Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Фељтон

Славата, митот и крвта на ВМРО (10)

Војводите што беа гордост на Илинден

Дејан Димитров од Дебарца, Јордан Пиперката од Демирхисарско и Иван Попов од Неврокопско предизвикувале восхит кај народот

Виктор Цветаноски


Македонската револуционерна борба познава многу војводи, кои со својата чесност и искрена љубов кон Македонија, оставија неизбришливи траги во нашето минато. Тоа биле обични луѓе од народот, незаразени од интригите и пресметките во македонското движење, револуционери, кои со својот личен пример предизвикувале восхит кај народот. Меѓу нив спаѓаат Дејан Димитров од Дебарца, Охридско, Јордан Пиперката од Демирхисарско и Иван Попов од Лески, Неврокопско.

Потрагичен не можеше да биде крајот на Дејан Димитров, најхрабриот, најсаканиот и најславниот војвода во Дебарца, Охридско, кој на Македонија гледаше како на икона и само пред неа се крстеше. Ги преживеа сите крвави битки пред и за време на Илинденското востанието, а својот живот го заврши затоа што наивно им поверува на младотурците по прогласувањето на амнестијата. Веруваше во нивниот збор и затоа слезе од планините и ја фрли пушката.

Но, османлиите не можеа да му простат за жртвите што ги дадоа во борбите со неговата чета, за понижувањата што ги доживуваа борејќи се со него и затоа чекаа погоден момент да му се одмаздат. Додека имал пушка в рака, за нив бил недофатлив, ја добивал секоја битка со нив, умешно ја избегнувал секоја потера. Дејан беше човекот што ја раководеше познатата битка кај Арбиново неколку месеци пред големиот Илинден, која ја сметаат за пробно востание пред востанието и еден од војводите што ги водеше четите во Охридско.

Еден ден додека со воловската кола носел земја за новата куќа во родното Лактиње, го пресретнале неколкумина Турци и му се нафрлиле. Без оружје немал никаква шанса да им се спротивстави. Го врзале и го затвориле. Старите илинденци од Дебарца раскажувале дека она што го преживеал големиот војвода последните денови од животот не можат да го издржат и најсилните мажи. Турците му ги кршеле забите, му ги корнеле мустаќите. За да го понижат пред луѓето на Дебарца, кои во него гледале како на Господ, на вилицата му ставиле алка како на мечка и го воделе од село во село, од место во место. Откако му го покажале на сиот народ на Дебарца, го качиле на висока карпа над една рекичка во околината на селото Песочан, го врзале за половината со јаже и го спуштале и кревале во водата се' додека не се онесвестил. На крајот го закачиле на стожерот на еден лисник и жив го изгореле.

Софискиот професор Љубомир Милетиќ, кој ќе ги запише спомените на Дејан по востанието, вели дека тој му оставил многу силен впечаток. „Беше буен, енергичен, гореше од патриотизам - вистински, силен, кој целосно ја обзел неговата груба, нерасипана душа. Неговиот збор беше збор; наредбата од началството на кое тој како четник и војвода му бил потчинет - ја спроведувал целосно - во името на делото. А Дејан беше го прифатил делото со религиозно и длабоко почитување“, пишува Милетиќ

Духот на Јордан Силјанов-Пиперката и по сто и осум години од неговото загинување се' уште е присутен во Демирхисарско. И ден-денес народот со восхит ги прераскажува неговите подвизи, зашто тој беше симбол на борбата на овој револуционерен крај. Од Пиперката трепереле сите душмани. Турците се плашеле од неговото име, а Арнаутите кога ќе забележеле дека некој од нив личи на него, му викале: „Бре, бре, целиот Пиперката“. Бил многу храбар и снаодлив. Немало турска потера што не ја надитрил, немало аскерски обрач што не го пробил.

