|
|
|
|
|
|
Си велам...
Принц и принцеза наместо НАТО и ЕУ
Ерол Ризаов
Не се остварија интересите на Македонија на меѓународен план
Си помина спокојно и мирно 9 јули како обичен жежок летен ден. Ништо особено не се случи во Македонија. Денот Д, датумот на НАТО и на американскиот претседател Џорџ Буш како последен термин Македонија да се приклучи на Албанија и Хрватска за влез во НАТО во нашата земја помина без никаква возбуда. И онака во Македонија никој не веруваше во таа можност. Не влеговме во НАТО, ама затоа голема возбуда и вознес ни донесе веста дека од под Хималаите доаѓаат македонскиот принц и принцеза, директни потомци на Александар Македонски. Ни ги праќа Господ и една наша новинарка, која го откри светското чудо: најстариот родослов. Замислете, семејно стебло старо 2.300 години по кое точно се гледа дека нашите престолонаследници потекнуваат од лозата на Филип Втори и античките Македонци. Затоа предлагам овој дар од небото правилно да го препознаеме, а принцот и принцезата да ги сместиме во новата претседателска резиденција што се гради на Водно. МПЦ да ги устоличи за македонски цар и царица и да станеме парламентарна монархија. Со тоа ги решаваме сите проблеми. И со името, и с�� идентитетот, и со ЕУ, и со НАТО. Царскиот указ и печат од потомците на Александар Македонски повеќе вредат од сите одлуки на Европската унија и на чиновниците од Брисел.
Спектаклот со принцот и принцезата, директни наследници на Александар Македонски, може да конкурира за една од најголемите светски будалштини и за врв на провинцијализмот и примитивизмот за што Македонија стана исклучително плодна почва. Така е тоа кога обземени од популизам и висок рејтинг, највисокото македонско раководство ќе тргне по умот на авантуристи-аматери кои од античката историја не знаат ама баш ништо, туку научиле извонредно добро да ги користат политичките конјунктури. Ваквата масовна еуфорија и колективна комедија досега не е регистрирана во поновата историја на Македонија. Недостасува Еразмо Македонски сето ова да го овековечи со нова „Пофалба на глупоста“.
На скопскиот плоштад граѓаните на Македонија ќе имаат единствена прилика во живо да ги допрат принцот и принцезата на големата народна веселба што ќе биде приредена во нивна чест. Ќе се игра и ќе се пее седум дена и седум ноќи. Како во приказните. Поканети се сите роднини на Филип Втори и Александар Македонски кои во последно време се множат со геометриска прогресија. Тие ќе можат да им се приближат на нивните височества и да се одушевуваат на ариевската раса природно заштитена цели 23 века, одржувана и негибната на Монт Еверест. Тоа ќе биде добра прилика на самото место да се споредуваат бојата на очите, големината на носот, висината... За неверниците ќе се прави ако треба и ДНК, иако се знае дека се тие вистинските. Највисоките македонски функционери и целата Влада ќе имаат чест да бидат примени од принцот и принцезата. Не смее да се заборават и сите неопходни царски почести за престолонаследниците. Почнувајќи од црвен тепих и гардата построена во чест за македонската царска двојка од под Хималаите, Газанфер Али Кан и Рани Атика. Ќе направиме се' да бидат пресреќни и принцот и принцезата од престојот во прататковината од каде што тргнале нивните предци. Фантастично! Колку чини нека чини. Голем ќеф ни се прави. Нека пукнат душманите.
Еве вака браворузно и спектакуларно успеавме да го надоместиме она што го изгубивме со НАТО и ЕУ. Се разбира, опасноста за опстанокот на Македонија и натаму не е надмината. Македонија останува надвор од чадорот на НАТО. А тоа значи надвор и од забрзаниот демократски и економски развој својствен за членките на најголемиот воен сојуз во светот кој не се одликува само со безбедносната логика. НАТО не е само воен пакт. Преговорите со ЕУ, исто така, се одложени на недогледно време. Или ако добиеме покана за преговори ќе биде т.н. „турска“, која може да трае со децении. Ќе помине мирно и спокојно и 9 август, и 9 септември, и цела 2008 година. Сите напори ќе се насочат кон 2009 година. Дотогаш Хрватска и Албанија, покрај членството во НАТО, ќе се приближат и до рамноправно членство во ЕУ. Хрватска до 2010 година ќе стане полноправна членка и на ЕУ. Србија до крајот на оваа година ќе стане кандидат за членство во ЕУ и ќе ги почне преговорите со јасна перспектива во наредните три-четири години да стане рамноправна членка и на ЕУ и на НАТО. Црна Гора оди во пакет со Србија или малку нешто по неа.
