Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Фељтон
12.03.2009, 13:39

Фељтон

Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (11)

Вујко ми не пребега, туку беше протеран

Неговото заминување во Бугарија било договорено меѓу Тито и Живков, тврди Бранислава Бојчин, внука од сестра на Венко

Виктор Цветаноски


Венко Марковски не пребегал во Бугарија, туку бил протеран по договорот што бил постигнат меѓу Тито и Тодор Живков во Белград, на кој присуствувал и Крсте Црвенковски. Тој никогаш не отишол да ги лекува очите во Одеса, туку директно бил испратен во Софија. Ова го тврди внуката од неговата најмала сестра, Бранислава Бојчин.

„Еднаш кај нас дома дојде Крсте Црвенковски заедно со Илија Џувалековски, кој е вујко на мојот сопруг. Маж ми, кој инаку е архитект, подготвуваше некаков проект и кај нас во дневната соба гледаа една макета. Во истата соба имавме портрет на Венко што му го нацртал некој затвореник во логорот ’Ени Ќој’ во 1942 година во Бугарија. Нормално, на сите не им кажувавме кој е, зашто се плашевме од реперкусии. За неупатените кога ќе прашаа, им велевме дека е прилепски трговец, роднина на маж ми. Знаете какви времиња беа тогаш, секој близок на Венко беше непријател на државата. Кога влезе Крсте и кога го виде портретот, ни се сврте и ни вели: ’Што бара Венко овде‘. Не знаеше дека сум негова внука. Се сеќавам, син ми се обиде да не' извади од ситуација велејќи му: ’Не, тоа е вујко на татко ми’. Тогаш Крсте му се обрати со зборовите: ’Море, немој да ми кажуваш, ова е Венко, јас го познавав многу добро’. Портретот навистина беше успешен и секој што го познаваше вујко ми веднаш знаеше дека е тој. Тој портрет го зеде син ми во Холандија. Архитект е и таму живее“, раскажува 68-годишната Бојчин, која мошне добро се сеќава на патилата на својот вујко Венко и на целото семејство.

Таа вели дека тогаш Крсте Црвенковски им раскажал оти во 1964 година во Белград, за време на една средба на Тито и Тодор Живков, на која го викнале и него, се договарале што да прават со Венко. Тито сметал дека му прави проблеми и дека е подобро да го тргне од Југославија, зашто за него се интересирале и од Обединетите нации. Предложиле три варијанти: да се испрати во Кина, во Советскиот Сојуз или, пак, во Бугарија. На крајот решиле да го испратат во Софија.

„Не е точно она што се пишува дека тој морал да замине во странство на операција поради тоа што видот нагло му се влошувал. Тоа е приказна за мали деца. Вујко ми навистина имаше слаб вид, носеше очила, имаше диоптрија плус четири, како што имам и јас сега, но никогаш не се оперира. Документите за да замине во странство ги средил Крсте Црвенковски, а д-р Миовски, очен лекар, напишал лажна потврда дека на Венко многу му се влошува видот и мора итно да се оперира во странство. Тој воопшто не отишол во Одеса на операција, туку директно заминал за Бугарија и тоа една година порано, во почетокот на 1965 година, а не во 1966 како што тврдат. Неговиот престој во Софија извесен период бил тајна, а потоа јавно се кажало дека пребегал“, раскажува неговата внука.



Венко Марковски припаѓа на познато семејство, во кое сите завршувале факултети. Неговата најстара сестра Параскева е родена во 1902 година и има завршено Економски факултет. Таа била полиглот, една од клучните личности во фамилијата која ги насочувала помладите што да прават во животот . Она ги у��атувала другите две сестри, Вера и Дока, и братот Венко да ги читаат руските класици и да учат странски јазици. Големата љубов спрема Македонија на Венко му ја всадила Параскева, која била интелигентна и многу убава жена. Како млада била член на ВМРО до 1925 година, се' до доаѓањето на чело на организација на Иван Михајлов. Таа не се согласувала со македонското прашање и физичките ликвидации што ги вршел врз македонски напредни револуционери поради што ја исклучиле од организација. Имало наредба да ја убијат, но ја спасил нејзиниот свршеник, д-р Боздов, кој беше прв декан на Медицинскиот факултет на Скопје. Тогаш таа расчистила со ВМРО.

