Се бара и политичка одговорност за патриотските сметки
Кога ќе ја добие одлуката од Уставен, Министерството за финансии ќе бара експертско мислење
Александрија Стевковска
Трговците не сакаат повторен рекет од државата што ќе им го направи таа доколку товарот од одлуката за задолжителност од враќање на старата фискална меморија, со која на фискалните сметки нема да стои издвојување на македонски од увозни производи и логото на кампањата „Купувајте македонски производи“, го префрли на нив. Тие се повеќе од убедени дека овој владин гаф, кој ги чинеше пари, повторно ќе падне на нивни грб, судејќи според обидите Владата да се амнестира од каква било одговорност за одлука која самата ја донела. Опозицијата, пак, побара и политичка одговорност од Владата за „патриотскиот каприц“, најавувајќи поднесување интерпелација за министерот за финансии.
„Бидејќи премиерот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не знаат што е политичка одговорност, СДСМ во Собранието ќе поднесе интерпелација за министерот за финансии, Трајко Славески, директно најодговорен за штетата од таканаречените патриотски фискални каси“, најави Јани Макрадули на вчерашната прес-конференција.
Од Министерството за финансии информираат дека се' уште ја немаат добиено одлуката на Уставниот суд за укинување на патриотските фискални сметки, а вицепремиерот Зоран Ставрески вчера не сакаше да даде каква било изјава за укинувањето на патриотските сметки.
„Одлуката од Уставен се' уште ја немаме добиено, а кога ќе пристигне, ќе им биде дадена на експерти кои ќе ја разгледаат и ќе дадат препораки за натамошно дејствување. Во секој случај, станува збор за сериозна работа и треба внимателно да се постапува“, вели портпаролот на Министерството за финансии, Мартин Мартиновски.
Трговците се убедени дека тежината на одлуката на Уставен суд повторно ќе треба да ја понесат тие.
„Се' е импровизација во државава. Државата еднаш ни наметна обврска што не ја сакавме, а моравме да ја платиме, а сега повторно сака да не' рекетира и да ни земе пари за нејзина грешка, односно неуставна одлука. Не ми пречи надградениот софтвер, но сакам да ми се вратат парите што сум ги вложила за менување на фискалната меморија“, вели сопственичка на бутик.
Според неа, дуќанџиите немаат моќ да се изборат за своите права, бидејќи не се организирани и постојано се врши некој притисок врз нив, а со цел државата што подлабоко да им брцне во џебот.
„Требаше да се кренеме уште пред воведување на оваа мерка, но се прави постојан притисок со кој не' замолчуваат. Така ќе биде и доколку ќе треба да го платиме вадењето на софтверската надградба“, велат трговците. Сепак, трговците се поделени околу барањето одговорност кој е виновен за ваквата фискално патриотска збрка и кој треба да ја плати направената штета. „Едни велат дека тој што ја предизвикал штетата треба да си ја плати, други се со став дека било што било и дека Владата нема шанси да им враќа пари, па само бараат да не им се товари повторно тие да си ја платат наложената промена од Уставен суд“, велат трговците.
Од Стопанската комора на Македонија велат дека тие побарале Министерството за финансии да ја преиспита одлуката за воведување на патриотските сметки уште пред нивното воведување, но тоа немало слух за барањата на трговците.
„На Министерството за финансии му беше предочено дека патриотските сметки ќе немаат ефект, а ќе значат само давачки за стопанствениците. Покрај тоа, трговците уште во април реагираа дека ваквите фискални, покрај пари, ќе значат многу одземено време поради новите бази на податоци, проблем со одредување на потеклото, краткото време за имплементација на мерката. Нашите сугестии не беа прифатени, а сега може ќе треба да ја поминат истата голгота“, вели Стојмирка Тасевска од Стопанската комора на Македонија.
„Потрошувачите не гледаат на сметката дали купиле домашни или странски производи, туку дали им е вратено доволно кусур и дали некои производи имаат цени какви што биле наведени на рафтовите“, велат трговците.
Тоа дека фискалните патриотски сметки се дел од серијата грешки на Владата го потенцираше вчера и опозициската СДСМ и побара Владата да ја санира состојбата.
