|
|
|
|
|
|
Фељтон
Славата, митот и крвта на ВМРО (16)
Христо Матов - стратегот на македонската борба
Стружанецот Христо Матов бил предводник на десните сили, а последните години од животот ги поминал во сиромаштија
Виктор Цветаноски
Македонската јавност малку знае за стружанецот Христо Матов. Поради тоа што бил предводник на таканаречените десни сили, тој е премолчен од македонските историчари. Ставен е во групата на новите врховисти, без притоа да се каже за неговиот огромен придонес за македонското револуционерно дело во претилинденскиот и илинденскиот пер��од.
Матов е револуционер, мислител и идеолог на ВМРО и истовремено поет, педагог и научник. Ако Гоце Делчев беше срцето, Даме Груев - волјата, Пере Тошев – совеста, Ѓорче Петров – разумот, Христо Матов беше историското сознание на револуционерна Македонија, ќе напише Антон Страшимиров..
Никола Милев, познат десноориентиран македонски интелектуалец во Софија, за Матов ќе рече дека бил еден од најнеоспоруваните раководители на македонското револуционерно движење. „Тој е, така да се рече, стратегот, кој ги изработил најдобрите планови за моралната офанзива на македонската револуционерна организација. Матов не беше трибун кој што ги поведува народните маси, ниту војвода, кој влегува во борба и со храброста тера стотици илјади луѓе да одат во смрт без да трепнат, тој можеше да се издигне до местото коешто го заземаше во организацијата, само со својата морална сила“, ќе напише Милев.
Д-р Зоран Тодоровски подвлекува дека Христо Матов го сметаат за Плеханов во македонското револуционерно движење. Ги напишал сите правни програми, статути и правилници на организацијата. Уживал голем авторитет во самата организација со својата наобразба и интелект. Бил избиран во сите највисоки тела на организацијата. Се грижел и за кадровскиот потенцијал на ВМРО, а ги одржувал врските со дипломатските претставници во странство.
„Додека левицата предводена од Јане Сандански, без да има одлука на Централниот комитет, самостојно отиде да преговора со младотурците и се стави во нивна услуга, го предаде оружјето, ги легализира четите и во преговорите со нив бараше самоуправна Македонија во рамките на отоманската империја, Матов преговараше за тоа таа да биде посебна политичка единица“, истакнува Тодорвски.
Христо Матов е роден во Струга во 1869 година. Дипломирал филологија во Софија, а работел како професор во познатата Солунска гимназијата и бил директор на Егзархиското педагошко училиште во Скопје. Член на ВМРО станал во 1895 година откако се заколнал пред Даме Груев во Солун. Тој ги поставил основите на револуционерното движење во Скопје.
За време на познатата Солунска афера во почетокот на 1901 година турските власти го уапсија речиси целиот Централен комитет на ВМРО, меѓу кои д-р Христо Татарчев, Пере Тошев, Христо Матов, а подоцна и Даме Груев, Иван Николов и Петар Поп Арсов. На судењето што се одржало подоцна во Солун, струшкиот револуционер со своето држење и начинот на кој се бранел ќе ги восхити странските набљудувачи. Францускиот новинар Пјер Деспања, кој ќе го следи процесот, ќе напише роман „Пред клањето“ и ќе му го посвети нему и неговите другари. „На Христо Матов, филолог и учител, осуден на доживотен затвор во Будрун. На мрачните и славни негови другари по судбина, на угнетените, на победените, на мртвите“, ќе напише тој во посветата на романот објавен 1902 година.
На судскиот процес тројца македонски револуционери ќе бидат осудени на смрт, а другите на долгогодишна робија. Христо Матов и Пере Тошев на 101 година затвор. По повод устоличувањето на султанот Абдул Хамид во август 1902 година ќе биде прогласена општа амнестија, а затворените Македонци ќе бидат помилувани. По враќањето од затвор Христо Матов, Пере Тошев и д-р Христо Татарчев од ЦК ВМРО ќе бидат поставени за задгранични претставници во Софија.
Бугарскиот историчар Цочо Билјарски тврди дека Матов, пред се', се борел за бугарштината. Тој истакнува дека Матов го подготвил општиот план за Илинденското востание кој бил готов уште во мај 1903 годи. За време на востанието струшкиот револуционер се наоѓал во Софија и од името на ВМРО, заедно со д-р Христо Татарчев, подготвиле посебно соопштение за бугарската јавност и странските дипломати во кое ќе побараат поддршка од слободољубивите народи на Европа и Америка.
