Никогаш не отпишувајте го Михајло Михајловски. Само тие што го сторија тоа се изненадија кога в.д. претседателот на Ракометната федерација на Македонија во саботата го победи единствениот ривал Минчо Јорданов во изборот на прв човек на „куќата на ракометот“. Иако официјално се кандидира само три дена пред тоа, Михајловски, очигледно, лобирал малку подолго и поефикасно додека таборот на Јорданов спиеше на тоа уво дека нивниот кандидат ужива поголема поддршка меѓу 65. делегати. Во досега невидената драма при изборот на претседател на РФМ, за континуитет на досегашната политика на Федерацијата се определија 35 члена на Собранието, пет повеќе од тие за промени.
Тајната на успехот на популарниот Миха, веројатно, е во многу подолгиот стаж во ракометот од тој на неговиот колега-бизнисмен од „Макстил“ и главен финансиер на Металург. Михајловски пред три децении почна како претседател токму на клубот од Автокоманда, а од 1983 година е на чело на Вардар про, со кого има освоено седум купа на Македонија и шест шампионски титули, а има и два пласмана во полуфиналето на Купот на куп-победниците. Како директор на машката репрезентација може да се пофали со учество на ЕП 1998 во Италија и на СП 1999 во Египет. Таквото минато го обврзува на продолжување на последните успеси. (Р.Д.)
Vo sportot 9rakovodstvoto)ima mnogu mahinacii,pogledajte kolku se "gazdi"izpominaa niz kosharkarski sojuz, niz Fudbalski sojuz,odbojkarski,drugite da ne gi nabrojuam bidejki se sitni.Vo rakometniot sojuz najmnogu imadoprinoseno T.Kostovski i koga uvide pritisok od ovie napushti se.Inaku Mihajlo e eden od pogolemite mafijashi vo MK.Go kupi Jugohrom(Silmak)za mizerni Eura 400.000,00,ne se sekavam kolku i dali ima plateno za FeniMak.Da ne biel ovie firmi izelezara i ushte nekoi positni ne bi postoela ni VATROSTALNA.,ama chovekot napravi pari so niv i sega si igra rakomet.
Од: rakometar
Датум: 18.03.2009 10:15:55
A Minco sto napravi be sportist? Po pazarna cena ja kupi Zelezara? Na 60 godini se zainteresira za sport?!?