Брoj 2701  понеделник, 02 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ИНТЕРВЈУ

Бевме црна овца во Би-Би-Си, а сега сите зборуваат за нас

Робин Хаман, консултант за нови медиуми и уредник на блоговите на Би-Би-Си

Зоран Ричлиев

Робин Хаман е новинар во Би-Би-Си, кој се грижи за блоговите на британскиот сервис и ги советува новинарите и програмерите како да ги користат блоговите и другите напредни алатки за социјална комуникација. Неговиот личен блог е http://www.cybersoc.com. Тој учествуваше на интернационалната конференција „Глокал 2.0“, која се одржа на Њујорк универзитетот во Скопје, каде што е направен и овој разговор за современите текови кај медиумите и информациите на глобалната информациска мрежа.

Која е Вашата позиција во Би-Би-Си и колку е тој глобален сервис отворен кон „новите медиуми“?

Овој месец навршувам седум години работење во сервисот. Во почетокот бев задолжен за форуми и за Интернет-комуникација со политичари и славни личности. Со годините, мојата работна позиција претрпе измени: од високооперативна (се справував со злоупотребите на нашите опции за веб-комуникација со јавноста) дојдов до советодавна функција. Во последните две години ја водам мрежата на блогови на Би-Би-Си, која се состои од педесетина авторски блога на искусни новинари, уредници и програмери од компанијата.

Годинава сум ангажиран од сите оддели на Би-Би-Си: од програмските тимови до режисерите, од внатрешна комуникација до јавно експонирани презентери, каде што, главно, преку работилници и презентации да се запознаат и да ги употребат новите медиуми и алатките за социјални мрежи на Интернет. Преку оваа работа и јас се запознавам со луѓе од различни профили и со нивната работа во сервисот.

Тенденцијата во последните години е новинските дескови во големите медиумски куќи да се интегрираат, а он-лајн изданието да има главна улога, како место каде што се среќаваат сите информации. Каква е организација во Вашиот сервис?

Мојата работа не е директно поврзана со луѓето кои се директно инволвирани со вестите и дескот, но од соработката со нив може да го кажам следново: „Би-Би-Си њуз“ најави дела ќе го интегрира својот деск во еден мултимедијален оддел. Не е дека се' ќе се случува во една просторија. „Би-Би-Си њуз“ има бројни оддели и во различни објекти, како и луѓе низ светот, но промената е во тоа што новинарите каде и да се наоѓаат партиципираат со вести и статии на сите наши платформи.

Одделот „Би-Би-Си медиуми и технологии“, кој е одговорен за нашата технологија, како и за дигиталните платформи на Би-Би-Си, сега има буџет од 74 милиони фунти. Поголем дел од тие пари е потрошен на набавка, изработка и развој на технологија, помал дел се користи за изработка на содржини, но огромната инвестиција што се случува сега во „одделот за нови медиуми“ покажува дека Би-Би-Си гледа многу сериозно на овие тенденции.

Работејќи првенствено со новите медиуми, со годините гледам вистинска метаморфоза и пренесување на вниманието кон овие комуникациски патишта, особено кај нас, што се гледа и во новите организац��ски промени. Едно време бевме како црна овца во Би-Би-Си и никој не ни обрнуваше внимание, а сега сите зборуваат за нашиот оддел.

Што мислите за иднината на печатените медиуми, особено дневните весници? Нивната корелација со нивните Интернет-изданија, како и за опасностите за нивниот тираж од новите медиуми?

За состојбата на весниците во денешно време имам повеќе или помалку анегдотски поглед. Кога и да посетам некоја европска или американска метропола, во рацете на луѓето многу повеќе гледам бесплатни неколкулисни изданија од вистински весници. Канцелариските работници речиси секаде имаат пристап на Интернет, па обично од своето столче ги прегледуваат вестите на он-лајн изданијата, а не излегуваат специјално за да купат весник. Бесплатните изданија, со кратки статии лесни за читање, со многу слики и илустрации знаат дека на пат кон или од работа луѓето не се подготвени да читаат сериозно четиво и затоа се таргетираат така.