Се раскажува дека еднаш Турците го опколиле во Брезово со тројца четници, а комитските чети од Битолскиот, Ресенскиот и од Охридскиот реон кога слушнале за опсадата, се организирале за да му помогнат. Но, додека се собирале, Пиперката успеал сам да се извлече од опколената куќа. Штом настапила ноќта, од прозорците почнал да фрла разни предмети. Фрлил и една запалена печка, а тоа ги збунило војниците, па со уште еден четник исчезнал во ноќта и стасал во Велмевци и таму ја известил организацијата дека е безбеден и дека нема потреба од помош.

Брзоногиот, итриот и до неизмерност храбриот Јордан Пиперката, кој го водеше востанието во Демирхисарско, загина во близината на Цер за време на борбите. Предводејќи група востаници, тргнал да им помогне на церчани, кои со семејствата побегнале в планина откако Турците им го запалиле селото. Меѓутоа, на полпат биле пресретнати од силен аскер со кој почнале жестока битка. Војводата и неговите другари се бореле до доцна во ноќта, а аскерот и башибузукот употребиле и топови. По паѓањето на првиот мрак, четниците еден по еден се извлекувале од опсадата. На бојното поле останале труповите на славниот војвода Пиперката и на уште тројца комити - Милош Трајковски и Кузман Тодоровски од Бабино и Ѓорѓи Бошковски од Мало Црско.

Тажната вест како молња се проширила во целиот крај, а народот заплакал за војвода кој го штител од душманите. Истата ноќ мртвите тела биле пренесени во селото Велмевци и таму погребани. Дошло и старо и младо да им оддаде почит на хероите. Луѓето го бакнувале студеното лице на Пиперката, збогувајќи се од човекот за кого уште додека беше жив се прераскажувале легенди.

Јордан Пиперката бил без образование, но со несомнени умствени дарби и војни потфати. Турците не можеле да ја разберат неговата тактика и верувале оти го заштитувале духови. Роден е во с. Козица, Кичевско во јуни 1870 година.

Првите двајца македонски херои својот живот го завршија во борба со Турците, а костурскиот војвода Иван Попов, откако ги преживеа Илинденското востание, Балканските и Првата светска војна во кои учествувал, сам си го одзеде животот во близина на Софија. Овчарчиња го нашле неговиот полураспаднат труп во спилите над Драгалевскиот манастир. Љубомир Милетиќ, кој лично го познавал и кој ги забележал неговите спомени за востанието, вели дека никогаш не се дознало што го натерало костурскиот војвода со голема душа да се определи за таков крај. Според него, тој имал материјални проблеми, во животот морал од се' да се откажува, а имал и душевни маки.

Иван Попов е роден 1871 година во селото Лески, Неврокопско, бил убав, висок и силен маж, со руси коси и со изразито благ поглед. Во Илинденското востание бил војвода од прва рака, а по поразот со 16 свои четници стасал во Бугарија. Со голема доблест го носел тешкиот крст на идеалист-поборник за македонската слобода! Со својата чета учествувал во ослободувањето на Невеска и Клисура

„Во борбите со Турците тој е ненадминат јунак, ладнокрвен, спокоен, подготвен со радост, со песна на уста да го положи својот живот како жртва на народниот олтар на слободата. Без двоумење можам да речам дека меѓу многуте први македонски јунаци, во најблагородна смисла на зборот, Иван Попов е меѓу најпрвите“, ќе запише Милетиќ.

Од Илинденското востание се раскажува за едно 15-годишно момче од селото В'мбел, Костурско, кое преживеало благодарение на големата храброст. Бегајќи од аскерот во една пештера над селото прибежиште нашле 18 лица. Турците ја откриле скривницата и за да ги задушат фрлале во пештерата запалена слама. Некои востаници се самозастрелале, некои се задушиле. Само момчето се обидело да избега и бегајќи го погодил еден куршум. Паднало до еден ѕид и се преправало дека е мртво. Турците му го исекле едното уво и го фрлиле „трупот“ зад ѕидот. За да се спаси, момчето требало без да офне и да трепне да ги истрпи болките од раната, од сечењето на увото и од фрлањето преку ѕид. Ги истрпело и останало живо.

