Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Пренесено

Бугарија - најкорумпираната држава во Европа? (1)


Бодигарди на погребот на убиениот шверцерски барон Иван Тодоров

Животот чини колку седум куршуми

„Њујорк тајмс“ и „Интернешенел хералд трибјун“ во четвртокот објавија голема сторија за огромната корупција во Бугарија. „Хералд трибјун“ сторијата ја најавува со реченицата: „Другите земји имаат мафија. Во Бугарија, мафијата ја има земјата“. Во неколку продолженија ќе го пренесеме ова исклучително интересно четиво за состојбите во бугарското општество.

СОФИЈА - Политиката се води до смрт во Бугарија, каде што животот на политичарите може да биде толку евтин колку и потрошените куршуми, а мрачни бизнис-групи водат убиствена борба за нивно парче од огромниот колач, од договори за недвижен имот до милионите евра од фондовите на ЕУ. За време на минатогодишната жестока политичка сезона, домот на претседателката на Општинската изборна комисија беше запален, а гаражите на градоначалниците беа цел на молотови коктели.

Градоначалникот на град во централна Бугарија, познат по своите голф-терени, беше убиен со седум куршуми, со исто толку куршуми колку што го погодија и убија богатиот претседавач на градскиот совет во однадвор идиличното црноморско одморалиште Несебар. „Во другите земји има мафија“, вели Атанас Атанасов, парламентарец и поранешен шеф на агенцијата за контраразузнавање, кој е магнет за документи со кои се открива корупција. „Во Бугарија, мафијата има земја“.

Според сите мерила, Бугарија се смета за најкорумпираната земја во 27-члената Европска унија. Откако таа минатата година и' се приклучи на Унијата, таа се појави како опоменувачка сторија за западните држави кои се соочуваат со непријатната реалност и огромните трошоци за привлекување на кревките посткомунистички држави во нивната орбита, подалеку од влијанието на Русија. САД и' помогнаа на Бугарија да влезе во НАТО, ротираше војници за заеднички вежби уште од 2004 година и се обиде да ги охрабри трговската размена, образованието и демократијата. Тие тукушто обелоденија дека ќе инвестираат повеќе од 90 милиони долари во следните две-три години во објекти и опрема за заеднички воени вежби во Бугарија.

Европската унија, која сака да го подобри животот на 7,5-милионското бугарско население, намами речиси 15 милијарди долари во помош. Далеку од сопирање на криминалот и насилството, парите ефикасно беа потрошени на корупција. Откако мрачните бизнис-типови во Бугарија сфатија за колкава сума пари станува збор, посочија многу од софиските антикорупциски реформисти, тие се префрлија од купување политичари директно во политиката. Па така, летово официјални претставници на ЕУ замрзнаа речиси 500 милиони евра во финансирање и би можеле да го спречат дотокот на уште неколку милијарди, вознемирени од незапирливите криминалци кои практикуваат т.н. елегантен канцелариски криминал и ги одржуваат врските со највисоките инстанции на власта. Домашните гангстерски банди од мажи во црно - „мутри“ или лица - ја имаат контролата врз градежните проекти во Градското собрание и сомнителните бизнис-мрежи се преселија од се' помалите црни пазари за шверцувани цигари и алкохол во легалните инвестиции во секторот за недвижен имот кој е во подем. Сега овие групи се наметнуваат и во јавните служби.

Иследниците во Канцеларијата на ЕУ за борба против малверзации се фокусираат на групата Николов - Стојков, се' поголемиот конгломерат од десетина компании со интереси во месната индустрија и во изградба на ладилници, до старо железо и одморалишта на Црното Море. Водечките партнери на групата, кои минатата година на кратко беа уапсени под сомнение за измама, се фалат со врски во највисоките ешалони на власта. Људмил Стојков помогна во финансирањето на кампањата на претседателот Георги Прванов, организираше бизнис-групи за поддршка и ги одржа врските со поранешниот министер за надворешни работи. Стојков, кој не се товари за ниту едно кривично дело од апсењето во Бугарија што се случи минатата година кога беше обвинет по пет точки за измама во врска со фондовите на ЕУ, негира дека знаел за криминалните активности во кои биле инволвирани фондовите на ЕУ. Тој призна дека дал 25.000 лева (околу 17.000 долари) како донација во кампањата на бугарскиот претседател. „Учествував со донација според сите законски критериуми“, рече тој. „И никој не кажува поинаку“.