„Мајка ми Дока и тетка ми Вера зборуваа само француски, а вујко ми Венко и тетка ми Параскева повеќе јазици. Вера беше родена во 1904 година, мајка ми во 1914 година, а девет месеци подоцна Венко. Ние сите живеевме како една фамилија во две куќи, една до друга, зад тогашната Женска гимназија, трите сестри во едната, а Венко со семејството во другата“, раскажува Бранислава Бојчин, очигледно револтирана од неправдата што му е нанесена на нејзиниот вујко и од тоа што денес некои кажуваат многу невистини за него.



Таа нагласува дека тој бил добар човек по природа, секогаш насмеан, без оглед на се' што му се случувало нему и на семејството. „Кога го следеа него, не' следеа и нас, ме следеа и мене. За време на Информбирото во 1948 година, не беше затворен поради тоа што се определил за ИБ, туку поради ’Тома Горин‘, роман во стихови, во кој го величеше Сталин. Иако бев мала, добро се сеќавам дека го криеја со мајка ми во нашата куќа под една штица, врз која беа моите играчки. Јас не сум го прочитала. Ракописот е во Архивот на Македонија, меѓутоа ги нема првите 126 страници. Не знаеја да објаснат каде исчезнале. Тогаш сите ги уапсија. Во затвор беа неговата сопруга Филимена, нејзиниот брат, татко и мајка. Мајка ми ја затворија малку подоцна. Сите беа во заедничкиот затвор, а мајка ми и вујко ми во канцери. Во затвор ги држеа шест месеци, без да ги судат“, раскажува Бранислава Бочин.



Зошто биле пуштени таа не може да објасни, но добро се сеќава на еден настан пред да ги пушат. Дома заѕвонил телефонот, а во собата немало никој, освен тетка и' Параскева, која била неподвижна и тешко болна од рак, пред умирање. Крај телефонот се нашла таа и ја кренала слушалката, а од другата страна и' се обратил многу љубезен глас кој и рекол: „Красиваја маја дјевочка“. Веднаш телефонот и' го подала на тетка и' Параскева, која знаела руски.

„Кога ја прашав кој беше на телефонот, ми рече дека се јавил лично Сталин и и' рекол дека Тито нема сили да му се спротивстави на Венка и на другите и ќе ги пуштат. Навистина утредента ги пуштија. Дали беше навистина Сталин не знам“, раскажува внуката Бранислава

Вечерта кога вујко и' Венко си дошол дома, се собрале многумина глумци од театарот каде што работел како драматург, дошле и поети и ликовни уметници. „Подоцна ја напиша и драмата ’Гоце’, а Кирил Македонски напиша опера за неа. Во тој период вујко ми се дружеше со Кирил Македонски и писателот Душко Наневски. Тогаш ги напиша ’Современи парадокси‘. Се сеќавам на првите стихови, ’На белом двору црни орао граче у Југославији озакоњена пљачка’. За тоа дело го судеа во 1956 година, јануари или февруари, во старата зграда на Окружниот суд. Го судеа петмина судии, претседаваше Боро Доганџиски, а адвокатот Панта Поленак му беше доделен да го брани по службена должност. Обвинител беше Панта Марина“, раскажува Бојчин.

Првиот ден имаше протести на студенти, но брзо беа растурени. На обвинителна клупа беа вујко ми Венко, Кирил Македонски и Душко Наневски, кој тогаш беше студент. Секој доби различна казна. Вујко ми го пратија на Голи Оток, Кирил Македонски одлежа 2-3 години, не се сеќавам точно колку, а Душко Нанески од големи тепачки и малтретирања добил епилепсија. Со него не сум имала контакти, но знаев од мајка ми дека имал сериозни последици од тепањето во затворот“, додава Бранислава Бојчин.

