Почитуван господине Николаос И. Мерѕос, претседател на Здружението за македонски студии во Солун, Грција,
на 19 октомври 2010 година, датумот кога во Брисел Европејците го пееја премиерот на Република Македонија, господинот Никола Груевски, меѓу другото, и за тоа да се откаже од името на неговата и моја татковина Република Македонија, да се откаже и од идентитет и од се' и сешто што е македонско за да може оваа намачена земја да биде примена како членка на ЕУ и на НАТО, со големо задоволство ја прочитав Вашата книга „Аромани - Власи“ печатена на македонски и на албански јазик, а издадена од непознат издавач од Република Македонија, 2010 година, но со податоци дека е печатена во Грција од страна на печатарот „Меврогенис АД“, а издавач е Машкото братство „Филоптохос“ од Солун.
Како дошла и како се продава или бесплатно се дели во мојата држава, не знам. За тоа треба да го даде одговорот друг.
За да ја прочитам оваа Ваша книга, вн��манието ми го привлече насловот „Аромани - Власи“. Тема што мошне ме интересира и сакам да знам се' за Власите каде и да живеат. Го чинам тоа затоа што ги сакам Власите, ја почитувам нивната историја и култура како што си ја сакам и почитувам сопствената!
Книгата Ви е мошне интересна. Морам да признам дека е богата со податоци и вистини за историјата на Власите, и тој дел од оваа книга го ценам и сметам дека е мало парче прилог за светско културно богатство. Но, во поголемиот дел, и колку да сте голем Влав, сте заборавиле тоа што сте: сте заборавиле до крај да си останете Влав и во Грција! Така ќе ве ценев многу, многу повеќе! Да си останевте влашки Влав во државата во која живеете - Грција, како што се вистински Власи и горди Власи моите сограѓани, роднини и пријатели што живеат во Република Македонија. Горди и стамени Власи, зашто слободно кажуваат и се гордеат со тоа што се - Власи! И така се запишани колку во мојот, толку и во нивниот устав, Уставот на Република Македонија!
Во книгата изнесувате дека тие биле римски граѓани, ги изнесувате теориите за името Власи, посочувате сведоштва од историјата, пишувате за културата на Власите... Не сум историчар, но во доста изнесени податоци верувам (на неколку места велите дека Власите не се Романци, што е во ред) и Ви честитам што сте ги изнеле на виделина дел од вистините, зашто Власите како народ го заслужуваат тоа. Но, болно е тоа кога сите води на историјата и културата на овој народ, на Власите, ги терате во браздата на елинизмот: дека се Власи, но Власи - Грци, или поточно, грчки Власи. Отворено тврдите дека Власите се латинофони автохтони Грци!
Книгата ја завршувате со следниот пасос што го цитирам во целост:
„Но, сега повторно блескаат гордо нашите Власи и сите бараат корени во нашиот латинофонски грчки идентитет за да се гордеат, и со право. Другите удираат залудно. Го знаат тоа, но, сепак, и натаму се настојчиви“.
А за тие настојчивите, во претходниот пасус велите, цитирам:
„Меѓутоа, во втората половина на ХХ век подмолни противници, бирократи, патриоти и други завидливи нетолерантни Грекили (понижувачко именување на прогрчкото настроено население), не ја пропуштија шансата да ја клеветат и да ја саботираат оваа горда нација со обележјето на италијанската и романската пропаганда...“ ( страница 43).
Се согласувам, не се потребни клевети за ни еден народ, но што правите Вие, господине Николаос?
На страница 39, во поднасловот „Крушево и Илинден“, пишувате, цитирам:
„Крушево е целосно уништено. Градот претставувал најсилен бастион на македонскиот хеленизам кон север, арка на грчкото образование, седиште на Преспанската и на Охридската митрополија... Крушевчани влахофонски Грци...
И така натаму, само Власите да бидат Грци, Вие така ги правите, а не Власите да бидат Власи и секаде на Земјината топка да си бидат тоа што се!
За Вас, во оваа Ваша книга, и Власите од Битола се Грци... И многу, многу, покрај убавите работи во книгата, без да сакате, или со отворена намера, како да сте Грекил, но за Власите.
Влав сте, и да си останевте горд Влав! Зошто Влав - Грк а не Влав? Зошто не, и не пишувате на влашки јазик и да го споменете како таков, каков Влашки, туку пишувате дека тој е латинофонски? Или, тоа некој во државата во која живеете не Ви го дозволува? Како што сега нас не притискаат да се откажеме тоа што сме: Македонци!?
Ти мулцајн! Хронја пула! И на влашки и на грчки кирие Николаос Мерѕос! Кирие, господине, на грчки ве нарекувам (впрочем, мили ми се и грчкиот јазик и Грците што ме почитуваат) но не и домну, господине, на влашки. Ако бевте вистински, асли Влав, ќе бевте вистински господин, вистински домну ароман! Вака, како што се насликавте во книгата "Аромани - Власи“, сакајќи да сторите добро и со добра намера, за навек ќе си останете кирие Николаос!
Имате добиено безброј мегало елиники награди. Така пишува во Вашата биографија. Моето отворено писмо нека биде една поинаква, поскромна и подостоинствена укажувачка награда за Вас!
"Vnesovte pogrešen kod. Ve molime probajte povtorno."
... a koj toa ke go pišuva povtorno? Pozdrav
Од: Зоран
Датум: 28.10.2010 12:52:56
Браво,за Панде...
Од: Goran
Датум: 28.10.2010 14:56:44
Za zal, golem del od Vlasite vo Grcija podlegnale na asimilatorskata politika na koja seuste odolevaat del od Makedoncite vo Egenskiot del. No zatoa, Vlasite vo Makedonija i vo Albanija ne se sramat da kazat deka se toa sto se, Vlasi, i deka ne mozat da bidat drugo. Pozdrav do moite sonarodnici, i poraka da se setite na nasata himna, da ne se zaboravi jazikot!!!
Од: Goran I
Датум: 28.10.2010 15:29:13
Za zal pogolem broj na Vlasi i vo Makedonija se asimiliraat.Edvaj sekoj petti na popis se izjasnuva kako Vlav
Од: elena
Датум: 28.10.2010 16:44:03
Koga go citam zborot Aromani, doagam do zaklucok deka toa ne se Romani. Od ednostavna pricina sto prefiksot a- znaci negiranje. Dali mozebi i nekoj drug go deli moeto mislenje od lingvisticka gledna tocka?
Од: Elena
Датум: 28.10.2010 18:04:12
Vi blagodaram pocituvan gopspodine za ovoj natpis. Ste se potrudile, ste potrosile vreme, ste dale jasna slika za mnogumina od nas sto ne bevme ni slusnale za taa kniga. No ne se odnesuva samo an knigata, tuku na sevkupnata grcka politika. Vi blagodaram uste ednas. Ova ne se zborovi, ova e delo od vasa strana.