|
|
|
|
|
|
Фељтон
Славата, митот и крвта на ВМРО (18)
Во ВМРО немало само комити
Во остварувањето на целите на ВМРО биле вклучени универзитетски професори, академици, дипломати, писатели, судии
Виктор Цветаноски
Македонското револуционерно национално движење опфаќа широк круг луѓе, не само револуционери, комити и војводи, туку еден мошне голем круг интелектуалци, кои што се школуваа и работеа во Бугарија. За македонското дело не се бореле само тие што имале пушка в рака. ВМРО ги сплоти, собра и ги организира најголемиот број македонски бегалци и емигранти, создавајќи голем број на роднокрајски братства, разни друштва и организации, вклучувајќи ги и женските организации. Сите тие не можеа да се помират со распарчена и неослободена Македонија. Нивната улога беше најмногу културно-просветна, афирмација на македонската борба и продолжување на македонските традиции, организирање на разни културни манифестации и помагање на сиромашните семејства.
„ВМРО за време на своето постоење, посебно по Првата светска војна, ги мобилизира сите слоеви, организации, друштва и братства на македонската емиграција во Бугарија, како што биле: Македонскиот национален комитет (со околу 120 братства), Сојузот на македонските студентски организации, Илинденската организација со преку 201 друштва и со околу 20.000 членови, Македонскиот женски сојуз (со околу 4.250 членови и 45 друштва). Исто така, во остварувањето на политичката програма на ВМРО се ангажираа многубројни македонски дејци и интелектуалци, професори, академици, политичари, дипломати, писатели, судии од сите македонски организации, структури и идејни струи, од десницата и левицата (санданисти, федералисти и комунисти) како што биле: Љубомир Милетич, Иван Георгов, Никола Милев, Симеон Радев, Иван Снегаров, Александар Балабанов, д-р Владимир Руменов, Павел Шатев, Димо Хаџи Димов, Димитар Влахов, Владислав Ковачев, Арсениј Јовков, Симеон Кавракиров, Тодор Паница, Георги Кулишев и многу други“, вели д-р Зоран Тодорвски.
Активноста на македонските интелектуалци во Софија се гледа и за време на Балканските и Првата светска војна. Тие преговараат со претставници на европските држави за статусот на Македонија, барајќи решавање на македонското прашање. Посебна е улогата на Милетиќ, на Ѓоргов, на Балабанов кои пред Првата светска војна кога ги посетуваат најголемите европски центри, Виена, Москва, Париз, Лондон и др. за да го сондираат мислењето на големите сили и каков став да заземе организацијата пред претстојната војна.
„ВМРО уште од своето основање го интернационализира македонското дело, ја натера Европа и светот да обрнат внимание кон Македонија, кон нерешеното македонско прашање и кон поробениот и обесправен македонски народ, одржувајќи постојани контакти со европските политички, дипломатски, културни и научни средини. За таа цел Организацијата изгради вистински дипломатски кадри од свои членови и симпатизери, експерти за одделни држави, а ангажира и истакнати професори, докторанти на познатите европски универзитети, доверувајќи им специјални мисии во Париз, Лондон, Виена, Рим, Петроград, Берлин и Белград“, додава македонскиот историчар.
Според него, главен орган што ја спроведувал надворешната политика на организацијата било Задграничното претставништво на ВМРО, кое било задолжено за пропагандната и издавачката дејност, ги раководело сите политички и дипломатски мисии во странство и ги одржувало контактите со сите ослободителни организации во Европа и на Балканот. Од 1925 година Задграничното претставништво почнало да испраќа постојани и повремени свои претставници во специјални мисии во европските метрополи: Париз, Рим, Виена, Лондон и Берлин. Со испраќањето на ваквите мисии во странство, ВМРО за кратко време успеала да организира и своја надворешно политичко-дипломатска мрежа со развиена информативна служба и во најголемите центри во Европа: Виена, Тирана Истанбул, Париз, Прага, Загреб, Белград, Солун и др. градови, а во Рим бил основан „Италијанско-македонски комитет“.