Неговиот партнер Марио Николов, против кого идната недела е закажан судски процес во Бугарија по обвиненија за измама, постигнал таен сојуз со премиерот Сергеј Станишев, посочуваат иследниците, со пренасочување на повеќе од 200.000 лева кон Социјалистичката партија на Станишев како донации од неговите компании. Во невообичаено искрениот јазик употребен во извештајот на пет страници, до кој јавноста успеа да дојде минатото лето, иследниците на ЕУ во борбата против измамите ја обвинуваат групата Стојков - Николов дека е фронт на „криминална мрежа составена од повеќе од 50 бугарски фирми и разни други европски и офшор-компании“. Меѓу обвиненијата на иследниците од ЕУ се наоѓаат и оние за даночни малверзации и малверзации со субвенции - квалификување за помошта за развој за да се купи нова опрема и потоа се доставува стара опрема од поранешна Источна Германија за да се присвои разликата. Компаниите, исто така, се обвинуваат за илегален увоз на огромни количини кинеско месо од зајак за извоз во Франција и во Германија со лажни здравствени сертификати од Аргентина.

Иследниците на ЕУ посочија дека трошоците од малверзациите и обидите за вршење други измами би можеле да достигнат 30 милиони евра. Николов, со кого успеавме да стапиме во контакт во неговата канцеларија во „Еурофриго“, компанија за ладилници во Софија, во неколку наврати одби да ги коментира документите кои откриваат донации за премиерот, за кои бугарското обвинителство обелодени дека се под истрага. Откако јавноста дојде до европскиот извештај за малверзации, Николов рече: „Јас станав државен непријател број 1. Се плашам за мојот живот“.

Премиерот Станишев не одговори на десетте обиди да се најде одговор во период од шест дена. Станишев, поранешен новинар образован во Лондонската школа за економија, во 2007 година од страна на претседателот Џорџ Буш беше наречен „господин Чист“, за неговите напори за спречување на организираниот криминал. Откако земјите-членки на ЕУ почнаа да се жалат за малверзации со фондовите за помош, Станишев изјави пред јавноста дека не постои „чадор“ за заштита од богати бизнисмени или личности од организираниот криминал. Меѓутоа, кога тој ги даде овие коментари, не беше познато дека во 2005 година тој се има сретнато со Николов. Од петминутниот видеозапис се забележува како Станишев е пречекан од Николов во неговата фабрика за обработка на месо, ја разгледува опремата и е послужен со црн дроб од гуска пред да седнат да ручаат.

Неколку недели подоцна, според извештаите за депозити што им беа предадени на обвинителите од страна на Борисов, почнаа да доаѓаат донации кон партијата на Станишев. Во нив детално се објаснува договорот за донирање на речиси 250.000 лева на Социјалистичката партија, „продолжувајќи според нашиот договор“. Наведени се и имињата на 15 лица - според презимињата, изгледа дека тие се во меѓусебен однос - и секој од нив донира 10.000 лева. Покрај тоа, во договорот се ветуваат 45.000 лева во готовина и 38.000 за изборен материјал. Еден западноевропски дипломат инволвиран во истрагата за корупцијата во Бугарија изјави дека копиите од договорите излезе дека се автентични: „Тоа значи дека тие знаеле дека нема да бидат гонети, па зошто и да не се направат тајни договори?“

(Продолжува)


