Број 3055  петок, 07 август 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска

Владо Цветановски

режисер

Откако вчера дојдов во Слоештица, на Бела Река, речиси заборавив дека неодамна беше премиерата на мојата претстава "Крпен живот". Природата маѓепсува и на човек му се чини дека вчерашниот ден и' припаѓа на некоја друга цивилизација. Деновиве, одморам и уживам во природата.

Розе Трајчевска

моден креатор

По речиси еден месец и повеќе во Охрид, јас и Александар сфативме дека е време да се вратиме во Скопје, па да видиме што ќе биде со работите што не' очекуваат дома. Можеби, ако се организираме, да направиме и некој одмор на море. Но, денеска се враќаме во Скопје.

Маја Вељковиќ

актерка

Во октомври очекувам бебе, па не сум многу за одмори по плажи. Всушност, во јуни си поминав на ред за море, па денеска семејно заминуваме на викендичката во Трница, на продолжен викенд, што може да се претвори и во подолг одмор.

Најди! во Утрински