ЕУ ја укори Македонија по втор пат за голем бран лажни економски азиланти
Миркица Поповиќ
Македонските граѓани што планираат да заминат во ЕУ за да бараат економски азил подобро да не ни почнуваат со пакување. Вчерашната ургентна посета на белгискиот државен секретар за азил и миграција, Мелкиор Ватле, беше второ сериозно предупредување за македонските власти поради драстично зголемениот број економски азиланти од Македонија.
„Нема шанса македонските граѓани што ќе дојдат да бараат економски азил во Белгија да бидат прифатени и признати ка��о бегалци. Нема шанса. Само ќе ги потрошат парите за да стигнат, но и да се вратат од Белгија“, нагласи Ватле на неговите средби со министерот за труд и социјала, Џељаљ Бајрами, и со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам. Белгискиот државен секретар со насмевка ги повика сите граѓани да ги искористат благодатите на визната либерализација и да посетат што повеќе ЕУ-држави, меѓу кои и Белгија, но да не го злоупотребат европското гостопримство и визната либерализација претставувајќи се како азиланти.
Според него, визната либерализација овозможува патување без визи, но не и право граѓаните да помислат дека може лесно да побараат и да се стекнат со статус економски азилант и да живеат на грбот на една ЕУ-членка. Уживањето на визната либерализација не значи дека државата ќе обезбеди сместување, работа и пари за оние што сметаат дека едноставно може да побараат економски азил.
Дали овие опомени значат дека Македонија дејствува несериозно и може да и' биде повлечена визната либерализација? Белгискиот државен секретар за азил негираше дека моментално се размислува за враќање на визниот режим. „Повлекување на визната либерализација не е на агендата сега“, потенцираше Ватле, додавајќи дека најважно во овој момент е интензивирање на превентивна кампања за граѓаните.
На вчерашните средби Ватле побара од нашите власти да работат на едуцирање на граѓаните за можностите, но и за ограничувањата од визната либерализација. Тој апелираше да се најде начин да се спречи измамата на граѓаните, која продолжува по првиот бран враќање на азиланти во февруари и во март. Според него, клучно е да се спречат луѓето што профитираат од ширење лажни информации, бидејќи ова зголемување на бројот на азиланти е, сепак, најлошо за излажаните граѓани.
Белгискиот државен секретар оцени дека постои волја од страна на македонската Влада за кампања за едуцирање на граѓаните, но дека таа кампања мора да се одвива континуирано. Напомена дека по забелешките од ЕУ-државите и враќањето на азилантите во почетокот на 2010 година, речиси бил невидлив бројот на Македонци што бараат економски азил, но дека ги зачудило ненадејното зголемување на азилантите што започнало во јули, а драматично се зголемило во текот на октомври. „Не треба да се работи само кога јас или некој друг од ЕУ ќе посочи дека има проблем, туку потребно е да се работи цело време“, порача Ветле.
Министерот за труд и социјала, Бајрами, вети дека ќе се започне со агресивна кампања за едукација на граѓаните. Исто ветување даде и градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Бајрам, чиј татко, Амди Бајрам, во почетокот на годината беше посочен како еден од сопствениците на туристички агенции што ги пренесуваат граѓаните до Белгија и до Германија за само 100 евра. Градоначалникот Бајрам тврдеше дека колку што е информиран, сите такви туристички агенции во неговата општина се затворени.
Европските држави се фрапирани од ненадејниот бран балкански азиланти во последниве три месеци. Како што потенцираше Ватле, ако во претходните месеци бројот на азиланти бил 20-30 месечно, од почетокот на октомври во Белгија е забележана бројка од околу 200 азиланти од Македонија. Заедно со азилантите од Србија и од Косово бројот на балкански азиланти стигнува до бројка од околу 2.000 лица за дваесетина дена, што е доволно сериозен индикатор за ЕУ-членките дека на големо се злоупотребува визната либерализација.