Албанија, по членството во НАТО, очекува заедно со Хрватска или една година, најдоцна две, подоцна од неа, рамноправно членство и во ЕУ. Македонија останува последна и осамена на Балканот и натаму другите да одлучуваат за неа. Ја испуштивме, дефинитивно, големата историска шанса. До наредната ќе гледаме кавги и оправдувања кој повеќе е виновен: СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.
Не научивме дека проблемот за битката со името е во нешто друго, а не во правото и правдата. Клучот на проблемот е што Грција од позиција на сила не сака во нашето име да го има зборот Македонија. Ние не знаеме да му покажеме на светот дека Грција е таа која не прифаќа ниту едно име кое ги содржи зборовите Република Македонија, а себеси се претставува лажно за кооперативна и толерантна. Ако има „северна“, треба да има и „јужна“ Македонија. Ако има „горна“, треба да има и „долна“, ако има „нова“ треба да има и „стара“, итн., итн. Ниту еден грчки парламент, ниту еден грчки политичар нема да прифати какво било име во кое се содржани зборовите „Република Македонија“ без оглед на географските и политичките додавки, а уште помалку тоа ќе го прифати Грчката црква. Значи, по стоти пат пишувам, како на мраз, да се изгради стратегија во војната за името, која мора да ја опфати светската јавност, но и светските државници и центри на моќ да се уверат дека Грција лаже и не прифаќа ниту едно име. Не е точна нашата претстава дека светот го знае овој најапсурден и најглуп проблем во меѓународната политика. Тој не може да се реши во меѓународните правни институции и судови, туку само со политика и поддршка кај моќните сили. Е, за тоа треба знаење, мудрост, храброст и заедништво на политичките елити во Македонија. Само во тој случај меѓународната заедница ќе изврши одлучувачки притисок врз Грција или, во спротивно, ќе мора да побара други патишта Македонија да влезе во ЕУ и во НАТО. Мудроста и храброста се две клучни работи кои постојано хронично недостасуваат во македонската политика во целиот овој период на транзиција.
Значи, големата политика за стратегиските интереси и приоритети на Македонија на меѓународен план заврши со целосен неуспех. Сега целата власт е во ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Груевски и Ахмети ја презедоа одговорноста за вкупните состојби во државата за наредните четири години. Евроатлантските интеграции ќе бидат основни мерила за нивниот успех.
Груевски направи коалиција со Ахмети и виде дека тоа воопшто не болело. Сега Груевски дозна дека Ахмети не бил само терорист, туку многу конструктивен политички партнер, кој без многу приговори ги прифатил сите услови за заедничко владеење, а Ахмети, пак, научи дека Груевски не бил страшен преродбеник националист од 19 век, туку современ реформатор. Штета што ова не успеаја да го сфатат пред две години. Сигурно ќе немаше вонредни избори, а дали ќе бевме членка на НАТО оставам да погодувате вие. |
#
|
Статијата е прочитана 4259 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: petre |
Датум: 11.07.2008 00:13:40 |
|
eve jas pogoduvam: nema da bevme. a zosto? zatoa sto ni gruevski ni koj i drug da e ne resava za promena na naseto ime kako uslov za vo nato i eu (tocka). a toa sto doagjaat Hunzi na gosti, a zosto da ne? ako nisto drugo od naucna gledna tocka moze da se poraboti na prasanjeto da li sme rod (koga veke cel svet veli taka!). na avtorot (primedba na komentatorot) istite ne mu se rod bidejki e ocigledno turcin. nemu mu se rod tivite od okolu bajkalskoto ezerom denesna tivska republika vo ruskata federacija. ete, malku pouka za nasite polupismeni novinari |
|
|
|
|
|
|
Од: kris |
Датум: 11.07.2008 00:30:41 |
|
Ti erol mnogu izmesa babi so zabi vo ovaa statija.