„Наредниот ден Христо Матов, официјално облечен во фрак и со цилиндер, качен на пајтон започнува да ги обиколува клубовите, редакциите и странските претставништва. Насекаде е приман со внимание и интерес, при што повеќето дипломати бараат и дополнителни податоци за востанието во Македонија. Примен е лично и од амбасадорите на Италија, Франција, Англија и Австро-Унгарија“, пишува внукот од брат на Матов кој во негов спомен го носи името на својот стрико.
Матов ќе отиде лично да му го предаде соопштението на тогашниот бугарски премиер Рачо Петров, но тој нема да го прими, со образложение дека работното време веќе му завршило! Попладнето била свикана прес-конференција. На неа дошол и специјален пратеник на владата за да го информира Матов дека премиерот го очекува во неговиот кабинет. Петров ќе му се извини на Матов затоа што не го примил претходниот ден и ќе му каже дека Бугарија не е подготвена да го помогне востанието, со образложение дека било дигнато прерано.
„Брошурите на Христо Матов до ден денес претставуваат еден од најсериозните извори за дејноста на ВМОРО и едни од најбараните книги за историјата на македонско-одринското револуционерно движење“, пишува Билјарски во предговорот на книгата „Македонски револуционерен систем“, во која се поместени документи за дејноста на ВМРО напишани од Матов.
Во големите караници меѓу револуционерите што се воделе по поразот на Востанието, Матов ќе биде предводник на таканаречените десни сили. Пред расколот заедно со Борис Сарафов и Иван Гарванов го сочинувале Задграничниот комитет на ВМРО. И тој бил осуден на смрт од раководството на Серскиот револуционерен округ и требало да биде ликвидиран од Тодор Паница во ноември 1907 година, но поради некои неодложни проблеми не дошол на закажаната средба со Сарафов и Гарванов и така останал жив.
Од тој момент Матов ќе застане на чело на десните сили. Тогаш во организацијата ќе го повика Тодор Александров и ќе му ги довери благајната и архивата. Нивното познанство датира уште од Скопје каде Матов ќе му биде учител на Александров во Педагошката егзархиска гимназија. Ученикот безгранично ќе го почитува својот учител.
Кога бил дете Матов прележал тешка болест и цел живот не ќе може нормално да се движи па ќе мора да користи бастун и специјални железни помагала на нозете. И покрај големиот хендикеп ќе се јави доброволец во Балканските војни. Никогаш не се оженил.
Повеќе од се' ќе го погоди распарчувањето на Македонија, но и дистанцирањето на новото раководство на ВМРО од него во последните години од животот. Всушност, тогаш почнува и неговата лична драма. Престанал да контактира со луѓето и паднал во голема депресија. Последните години ги поминал во голема сиромаштија. Барањето за пензија бугарските власти му го одбиле, така што го издржувал неговиот брат, а добивал и малку пари од ВМРО, кои најчесто му ги носел Ванчо Михајлов кој тогаш бил секретар на автономистичката ВМРО на Тодор Александров. Последните години целосно ќе се затвори во себе. Ќе живее во мала собичка во приземна куќичка на негови роднини од Струга. Неговиот внук раскажува дека поголемиот дел од времето го поминувал седнат на широкиот железен кревет со скрстени нозе и со постојано втренчен поглед некаде настрана. Не сакал да го посетува никој, ниту роднини ниту пријатели. Починал на 22 февруари 1922 година.
(Продолжува)
(Продолжува)
|
#
|
Статијата е прочитана 2152 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Kultiviran Balkanec |
Датум: 17.06.2011 00:37:00 |
|
Ima stotici dokumenti deka ne samo desnite, tuku i levite vo Makedonskoto Osloboditelno Dvizhenje se chuvstvuvale bugari. Kaj prvite "makedonski" nacionalisti vo 19 vek se raboti za grupi, koi se zalagaat za povekje nacionalen koncept, pri shto slavjanite se podrazbiraat kako bugari ili pak za neznachitelni studentski grupi vo stranstvo, koi zastapuvaat makedonska nacija, no vo Makedonija ne bea vlijatelni. Duri so odlukata na Kominternata vo 1934, zaradi svoi strateshki interesi, da ne go smeta slavjanskiot narod povekje za bugarski, dojde do promena na strategijata, kaj levo orientiranite vo Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: Janakiev Nikola |
Датум: 17.06.2011 04:24:18 |
|
Kole 17.6.2011g.