„Трговците треба да бидат обесштетени за трошоците што ги направиле за воведување на неуставните патриотски фискални сметки. Премиерот Никола Груевски и сите министри на ВМРО-ДПМНЕ мора да го финансираат повторното менување на софтверот и враќањето на фискалните каси во почетна состојба“, побара Макрадули.
e stvarno ako ne se organiziraat trgovcite a gi ima 55 iljadi da strajkuvaat dodeka neoj ne plati za ovaa idiotska merka stvarno ne e vo red da kutat. i ne da im se plati pak od nas dzeb. nie ne sme dolzni da gi plakame glupite izleti na slaveski, cela ekspertska javnost gi predupreduvase no kako i sekogas tie se gluvi za site kritiki
Од: Stojko
Датум: 20.12.2008 03:58:41
Па што и да плати владата? Не плаќаат од својот џеп, туку од нашиот. А нечии фирми пак ќе се збогатат, и редно е некому да дадат провизија за тоа.
Од: Ogorcen
Датум: 20.12.2008 08:38:23
Ne mi se veruva kako dozvolija gragjanite na ova zemja, edna grupa decista i diletanti da napravat havarija so se i sesto sto e sozdavano vo minatoto. Site zakoni padnaa na Ustaven, nadvoesnata pilitika katastrofa, ekonomijata polosa nikogas, go podelija narodot na predavnici i patrioti, site sto ne mislat kako niv se predavnici i zigosani. Platite vo Klinicki vo 2006 godina Firerot gi namali za 30% a sega po 10% gi pokacuva sekoja godina, kogo pravi budali? Se dodeka, studentite, dukjandziite, sudiite pod pritisok, zdravstvoto i site drugi zaedno so prosvetarite i studentite ne go primenime terkot na Grcija drzavata ni otide jabana, a familijta na Firerot ke postane magnat! GOSPOD NA POMIS!
Од: makedondki patrot
Датум: 20.12.2008 09:04:07
\redno e ovaa vlada da go stori ona stogo stori belgiskata vlada.Gruevski osvestise se shto rabotish vo trans ne si svesen, sega ti ostanaa samo selanite da gi lazish ama i tie ke ti go svrtat grbot i toa nee daleku.Odisi da se spasi ovaj narod.
Од: vasko
Датум: 20.12.2008 09:41:36
ostvaruvane 100 cekori napred ova go nema ni vo zimbabve ha ha ha a kade e evropa ne gledaat kako zamorcinja so ovaa vlada mnogu sme patrioti koga treba da zimaat pari a sega koj ke gi vraka?bravo grujo zasrami se odi si napravi haos
Од: Glupendra
Датум: 20.12.2008 09:54:52
Samo nedokvakani politicari so vakvi merki sami si zabivaat noz vo grbot! Sekoj den smisluvaat nesto novo bez razlika dali ,,drzi voda,, ili ne! Namesto da vodat vistinska politika vo interes na drzavata i narodot, tie 24/7 se zanimavaat so izmisluvanje na trikovi so koi mislat deka bezgranicno mozat da go maftosuvaat narodot!
Од: zabegan
Датум: 20.12.2008 10:27:42
abre trgovci zarem eden ZABEGAN sakate da vi kaze sto treba da pravete? kako sto cekavte so denovi,da vi vgradat vmro-ski smetki taka stanete pred vlada da vigi vratat parite,ama ne da vi vratat vasi pari nego od smetkite na politicarite,koga ce im zemat 5 milioni evra od nivnite smetki ke se zamislat dali treba da nosat,zakoni koi im go BUFTA USTAVEN a ne kako sto sakat da kazat ,BRANKO. ako nemat na nivnite smetki pari ,da im se zema po edna tretina od platite i da vi gi vratat.a ne samo da kukate koga ima lek .
Од: Кавадарчанец
Датум: 20.12.2008 10:54:39
Интерпелацијата на министерот е лицемерна одлука. Бидејќи претставка до Уставен суд може да даде секој, тогаш Уставниот суд требаше да решава за овој закон уште кога го изгласаа, а не сега кога сите купија патриотски фискални. И сега ние граѓаните сме глупи па да мислиме дека владата е крива. Ако опозицијата сака да се покаже дека прави добро за народот Уставниот суд нека решава навреме.
