Брoj 2724  понеделник, 30 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Мирко Цветковиќ нов српски премиeр

Цветковиќ беше министер за финансии во владата на Коштуница, а работел и за Светска банка

БЕЛГРАД - Досегашниот министер за финансии, Мирко Цветковиќ, ќе ја води новата српска влада составена од проевропските сили и социјалистите на починатиот лидер Слободан Милошевиќ. Претседателот Борис Тадиќ го најави именувањето на новиот премиер по состанокот на неговата Демократска партија, со што беше ставен крај на четиримесечниот политички ќор-сокак предизвикан кога повеќето членки на 27-члената ЕУ ја признаа независноста на српската покраина Косово со етничко албанско мнозинство. „Претседателот на Републиката одлучи да го предложи сегашниот министер за финансии Мирко Цветковиќ за позицијата премиер на владата на Србија“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.

Цветковиќ беше министер за финансии во досегашната националистичка влада на Воислав Коштуница. Како искусен економист тој работеше за Светската банка во Индија и во Пакистан. Педесет и осумгодишниот економски експерт е скромен технократ кој веројатно ќе се сконцентрира на економијата на Србија наместо на надворешната и внатрешната политика, како што функционираше Коштуница. Досегашниот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, исто така беше кандидат за таа позиција.

Формирањето на владата беше овозможено откако Социјалистичката партија на починатиот претседател Слободан Милошевиќ се согласи да формира коалиција со прозападната алијанса предводена од Тадиќ. Двете групи - поранешни остри ривали - ветија дека владата ќе се обиде да ја забрза интеграцијата на Србија во ЕУ и другите западни институции. „Очекувам новата влада да биде стабилна, да работи за националните интереси и европската интеграција“, изјави Ивица Дачиќ, лидерот на социјалистите.

Социјалистите првично преговараа со Коштуница и нивните поранешни националистички сојузници, но тие разговори беа прекинати на почетокот на месецот бидејќи партијата реши да ги смени страните. Бидејќи беа предводени од Милошевиќ, социјалистите беа обвин��вани за поттикнување на балканските војни и уништување на економијата на Србија. Партијата се обиде да го отфрли тој имиџ откако почина Милошевиќ во 2006 година, додека се водеше судска постапка за геноцид во Судот за воени злосторства на ОН во Хаг.

Владата на Коштуница, несигурна коалиција меѓу неговата Демократска партија на Србија и демократите на Тадиќ, со мандат од една година, се распадна на почетокот на март поради несогласувања околу признавањето на Косово. Групата на Коштуница се изјасни против натамошна интеграција во ЕУ доколку Брисел не го признае Косово како дел од земјата. Приврзаниците на Тадиќ, исто така, се спротивставија на независноста на Косово, но не по цена на напорите на Србија конечно да се приклучи кон 27-члената Унија. Коалицијата на Тадиќ „За европска Србија“ победи на изборите на 11 мај, освојувајќи 102 од вкупно 250 парламентарни места. Иако ултранационалистичката Радикална партија беше на втората позиција со 78 места, ниту една партија не можеше да формира влада без социјалистите и нивните 20 пратеници.

Напредокот се случи во понеделникот кога Социјалистичката партија го прекина оцрнувањето од минатото под режимот на Милошевиќ и гласаше против коалиција со националистите, и наместо тоа формираше влада со проевропскиот блок, во кој доминира Демократската партија на Тадиќ. Тадиќ се соочи со критики од либералите сили поради одлуката да коалиција со социјалистите, но западните претставници истакнаа дека тие би поддржале која било проевропска влада во Србија. Запад се надева дека кабинетот предводен од демократите на Тадиќ ќе продолжи со прозападните реформи и ќе ги испорача осомничените Срби во Судот за воени злосторства во Хаг.

Во изјавата на Тадиќ се истакнува дека коалицијата на муслиманите од Санџак и етничката унгарска партија ќе го сочинуваат останатиот дел од коалицијата. (АФП)


Статијата е прочитана 190 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Смрт на една тинејџерка предизвика безредија во Кина
Србија веднаш во ЕУ по Хрватска
Израел повторно ја отвори границата со Газа
Косовските Срби формираа свој парламент
Франција на чело на ЕУ со обесхрабрени амбиции
Непослушност во редовите на Руската православна црква
Обама и Мекејн се борат околу имиграцијата