Ke go zamolam Gos.Todorovski da kaze nesto za sredbata na M.Stojadimovic so K.Ataturk vo Turcija.Vo tova vreme V.Mihalov so zenamu bil vo Turcija i dali se sretnale.I za Todor Granka Komita interesno ubivsto so gole pocit od Tur. Tucite go ubiva negde okolu Jurieto bil krupen i nemogle da go donesat do Kocani mu ja secat glavata i vo torba ja donele za zenamu Gena da potvrdi dali e Jordan.Grankov.Ima vo Kocani i Gena i Jordan Grankovi posetigi bil sila covek naj krupen i na pravicen za tov vreme. |
|
|
|
|
|
|
Од: Nilola |
Датум: 17.06.2011 06:54:52 |
|
Podatoci za istorijata na VMRO i drugi nastani - http://bkks.org/files/Makedonia_Sbornik_ot_dokumenti_i_materiali.pdfo |
|
|
|
|
|
|
Од: Председателот Ченто |
Датум: 17.06.2011 08:17:47 |
|
"Матов е револуционер, мислител и идеолог на ВМРО и истовремено поет, педагог и научник. Ако Гоце Делчев беше срцето, Даме Груев - волјата, Пере Тошев – совеста, Ѓорче Петров – разумот, Христо Матов беше историското сознание на револуционерна Македонија, ќе напише Антон Страшимиров.."
Читам напишаното тука и очите ми се полнат со солзи... !
За прв пат во демотратскиот македонски медиумски печат се дава коректна оценка на десничарите во ТМОРО=ВМОРО!
Неможеме да заборавиме и другите македонски револуционери десничари, како Христо Смиленов, Тодор Александров и Хр. Татарчев!
До пред 15-20 години сите десни и наjвеке Тодор Александров и Борис Сарафов беа анатемосвани и обjавувани во историските емисии на радио Скопjе како крвопиjци ва македонскиот народ и бугарски царски шпиуни...
Во книгата си "Молчеливецот од Струга" Матов пишува дека Джинот велел и пишел:
"Предсе се родив бугарин, а потоа човек"
Оригиналот е:
"Преди всичко се родих българин, а след това човек"
|
|
|
|
|
|
|
Од: Bez negativna selekcija |
��атум: 17.06.2011 08:20:24 |
|
Dali g-not Cvetanovski go pisuva feljtonot na osnova odredeni istoriski fakti i soznanija ili pak onaka po svoe razmisluvanje i so selektirani dokumentacii?. Damjan Gruev go primil Matov vo VMRO vo 1895 godinia?!.Pa g-ne Cvetanovski, togas takva organizacija ne postoela?! Togas postoela TMORO.VMRO pod toa ime postoi od l919-1920 godina pod vodstvo na T. Alaksandrov.A za toa kako nacionalno se cuvstvuvale: srceto, voljata, sovesta i razumot na VMRO, pa i pretsedatelot na Krusevskata republika, ima mnostvo na secavanja i dokumenti od nivni sovremenici, pa treba i toa da se citira i istakne vo feljtonot bez negativna selekcija. |
|
|
|
|
|
|
Од: Борче Каменица до Култивиран Балканец |
Датум: 17.06.2011 08:29:27 |
|
Кој се чуствувал како бугар ?? Македонец не може да се чуствува како татар! Една третина од бугарите се роми,втората турци а другата Македонци! Види кои се премиери и видни личности во "Бугарската" историја се родени и живееле во Македонија! Не ни е мака што ни ја крадете културата и историјата,криво ни е што немате своја! Ајде наброј ги сега татарските имиша на твоите ханови или сакаш јас да ти ги кажам?? |
|
|
|
|
|
|
Од: Gjokica |
Датум: 17.06.2011 08:33:27 |
|
edinaeseti dokaz.Многу руски документи од 17 и 18 век говорат за населување на Македонци во Руските краишта. Зачувана е молбата од Македонскиот Народ до царска Русија, за нивно населување во Русија (Полное собрание Россiйской имперiи съ 1649 года , Томъ XIII, С. Петербургь 1830), а на 24.12.1751 г. руската царица Елизабета Петровна со Указ го дозволува населувањето на Србохорватите, Македонците, Бугарите, Власите и другите православни народи во Русија и да формираат свои полкови (Петъръ Кеппенъ, Хронологическiй указатель матерiаловъ для исторiи инородцевъ европейской Росiи, Санктпетербургъ 1864 г. ). Zosto se izjasnuvale nekoi MAKEDONSKI revolucioneri bugari?Od mnogu pricini.1.politicki celi (edna srbska izreka kazuva politika zivi ljudi guta),2.poradi zakani direknI ili indireknI bile primorani,3.za svoi licni interesi kako denes so pasosite bugarski i mnogu drugi pricini. |
