Број 3216  вторник, 23 февруари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон

Site Meter
Политика

Кој го уби законот за дискриминација?

Ако не сега, законот ќе го измените кога ќе се приближите до ЕУ, истакна европарламентарката Урлике Луначек

Светлана Унковска


Низата измени што беа направени во владиниот предлог-закон за заштита од дискриминација и кој суштински се разликува од првичната верзија на нацрт-текстот предизвика низа полемики меѓу претставниците на невладиниот сектор и странските дипломати со членовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

На вчерашната седница на постојаната Анкетна комисија за заштита на правата на граѓаните се бараше враќање на ноемврискиот текст на предлог-законот во кој како основ на дискриминација беше опфатена и сексуалната определба, но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тоа го гледаат како прв чекор во легализацијата на хомосексуалните бракови и нивна можност за посвојување деца.

Амбасадорката на Кралството Холандија, Симоне Филипини, уште еднаш потсети дека овој закон се однесува не само на сите земји-членки на Европската унија, туку и на оние што ги започнуваат преговорите за членство.

„Многу е важно да се елиминираат некои митови за тоа дека доколку Македонија ја вклучи сексуалната ориентација во овој закон, автоматски ќе го отвори патот кон хомосексуалните бракови и посвојувањето деца од хомосексуалци. Ова е една дезинформација и навистина се надевам дека Македонија ќе преземе еден храбар чекор и ќе се врати на претходниот нацрт-закон во кој имаше една широка усогласеност и дека ќе го усвои законот како што беше направен“, рече Филипини.

Во одбрана на законскиот текст излезе Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, кој двапати ја цитираше неодамнешната изјава на својата сопартијка Косана Мазнева-Николиќ, за како што рече „сите убаво да ја чујат“. Според него, закон во кој се вклучува сексуална ориентација е прв чекор кон менување на законот за семејството, а со тоа ЛПМ-легализација на хомосексуални бракови и отворање можност да посвојуваат деца. Според него, Полска и Латвија како членки на Европската унија во своите закони немаат вградено основ на сексуална определба.

„Се' додека има и една земја-членка на ЕУ, а ја имате и Полска и Латвија и други земји во кои не се спомнува сексуалната ориентација како основ за заштита од дискриминација. Врз основа на закон за недискриминација се донесува нов закон за семејство каде што во име на недискриминацијата наместо бракот да биде заедница меѓу маж и жена, тој може да биде нешто друго. Ако еднаш го редефинираме бракот, тогаш ќе нема каде да ја повлечеме линијата“, рече Ѓорчев. Тој рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за законот, а како што рече, доколку некој сака да го редефинира македонското општество, ќе мора да добие гласови од барем 700 илјади гласови од граѓаните.

На ова реагираше и австриската европарламентарка Урлике Луначек, која рече дека прашањето на антидискриминација било дел од договорот за визна либерализација, но исклучувањето на сексуалната ориентација од овој закон се случил по паѓањето на визниот режим. Демантирајќи го Ѓорчев, таа истакна дека ниту една земја од ЕУ ја нема исклучено сексуалната ориентација. Таа директно му се обрати и му рече дека нема право затоа што Полска и Латвија дополнително го направиле тоа.

„Што мислевте кога ја извадивте сексуалната ориентација од законот. Што ќе се случеше доколку член од семејството, на пример, биде исфрлен од работа само затоа што се вљубил во човек од ист пол. Тоа не би сакале да го видите. Не би сакале член на ваше семејство или вашиот пријател да не биде заштитен со закон. Затоа бидете храбри и усвојте го претходниот закон. Ако не го направите тоа, ќе морате да го направите кога ќе се приближите до ЕУ“, истакна Луначек. Таа нагласи дека антидискриминацијата во европскиот парламент е поддржана и од конзервативните партии, затоа што „тоа не е прашање на идеологија“.

Мирјана Најчевска, која е една од изготвувачите на првичната верзија на законот, истакна дека сегашниот текст е само парче хартија што ниту со расправа ниту со амандмани би можело да се подобри и да се направи соодветен.

„Лично сметам дека власта намерно дигна прашина за овој закон, со цел да се возбудат луѓето околу хомосексуалноста и со тоа да се превиди дека во законот е отстранета една третина од одредбите на понудениот текст. Не можеме да утврдиме кој е убиецот на законот за заштита од дискриминација. Истрагата е во тек“, рече Најчевска.


#
Статијата е прочитана 658 пати.

Испрати коментар

Од: Перо
Датум: 23.02.2010 09:09:18
Зарем ги немаат истите права како другите граѓани па мораат и таксативно да се набројуваат? Или ова е вовед кон нешто дртуго. Ќе почнат да бараат и рамнопавна застапеност во државните институции, па во личните исправи да им пишува и сексуална ориентација. Не дај боже, ќе побараат и на десната рака да носат лента со која ќе се означени кои се, за случајно ние неозначените да не ги дискриминираме.

Најди! во Утрински
Политика
Судиите не сакаат нова анкета
Селмани бара помош околу етничкиот комитет
Тендерите под будно око на посебни ревизори
Психолошки тестови за идните судии
Скопска апелација бара нови судии