Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Слаб старт на инвестициите годинава

НБМ објави дека во јануари 2010 година влегле само 24 милиони евра странски директни инвестиции

Соња Маџовска

И оваа година ја почнавме со слаби инвестициски резултати. Покрај тоа што во последно време сме сведоци на отворање на еден куп слободни економски зони и власта најавува нов инвестициски циклус, инвеститорите никаде ги нема. Податоците за странски инвестиции во јануари навестуваат дека и годинава ќе биде тенка. Во првиот месец од 2010 година влегле само 24 милиони евра странски директни инвестиции, од кои само 13 милиони евра се акционерски капитал, а останатите се побарувања и обврски на странските фирми што работат во земјава, објави вчера Народна банка на Македонија.

Годинашниот јануари не е ништо поразличен од минатогодишниот. И тогаш нивото на странски инвестиции беше многу ниско и изнесуваше само 27 милиони евра, а цела 2009 година ја завршивме со 180 милиони евра СДИ.

Експертите и' советуваат на Владата да не се рекламира како производ што не постои во странските медиуми, туку да се фати за работа, но не само со отворање нови економски зони. Според аналитичарот Ден Дончев, градењето добар меѓународен имиџ е клучен фактор за привлекување СДИ. Тоа значи градење стабилна и предвидлива клима, политичка стабилност, ниска корупција и, општо, политичка поддршка за странските инвеститори. Дончев вели дека нашата Влада, очигледно, не го знае тоа, па затоа троши милионски суми рекламирајќи ја Македонија во белосветските медиуми. „Станува јасно дека реалната бизнис-клима во земјава е далеку од она што власта сака да го претстави преку реклами. Треба прво да си го средиме дворот, за да ја направиме Македонија привлечна за инвеститорите, место да рекламираме производ што не постои. Продуктивноста, знаењето, бирократските процедури се главни сопирачки за странските инвеститори во земјава. Странските компании не сакаат многу јавно да зборуваат, ама и ’Џонсон контролс‘ и ’Џонсон Мети‘, додека дојдоа до она што денес го имаат, поминаа низ пекол“, вели аналитичарот Ден Дончев. Според него, Македонија не е земја со ниски даноци, односно она што се претставува како главен владин адут во привлекувањето инвестиции. „Дека тоа е така го докажува фактот што 44 отсто од БДП се даночните приливи“, вели Дончев.

За годинава Владата не направи ниту проекција колку инвестиции очекува да влезат во земјава. И за разлика од македонската Влада, која вината за одложување на странските инвестиции ја бара во светската економска криза, во земјите од регионот, пошироко не треба ни да гледаме, ин��естициите се бројат во милијарди. На пример, Србија очекува годинава странски инвестиции вредни три милијарди евра. Пред неколку дена на отворањето на „Бунарџик 2“, првиот човек на српските слободни економски зони соопшти дека кај нив во четири економски зони работат 300 фабрики, а нашиот директор на Дирекцијата за технолошко индустриско развојни зони, Маријан Јованов, порача дека треба да се радуваме што „Бунарџик“ не е веќе ливада со шарени крави. Во оваа слободна зона пред неколку дена почна со производство втората фабрика „Џонсон Мети“. Од другите инвестиции, што само се во најава, нема конкретни информации дали ќе дојдат.

Инаку, гледајќи наназад од осамостојувањето до денес, според сите показатели, во Македонија странските влади се поголеми инвеститори од странските компании. Во изминативе речиси две децении странски државни агенции, влади и меѓународни финансиски институции инвестирале во Македонија над три милијарди евра, наспроти 2,5 милијарди евра директни странски инвестиции што влегле во земјава.

Според амбасадите во земјава, најголеми инвеститори се владите на САД, Кралството Холандија, Велика Британија, Германија и други земји од ЕУ. Од американската амбасада во Скопје истакнуваат дека САД инвестирале околу половина милијарда долари во разни проекти во Македонија. Помошта од ЕУ изнесува повеќе од 870 милиони евра. Од амбасадата на Велика Британија велат дека сумата што владата на оваа земја ја инвестирала во Македонија е околу 13,5 милиони фунти. „Ова се пари претежно дадени преку проекти и грантови. Исто така, Велика Британија учествува со околу 17отсто во буџетот на ИПА-фондовите“. Германија директно вложила во Македонија над 200 милиони евра, слична е помошта и од Холандија, а не е занемарлива и помошта од Норвешка, Швајцарија, Италија и од други земји.


#
Статијата е прочитана 682 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 17.04.2010 00:28:29
Cekanjeto e gubenje vreme, a vremeto e pari ne?!!(sto bi rekle slovencite, ne?) Dosta veke cekame da dojdat, treba poveke od jasno da mu e na sekogo deka investicii od stranstvo nema da dojdat barem slednite dve godini.(osven nekoj prljav mafijaski kapital za da isperat pari) Potrebno e tuka vnatre da se mobilizirame i da barame resenija. Makedonija kolku tolku ima kapacitet da zapocne i nesto sama, samo potreben e dobar plan i organizacija. Od nadvor veke nikoj ne doaga da ne spasuva, treba sami da se spasuvame. Toe e edinstveniot recept vo momentov. A ona so mafijata, na prv pogled e primamlivo, no podaleku od takvi biznisi.Za zal nekoj "investicii" koj veke vlegoa tuka se tokmu takov kapital. Skapo ke ne cini toa na podolg rok. Mozebi im zemavme denar so nivnoto doaganje, no ke platime 5 za da gi otarasime takvite "biznismeni".
Од: Трпе
Датум: 17.04.2010 10:40:33
Дали некој ке инвестира во Македонија или не баш не е и толку значајно.Важно е да ги гледаме филмовите на пропагандната блада.Ако не ова година,инвеститори ке чекаме во некоја следна година.Ако на три години се отвара по една странска фирма и тоа помагана со народни пари од нашата блада за стотина години пристигнат триесетина фирми.Ако не ледините кои бладата ги нарекува слободни економски зони,кои ке бидат обраснати со трева ке одгледуваме коњи и ке формираме фаланга на мр Глујо.Е тогаш светот ке сака да не смирува да не им ги освоиме, нивните капитални индустриски капацитети.Тоа е Македонијааааа...
Од: sirma vojvoda
Датум: 17.04.2010 13:15:18
една работа не ми е јасна како мизо не успева да донесе инвеститори кога владата ја обезбедува финансиската инекција значи според тоа ние сме го допреле самото дно.згора на тоа се отвори бунарџик 2 хехехехе таму земјата била повеке "плодна"значи работата е сведена на тоа кај има ливада и да се измисли нова приказна ајде секојдневно ја очекувам да излезе приказната за вонземјаните и нивниот дочек од страна на грбаленко неделковски...ЛУДИЛОТО НЕ ЗАСТАНУВА АМА БРОДОТ И НАТАКА ТОНЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: ввв
Датум: 17.04.2010 21:27:05
Ја чекаат Бунарџик 3-другиве им се малку.

Најди! во Утрински
Економија
Откажани повеќе летови од скопскиот аеродром
ФАО ќе помага во управување со државното земјоделско земјиште
Нови правила за денационализација
ЕИБ е џин во сенка
Грција, сепак, се одлучи да побара помош од ММФ и од ЕУ