(Продолжува)



(Продолжува)


#
Статијата е прочитана 3765 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 09.06.2011 00:16:45
VMRO imala dve glavni celi, podgotvuvanje i podiganje na seopshto vostanie, koja kako shto gledame od feljtonot ja platil narodot so ogromni zhrtvi i vtorata cel bila zapazuvanje na bugarshtinata vo Makedonija. Ivan Hadjinikolov, eden od osnovachite na Organizacijata: "Vo baranjata sredstva za borba protiv srpskata propaganda, dojdov do zakluchok, deka samo edna tajna organizacija kje mozhe da go preseche patot na tugjite propagandi vo Makedonija i taa kje e najsigurna podkrepa za zashtita na bugarshtinata vo Makedonija." Tolkuvanjata deka narodot i revolucionerite bile zavedeni od propagandata na bugarskata crkva, vo vreme na globalizacija i internet, ne drzhi povekje, nashite istorichari kje moraat da najdat drugi izgovori. Borbata za bugarski crkvi i uchilishta pochnala i bila najsilna vo Makedonija, pogolemiot broj od bugarskite prerodbenici se makedonci.
Од: Gjokica
Датум: 09.06.2011 00:25:31
peti dokaz.Во унијатското движење бил активен и Димитар Малешевски, кој се спомнува како еден од потпомагачите и главните организатори на унијатството. Подоцна него го гледаме како организатор на Кресненското востание, од кога се сочувани доста документи. По “Устав на Македонскиот Револуционерен Комитет“ на Кресненското востание (1878) во востанието можел да учествува секој кој се чувствува за Македонец (член 2), за ослободување на Македонија (член 4), додека во член 15 од Уставот се спомнуваат и националностите во Македонија: христијани и муслимани Македонци, Турци, Албанци, Власи и сите останати...; за бугарите се вели дека се само словенски браќа (чл. 186), но биле непријателски настроени кон востанието, член 132 (1878, Private library of the Bulgarian patriarch Kiril. Archive division. Item 2341. Archive unit 50, folio 30-61). Како што гледаме, македонските унијати имале чисто македонска национална свест. Димитар Поп Георгиев Беровски го напишал Уставот на Македонското Востание, ка
Од: Janakiev Nikola
Датум: 09.06.2011 03:59:29
Kole 9.6.2011g. Kul.Bal.Se etacno vo taj periot rajata vo makedonija se deklariilale Bugari puno odniv samo da neje turcin. Drugo obekanoe aftonomija vo jurieto.Posle eobekano zaednicki da go iserame turcino od Evropa i da se dade na samo opredeluvane na makedonija vo sastav na Gcija ili Srbija ili Bugarija ili SAMOSTALNA MAKEDONIJA. Nija sme izigrani od site i od Pravoslavni braka.
Од: pameten
Датум: 09.06.2011 06:09:11
Vazhno e da se znae istorijata. Taa e fakt koj shto nikoj ne mozhe da go promeni. No pred se mora da se misli za idninata. Ochiglednost e deka za poslednive 100 godini najmnugobrojnoto naselenie vo Makedonija bilo podeleno. Pogolemiot del, povekje od 2 miliona, bil pripoen kon ili pobegnal vo Bugarija i denes so mali iskluchoci se opredeluva kako del od Bugarskiot narod. Pomaliot del, pred se vo Makedonija so (seushte) mali iskluchoci se opredeluva kako Makedonski narod. Ako megju niv se najde model na sorabotkja, drushsto, prijatelstvo, partnerstvo, dedovcite kje spiat spokojno vo zemjava. Ako se spori zasekogash koj e roden i koj otroden, koj ebil "asimiliran", koj bil "denacionaliziran"... znachi dushmanite pobedile!
