Брoj 2802  петок, 03 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Македонија има лидери, но нема лидерство

Катастрофален раздор во државното раководство околу идниот курс што треба да го заземе земјата

Соња Крамарска

Последните случувања околу името на најдиректен начин го покажаа политичкото разногласие кај македонското раководство, а војната наместо да се смирува, се разгорува. Претседателот и премиерот направија театар од своите функции, чија публика е двомилионското население кое е двократно поделено, еднаш по етничка, а еднаш по политичка основа.

Во таква ситуација нема човек што не се прашува: дали Македонија има компетентно и политички кредибилитетно лидерство или има само лидери на партии кои единствено се грижат за состојбите во својот атар.

Дилемата ја наметна новиот американски амбасадор Филип Рикер, кој уште не седнал во канцеларијата во амбасадата на САД во Македонија, веднаш го уочи кобниот недостаток во македонската државна политика - немањето слога околу курсот на државата, кој иако е одамна заземен, со последните неколку случувања сериозно е доведен во прашање.

„Потребна е флексибилност и лидерство“, рече американскиот дипломат зачуден од бесконечната спирала на меѓусебни обвинувања на претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски, кои експлодираа веднаш по неговото пристигнување во Скопје.

Експлозијата се слушна дури до Брисел каде што се повлекуваат последните потези во нацртот на есенскиот извештај на Европската комисија посветен на напредокот на Македонија.

Претседателот Бранко Црвенковски, кој вчера и завчера беше во посета на европската политичка престолнина, наиде на студен прием предизвикан од ехото на катастрофалниот раздор што моментно се случува во Македонија: да се остане на патот на евроинтеграциите или, пак, привремено или трајно да се напушти тој пат како цена за зачувување на уставното име на земјата.

Брисел е многу јасен во поставувањето на условите. „Евроинтеграцискиот процес на Македонија зависи од напредокот што ќе се направи во одржувањето на политичките критериуми, а кои бараат стабилни институции и гарантираат демократија и владеење на правото“. Ваква порака вчера доби претседателот Бранко Црвенковски на средбата со еврокомесарот за проширување Оли Рен.

Оваа општа порака има и конкретно значење, а тоа е исполнување на осумте определници, овозможување фер и демократски избори во март идната година, но и решавањето на спорот за името со Грција. Само површе�� поглед на овие услови е доволен за да се сфати дека нашата земја е се' уште далеку од добивање датум за преговори.

Посакуваната вест е очигледно дека нема да пристигне на крајот на годинава како што ветуваа политичарите, бидејќи изборите треба допрва да се случат, а и спорот за името е далеку од решавање.

Другиот проблем е капацитетот на владејачката гарнитура, и вкупно на државното раководство, да ги решава овие прашања што бездруго го влошува амбиентот до драматични размери. Претседателот и премиерот немаат единствен став околу начинот на отстранувањето на круцијалниот проблем што ја запира Македонија на патот кон Европа. Црвенковски јавно сака да биде постигнат компромис со Грција, а Груевски не сака.

„Македонија е подготвена за фер решение кое нема на ниту еден начин да го поткопува македонскиот национален и културен идентитет“, рече вчера Црвенковски во Брисел.

Но, дали претседателот има политички инструменти на располагање за да го реши спорот? Одговорот е дека нема и дека Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски се двајцата клучни играчи кои треба да го притиснат зеленото копче за решавање на 17-годишниот спор со Грција.

Меѓутоа, уште неизлезена од последните вонредни парламентарни избори кои беа оценети како генератор на застојот на Македонија, десноцентристичката Влада на премиерот Груевски се подготвува за нови избори во март, овој пат градоначалнички и претседателски.

Според однесувањето на Владата, која дава баснословни пари за сопствено рекламирање, нема намера да ги загуби овие избори. Наспроти Владата е Црвенковски, кој се откажа од претседателската трка и со тоа има поширок простор, но не и уставни надлежности за потпишување компромис со Грција.

Поради овие дијаметрално спротивни интереси и уставно поставени позиции, не е ни чудно што македонскиот брод плови без компас или без лидерство, како што вели Филип Рикер.

Странските дипломати во земјава забрзано одат од еден до друг политички функционер во Скопје за да им ја објаснат ситуацијата во која се наоѓа нивната земја. Но, попусто. Така помина уште една година. Додека другите земји чекорат со забрзани чекори кон ЕУ и НАТО, Македонија стои во место.


Статијата е прочитана 977 пати.