Sto gi omalovazuvas princot i princezata.
ako resile lugjeto da doagjaat zosto da ne,
a i koja druga zemja vo svetot moze da ja ima taa prilika? Niedna, pa razmisli malku i ne mesaj poveke! |
|
|
|
|
|
|
Од: maak |
Датум: 11.07.2008 00:31:29 |
|
а како ризаов да те сфатаат тие што никогаш нема да те сфатат.жалосно е ама вистинито.треба владата да отвори факултети и во секое село. |
|
|
|
|
|
|
Од: marko |
Датум: 11.07.2008 00:33:35 |
|
ednas eden citatel dade komentar za vas kako novinar deka ste mnogu providen i vi se gleda jasno sto vi e celta vo pozadina vo site tekstovi .sega koga citam ovoj tekst se slozuvam so nego deka ne go zasluzuvata mestoto sto go imate vo vasiot vesnik.daleku ste od objektiven i dobar novinar.mozebi so toa sto tolku neobjektiven ste go zasluzile mestoto i ulogata sto ja imate vo utrinski vesnik.pa dobro mora da ima i takvi kako vas sto da se pravi toa e.mora da ima ramnoteza za da drugite ne ja izgubat objektivnosta so vas ocigledno vi fali |
|
|
|
|
|
|
Од: citatelka |
Датум: 11.07.2008 00:46:09 |
|
Mnogu dobra statija, sodrzinata ja odslikuva nasata tazna realnost. kolku vreme li ke pomine dodeka se smeni nesto, koga ke se najdat vistinski i sposobni politicari bog znae... |
|
|
|
|
|
|
Од: Zoran |
Датум: 11.07.2008 01:05:07 |
|
Navistina ne ja razbiram kolumnava... De sme propustile sansa za NATO i Drzavniot vrv bil kriv, de Grcija "laze" i ne blokira, de Makedonija e samata kriva za nemanje strategija, de svetot ne dribla...
Da ne ste malku zbuneti? |
|
|
|
|
|
|
Од: Nabljuduvac |
Датум: 11.07.2008 01:06:06 |
|
Erol, ne se vozbuduvajte ze nekoi od prethodnite komentari. Nemaat argumenti, pa navreduvaat i omalovazuvaat. odlicn komentar, no za kogo? Za masa za koja pali samo metodot na Agitprop, a ne analiticki komentari i strucni elaboracii. Na ovoj narod moze da mu se sluci i Hitler, i Stalin, i Miloshevich. Zatoa, barem, da ne gi osuduvaat ni germancite, ni rusite, ni srbite. |
|
|
|
|
|
|
Од: Pirin |
Датум: 11.07.2008 02:19:40 |
|
seto ova sto go pisuvas za sporot so grcija , krivicata kako da je vo tie makedonci od kaj himelite, pa toa nee loso sto ja prepoznale nasata makedonjia kako od nivnite korenja koi doaagaat od tuka , ti kako novinar treba da znaes deka kolku grcki misioneri odat i propagiraat deka tie luge sto se osekaat kako makedonci gi ubeduvaat kako da se grci cak i bugarite im pravat propagandi deka bile bugari a kade imalo bugari pred 2300 godini , sepak i ti si eden od niv sto taka veruvas pa za toa lugeto gi navreduvas, istite tie kako sto citam se vidni gragani vo pakistan koi imaat tituli i mozat so nivniot ugled da i pomognat na makedonija mnogu , a ona so nato i evropa toa e stara grcka prikaska i nemoze tuku taka naednas da padne , ete ti si tuka makedonec pa gotov si da prifatis sve samo da si vo nato, ama ako si vo nato treba da odis vo avganistan ali ne veruvam ti da zemes puska vo race a ako te ispratat veruvam dekqa tamu ako vidis zort lesno ke ja smenis staranata. |
|
|
|
|
|
|
Од: URA (L) planina |
Датум: 11.07.2008 02:28:42 |
|