Во Шведска Националниот одбор за миграција беше принуден да отвори кампови и друго привремено сместување откако околу 4.000 српски граѓани побарале азил годинава, во споредба со само 421 во истиот период лани. Само во септември во Шведска пристигнале 1.410 српски граѓани, што претставува притисок за локалните органи да обезбедат услуги како што е здравствената заштита. Азилантите, главно, се од ромска и од албанска етничка припадност. Во Баварија бројот на српските апликации е зголемен од 59 лани на 130 годинава, додека македонските се зголемени од само 1 на 260.
Со војна го демократизираа Косово а ЕУ била неспособна да им гарантира безбедност на 1200 Роми. Па и е неспособна и недеморатска.
Од: filip
Датум: 22.10.2010 13:52:35
Treba drzavata da donese zakon so koj ke se regulira ova bezredie i sram za nasata drzava. Sekoj onoj koj bez osnov ke pobara azil vo druga drzava i bide deportiran nazad da se sooci so 5 godisna zatvorska kazna, pa da vidime dali eden ke otide da ne srami po svetot! A EU nema da bide korektna dokolku go ukine bez-vizniot rezim i namesto da sankcionira poedinci, sankcionira celi nacii. (Toj pristap bi bil premnogu nacisticki)
Од: eu
Датум: 22.10.2010 15:26:47
mak mora da garantira osnovni covekovi prava t.e. socijala od 100evra po covek ,romite nese krivi sto nemat leb da jadat.
Од: Do " EU"
Датум: 22.10.2010 18:36:12
A zosto gospodine kazuvate deka samo na Romite drzavata mora da im garantira pravo koe toa pravo 100 evra...na ime socijala...Veke i Eu se opameti od malverzaciite i trikovite sto gi pravat Romite pa gi vraka nazad...zosto i nivna socijala e na kolena veke...Ima Romi koi i te kako se snasle vo "jaden " Romski zivot i pravat svadbi vo avion i na brod..za suneti i da ne zboruvam na toni pivo se ispiva na toj den e toa bilo tradicija zivej za eden den a posle drzavata neka ti go bere gajleto...A istina na videlo site sto se kacija na avtobusite bea ubavo obleceni doterani onaka po evropski...
Од: Dzedimirci
Датум: 22.10.2010 21:25:27
I vie selanite da se vratite od Skopje koe go okupiravte,stanovite i celata imovina koja ja ukradovte da ja vratete,da go oslobodite Skopje od vasata zlostornicka selanska okupacija,togas Romite ke se vratat na Kosovo
Од: karokan "gambit"
Датум: 22.10.2010 23:32:03
Koga covek ce gi cita del od komentarite ne treba
vece da go plasat ni ekonomskata ni bezbednosnata sostojba vo drzavata,ni neresavanje na sporot za imeto ni oddalecuvanjeto od EU i NATO agendata.
Ednostavno da se isplasi od nekoi razmisluvanja preneseni preku takvite komentari.
Definitivno doagjas do konstatacija deka ne samo sto ne se postignati ovie pomestuvanja napred,tuku deka i nema sansa da se pomestat.
Poglednete go samo komentarot na nekoj si Filip
i se e vece jasno.Pet godini zatvor za baranje azil
vo druga zemja!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
(Gospode fals ti e fabrikata)???????????????
Pa duri togas na baratelite na azil i ce im se ovozmozi toa!!! Ce bide sozdadena solidna osnova
i da go dobie baranoto-da mu se odobri azil.
A,zemjata?????? E taa ce se najde na spisokot
zemji cii gragjani treba da se zastitat-so davanje azil se razbira!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Klime
Датум: 23.10.2010 12:04:02
Gospodine Vatle, da ve pitam kolku Poljaci se preseleni vo Belgija vo poslednite 15 god ?? Da ve pitam zosto vie (EU) ne prisilivte da ja digneme granicnata rampa vo Blace i da primime 150.000 kosovari ???
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 24.10.2010 05:09:35
@: Dzedimirci .Ovoj sto trazi Selanite da se vratat od Skopje,a sto da pravime so melezite-Hibridite na Skopje i Selanite?NEZNAM USTE DEKA EDEN SKOPJANIN,Imal nekoj golem doprinos;za So-Skopje,za Makedonskata kauza,? Mozebi Jas neznam, kazete mi? Matka, Sveti Spas, rekata Serava Skopska Crna Cora,,