(Продолжува)


Статијата е прочитана 2962 пати.

Испрати коментар






risto, 13.03.2009 00:12:17
se javil licno stalin?haaaaaahaaaaaaaaaahaaaaaaaa. dobra prikazna
Венедикт, 13.03.2009 01:53:37
Конечно почнува клопчето на вистината да се распредува. Венко е политичка жртва, а не бугароман како што сакаат кваэи академиците да го представат. И прашање е до кога ке се кријат огромните историски вистини эа луѓето и настаните? Некој како Гане, старделов, Ѓурчинов, Гроэданов прават голем профит од нивните фантаэмагории.
Angele L. Vretoski, 13.03.2009 02:39:55
Македонски поет/писател кој пишува или пишувал против постоењето на Македонската Нација, Јазик, Историја, Култура, Фолклор и Црква на таквото лице местото му е на БУНИШТЕ. Ова важи и за оние кои го ширеле југословенстото а сега словено/славјанството.
Makedonec, 13.03.2009 03:50:08
A be shto zboruva ovaa,i da zaminal vo Kina,ili Afrika,toj ke se kazuval deka e Bugarin,a zena mu Filimena ke go kritikuvala deka dzabe se borel,a ne dobil vila na Vodno kako drugite Komunisti.Zalno e shto ima mnogu Makedonci shto si go prodavaat nacionalniot identitet,pochnuvajki od Ljubcho Georgievski,vo Amerika ima nad 2000 Makedonci koi se izjasnuvaat ili se chuvstvuvaat kako Srbi.
rakita., 13.03.2009 05:41:24
Isti slucaj i kaj Vratnica, ama so pogolemi tragedii.
od bobby svetska, 13.03.2009 06:41:39
Tova e vistinata na Venko deka e prav Makedonec a ne kako sto go falsifikuva starite komunisti so pozdravi.
Сосовременик, 13.03.2009 07:50:46
Полека но сигурно испливува вистината. Штом Параскева била член на ВМРО (без раслика на кој водач од изродите Т. Александров или убиецот В. Михајлов), а ја спасил д-р Бозов (кој бил во групата на Чкатров, Ѓузелов, Китинчев, Светиев и др. судени по војната) а по војната заради неговите активности тргнат од деканската функција на Медицинскиот факултет, станува јасно зошто Венко Марковски заминал за Бугарија а не како некои вистински патриоти во земјите на западна Европа. Бил во право “Крвта вода небидува.“
Baba Jana, 13.03.2009 09:49:34
Do Venedikt ( ili Benedikt?) Venko ne bil bugaroman, tuku Bugarin. Toj jasno i glasno toa go izjavil na bugarskata TV sedum dena pred da pocine. Ne mi smeta sto toj e Bugarin, tuku zestoko se protivam toj i mene i siot moj narod da ne pravi Bugari. Ne vredi za nego voopsto da se zboruva kaj nas. Neka si go slavat negovite Bugari. A prasuvam, sto e gospogjata Branislava? Slobodno neka si se izjasni kako Bugarka, zasto ocigledno i taa e Bugarka kako vujko i celoto nejzino semejstvo. Neka se. Samo neka ne ni kazuvaat prikazni za deca, bidejki i nie znaeme i pametime nesto za Venko i Filimena. Ubavo im e tamu - neka si ostanat kade sto se. A prikaznite za javuvanjeto na Stalin i stravot na Tito od Venko se smesni. Tolku. P.S. Gospogjata neka ne zboruva vo minato opredeleno vreme, zasto tesko moze, spored nejzinata vozrast, da se sekava detalno sto se slucuvalo koga vujko i bil "proteran"
Zagrev, 13.03.2009 10:19:34
Abe onaj '"makedonoid" Angele Vretenoski ne priznava nisto, ni jugoslovenstvo pa ni slavajnstvo, samo "antika i makedonoidsvo"korenot na belata raca vo univerzumot. Sto da reces drugo , osmev zagrevota.
