Драган Даутовски музичар
Се' уште сум под импресиите од Светската конференција за дијалог меѓу религиите и цивилизациите во Охрид, каде што имав настап, но, секако, се посветувам на обврските на ФМУ. Веќе треба да започнам и со подготовките за настапите во Париз и во Њујорк, кои ќе ги имам во текот на ноември.
Даниела Станоевска-Џидрова водителка на Антена 5 радио
Денеска од 7 до 10 часот ја водам програмата на Антена 5 радио, а потоа имам уште некои обврски на работа до 12 часот. По работниот дел од денот, малку релаксирање на кафе со другарките, па попладнето е во домашен амбиент. Сепак, морам да излезам и да купам подарок за еден утрешен роденден.
Илко Стефановски актер
Што се однесува до обврските во театарот, денеска имам слободен ден, но без разлика, по навика редовно си поминувам на кафе-муабет со колегите. А денеска е и пазарен ден во Битола, па најверојатно и на пазар ќе ја „проверам состојбата“ и ќе завршам и некои домашни задачи. Слободен ден, но со набиена агенда. |