Статијата е прочитана 1928 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 18.10.2008 00:04:14
I ovie ti bile za vo Evropa??? E Evropo da znaes sto sve pribiras, ovie i za vo Afrika se problem!!!
Од: madam nn
Датум: 18.10.2008 01:17:13
Коле зошто така велиш за нашиве сонародници,не ти личат на нас.Единствено е подобри што нивнте градови се почисти,луѓето се покултурни од нас и повеке се образовани...не, не сум бугарашка,ама е така.Нашиот криминал и политичкиов лоповлук кај нив да беше сигурно немаше да бидат во европа,тие само ги чистат тие што се затекнале,а поматците кај нив ги прават сите проблеми,а еден феномен и пиринските македонци се во мафијата..Жоро,го убија,Емил,Васко и многу други сите главни беа Пиринци..ај создравје...и не кажувај заинает или си србијаш...јас не сум ни едно ни друго само реална...Скопје има поголеми мафиози...ај преиспитај се.....
Од: goran
Датум: 18.10.2008 01:48:35
istoto go ima i kaj nas, samo sto tuka nisto ne se pisuva za toa!
Од: bitolcanec
Датум: 18.10.2008 02:48:34
studirav vo sofija 5 godini , ne ste svesni kakvi mafii ima vo Bugarija a za Makedonija deka ima golem kriminal ima , no kaj nas e daleku od organiziran kako sto toa e vo Bugarija.
Од: K-toronto
Датум: 18.10.2008 03:57:53
Da ama Bugarite gi "ispolnija osumtte uslovi" a isto taka ja iscistija korupciajta sudstvoto im e na najvisoko nivo ekonomijata sto da kazam sega so krizata Amerikancite odam na pecalba vo Bugarija haha ....Ama toa ti e Evropa si bese i ostana k...a djabe ne ja vikaat stara dama......Vistinata e spora ama sve ke si dojde na mesto......Mozebi edinstvena pricina zasto nie ne sme primeni vo EU e zatoa sto sme posteni i naivni a EU prima vo svoite redovi slicni na sebe Korumpirani patoloski Birokrati ..............................
Од: trpe
Датум: 18.10.2008 10:25:35
Lesno e da kazite deka vo Makedonija ima kriminal kamo vi konkretnosti zosto samo mlatite prazna slama.
Од: "ratka piratka" culture
Датум: 18.10.2008 10:42:27
Da bideme iskreni, Bugarija ima cesni lugje, no navistina tamu kako sto e veke svetski poznato "Drzavata nema mafija, tuku mafijata ja ima drzavata". Bugarija ne vleze vo EU zasto zasluzila ili e podobra ili podemokratska od Makedonija (taa ne ni priznava malcinstva), tuku zasto bludna i korumpirana. Takvata Bugarija im trebase za da mozat da ja razgrabaat i rasprodadat osobeno zemjisteto i industrijata, a energetskiot sektor da go oslabat, za svoi licni profiti - ako Bugarija ne prodava struja, setete se koj? Vo Trakija Grcite masovno kupuvaat zemjodelsko zemjiste, sto ke mu dojde deka Grcite ja zamislile Bugarija kao edna svoja niva, profitot od prozivodite ke go sobiraat Grckite izvoznici na zemjodelski proizvodi vo EU, zemjisteto masovno im se prodava na Germanski, Britanski gradezni kompanii koi za ogromni profite gradat i prerodavaat vo Bugarija... Tie profiti namesto da se slevaat vo Bugarskite dzebovi, odat na strana i seto toa pomognata so visokata korupcija od strana na
Од: Ivana
Датум: 18.10.2008 11:02:13
EU e podvižna cel za mnogu zemji i na mnogu ke im bide teško da go dostignat nivoto na razvoj vo razni oblasti koi se preduslov i za pregovori i pokasno za členstvo. No vo EU ne vleguvaat nitu najrazvienite nitu najsredenite zemlji....koj malku ja znae istorijata na EU znae deka e napravena so cel konečno na ista strana da se stavat Francija i Germanija posle dolgite godini na vojuvanje. EU e pred se političa alijansa a posle se drugo, vo vremeto koga se primeni Španija, Portugalija i Grcija - toa e napraveno da im se stavi kraj na režimite na Franco, Salazar i Papadopulos, a istoto se pravi i denes. Sekoj koj sobira 2 i 2 jasno mu e zošto e Bugarija tamu - a toa segiurno ne e poradi političkata stabilnost, razvienata ekonomija i počituvanje na čovečkite prava. Ne bi im gi skratila EU fondovite da e poinaku. Toa što nekoi od nas odat tamu na pečalba ne znači baš ništo, znači samo deka i od niv ima zemji vo pološa ekonomska sostojba.
Од: Luka Ivanovski
Датум: 18.10.2008 11:27:06
do madam inn, kakvi sonarodnici !!!??? ako ti se tebe Bugarite sonarodnici, na nas Makedoncite ne ni se ! a velish ne si bila bugaromanka !?
Од: makedonce
Датум: 18.10.2008 11:27:33
K-toronto, mi zboruvas od dusata, prvata misla posle citanjeto na samiot naslov mi bese istata: Makedoncite sme previse posteni zatoa ne ne sakaat vo Brüssel. Dobro, dobro, imame i kaj nas golemi mafijasi no vo usporedba so bugarite se uste vo detska gradinka... sreka nasa, daj boze i da ostanat tamu