„Најголема улога во пропагирањето на македонското дело и во афирмацијата на македонската ослободителна борба имале бројните гласила, весници и списанија, што поголемиот број од нив ВМРО ги издавала во Софија со свои средства. Нивниот број изнесува повеќе од 150, а некои од нив излегувале во повеќе европски центри на соодветните јазици: Женева, Лозана, Париз, Виена, Петроград, Солун, Загреб, Белград и во САД“, вели нашиот историчар.
Кога говори за македонската револуционерна борба и ВМРО д-р Зоран Тодоровски нагласува дека македонските состојби се многу комплексни и не се едноставни за објаснување и во никој случај не можат да се гледаат црно-бело. Во револуционерното движење имало и ривалство и борба за раководни места и наметнување на своите политички платформи и идејни ставови за ослободување на Македонија.
„Нашата историографија еднострано ги оцени активностите на македонските револуционери, не навлегувајќи подлабоко во суштината на нивната борба. Според мене, таа многу работи ги прикриваше и ги селектираше. Кога би се навлегло подлабоко во минатото би се дознале многу други вистини за наши личности од минатото. Тоа е наше минато и ние треба сите наши личности да ги прикажеме онакви какви што биле и нивната револуционерна борба да ја претставиме во вистинската светлина. Треба да се претстават нештата онакви какви што се, да се види и другата страна на медалот“, вели тој.
Според него, за многу револуционери биле создадени митови, а тие митови денес многу тешко се уриваат. „За време на социјализмот и во македонската и во бугарската историографија улогата и значењето на некои личности се предимензионираше и митологизираше. На пример, Јане Сандански и во Бугарија и во Македонија беше величан, а дејствувањето на Сандански треба да се гледа и од друг аспект. Тој многу се поврзал економски со младотурците, запоставувајќи ја револуционерната борба. Тогашната турска власт на располагање му доделила шуми и рудници на експлоатација. Има многу извештаи за негово поинакво дејствување. Во Серско правеше што сака заедно со Тодор Паница, за што организацијата многу му забележа“, подвлекува Тодоровски.
Додека во тоа време во Софија револуционерите на левите сили посебно Јане Сандански се глорифицирале, за Христо Матов, Тодор Александров, Иван Михајлов, кои припаѓале на десните се пишувале се' најлошо. Дури од 1989 година понагласено се пишува за Александров и Михајлов во што, смета Тодоровски, се претерувало.
Според него, македонската историографија извршила еден вид диференцијација на личностите во македонското револуционерно движење, а на сето тоа влијаело и времето кога се пишувала таа историја. „Се разбира, историчарите за да и' се додворат на власта ги фаворизираа пред се' левите струи во организацијата, со тоа што ги запоставуваа и ги маргинализираа таканаречените десни струи. И покрај тоа што во таа организација сите припаѓале на едно движење, се бореле за една идеа, меѓутоа, како и денес, тие се разликувале со своите ставови и погледи. Од таа таканаречена десница израснаа голем број врвни револуционери, идеолози и интелектуалци. Меѓутоа, епитетот што им беше ставен како неоврховисти ќе ги следи се' до денес. Голем број од нив со текот на времето од десничари станале левичари, како што е случајот со д-р Христо Татарчев, Владислав Ковачев, Ѓорче Петров... Ако се проучи целокупната активност на Сандански ќе се види дека и тој во почетокот бил врховист“, вели македонскиот историчар.