Од: BgMak oд WiKi.mk
Датум: 09.06.2011 07:09:20
Јордан Пиперката, роден во 1870, во Козица, кичевско. Заминал на печалба во Софија со група соселани - печалбари. Неколку години престојувал во Македонија, а во 1895 година Јордан повторно се вратил во Бугарија, каде што со Стојко Војвода и Кочо Љутата зел учество во таканареченото "Мелничко востание", кое било подготвувано од Врховниот Македонски Комитет на чело со Трајко Китанчев. Помош добиле од бугарската влада и од кнезот Фердинанд I, а најмногу од воениот министер Рачо Петров. За акцијата биле ангажирани 40 официри од Бугарската армија Најголем дел од оружјето и опремата за акцијата потекнувало од магацините на Бугарското воено министерство....
Од: rego
Датум: 09.06.2011 07:45:51
Gjokica, Dimitar Maleshevski se izjasnuva kako Bugarin, kako se izjasnuvaat i uchesnicite vo Kresnenskoto vostanie. Dimitar Maleshevski napishal Ustavot na vostanieto na chist bugarski jazik. Vo mnogo dokumenti za vostanieto ke vidish zborovi kako Bugari, bugarsko i t.n. http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/8/8b/VLAHI_1878.jpg
Од: Bern CH
Датум: 09.06.2011 07:53:46
Bravo be Gjokica, jak istoricar, tebe kje ti dademe da ja napises makedonskata istorija ponovo, blagodarenie na tebe, otkrivme novi raboti, samo neznam zosto si cekal dosega.
Од: Кутова от Благоевград
Датум: 09.06.2011 08:04:58
Како потомка на Иван Попов Ви благодарам за убавите зборови, напишани во написот. Во интерес на историската вистина треба да се напомене дека Иван Попов е војвода, кој целосно - душа, срце и тело-придава на ослободувањето на ��акедонија од турско ропство, но како дел од ослободителното движење на Бугарите од овој изтерзан крај. Сведоштво за тоа се неговите спомени "Борбата во Костурско, каде што тој постојано говори за бугарски села, бугарски селани, бугарски четници. А реалноста денес е дека неговите наследници до еден се со бугарско самосвест што носат со гордост.
Од: realen
Датум: 09.06.2011 11:48:20
A zosto ima Makedonci vo Bugarija vo Srbija vo Grcija niz cela Evropa Avstralija Kanada Amerika i neznam kade li ne po svetot ,a ne kazuvat deka se Bugari -dali vo toa vreme na nemanje svoja drzava moralo taka da bide za da imale nekoja zastita od komsiite
Од: Istoricarot Djokica
Датум: 09.06.2011 12:55:22
Djokica ! Ona za Dimitar Malesevski negde si go procital ili onaka ti tekna od malm mozok pa resi da stanes istoricar.Pa na koj jazik bil napisan toj dokument bre jadni Djokica?Tebe i Donski i Todor Petrov mozat voda da ti nosat za istoriuja.,
Од: KУТОВА Македонец е Попов имате лажна гркосрбоблгарска историја
Датум: 09.06.2011 13:03:00