Како што бесплатните изданија го преземаат пазарот, весниците мора да се менуваат и ми се чини дека весниците, како што е „Гардијан“ во Британија, постепено го сфаќаат тоа. Тие го намалија бројот на страници и форматот на печатеното издание, па личат на таблоиди. Исто така, акцентот го ставија на викенд-изданијата, тогаш имаат многу додатоци. Се надеваат дека во текот на неделата ќе овозможуваат дневни вести на он-лајн изданието, праќајќи ги содржините директно до читателот, и преку Интернет и на мобилните телефони, а за викендите овозможуваат поаналитичен поглед на настаните, од повеќе аспекти и со повеќе изјави и мислења. Моето саботно издание на „Гардијан“ ми „трае“ најмалку до понеделник, или вторник, и за мене тоа е формула која функционира особено затоа што вестите се бесплатни, среќни сте што за помалку од две фунти добивате такво луксузно издание, кое со цената сериозно и им конкурира на неделниците.

Каква е Вашата визија за иднината на мејнстрим медиумите, паралелно на тоа и иднината на блоговите?

Многу мејнстрим медиуми се придвижуваат кон блогирањето, вклучувајќи го и Би-Би-Си и на тој начин градат огромен публикум. Во случајот на Би-Би-Си имаме повеќе од 20 милиони отворени текста месечно само на нашите блогови. Сепак, повеќето од блоговите не се наменети за толку масовна публика, напротив, поголемиот број од нив се наменети за мала, но одбрана публика, која најчесто го познава авторот. Се разбира, овде не мислам за блоговите кои се за бебиња, за свадби, за омилени книги и слично кои секогаш кокетираат со поголема публика.

Мислам дека блоговите и мејстрим медиумите можат да коегзистираат и дури може да си помагаат кон поголем квалитет. Блогерите имаат тенденција со страсти и ангажираност да ги коментираат настаните, а мејнстрим медиумите секогаш, речиси по дефиниција, ги прават информациите со намена за многу поширока публика, па се обидуваат да бидат неутрални.

Шансата за мејнстрим медиумите е да насочуваат кон блогерите, каде има многу стручни или тесно насочени информации за одредена сфера, а блоговите, пак, од своја страна, да ги коментираат медиумите. Овие релации се придобивка за секого, особено за публиката, која ќе добие повеќе и појасни информации.

Во неофицијален разговор споменавте еден случај со македонско-грчкиот спор за името и тестирањата на системот за коментари на Вашиот сервис.

Би-Би-Си неодамна вршеше надградба на својата блог-платформа, која вклучува нов кастомизиран систем на веб-коментари, кој ќе ни овозможи полесно модерирање. Еден од проблемите со кои се среќаваше техничкиот тим беше тестирањето на префрлањето на следна страница кога бројот на коментарите за одредена статија ќе помине 500.

Благодарение на блог-постот на уредникот на Би-Би-Си за Европа Марк Мардел за расправата меѓу Македонија и Грција за името, многу брзо утврдивме дека функционира системот. Тој пост имаше речиси илјада коментари за кратко време и увидовме дека системот за пагинација функционира без проблеми.


Статијата е прочитана 3269 пати.

Испрати коментар

Од: KOKO
Датум: 02.06.2008 01:01:01
so zbor e toa paginacija. pretpostavuvam deka e los prevod na paging. nogu posoodvetna bi bila upotrebata na zborot stranichenje.
Од: Нено
Датум: 02.06.2008 08:23:54
Ние сме 100 години назад. Луѓето се занимаваат со нормални работи, ние уште со Калашникови наместо Blueberry . Добро е само тоа што Интернетот поевтини.
Од: leon
Датум: 02.06.2008 12:03:22
KOKO, a sto zbor e toa "nogu"? Podobar zbor e zborot KLOCA!
Од: goce germanija
Датум: 02.06.2008 12:51:08
Pusti koko , tsi bil bre nepismen, ne si znael da pisuvas

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Од денес кредити со повисоки камати
Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ
Зденко
Керим- На светот му требаат ОН, но не денешниве
Црн извештај
Македонија се пласира во баражот за ЕП 2009
Болт од Јамајка со нов светски рекорд на 100 м
Ден на демократијата со загинат и ранети
Судството доби преодна оцена од европските монитори
Последни избори според стари правила
Карикатура
Максимално зголемена потрошувачката на вода и струја поради жештините
Гром усмрти човек во Кочанско
Оливер Кан
Verbatim