|
|
|
|
|
|
Од: bg |
Датум: 17.06.2011 09:04:24 |
|
Господинот Цветаноски пропуштил без да сака некој работи за македонскиот револуционер Христо Матов
1. Учи во Солунската БУГАРСКА машка гимназија
2. Директор е на БУГАРСКО педагошко училиште во Сер
3.Преподава во педагошко БУГАРСКО училиште во Скопје
4.Учителства во Сер, Скопје, Софија и Стара Загора
5.През Првата светска војна служи во штабот на БУГАРСКАТА ВОJСКА и е главен уредник на излегува во Скопје весник "Родина
6.В 1897 година Матов под псевдонимот Дримколов издава брошурата "Српските претензии во Западна Бугарија", во која докажува бугарштината на словенското население во Македонија и ги отфрла како неодржливи тврдењата дека тоа е српско. Брошурата може да се види тука:
http://www.kroraina.com/knigi/slavek/drimk/index.html
|
|
|
|
|
|
|
Од: До Gjokica |
Датум: 17.06.2011 11:25:26 |
|
Ти си навистина некој интересен тип.Многу се интересни твоите објаснувања кои биле причините што НЕКОИ македонски револуционери се изјаснувале како Бугари.Каде ги најде тие три причини?Дали се тоа твои лични размислувања или ги пронајде во некои документи?Ако постојат во некои документи, кои се тие документи?Ако се твои лични размислувања,како дојде до такви заклучоци?Зошто би верувале на тоа?Како тоа ниту еден од тие „македонски револуционери“ не се „изјаснувал“ за Бугарин ЗАРАДИ ТОА ШТО НАВИСТИНА СЕ МИСЛЕЛ И ЧУСТВУВАЛ КАКО БУГАРИН,а жителите на Македонија ги рачунал како Бугари? |
|
|
|
|
|
|
Од: Тартарос |
Датум: 17.06.2011 12:10:36 |
|
И ден денес во 21-от век, Македонците во Бугарија се кажуваат Бугари!!! Не дека така сакаат туку дека мораат!!! Сите знаеме зашто!! И вие сите одродени Македончиња што пишувате по форумите знете дека е така!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: НАПРЕД Ѓокица и Борче. Многу чавки има во Бугарија |
Датум: 17.06.2011 12:46:11 |
|
Oвие што ви опонираат се БајГањо коментари со лажна историја. Демек бил на ОВ и оп Бугарин. Не бе Бугарин е името на прадоселените во 1 век туркотатари со друг јазик. А јазикот е од Македонците. Читај Лотар стр. 50. Вашата е лажна историја. Се гледа до каде им е паметот. Овие или работат во буг амбасада или се од Буг или понекој шутрак го нашле како и секаде во историјата квислинзи и слуги. Не викам јас и Борче туку големиот професор Мицов, Македонец од Бугарија дека 1/3 од населението во Буг е со макед. потекло.Доказ нашиот голем Д Чуповски напишал во 1910 Македонци има повеќе и од Грци и од Срби. Татари во Струга или Преспа а бе многу чавки има кај овие изгледа. |
|
|
|
|
|
|
Од: kirsner |
Датум: 17.06.2011 16:24:37 |
|
Gjokica, Lotar nema. Ima Hans- Lotar Stefan, koj e bil germanski diplomat vo Makedonija 1995-1998. Roden vo bivshata GDR i dimpomiran engineer od politehnikata vo Dreznen. Nikogash ne e bil istorichar.Jenet za Makedonka. Totalno nepoznato ime sred svetskite nauchnici. Podobro da citirash vistinski nezavisti zapadni istorichari kako Keith Brown, Loring Danforth, Hugh Poulton i t.n.. Keith Brown vo intervjo za makedonskata TV tvrdi deka duri do Vtorata Svetska Vojna makedonskite emigranti vo SAD se izjasnuvale Bugari. |
|
|
|
|
|
|
|
|