Мозокот ти е испран. Не се ни Бугари ни Грци ни Срби. Македонци се. И Попов. И ти. Ако немаш плус од Попов и нешто туркотатарско. Македонија била населена само со Македонци околу 80% и 20% други. Како и насекаде во светот независно што не била држава. Тоа неме врска со националност. Во Костур бугартатари . Бог да чува. Па и на скопска Црна Гора служеле грчки попови. Ја расчеречија Македонија во 1913 и Србија Грција и Бугарија кои 50-80 год пред тоа добија не освоија добија заради интереси на големите значи добија држави и напишаа лажна историја.
Од: Esen
Датум: 09.06.2011 14:54:32
Zalno e sto vo Makedonija nekoj luge seuste nemozat da napravat razlika pomegu denesna republika Makedonija i oblasta Makedonija.50 g. tresat zeleni za podelenata Makedonija.Abre ajvani!Razberete ednas za sekogas BESE PODELENA OBLASTA MAKEDONIJA!!!NE DRZAVATA MAKEDONIJA OTI TAA NASTANA 1944 G..OBLASTA MAKEDONIJA E ISTO KAKO:PELAGONIJA,POLOG,SUMADIJA,SIBIR,PROVANSA,DALMACIJA.KOGA KE VI VLEZE VO TIKVITE EDNAS ZA SEKOGAS I DA PRESTANETE DA SE BUDALITE OTI CEL SVET IGRA MAJTAP SO NAS I NI SE SMEE.I SVATETE EDNAS ZA SEKOGAS SRBITE,GRCITE I BUGARITE IMAAT POVAZNI RABOTI ODKOLKU DA NE ASIMILIRAAT.EDNOSTAVNO DE SE PRESTANE SO KRADENJE ISTORIJA I SITE KE NE OSTAVAT NA RAAT.SEKOJ EDEN SO GRAM MOZOK BI TREBALO DA RAZBERE NEKOI RABOTI,AMA TESKA RABOTA E TOA.TREBA DA SE KORISTI TOJ GRAM,A VO SLUCAJ SO NEKOI LUGE TOA E DURI I NEVOZMOZNO.
Од: drug realen
Датум: 09.06.2011 15:35:54
Realen, duri do Vtorata cvetska vojna makedonskite emigranti vo Evropa, SAD, Kanada i Avstralija se izjasnuvale kako Bugari. Minatata godina na edna konferencija vo Makedonija nauchnikot Keith Brown od SAD jasno go zajavi ovoj stav za Makedonskata TV. (baraj Keuth Brown + youtube + Macedonia i ke go vidish . Vo SAD i Kanada ima MPO i osnovachi se bile pred 90 godini ljuge od Kostursko so bugarska svest. George Lebamoff od MPO za v-kot "Kapital" pred 5-6 godini ( so koreni od Kostursko koj inaku e roden vo SAD). I deneska nivnite potomci koi shto se rodeni vo SAD i Kanada ja sakale Makedonija no znaat deka se so bugarski korinja. Na starite sliki od arhivite vo Avstralija ke se vidat bugarski znaminja i bugarski slogani. Po Vtorata svetska vojna novata emigracija od Makedonija ke se izjasniva osnovno kako Makedonci.
Од: Laktinje
Датум: 09.06.2011 16:10:58
Korekcija na prezimeto na Dejan. Toj ne e Dimitrov tuku e Mickoski. Ovaa e edinstvenata vistina koja mi ja prenese mojot pokoen tatko, na kogo Dejan mu bil cicko na tatkomi, a na dedomi (tatkomu na mojot tatko) mu bil prv bratucet, potocno Dejan i dedomi bile deca od dvajca braka. Na sevo ova nie potomcite sme gordi posto vo nasite veni tece krvta na Dejan Vojvoda Mickoski.
Од: blagoja
Датум: 09.06.2011 17:20:49
Se sto pocnalo so krv, vo krv ce se udavit.
Од: ДО ПАМЕТНИОТ ESEN
Датум: 09.06.2011 22:26:43
A БЕ НЕАЈВАН КОГА КЕ СВАТИШ ДЕКА ПРЕДХОДНО СОЗДАДЕНИТЕ ДРЖАВИЧКИ ГРЦИЈА СРБИЈА И БУГАРИЈА ВО 1913 КРАЛСКА ЕВРОПА ИМ ДОЗВОЛИЛА ДА СЕ ПРОШИРАТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЕТНИЧКИ ПРОСТОР МАКЕДОНИЈА ПОД ТУРСКА ВЛАСТ. ВО 1913 ЧУПОВСКИ ТИ НАПИШАЛ ДЕКА ИМАЛО ПОВЕКЕ МАКЕДОНЦИ И ОД СРБИ И ОД ГРЦИ А СО ТАТАРИ ВРСКА НЕМАМЕ. БАРЕМ КАКО МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО ДА ГИ СОЧУВАЛЕ. ВИСТИНАТА ЈА ИМАШ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗОЛ ОД ЛОТАР И ВО ЖИВИТЕ ЛУГЕ ТН ЕГЕЈЦИ И ВО МНОГУ ДРУГИ АМА ТИ СИ ЗАДФОЕЊН СО ГРКОСРБОБЛГАРСКИ ЛАГИ И ПРОПАГАНДИ. Есен за жалење си.
