i za bebinja.Mnogu mi je milo sto i kaj nas se donesuva ovoj human zakon zosto i nepusacite ni umiraat od smrtonosniot dim na cigarite.Cigarata je narkotik i poedinci se zbogatija od prodavanje na toj otrov.Sega je vreme narodot da go zastiti svoeto zdravje.
Од: Kire Milovski
Датум: 28.07.2008 08:26:17
Selo gori, baba se cesa.
Ne mi e jasno, kako tolku dvolicni moze da bidat donositelite na ovoj Zakon. Namesto vo rok od najmnogu 3 meseci da vovedat celosna zabrana za pusenje segde, tie ostavaat toa da se primeni duri od 1 januari 2010 godina, i toa navodno so amandman koj go pobarale pratenicite od vladeackoto mnozinstvo, a se so cel da se sozdale odredeni tehnicki uslovi za soodvetna primena. Koe licemerie, a od iskustvo znam deka vo noemvri ili dekemvri so Predlog za donesuvanje na zakon za izmenuvanje i dopolnuvanje na Zakonot za zastita od pusenje toj rok pak ke go prodolzat za 2-3 godini. Pa "dragi" parlamentarci nekj od narodot pameti sto pravite vo vrska so ovoj Zakon, istoto se sluci i vo 2004 godina koga istiot toj rok vo togasniot Zakon se prolongira za dve godini. Narodot ne pie nafta, i dosta ni e od vaseto licemerie, ako sakate da gi zastitite gragjanite od pasivno pusenje, napravete go toa kako sto e vo Italija, Velika Britanija, Norveska, Irska itn.
Од: mene
Датум: 28.07.2008 08:30:07
ova e katastrofa...poskapo ce te cini ako te fatat da pusis nego da napravis pomor na vardar, i ako e taka zosto da nema kafulinja ili klubovi samo za pusaci
Од: Jane
Датум: 28.07.2008 08:44:05
Site raboti u drzavava se zavrsheni i ushte ova ni faleshe pa da nemame mana xexexe.Abe nek si brkaat rabota,neka dojde da mi zeme globa od 100eura na lice mesto,koj i da e.Ustvari neka pishe kazna ustvari neka pishe dve poshto e na odlozeno xexe ke mu platam od susamot.
Од: redoven citatec
Датум: 28.07.2008 09:06:13
Ova sum go cekal i pred 10 godini da bide sproveden a ne samo koga bara nesto EU . , neka se utruje samo koj pusi a ne i drug da bide kaznet zaradi nego,ovoj zakon je so ocenka 10 i da bide samo strogo sproveden od nadleznite organi.
Од: Kuku Lele
Датум: 28.07.2008 09:08:58
Najlesno e da se zatvorat fabrikite za cigari i da se zabrani sadenje tutun. Abre sto vi be lugje? Pa polovina budzet se polni od cigarite i polovina naselenie zivee od sadenje tutun. A i dosega imase zakon za nepusenje,koj se sproveduvase mesec, dva, a sega pojdete i videte vo koja kafana ne se posi? Bukvalno sekade se pusi. I po bolnici i po skoli i po internet klubovi, bukvalno sekade. I seuste nemam slusnato deka nekogo kaznile. A za po firmi i javni pretprijatija da ne zboruvame! Ja znaete onaa pesmana "Pusam, pusam, pusime gajle si nemame, pusi cela nacija so garancija"
Од: skopjanec
Датум: 28.07.2008 09:55:07
Vo Makedonija zakonite ne se postuvaat. Toa e fakt. Imase zakon za vozaci da ne zboruvaat na mobilen koga vozat. Sekoj tret vozac zboruva i pred ocite na sobrakajnata policija. Zakon da ne se frla smet. Sekoj den letaat kesinja gubre od balkoni. Zakon da ne se prakira na trotoari. Pesakot e isfrlen na ulica. Kolite za da bidat bezbedni. Toa Makedonska stvarnost.
Од: od mene za site
Датум: 28.07.2008 10:15:46
dobro be luge se zavrsivme vo drzavata site zakoni spored EU gi donesovme, sudstvoto ni e super, obrazovanieto sredeno, drzavnata administracija - podobra amin pa sea Zakon za zastita od pusenje ke donesuvame. Koj paradoks. Pa ne se sreduva toa sto treba tuku se ide na sporedni raboti kolku samo da se ottrgne vnimanieto od ona sto navistina treba da se napravi. I uste nesto - ako eden covek e pusac ne znaci deka e stoka i ve molam vozdrzuvajte se od tie seljacki izjavi deka trebalo porano vakov zakon, deka se trujat nepusacite itn., tuku moze da se razgranicat pusaci i nepusaci. I mozete malku da prosetate niz skopje i voopsto niz MK za da vidite deka pusenjeto e najmaloto zlo.