(Продолжува)
(Продолжува)
|
#
|
Статијата е прочитана 2485 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: sovremenik |
Датум: 20.06.2011 00:17:50 |
|
Do Nikola Janakievski. Koj e prv pogreben na grobištata Butel, koga e toa formirano, vo Alejata na velikanite, nistata ja napravil Jordan grabulovski? Molam odgovor, oti se raboti na eden od velikanite, što " ne e pogreben vo Makedonija ", kako Vie go tvrdite. |
|
|
|
|
|
|
Од: Дејан |
Датум: 20.06.2011 00:42:42 |
|
Јане Санданси бил Врхховист до 1899 година, за да потоа с�� вклучи во ТМРО(ВМРО). Значи ли тоа дека до 1899 бил Бугарин, а после станал Македонец?!? Комплексноста и контрадикторноста е во тоа што сите што биле Врховисти, морале да бидат родени во Македонија. Комплексноста е и во тоа што и сите што се родени во Македониј, а се чуствувале Бугари, во исто време биле и Македонци(географски). Жално е да се гледа како се лаже и манипулира со македоснкиот народ. Таа комунистичка Историја, полна со полувистини и пристрасности мора да престане. Го излуде народот и дојдовме во ситуација да браниме македонски идентитет со споменици на Грци и Бугари во центарот на Скопје?!? |
|
|
|
|
|
|
Од: Kultiviran Balkanec |
Датум: 20.06.2011 01:49:58 |
|
Site bile vrhovisti se dodeka ne stanalno jasno deka golemite sili i sosednite balkanski drzhavi nema da dozvolat prikluchuvanje na Makedonija kon Bugarija. Za da dobijat podrshka od golemite sili, revolucionerite zboruvale toa, shto sakaat da slushnat od niv golemite sili, t.e. deka tie ne se zalagaat za prikluchuvanje na Makedonija kon Bugarija, tuku deka se boraat za edna nezavisna Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ljubotan-Trade Name |
Датум: 20.06.2011 02:14:46 |
|
Ovakvaa proagqanda ,do sega nemam procitano.Aama, dobro e, sto e samo do nedoucenite,isto kako i Titovskata.Skoro site ovie, sto gi prekrstuvas,ostavija nacionalni tragovi za nivnata nacionalna svest-Bugarska-Blgarska. Problemot e sto sekade se prekrstuva, kade se spomenuva Za 'Makedonija,Makedonsko,Makedonski,vie go krstite kako; Makedonski Nacionalen Identitet,a ne geografski!.Mozebi, ovaa autenticna kniga;Spomenica na 25 godini na osloboduvane 1912-1937 izdadena e vo Skopje,Stamparija Milana Gj Ilica.Veruval il ne Spomenicata ima 1100 stranici.mozebi najiscrpnastudija,kako politica taka i ekonomska!Se nadevam deka Znaes, geografska makedonija ja izgubila Srbija !372 ,i 1382 i 1389 od Turcija,Se nadevam deka eden den i Srpskite Zrtvi ,ce gi prikazes za vracane na nivnite Teritorii..A,moze i Tuka da napravime trkalesto stolce!Golem pocit za trudot,a ma ne i za vistinata sto ja serviras za nedoucenite! |
|
|
|
|
|
|
Од: историк |
Датум: 20.06.2011 07:53:35 |
|
Е ДеЈан, ДеЈан! Ти се гледа во името. Ти не си прочитал ниедна книга за издодите и поганите Македонци (Т. Александров и особено В. Михајлов) кој најповеке се крвави од убиства на Македонци, не македонски Бугари. Ти слушаш само во кулоари она сто сакаш да го слушнеш и она што треба да го знаеш во сопствената партија. |
|
|
|
|
|
|
Од: Janakiev Nikola |
Датум: 20.06.2011 08:17:42 |
|
Kole 20.6.2011god.
Dd. Sovremenik.Od srce ti blagodaram informacijata i lislam da e taka.Jas pamtam ubavo koga umre toj tatkomi rece se bile dosta zaedno i ziveel vo Belgrad. Tatkomi 1944g.vo grupno sdudene vo Stip osuden na smrt i posle pomiluvan.na pet godini zatvor i deset godini gubene ne graganska cas i pusten na sloboda 1945-1946god.Jas mislam mozebi e umren vo Belgrad.Za Butel znajam no neznaev da e tam pogreban bas mi odgovara BLAGODARAM.Pozdrav |
|
|
|
|
|
|
Од: antiseparatist |
Датум: 20.06.2011 08:24:55 |
|
Во последните 1-2 години во Р. Македониja се забележува ново претставуванье во нова светлина на сите македонски комити и членови на ТМОРО и ВМОРО = ВМРО. Се постапува по сличен начин и кон облибените и омилени од комунистичкиот србомански режим лица како Jане Сандански, Димитар Влахов и Протогеров, вака и кон сите десничари како Тодор Александров, Борис Сарафов, Христо Матов, Хр. Татарчев и така натаму... .! Тоа покажува дека македонскиот културен и медиумски елит сака да знаа целата вистина за сите илинденски револуционери, а не саму за угодните на комунистите омилени револуционери, кое е добар настан и добар почин за нормализирани на нашите братски историски односи мегу Бугариja и Р. Македониja.
