Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Самак: Ќе има толку многу инвестиции што ќе ни здодеат

За влез во „Бунарџик“ биле заинтересирани уште две компании, подготвени да вложат 100 милиони евра

Маја Томиќ


„Во наредните две години во Македонија ќе има толку многу странски инвестиции што таквите настани ќе станат дури и здодевни“, вчера изјави оптимистички министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак на ставањето на темелите на новата трафостаница на ЕВН - ЕСМ во зоната „Бунарџик“. Тој додаде дека во изминатите две години „Бунарџик“ беше ливада на заборавени ветувања и на скршени соништа, а таа сега прераснува во модерен индустриски парк, какви што наскоро ќе никнат и во повеќе други градови во земјата. Новите технолошко индустриски зони треба да отворат неколку илјади работни места. Самак рече дека ако се реализираат сите заложби и проекти на Владата на кои се работи интензивно во последните месеци, „Бунарџик“ наскоро целосно ќе се пополни со странски компании и во него ќе работат една-две илјади лица во следните три-четири години.

„До крајот на годината, најверојатно, ќе се финализираат преговорите за влез на две нови компании, една данска и една американско-тајландска фирма, кои се подготвени да инвестираат околу 100 милиони евра. Станува збор за компании кои се занимаваат со производство на компјутери и на индустриски пумпи“, најави Самак, потсетувајќи дека во „Бунарџик“ веќе работи американската „Џонсон контролс“, за британската „Џонсон Мети“ работите се во завршна фаза за ставање на темелите и нема никакви пречки за реализација на инвестицијата, потпишан е меморандум за разбирање со француската „Монтипе“, а наскоро инвестиции во зоната ќе има и од словенечка „Искра“ и од италијанската „Технохоз“.

Инаку, вчера во „Бунарџик“ ЕВН - ЕСМ ја започна изградбата на високонапонската 110-киловолтна трафостаница. Инвестицијата е вредна 4 милиони евра, а опремата е од реномирани светски производители. Трафостаницата ќе биде автоматизирана и со неа ќе може да се управува далечински.

„Со реализација на овие инвестиции, ’ЕВН Македонија‘ ќе обезбеди сигурно и квалитетно снабдување со струја на сите постојани како и идни индустриски капацитети во ’Бунарџик‘. Со тоа компанијата придонесува за индустрискиот развој на земјата, како и за создавање предуслови за привлекување странски инвестиции и за отворање работни места“, изјави Карл Хајнц Грасман, заменик-претседател на УО на ЕВН - ЕСМ, при вчерашното ставање на камен темелникот на трафостаницата.

Тој додаде дека компанијата, како во изминатиот период, така и отсега, ќе се придржува до договорот за инвестиции во дистрибутивната мрежа.

„Досегашните инвестиции се најголемите во последните десет години. Ако не можеме да го докажеме тоа поинаку и ако не успееме да се договориме со Владата, тогаш ќе одлучува Арбитражниот суд во Лондон“, рече Грасман.


Статијата е прочитана 941 пати.

Испрати коментар

Од: sekula
Датум: 05.09.2008 00:29:09
Bolna rabota ke ni zdosadele investiciite za 2 god. Abe nikoj poveke ne vi veruva. uaaaaaaaaaaa
Од: GetBet
Датум: 05.09.2008 00:43:43
За да не ни здодеат, господинот Самак се грижи да нема инвестиции. Убедливо сме последни сме во Европа по инвестиции по глава на жител.
Од: Toni
Датум: 05.09.2008 01:23:34
Mashala bre Samak...samo kako da ja trgneme Srbija,oti neli taa ni bila edinstvena precka za da doagjaat investicii vo Makedonija
Од: Magdalena
Датум: 05.09.2008 09:29:14
Ako e tocno kako sto pisuva togas covekot mislam za Vele ima problem so samiot sebesi za kazaniot zbor .Za dve godini i poveke nemase nisto od nego osven sto mu gi plakavme smetkite za stanot i komunalite i demek covekot od USA ima mnogu poveke ama tuka e za patriotski pricini .Sekoe pojavuvanje ke ima investicii da eden den ke ima no izgleda so nego ne.Najpromasenata investicija sto mozese da se sluci e toj po mene vo cela vlada kako sega za EVN da ide vladata da na kamen temelnik.Podobro vi e da pokazete nekoj j rezultati da se vidi od vas nego kako sto zbori cela Makedonija sakate gubreto na vozilata da gi donesete vo nasata drzava kako vo vremeto na Gorgievski
Од: Investitor od SRG
Датум: 05.09.2008 10:39:42
Lazacki.... Kogo ke laze Samak i Vladinata kompanija. Bunardzik e samo edna golema zafrkancija i perenje mozoci. Samak neka se vrati vo SAD i tamu neka gi laze lugjeto. Nikakvi investicii nema vo toj Bunardzik. Se e laga
Од: Goran
Датум: 05.09.2008 11:17:32
Би го замолил Самак да ми даде од тревата што ја користи, оти е многу јака.
Од: mene
Датум: 05.09.2008 13:30:00
Ova mi lichi kako ona "Na 15 septemvri"...
Од: Ace
Датум: 05.09.2008 14:14:20
Koj laze ovoj. Lele ke ni dosadele investicii. HAHA. Ovie luge ziveat vo druga zemja!!!!!
Од: Dusko
Датум: 05.09.2008 14:46:21
se slozuvam so magdalena za sto ima napisano.Covekot e izgleda vo sedmo nebo osven sto znae steta da pravi i da mu plakame skapi kirii i sve sto treba za nego ne znae nisto,a bil imoken..se slusa po drzavata deka saka da vnesuva se od stari neprovereni vozila kako vo vremeto na liderot poranesen gorgievski.ako misli za investicii za polovni vozila od kina,i odpadite vo US e togas evropa ke ni dade pogolem minus.Zamislete da vnesuva sekoj sto saka i kakvo saka vozilo bidejki negovite drugari mehanicari ne znat da zarabotat so popravka na sovremenite vozila a treba krs i taka ne e medikament tuka e masinski plakaj a ministerot ke kazuva ja poeftinil homologacijata a a600den a masinski e 13000denari i tova za stari koli sto ne ja poeftinil na masinski a ne drzavnata cena .Ocigledno za 100miljoni $investiciji se potrebni drugi luge a ne vakvi izjavi za na cirkus Gospodine Samak procitan si kako malo dete sto sakas i sto pravis nemoj da mislis deka narodot e so kratko pamtenje.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Владата нема одговор како ќе го „пегла“ трговскиот дефицит
Денеска почнува „Тиквешкиот гроздобер“
Скопски бизнисмен лани на Берзата профитирал 4,3 милиони евра
„Експрес“
Финансии контра ДЗР - редовно си плаќаме
Седум банки во Хрватска заработија над 560 милиони евра од камати

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.