Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Владата да го укине оданочувањето на каматата на заштедата

СДСМ ја повикува Владата целосно да ја укине одредбата за оданочување на каматата што ја добиваат граѓаните на своите заштеди во банките. Со тоа, смета партијата, ќе се поттикне и ќе продолжи растот на штедењето на граѓаните како основа за поголеми инвестиции и отворање нови работни места.

„Во врска со вчерашниот Светски ден на штедењето, јавно ја повикуваме Владата да го примени решението од страница 21 од програмата на СДСМ. Истовремено, ја поздравуваме подготвеноста на министерот за финансии, Зоран Ставрески, да им понуди вработување во Министерството за финансии на десет најдобри студенти од Економскиот факултет во Скопје“, изјави вчера на прес-конференција потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски.

Според него, Владата ги применува решенијата содржани во програмата на СДСМ. „На страница 97 од програмата ’Решенија за Македонија‘, во делот ’Перспективи за младите‘, предвидовме континуирано вработување на најдобрите студенти во јавната администрација, како битна претпоставка за подобрување на нејзините капацитети.

Ги охрабруваме министерот Ставрески и Владата да продолжат да ги реализираат и другите решенија од програмата на СДСМ за доброто на сите граѓани на Македонија“, истакна Јовановски.

По прес-конференцијата на СДСМ, веднаш се огласи со реакција и владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, мерката што ја бара СДСМ за укинување на одредбата за оданочување на каматата што ја добиваат граѓаните на своите заштеди во банките одамна е донесена, но никогаш не се спроведувала, ниту минатата година ниту, пак, оваа година.

„Зачудувачки е тоа што Зоран Јовановски, иако претставен како економски експерт на СДСМ, не е информиран дека со измените на Законот за персонален данок, оданочувањето на банкарските депозити е одложено до крајот на 2010 година. Зачудува тоа што СДСМ, всушност, не знае дека со мерката што ја предлага, нема ништо суштински да се промени“, реагираше вчера ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на проектот за континуирано вработување на најдобрите студенти во јавната администрација, од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека ги спроведуваат мерките што се од полза за сите граѓани на Македонија.

„Дали Зоран Јовановски се' уште мисли дека неговата заложба за девалвација беше и се' уште е добра идеја и дали знае колку македонски граѓани настрадаа со оваа негова идеја, претворајќи ги денарите во девизи“, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 1339 пати.

Испрати коментар

Од: Petre
Датум: 02.11.2009 06:46:05
Јас сум штедач и досега не ми е наплатен никаков данок на исплатената камата. Во почетокот на оваа година кога по весниците се пишуваше дека каматаите на штедните влогови ќе се оданочуваат, банката ме извести дека такво нешто нема да се случи бидејки владата оваа одлука ја одложи за 2011 година. Не ми е јасно како ова не го знае СДСМ.
Од: citatel
Датум: 02.11.2009 09:00:09
Mi dojde cudno do tolku da ne znaat vo SDSM. Me zainteresira i proveriv vo toa programata nivna na internet. Tamu pisuva: "Primenata na vakvoto odanocuvanje e samo privremeno odlozena". Znaci znaat deka postoi vakvo nesto i deka e odlozeno. Oni u stvari sakaat skroz da se ukine vakvo odanocuvanje i da go nema i posle 2011.
Од: сашо
Датум: 02.11.2009 11:05:49
Уште данок на заштеди ни фали! Кој ке штеди после во Македонија? Се прашува ли некој? Сите депозити, а посебно оние големите штедачи ке си ги префрлат парите во други земји каде што не се плаЌа овој данок...! Која е таа болна глава ова што го смисли?

Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Александра М. Митевска
Си велам
Ерол Ризаов
Поглед
Слободанка Јовановска
Мислења
Јосиф Ќурчиев
МПМ подарува книги за училишни библиотеки

Живот на чинија: Ивица Маринковиќ
Кога сум гладен, тогаш сум опасен - гризам!

Фидел Кастро
Призна и жали за прогонувањето на хомосексуалците