Од: Бојан-Скопје
Датум: 28.07.2008 10:56:17
Интересно е како непушачите се џиткаат со своите права за чист воздух, а секој ден одејки по улица пушат еквивалент на 2-3 кутии цигари од издувни гасови од возила. Само сте подпаднале под пропагандата на владата која не знае ништо друго освен copy-paste на европската легислатива.
Не��а проблем ќе пушам надвор на пр. на кеј на Вардар, ама кога ќе ми го вратат назад од кафанџиите што го украдоа.
Од: Bile-pushach
Датум: 28.07.2008 13:03:41
Vi gi citam na site komentarite i gledam deka samo nepushachi komentiraat sto e i normalno.
Samo sakav da kazam bez razlika kolku zakoni kej bidat doneseni kaj nas, nieden nema da vazi kaj nas se e zaludno.
Eden moj bratuched od stranstvo vika on bash i roden e tamo mnogu zakoni iamte kaj vas a nieden ne go ispochituvate.
Taka da se vi e zaludno .
pozz
Од: stojan
Датум: 28.07.2008 13:08:59
odlicno,go pozdravuvam zakonot,sekakov drug komentar e od egoisticna ili politicka priroda
Од: leonatm
Датум: 28.07.2008 13:56:47
Е ај ќе престанам да пушам на работа, ама треба прво да одам да се лекувам- пушењето е една од болестите на зависност.Како ќе ме казнат кога сум зависник од цигари! Тогаш нека воведат и казнени мерки и за зависниците од наркотици, алкохол.... Подобро да пушиме тутун, отколку да земаме опијати, марухуана или да конзумираме алкохол.Сега не им е изводливо да обезбедат простории во јавните установи во кои ние пушачите би можеле да ја задоволиме потребата од цигари, па ќе забранат воопшто да се пуши.Невидена работа???
Од: Zeljko
Датум: 28.07.2008 15:13:43
До Кире Миловски:
Точно е тоа што си го кажал, но и самиот знаеш дека,најголемите шверцери на тутунот и на дрогата е самата влада на република Македонија,па затоа тие неможат да се казнуваат самите себе си.Меѓутоа, тие не се најголемите виновници,туку лица кои работат службено за подобрување на духовната вредност во народот и истото зголемување.Тоа се ПОПОВИ !!Тие се тие "Селото гори,а бабата се чешла" !По улиците на сите македноски населени места имаме ПАРАДА на САТАНИЗМОТ и ГЕНОЦИД на сопствениот народ,но ПОПОВИТЕ се "Чешлаат" !!!! Да се тие активни во вистионскиот смисол, акако што Небесниот ОТЕЦ БОГ кажува во Библијата,тогаш тутунот нема да постои како таканаречена и иронично кажано "Земјоделска гранка".Туку ќе се исчистеше земјата од отровот и истите поризводители ке произведуваат друг земјоделски производ.Медиумски е секојдневно бомбардиран народот со секакви глупости,само колку да земат пари.Кај нас го перата мозокот со законите,а истите законодавци ги кршат !!!
Од: Prodigious
Датум: 28.07.2008 16:32:16
Nema pricina nikoj da se raduva, koga se kratat pravata na bilo koja kategorija gragani - bilo toa pusaci ili drugo.
Nie NE stanuvame evropska drzava, tuku policiska drzava kade se kontrolira koga i kade se pie, koga i kade se pusi, legalno prisluskuvanie, niza drugi ekpresni zakoni za ogranicuvanie, kontrola i globiranie na graganite. Posebno na neposlusnite gragani!
Sto ima vo toa da se raduvame?
Treba da se osvestime!
Од: i od mene
Датум: 28.07.2008 16:37:44
Fala bogu, konecno
Од: kalina
Датум: 28.07.2008 16:41:12
Dobro be lugje sto vi e? Kako mozete da bidete zadovolni od zakonov koga 30% od naselenieto zivee od tutunot.
Za nikade e vladata sto izmisluva vakvi gluposti, taa neka gleda prvo drugoto da go sredi pa za ova koga ke mu dojde vreme.
Definitivno propast, glupa odluka
Од: metko
Датум: 28.07.2008 17:57:08
najdobro bi bilo nie pusacite da si otvorime svoi klubovi, restorani, internet kafea i ostalo, i da si stavime tabli pred vlez " neka ne vleguva onoj sto e nepusac". I problemot e resen. Ako tolku vi smeta pusenjeto ne mora da sedite vo isti prostorii so nas.
Pozdrav do site pusaci!