Испрати коментар

Од: Od Orce Sazdov diplpomiran profesor po geografija na Prirodno - Matematickiot Fakultet vo Skopje Republika Makedonija.
Датум: 03.10.2008 05:23:47
Jas ke go ostavam istiot komentar sto go ostaviv na 1.10.08.No sega ovoj komentar ke go posocam direkno do sefot na drzavata,premierot ,pa i site ministri i toa za pobrzo resavanje na sporot okolu imeto na nasata zemja ,kako pobrz vlez vo EU I NATO ,za podobra idnina i da ne go ispustime posledniot voz,a toa e mojata ideja vo vrska so imeto ,koje ima po pravilno geografska i istoriska odrednica,a toa da se vika CENTRALNA REPUBLIKA MAKEDONIJA,kade nikoj ne ke bide porazen,nitu pobeden i sekoj ke bide zadovolen,jas mislam okolu regionot sto ja opkruzuva Republika Makedonija,a za toa postojat brojni geografski i istoriski podatoci,Iskreni drugarski i prijatelski pozdravi do site Makedonci bilo kade i da ste, a osobeno vo Republka Makedonija od Orce Sazdov diplomiran profesor po gegrafija na Prirodno -Matematickiot Fakultet vo Skopje, REPUBLIKA MAKEDONIJA.
Од: suzana
Датум: 03.10.2008 09:31:35
kade vo makednija ima lideri ni imalo ni ke ima, vo makedonija imalo kodisi niz istorijata, ajde napravete sporedba so nekoja druga nacija da videme dali imame tolku negativnosti kako bilo koja nacija.Makedonicite da mozat oci ke si izvadat po bilo koe prasanje.Ni pretsedatelot ni premierot ne sakaat da presecat vo dadena situacija , kaj nas se se vrti samo okolu pari pari i pari a za drzavata ili uste pomalku za nacijata makedonska samo providno.Na Gruevski ne mu e gajle da negovite vo Makeodnija pa bere gajle za makedoncite vo Grcija, eb be decko decko koi narod samo te glasase ama ako ako ubavo mu pravis ti na tvoeto pokolenie........
Од: девичанецот
Датум: 03.10.2008 10:50:43
Кутри ние. Да не дојдеше саканиот ни Филип и тоа Рикер, не ќе знаевме што ни фали. Ако претсеателот нема инструменти да ја реши т.н кризата со името, зошто тогаш ги прави неговите еквилибристики. Те средба во четири очи со Нимиц, те со овој, оној и тоа дури во Њујорк.А Премиерот и Министерот тврдат дека Претседателот веќе ни ја скроил капата, т. е името....Преку тие тајни средби....
Од: FILIP TRETI MAKEDONSKI
Датум: 03.10.2008 11:47:22
Kako moze "negovata zemja" da bide spremna na "fer" kompronis koga 80% se protiv menuvanje na imeto kako uslov za priem vo NATO i EU? Procitajte gi komentarite. Makedonija napravi istoriski kompromis so kratenkata FYRM za vlez vo OON pa Grcija i zapadot sakaat seto toa da go ponistat i da ja vratat istorijata nazad.Makedonija so kompromisot FYRM si go otvori patot a ako nekoj treba da napravi kompromis toa se FARAONITE od zapadot koi treba da prestanat so necoveckiot tretman na Makedonija koj go nadminuva holokaustot inaku ke se udavat vo nivnata rigidnost dodeka sovremeniot svet ke odi napred.
Од: Penestia
Датум: 03.10.2008 12:27:19
Pochituvana , ....istovremeno deneska, ima kolumna vo dneven albanski vesnik- KOHA i vo agencijata www.ina-online.com, za potrebata na liders'ip vo Makedonija, avtor e Adelina Marku...slichni stavovi...stravichen epilog!
Од: tomi
Датум: 03.10.2008 12:31:28
znaci nie sme nacionalisti i se cukame vo gradi filip milip i ne ti znam koj ni se tatkovci i oste sto cekori gluposti znaci nemame prosperitet i se vrakame vo drevna makedonija so grujo a ne napred kon evropa kon svetot da se resi sporot so imeto i da frkeneme malce dolu grujo
Од: taipov abdula-istoricar intelekt.od turskata nacionalnost
Датум: 03.10.2008 14:54:16
Gospodine Goce,na prethodniot moj komentar vie komentiravte deka:Deka Car-samoil e bugarski a makedonskata nacija ne postoi" Goce izgleda vie gi imate citano dosta knigite na Cola dragojceva i Todor zivkof so zamisla deka eden den ke dojdi vo RM-Bugarija toa e golema utopija.RM ke bide tesko no ke opstane so svojot jazik.kultura i obicajite.Koga vladeal vo balkanot Samoil Bulgarite ne bea Bulgari nego Vulgari(po bliski do mongolite-tatarite i turcite)zato oni namesto titulata CAR ima HAN.nivniot vladetel ne se vikase CAR nego ASPARUH-HAN kako i Osmanliskite sultani Sultan MURAT-HAN.Han e titula kaj turcite a kaj Slovenite e CAR. Gosp.Goce posle RuS/Turs.vojna 1877/1878 vo Solun zaedno so Grckata,Bugarskata gimnazija valijata Mithad-pasha so ferman ja otvara gimnazijata na makedonski jazik.Grcija i Bugarija ne se faktori koji ke odlucaat za sudbinata na Maked.narod(imeto,jazikot i kulturata) nego ke go odlucime site sto ja sakame RM so referendum na celo so vladata i prem,Gruevski.
Од: граѓани на Македонија
Датум: 03.10.2008 16:23:44
колку ли само се плашите од Бранко,ноќна мора е на вмровчињата,секој ден се повеќе и повеќе се тресат

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Дотраено здравство
Зденко
Огромно интересирање за влезници за концертот посветен на Тоше
Одлуката за прием во НАТО нема да се смени
Претходен број
Промената на „Браќа Манаки“ треба да биде транспарентна
Фијаско на лидерската средба
Verbatim
Под вулканот
Мајка го искасапила и го испекла синот во Кочанско
Санацијата на банките помина во Сенатот на САД
Матна продажба
Родителите на 1.500 основци ќе заработат прекршочна пријава
Не е Бајрам, Бранко е
Слатките од „Ринија“ затруја 339 лица
Неколку дилеми за религиското образование