Занимавајте се со уметност и со нешта за кои е неопходна фантазија, бидејќи имагинацијата ви е нагласена. Не губете сила на работи на кои слабо може да влијаете, бидејќи само ќе се нервирате. Успех ги очекува овните што се занимаваат со уметност и со креативна работа, додека практичните имаат некои полесни проблеми.
Бик
Дишете со полни гради, среќни сте и задоволни. Посебна радост ви се партнерот и личноста што ви е важна. Многу бикови се наоѓаат во фаза на вљубување и непланирани случувања поврзани со свршувачка и венчавка. Бидејќи не сте ги очекувале овие настани, ќе мора да работите со забрзано темпо.
Близнаци
Посебно возбудување можете да очекувате во домот, но немојте да дозволите тоа да ве исфрли од колосек. Членовите на семејството се такви какви што се, па треба да заземете одлучен став и да излезете на крај со нив. Колку во тоа ќе успеете, зависи само од вас и од вашето трпение.
Рак
Моментно сте во извесна дилема, што се однесуваат на патување и на нова работа. Бидејќи успешно ќе ги совладате пречките кон крајот на денот очекувајте подобрување на расположението и пријатно дружење. Милите личности ви влијаат стимулативно, со нив фантастично функционирате.
Лав
Во одлична форма сте. Ја сфаќате суштината и од ситуациите го извлекувате максимумот. Предвидувате нови настани и се однесувате во согласност со тоа. Среќните околности ви одат од рака. Само продолжете со ова темпо, но со помош од саканото лице. Тоа има големо влијание на наредните случувања. Послушајте го нејзиниот совет.
Девица
Немате причина за паника, бидејќи работите се под контрола. За благата нервоза побарајте оправдување, што не ви поаѓа од рака. Силното влијание на соработниците може да го осуети вашиот напор и стремеж. Не грижете се, минливо е.
Терезија
Задоволни сте колку што ви дозволува вашата природа. Акцент ставате на перфекционизмот и хармонијата повеќе отколку на случувањата во емотивниот живот. Важно ви е да се докажете, а партнерот и останатите лица ќе мора да почекаат. Но, најважно е што сте среќни, исполнети и хармонични.
Скорпија
Решени сте да ги решите проблемите и не признавате пораз. Така и треба. Од наредните настани очекувајте успех, што ќе ви помогне да се соочите со сами себе. Баш кога помислувате дека сте потонале во проблемите, го наоѓате излезот од тунелот. Бидете среќни, бидејќи ја преживеавте кризната ситуација.
Стрелец
Главен настан на денот ќе ви биде работата и нервозата поврзана со неа. Што можете да направите кога околностите не ви се наклонети. Смирете се и почекајте го поволниот развој на случувањата, но не веднаш. Утре со нов ентузијазам тргнете во бизнис. Дотогаш не губете ги нервите. Претерувате со хистеричните напади.
Јарец
Желбата за изолација е евидентна, но има потреба да владеете со ситуацијата. Однесувајте се во согласност со објективните тешкотии по цена емотивно да трпите. Совесни сте и одговорни, така што ќе дадете предност на нештата на кои сте се обврзале. Со стрелците се натегнувате, но вие ќе излезете како победник.
Водолија
Напнати сте и склони да се нервирате поради ситници. Обидете се да избегате од работата што бара брзина и непромислена акција, бидејќи може да бидете оштетени. Бидете мудри, смирени и одговорни. Тоа е начинот на кој се доаѓа до успехот. Паниката само ве оддалечува од него, ве прави нервозни и незадоволни.
Риби
Имагинацијата ви е нагласена, а тоа поволно ќе се одрази на рибите кои ќе се занимаваат со уметност и со конкретен бизнис. Успех ве очекува во шпекулациите од секаков тип. Ви се советува акција во таа насока. Доколку играте наградни игри, среќата ќе ви се насмее.
Редакција: Мајаковски бр. 2 Скопје 1000 Скопје тел 3236 900; факс 3236901 e-mail: contact@utrinski.com.mk