Projko, 13.03.2009 11:03:27
Сето ова збуува до беск��ај. Едно е јасно: секој македонец што се гласел во српско време, бил огласен како бугарин или про-бугарски. За таквата политика немало Македонци, туку србизирани бугари или бугаризирани срби. Затоа сите тие се се’ само не македонци и за едните и за другите. Немаше место за Македонци. Така се кроела политиката, особено по поделбата на Македонија - нас Македонците да не нема. Затоа и денешниве современи странпатишта, она уа бугари%уа срби - си викаа едни на други =македонците. Ова е повеќе од жалосно, но и кобно, оти е против македонската иднина... Некои се уште сакаат да не нема...Венко е само една крупна епизода во мачната историја на Македонија...
krivoshija, 13.03.2009 12:03:03
Bravo Baba Jano. Velat postarite dobro rezoniraat.
Tode 1, 13.03.2009 12:13:14
Kako Venko pisuval i na srpski,znaci bil i srpski poet,trodomen.Ako vo zbirkata pesni zborel deka vo beliot dvor zivee aramijata,sto se odnesuva na Tito,togas dobro prosol,deka drugi za istoto gubele i glavi a toj bil proteran vo svojata omilena Bugarija.Ako vo isto vreme go velical Stalina a ne go isplukal kako drugite koi duri nakraj i socijalizmot go isplukaa,zosto togas kako cvrt stalinist ne ostanal i cvrst makedonist tuku pocnal da pluka na Makedonija,sto zort videl sega vo Bugarija.Konfuzen covek.vejka na veterot/
goran, 13.03.2009 14:49:20
Do Baba Jana: Gledam kolku zanes Baba Jano. Ti sigurno ne si od Skopje, a ne si ni od UDBA. Gospodjata Bojcin e po tatko Srbinka. Radosavjevic i e mominskoto prezime. Odi proveri vo Vnatresni. Majka i Doka, zabarkata, ja poznavase celo Skopje. Tebe sigurno ne ti gi popravala zabite.Se gleda,se uste dobro te sluzat. Cenam sto se custvuvas Makedonka. I jas sum Makedonec.Losite zborovi sto gi kazal Venko nemozat da se odrecat I da se zaboravat. Sting pee:Istorijata nisto ne ne naucuva. Ima pravo, taa samo se povtoruva i pokazuva kolku e ranliv covekot.Kasni si popara Baba Jano,i oladi se. Pusti “The Police” da ti ja otpee “Massage in a Bottle “. A porakata e : nemoze nikoj da te napravi toa sto ne si. Peace baba Jano!!! (pis Baba Jano)
ivo od Sofia, 13.03.2009 15:53:46
Проф. д-р Стерјо Боздов, првиот декан на Медицинскиот факултет во Скопје, ги поздравувал присутните Подоцна, Проф.д-р Стерјо Боздов ќе изјави: “Ми беше јасно со какви тешкотии ќе треба да се соочиме само со создавањето на база. Кога во разговор со членовите на матичната комисија прашав: дали сериозно мислеле дека монтажните бараки ќе можат да послужат за теоретски институти насмевнувајќи се доборнамерно, одговорија: македонскиот народ има слобода и потреба од лекари. Тешкотиите ќе треба да се совладаат. Никогаш не ме опфатил поголем ентузијазам. Во тие денови како да ја почуствував реалната вредност на слободата на еден народ. Започнува изградба на една од културните вредности на овој народ”.
12.03.2009, 13:01

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Сабота
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Преку кампањи ќе се учат како да препознаваат депресија
Се претпоставува дека во Македонија од депресија дтрадаат околу 200.000 луѓе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Фељтон |