Од: sovremenik
Датум: 09.06.2011 22:41:00
Vo petipol vekovnoto vladeenje na Otomanskata imperija se bile dve administrativni edinici: Solunski i Skopski SANDŽAKATI. Sedište vo Solun i skopje, pokrivali celata etnička teritorija na Makedonskiot Narod. Makedonci davali pet (5) poslanici vo turskiot parlament-Medžlis. Od 1920. godina vo Avstrija i Gerrmanija našinci si imali nacionalnost i identite Makedonci, a od 1931. godina i vo SSSR-ot. Na dokumentite im pišuvalo nacija MAKEDONCI. Čitaj go vesnikot " Balkanska federacija", " Narodna volja", knigata na Henri Noel Brajlsford i drugi. Brajlsford ja poseti NR Makedonija vo 1949. godina.
Од: do Esen i drug realen
Датум: 09.06.2011 23:49:56
Pelagonija i Polog se oblasti vo Makedonija.Ete i kako i vo drugite drzavi sto ima oblasti,taka ima i vo Makedonija.Ovaa teritorija i drzava denes se vika Makedonija zatoa sto vo antikata imalo kralstvo Makedonija koe sto bilo drzava na antickite Makedonci i antickite Makedonci go dale imeto Makedonija na ovaa teritorija i na toa kralstvo.Zatoa i denes teritorijata i drzavata se vika Makedonija poradi kontinuitet i nasledstvo.Ne moze Makedonija da se sporeduva so Sumadija,Provansa,i drugi,zatoa sto vakvi oblasti nikogas ne bile drzavi.Makedonija moze da se sporeduva so Ermenija.Ermenija e oblast,no i drzava i na del od oblasta Ermenija se naogja denesnata drzava Ermenija.Ti dali imas gram mozok?Brown zboruval kako sto mu bilo plateno,a Makedoncite vo dijasporata se kazuvale deka se etnicki Makedonci i pred da pocne vtorata svetska vojna.Zatoa i pravea mitinzi tamu so baranje za obedineta Makedonija.Toa e i snimeno.
Од: Тартарос
Датум: 10.06.2011 11:47:39
Во поголем дел од коментарите што ги прочитав можев да видам неправилно користење сврзници, додавки, придавки!!! Така пишуваат бугарите со недоволно познавање на македонскиот јазик!!! Затоа ајде и ние да почнеме со коментари во нивниот дневен електронски печат!!!

Најди! во Утрински
Насловна
И се оствари животната желба
И на „Фејсбук“ се протестира поради полициската бруталност
Што си направив со животот?
Смртта на момчето бара оставки
Два пасоша гаранција за ослободување на Бошкоски
Изборите завршија, на ред е отчетот пред ММФ
Раперот ја нарече Лејди Гага хермафродит
Проклети да сте
Семејството и пријателите се простија од младиот Мартин
Блиски Исток во Македонија
Загубени во бесчувствителноста
Како да се избере идниот лидер на ММФ
Во здраво тело, младешки дух
Нови протести против полициската бруталност
Секоја генерација има своја надеж
Омбудсманот Мемети бара одговорност за смртта на Нешковски
Македонија е следна за преговори со ЕУ
Никулци од грав причина за заразата со ешерихија коли
Хрватска во ЕУ од 1 јули 2013 година
Онлајн вести

"""