Број 3049  четврток, 30 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Пациент починал по вадење камен во мочен канал

Пациент умрел по банално вадење камен од мочниот канал. Пациентот Благоја Мазнев, инаку сопруг на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Косана Мазнева, постои сомневање дека умрел под неразјаснети околности. Поради ова, Клиниката за урологија повела постапка да се испита случајот и да се утврди причината за неговата смрт откако од Градската болница бил префрлен на КАРИЛ, а уролозите го лекувале од тешки компликации. Дополнително ќе се чекаат и наодите од обдукцијата.

За бизарниот случај лекарите ни на Клиниката за урологија ни во Градска болница не сакаат јавно да зборуваат. А во болничките кругови се говори дека во овој случај не е исклучено дека е во прашање лекарски пропуст.

Приказната почнала пред околу еден и пол месец, кога 38-годишниот Благоја бил примен во Градската болница, каде што било утврдено дека има заглавено каменче во мочниот канал, помало од зрно ориз. Вадењето на каменчето било направено без операција, по пат на уретроноскопија. Според болнички извори, направената интервенција не дала резултати и пациентот бил повторно опериран, но на класичен начин со отворање на стомакот. Но, по оваа операција, коментираат лекарски извори, на болниот нагло му се влошила состојбата и итно бил префрлен на Клиниката за урологија. Таму му биле направиле три операции. Но, иако го оперирале врвни уролози, не успеале да го спасат. Пациентот починал на КАРИЛ, откако два дена пред тоа паднал во кома.

Во Министерството за здравство велат дека ако случајот биде пријавен, ќе се формира стручна комисија за да испита што е превземено и дали пациентот бил соодветно згрижен. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 2165 пати.

Испрати коментар

Од: Nina
Датум: 30.07.2009 01:01:53
Socuvstvo do semejstvoto. Tragedija e mlad covek da otide vaka....
Од: Irena
Датум: 30.07.2009 09:36:29
Ednas treba doktorite da odgovaraat za ova sto go pravat. I ne e samo Maznev, mnogu mladi zivoti se otideni od lekarska nestrucnost i nebreznost...Treba ednas doktor da zamine nekolku godini vo zatvor a i direktorot na klinikata ako ne obezbedil uslovi za rabota...samo togas ke se namalat ovie tragedii, a ne doktorite da s eodnesuvaat kako Gospod...da odlucuvaat koj ke zivee a koj ke umre...Strasno, socustvo do semejstvoto Maznevi
Од: Natasha
Датум: 30.07.2009 09:53:53
За жал, ова не прв пат да се случуваат вакви гафови. Во последно време нашата мала државичка добива на големина само по големината на трагедиите и глупостите што не опкружуваат. Но драги мои, ова не е глупост, ниту пак лекарска грешка, ниту пак Божја воља - нека ми прости Господ што го споменувам каде не му е местото. Ова е ЗЛОСТОРСТВО БЕЗ ПРЕСЕДАН, НЕБРЕЖНОСТ и НЕГРИЖА на оние чија работа и повик во животот е да спасуваат луѓе. За жал на сите нас, нашата Градска Болница одгледува имбецили кои пациентите ги третираат како колатерална штета. Таквите имбецили, чест на ретките исклучоци, земаат плата од данокот на сите граѓани на оваа држава, вклучително и на оние кои ги УБИЛЕ, а и на нивните семејства. И да само да се подсетиме на нашата рапсодија од искази, ПЛАТАТА СЕКОГАШ ИМ Е МАЛА. Па г-дине докторе (и тоа ви е многу), колку чини да убиете човек? И колку плата земате за тоа?
Од: Маја
Датум: 30.07.2009 10:41:00
Socuvstvo za semejstovoto.
Од: Ѓоко
Датум: 30.07.2009 11:23:29
Го знам лично човекот,најдобрата личност што сум ја сретнал по подолго време(фин,коректен,чесен и сл.).Дали Господ ги зема само добрите или е нешто друго во прашање(скапаново наше здраство не знам!)Сочуство да најблиските и нека почива во мир!!!
Од: doktor
Датум: 30.07.2009 12:32:06
steta sto na nekoi od moite kolegi interesot za profit im e pogolem od cesnoto lekuvanje vo igra se i farmaceutskite kompanii koi so agresivna kampanja i verojatno pretpostavuvam stimulacija na lekarite gi teraat da dadat odreden lek i kaj sto treba i kaj sto nema indikacii, namesto lekot koj realno treba da se dade......mislam deka razbirate......E moi kolegi, FIBRINOLIZATA SO NOVOSEVEN NE MOZE DA SE INHIBIRA !!! pusta zelba za profit... samo za zal na grbot na pacientite

Најди! во Утрински
Македонија
Рецесијата нема да ги одмине ни болниците и клиниките
Кривични пријави за криминалот со дрва на Шапка
Битолчани поделени околу прифатилиштето за бездомници
Дојранско и Преспанско Езеро под концесија
Дебрешани не му се израдуваа на водоводот
РЗЗЗ стана Национален институт за јавно здравје