-Vo osnovno uciliste me ucea “nie sme Slovenski braka, dojdeni od zad Ural”.Majkami se cudese “Sinko nikogas cula ni od pra dedo za taa tvoja “Ura” planina.-Vo sredno, ista prikazna, kazana od pouceni nastavnici, Anticki(grcki) Makedonci, Makedonci Yugovici, braka Srbi, Bugari, Rusi, Poljaci.. " Majka mi uste pozacudena. “Neznam sinko, vo nasa familija sekogas se zborelo samo za edni Makedonci a planina nikoj ne spomnal…”
-Na fakultet - debeli knigi po sitorija, seriozni profesori. Ista prikazna na povisok nivo. Makedonija I Makedoncite spomati samo kako muzejski arheoloski, eksponata., a moite pradedovcite od “Ura” planina preku Dunav (so cevcinja vo usta) pravec moe selo Lugunci. Majka mi pak se cudi I se krsti ‘O boze, sto mu e na ova moe dete, mislev deka e uceno?. Epilog: prikaznata za “brakata” i URA planinata ostana samo vo knigite I vo glavite na nekoi profesori I nivni klonovi. Planina sepak imalo, ama mnogu podaleku od Ura. Se cini predcite ne DOSLE, samo nekoi ZAMINALE |
|
|
|
|
|
|
Од: mitko sagt hunza uber alles |
Датум: 11.07.2008 02:35:40 |
|
Makedonskata nacija zabrzano se stremi kon ludilo. Kakvi Hunzi bre? Kakvi Anticki Makedonci? Luge cuknete se po tikvite. So lazenje i prepravanje nikade ne se ide. Svetot ni se smee. Namesto vo Evropa, Makedonija so VMRO ke zavrsi vo Severen Pakistan. Sto se odnesuva do stavot deka grckiot parlament nema da odobri ime so Makedonija ne e tocno. Tie se spremni da glasaat za geografska odredba ili za pridavkata Nova. Samo izgleda ne dodeka so niv pregovara Grujo. |
|
|
|
|
|
|
Од: stevche |
Датум: 11.07.2008 04:27:14 |
|
Ti DRUZE imas problem so casovnikot definitivno ti zastanal vo jugoslavija, no da te potsetam deka i togas bevme MAKEDONCI i imavme republika samo sto bese socijalistichka.A toa deka naseto potomstvo e od karpatite e isto (ne)verodostojno kako i so Alekasandar.Kako novinar bi trebalo da si objektiven,no ova stvarno nema sto da te zasega posto ti ne si po etnos Makedonec. |
|
|
|
|
|
|
Од: Alex |
Датум: 11.07.2008 04:48:12 |
|
Gospodine Rizaov.Tocno e sto rekovte deka treba da ja dokazeme vistinata na svetot.Dali mislis deka Eu i svetot ne znaat sto se sluci vo Bukurest 1913 ta?Dali i vie kako novinar bi mozele da pridonesete za isplivuvanje na vistinata za Makedonija vo svetot.Pa sekako.A dali toa go pravite-SEKAKO NE!!!A zosto???A sto ima loso sto Ali Kan i Rani Atika dosle kaj nas?A zosto istite ne otisle vo Grcija???Dali ova e losa promocija za nasata drzava?Neznam kolku ve zasega vas imeto MAKEDONIJA no mene me zasega mnogu!!! I zatoa ve molam vo idnina so vasite statii da ne sugerirate deka treba da se prifatat NATO i EU po sekoja cena.P.S NATO i EU se sojuzi na drzavi koi koga togas ke se raspadnat.Ako nie go izgubime identitetot i tie se raspadnat-togas nie ke ostaneme bezimeni beskichmenjaci!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: pameten |
Датум: 11.07.2008 06:09:21 |
|
Logichno. Po ludiloto so Aerodromot, sega princ i princesa. Ne sakame "chepkanje vo nacionalniot identitet". Shtom sme Makedonci, znachi poteknuvame od Aleksandar.