Во Р. Македония малце се знаа дека поради силниот притисок на соседите - наjвеке на Грциja и Србиja над Бугариja, коja до 1908 г. е зависна од Турциja Русиjа и нема право на сопствена воjска, Бугариja се одкажува да изпрати воjска во подкрепа на востаналите по време на востанието 1903г. |
|
|
|
|
|
|
Од: Бугарија е полна со Македонци |
Датум: 20.06.2011 08:37:30 |
|
Во 1967 дискусија меѓу Крсте Црвенковски и Тодор Живков-Во Сојузот на бугарските писатели од 300 членови 100 биле Македонци. Татари и Македонци и други најмногу Турци и Роми се денес бугарската нација. Ако сме исто тогаш само Македонци а не Татари односно Бугари. Од татарското им останало името Бугари а јазикот им е од Македонците. Не тресете лажни глупости само ова е вистината. |
|
|
|
|
|
|
Од: a_nesto |
Датум: 20.06.2011 10:39:35 |
|
Господине Цветаноски, гледам дека сакате да пишувате на тема Македонски Револуционери. Земете преведете ги мемоарите на Ѓорчев, Матов, Делчев, Карев.... и другите револуционери и се ќе Ви биде јасно Вам и на Вашите читатели еднаш и засекогаш. |
|
|
|
|
|
|
Од: VP |
Датум: 20.06.2011 10:46:13 |
|
Нема потреба од многу приказни меѓу Македонци и Бугари, од емоции и меѓусебни обвинувања.
Вистина е дека секој е заложник на некакви митови, но може да се гледа и надвор од тоа.
Сигурно е тешко да се поставиш на местото на другиот, но не е и невозможно.
Што толку има да се дели - стравовите и сиромаштијата на луѓето ли? |
|
|
|
|
|
|
Од: Gjokica |
Датум: 20.06.2011 10:57:23 |
|
TRINAESETI DOKAZ.Ромеите (Грците, Византијците) кои живееле во темата Бугарија се сметале за Бугари т.е. географски Бугари,( znaci ne po nacionalnost) жители на Византиска Тема Бугарија.
Теофилакт Охридски, грк, родум од Еврип, е Архиепискот на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари. Теофилакт и самиот себеси се сметал за бугарин- жител на темата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия ИИИ, папка ИВ.) за Византијците и Грците зборот Бугар станал синоним за словен, а бугарски јазик синоним за словенски јазик. i molam so svetski dokazi. |
|
|
|
|
|
|
Од: bg |
Датум: 20.06.2011 13:29:08 |
|
Во 1903 година Бугарија не можела да војува со Турција, а била закана од војна и од Србија ако се намеши во востанието. Затоа од "Тајните офицерски братства" почнуваат да извезуваат оружје од касарните и со знаење на владата се пуштаат "домашна одмор" офицери и војници кои организирано заминуваат за Македонија да помагаат на своите браќа. Затоа на многу од сликите може да видите четници со униформи на бугарската армија. Во подготовката и спроведувањето на Илинденско-Преображенското востание 1903 година учествуваат 48 офицери од армијата на Кнежевството Бугарија - 1 генерал, 1 полковник, 1 потполковник, 4 капетани, 20 поручици и 21 подпоручици и голем број на унтерофицерите и војниците.
do Gjokica
Само сакам да ти кажам дека од 1018 година до 1185 година Бугарија паѓа под византиска власт и во Охридската Архипископија е назначен за архиепископ грк, а населението во земјите на Кутмичевица, Тракија и Мизија е Бугарско како пред и потоа.
|
|
|
|
|
|
|
Од: Valery |
Датум: 20.06.2011 13:31:38 |
|
Bravo be, Gjokica! Ti napravo mi razkaza igrata! Mnogu si pameten! Naj-posle razbrav sto e toa "Geografski Bugarin". |
|
|
|
|
|
|
|
|