Број 2708  вторник, 10 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

За Хелсиншкиот комитет изборите беа најлошо организирани досега

Гласањето е нерегуларно за над 10 отсто од вкупното гласачко тело

Првите вонредни парламентарни избори во Република Македонија беа најлошо организираните избори во историјата, констатира Хелсиншкиот комитет во својот последен извештај. Фактот дека Државната изборна комисија одлучи да се прегласува во 193 избирачки места со околу 190.000 потенцијални гласачи во Првата, Втората и Шестата изборна единица е експлицитна потврда за нерегуларно гласање за над 10 отсто од вкупното гласачко тело и во половина од постојните изборни единици. Или, гледано низ етничка призма, како што се наведува, изборите не беа фер и демократски барем за една четвртина од населението. Хелсиншкиот комитет забележува дека „не може да се победи дома кога се губи надвор - не може сопствениот успех на изборите да се слави како победа ако релевантни меѓународни организации ги оцениле како пораз на демократијата“.

Причината за сето она што се случуваше на 1 јуни се лоцира во нерасчистените предизборни инциденти кои „само ја отворија вратата за посериозни инциденти на денот на гласањето. Ненаоѓањето на виновниците го засили впечатокот дека нема казна за ваквите кривични дела“. Оттаму, во извештајот се поставува директно прашање: „Ако веќе сме сведоци на множењето на изборните инциденти, зошто тогаш не се размисли за санкционирање на докажаната вина со забрана на вршење партиска должност или забрана за учество на партијата на некои следни избори?“

За Хелсиншкиот комитет едно од најпоразителните сознанија во врска со последните избори е пукањето на институциите на државата речиси по сите шевови, а „одговорноста за организацијата на сите избори лежи во институциите и кај оние што раководат со нив“. Наедно, констатираат дека институциите на државата се докрај партизирани и единствено им се важни партиските интереси.

Остри забелешки се упатени и на адреса на „полицијата која во служба на коалицијата се подели по етничка основа“, а оваа значајна вертикала во МВР „првпат е контролирана и злоупотребувана од албанскиот партиципиент во власта“. Наедно, се посочуваат разните видови притисоци, вклучително и „шетањето на ‘анкетари’ кои евидентираа кој и како ќе гласа, колку од нивните соседи сигурно ќе гласаат... Иако најголем дел од овие и слични ’партиски активност’ се случуваа во изборната единица во која листата ја предводеше Гордана Јанкулоска, министерката се задоволуваше со изјавата дека полицијата ги презема сите неопходни дејства за разоткривање на случаите“, се заклучува во извештајот на Хелсиншкиот комитет. (Б.Ј.)

#
Статијата е прочитана 1285 пати.

Испрати коментар

Од: sss
Датум: 10.06.2008 00:22:08
ovoj nas narod seuste vo 21 vek nema dovolno razvien svest ,sekoj misli ako dojde na nekoja funkcija moze da pravi se sto saka so narodot da zatvara kogo saka ,kogo saka da go pomiluva ili voopsto da ne mu sudi da nareduva i da se odnesuva kako vorobovlad. opstestvo ,ednostavno da sezamisluvaat tie i niloj drug taka i Jankulovska i mnogu dr. ,zatoa fala bogu sto se oglasil Helsinskiot komitet za covekovi prava ,i drugi organizacii treba da se oglasat inaku MK se vraka unazad vo diskriminacija na covekovite prava ,prvo sudstvoto ,pa milicijata kaj go ima toa dati sudi kakotoj sto saka a ne po zakon ,samo mozam da kazam deka ovoj narod e bezobrazen ,neciviliziran,i nedrasnat za 21 vek (bez uvreda toa e vistina)
Од: pepi
Датум: 10.06.2008 08:21:26
Tolku arogantno i sebicno ubeduvanje deka posto potoa treba da se obezbedat sto e mozno pogolem broj pratenicki mesta ne moze da ispadne arno bidejki za ostvaruvanje na celta se koristat site sredstva

Најди! во Утрински
На прво место
Брифинг со амбасадорите на ЕУ и на НАТО за изборите
Караманлис- Решение за името пред членство во ЕУ
Македонија на поправен испит пред светот
Истрага како манастирот „Св. Наум“ е ставен во реклама за Тирана

"""