Од: Diletantizam
Датум: 20.12.2008 14:32:05
Se znae vinovnikot za ovaj cirkus so " patriotskite kasi", toa e finansislkiot " diletant ' i za zal profesor na Ekonom. fakultet vo Skopje , g-dinot Trajko Slaveski. Ako ima i malku doblest i moral treba pod itno da si podnese ostavka na funkcijata.ili pak premierot da go smeni. No takva pojava kaj nas e nepoznata. Moralot e padnat na tolku niski granki sto vo borba za opstanok na vlast ludje bez moral se spremni da si go prodadat dostoinstvoto . Pa nalet sto ja " zakaska " rabotata, nego i treskat " "zeleni"
Од: ramadan
Датум: 20.12.2008 16:38:42
Mene bas me boli za politickata odgovornost.Taa rabota,jas ce ja kazam vo mart na izborite.Jas sega baram osteta so kamata od liceto koe se pretstavuva kako profesor i minister.Mene sega toa me interesira ,za drugoto kazav sto mislam
Од: Трговец
Датум: 20.12.2008 16:43:57
Па на нас трговците така и ни треба кога не знаеме да кажеме стоп на овој хаус - патриотски каси, лиценци за пиво одозгора и забрана за негова продажба, разни безобразни инспекции секој втор ден -страв до коски, белки ке му дојде крајот и на тоа лудило, тажно Македонче родено да страда и да ќути.
Од: Kunta Kinte
Датум: 20.12.2008 18:08:10
Apsolutno, no barajte ja kaj Golemiot drzavnik, Branko Crvenkovski. Ne sum ljubitel na pol.partii, no vo toa sum siguren.
Од: stole
Датум: 20.12.2008 19:34:08
ministerot T.Slavevski treba da si dade ostavka, dosta pravi samo gluposti, pa se pravi kako ne znae sto se toa "patriotski fis. smetki" pa po pet minuti ke se seti i pak pocnuva da lupa gluposti sto profesor bese.Gruevski treba da mu ja dade rabotnata kniska i pravo vo zavod za zaposluvanje pa da vidime koja budala ke go zaposli.
Од: фискализатор
Датум: 21.12.2008 12:31:24
Ајде сега набрзо очекувам еден јуриш на уставен суд и за таму да се најде некој кум кој ќе биде претседател на уставен,па така ќе нема кој да ги кочи реформските излети и будалии на магистерот и професорот.
Од: verag
Датум: 21.12.2008 12:37:39
Кај нас секако дека не постои плитичка одговорност,туку само фалбаџиство и префрлање вина надруг,на опозицијата,а во случајот на Црвенковски.Срамота!Кога газдарицата на дуќанот во комшилук ја прашав дали ќе тужи,таа ми одговори декс кај нас не се знае кој што прави. Јас и одговорив дека не е тачно,кас нас се што е добро го прави власта,а се лошо опозицијата. Таа е за ВМРО,па дури ни за ваква очигледна грешка не сака да го обвини,толку се луѓето заслепени по партиите,па што и да направат,секојпат им одобруваат.
Од: Vlav
Датум: 21.12.2008 12:38:47
Jas mislam deka treba na denarite da stoi likot na Trajko i Nikola, kako premnogu zasluzni za kampanji, pa belkim ke se drzni narodot da ne gi razmenuvaat denarite vo evra. Na takov nacin ke se soberat sredstva za da im se isplati na trgovcite da gi prepravat kasite vo nepatriotski.
Од: ОЛИ ЈУЛЧОВСКИ-Струмица
Датум: 21.12.2008 12:48:06
вмровчето,,,кунте кинте,,, само за едно е во право. Ако Гријо и компанија им кажат на трговците дека ,Бранко Црвенковски е тој что треба да ја понесе одговорноста за глупостите што оваа Влада ги прави погрешно препишувајки ги законските решенија од Хрватск или Романија, Недокваканите вмровчинја навистина му веруваат, за се екрив некој друг,никако нивниот самобендисан Грујо. Овој, од -98-мата си се исели во мајчичка Бугарија ,а овој од 2006-та незнам каде ќе заврши, и нема сигурно да биде сам, ќе отпатува со поголемо друштво,односно со целата фамилија. Само тоа да биде што побрзо,зошто последиците после нивното ,,царуване,, не ќе може никој да ги среди. Среќно Маќедонци, издржете сам ќе се униште.