Од: kav-boy
Датум: 18.10.2008 12:25:01
abe toronto kakvo cistenje na korupcijata,izvestajot na EK za bg bese zemja so najslaba ekonomija i korpuscija vo evropa tie nisto ne ispolnija,celata boraa e za 4ernomorieto koj da go zazeme toa e fakt.a mafii tamu ima strasni zosto ij as bev student vo sofia,gi ubivaa na sred bel den toa e strasno
Од: strajker
Датум: 18.10.2008 13:41:24
za se ima kraj samo ako saka drzavata da gi unisti ovie bosovi i mafijasi koi gi kontroliraat krupnite zdelki so droga,cigari,nafta,belo robje,oruzje i t n.ete vo Srbija so ostra sabja gi unistija Arkan,Zeljko i dr.nivni mafiozi koi zemaa ogromen zamav i udrija duri i kon premierot Djindjic,a bea ubieni i site koi bea protiv niv i koi ne bea za da primat mito od niv, e pa taka i vo BG tamu i politicarite delat od kolacot i zatoa ne se cepkaat mnogu,mnogu, a dodeka vo MKD za nasa sreka pominaa vreminjata na sorabotka so Srpskiot klan koj imase i tuka jataci a dodeka so BG nema mislam mnogu kaj nas vo MKD i treba da bidat nasite sluzbi pretpazlivi i da ja kinat glavata na ovie bosovi po so vreme oti ako metastazira ke bide tesko...
Од: Turist
Датум: 18.10.2008 16:03:56
Vo1993 godina dojdov vo Makedonija ,vo 1994 godina pak dojdov da kupam biznis i da se vratam za sekogas,so 2 milioni dolari vo gebot i sto kupiv kupiv nishto zatoa sto vo Makedonija ni edna fabrika ne se prodade za pari,site se prodadoa za bez pari na Makedoncite vo Makedonija(Drzavnata Mafija)vo Strumica eden biznismen mi rece a be aj da odime vo Bugarija i kupi 200 stana vo Sofija aama prvo ke se dogovorime so mafijata oti ako tie ne odobrat gabe kupuvanje aj na zdravje Evropo i si zaminav i poveke ne pomisluvam za biznis vo Evropa arna mi e Avstralia ke se vrataam vo Makedonija koga ke bidam PENZIONER,po se izgleda vakvi kako mene ne i trebat na Makedonija.
Од: donald
Датум: 18.10.2008 16:12:06
i makedonija ne e mnogu podobra od bugarija. dali nekoj so posteno zaraboteni pari moze da kupi pet fabriki vo kumanovo i polovina od centarot ?ako ova ne e mafija togas sto e?
Од: Др. мед. Крсте Н.поп/Стефанија
Датум: 18.10.2008 18:06:14
Секаде е исто каде стапнала болшевичко/фашистичката чизма ,никаде изникнала повторно тревата.Секаде е исто и во бившите југословенски републики, коуи сега се самостојни држави,владеат со помош на комунистичката мафија. крсте поп/стефанија
Од: Sotir Ilievski
Датум: 18.10.2008 18:33:04
Ova e povik i molba za nekoj reporter od Nova Makedonija da se zainteresira i da potpali ogan pod foteljite na nekoj odgovorni lujge i vo Makedonskata posta i vo vladata poradi toa sto nikoj ne se interesira korupcijata i kriminalstvoto da se sprecat vo instituciite vo Makedonija. Nasproti toa po se izgleda poradi nevnimanie i neinteres vladata na Makedonija stanuva osposobuvac na kriminalni bandi barem vo Makedonskata posta da kradat slobodno od Makedonci vo stranstvo a i doma, bez nikakva griza da bidat osudeni od zakonot. Vejke ima pominato povejke od 40 dena kako se obrativ do site ministri na vlasta da proverat za kurupcija vo postata a isto taka pobarav od nadlezni lujge vo Makedonskata posta da proverat sto stanuva so preporacani pistma isprateni od stranstvo vo Makedonija. Doznavam deka samo za Avgust mesec povejke od 50 preporacani pisma izceznale koga pristignale vo Makedonija. Ova znaci deka site vakvi postenski pratki sistematski se proveruvaat za vrednosti i se konfi
Од: TRAJANKA
Датум: 18.10.2008 18:59:45
Turist - toa e realnosta sto ja vide , i jas imam slicno doziveano , Ne se otkazuvam moze eden den ke ima luge koi ke mislat na diasporata da se vrati vo ubava sonceva Makedonija .
Од: „Њујорк тајмс“ и „Интернешенел хералд трибјун“
Датум: 18.10.2008 19:29:59
Нека се погрижат за тоа што се случува кај нив.Бројките кои ги наведуваат за донации се смешни.Кај нив се работи со милиони.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Владата во битка со Скопје
Институтот за духовно наследство на Албанците во колапс
Лерин стигна во Брисел
Зденко
Претходен број
Владата контра НБМ - бара олабавување на монетарната политика
ХПВ-вакцината здравствен приоритет или нечиј профит?
Каде се кандидатите
Очекуван потег во лошо време
Падна првта жртва од кризата - затворена брокерска куќа
Македонски иселеник во САД ја застрела сопругата
Автомобил со огромна брзина удри двајца пешаци во Скопје
Карикатура
Verbatim