Za svetot, koj shto podobro ja znae nashata istorija, ovo e ludilo. Hrvatska i Albanija vleguvat vo moderniot svet, nie kje odime vo prikaznite. |
|
|
|
|
|
|
Од: preku glava |
Датум: 11.07.2008 07:17:10 |
|
Cudna sorta se ovie vakvive kako marko, maak. kris, petre. napagaat, plukaat, navreduvaat sekogo koj misli poinaku od niv odnosno sekoj koj misli so svoja glava. najstrashnoto e shto koga ke se dokaze, a ke se dokaze deka "nashite princ i princeza" se samo obicni luge od planinite koi za nekoja sumiocka evra nekomu ke mu go zgolemat egoto, e togash ovie hrabri junaci petre, marko,maak i takvite mnogumina prvi ke plukaat, pcujat, rkaat po marinite, hunzite, kalashite. Tie vo princip se veciti plukaci. I najvazno, natpisot ja otslikuva nashata realnost. |
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 11.07.2008 07:32:58 |
|
Jas kolku znam Pakistan e islamska republika od kade sega princ i princeza,na cij trosak ke dojdat i ke prestojuvaat tuka i dali me prasa nekoj moite pari od DDV i drugi davacki da gi trosi na vakvi gluposti.Ovaa im se slucuvalo na drugite zemji vo 18-ti i 19-ti vek, |
|
|
|
|
|
|
Од: devicanecot |
Датум: 11.07.2008 07:49:12 |
|
A sto fajde od Nato i Eu. Ce sluzime kako topovsko meso i nivni pazar. Zemjata ce ni se isprazni od lugje?
Samo kolku ubavini vidoa pribaltickite zemji od NATO, pa vo Ceska i Polska ete raketi ceim donesat. A so toa tie avtomatski stanuvaat cel na protivnickite raketi. 80 % od narodot vo ceska go nece toa, no koj gi slusa. A posle ela izlezi od NATO da te vidam????
E ovie novinari, pravi propagandisti i toa za pari. |
|
|
|
|
|
|
Од: ANONIMUS |
Датум: 11.07.2008 08:00:06 |
|
Makedonsko nezavisno novinarstvo nemalo nema i ke nema .Rizaov e najgolemiot "nezavisen" novinar duri ponezavisen od "najnezavisniot" nevladinec vo Makedonija Milcin (predsedatel na SOROS fondacijata nevladina organizacija, a vo isto vreme clen na predsedatelstvoto na sdsm) |
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Peyo |
Датум: 11.07.2008 08:02:09 |
|
Treba na princot da mu se naptavi DNK analiza, ama tajno. Da ne se pokaze deka e alnabec? |
|
|
|
|
|
|
Од: Makedonec vo EU |
Датум: 11.07.2008 08:26:37 |
|
Politicki turbo-folk vo najdolna forma. Dzingis Kan i ostanatite pokaneti pra-Ungarci koi ja posetuvaat Makedonija vo zamena za EU, NATO, napredok... Kakov biznis - sekoja cest. |
|
|
|
|
|
|
Од: prijatel 1107.2008 god |
Датум: 11.07.2008 08:32:04 |
|
Просто да не поверува човекшто се што можат ВМРОВЦИВЕ од овој македонски народ да направат,такво исмејување и потценување, можеби и самите си заслужифме,сега можат од нас се да прават па и Пакистанци, луѓе верата ќе ни ја сменат а ние мрви ладни. |
|
|
|
|
|
|
Од: ilarion |
Датум: 11.07.2008 08:36:04 |
|
cuvstvoto za Makedonija e vnatre vo nas, ili go imas ili go nemas, ili te boli ili ic ne te boli. G-dionot Rizaov ic ne go boli, i ne mu se "lutam" ... turcin, komunjar. ama, ovie komentari se odlicna prilika da vidime deka sepak ima i makedonci koi ne gi boli. zalno, navistina zalno ... za grst pari |
|
|
|
|
|
|
Од: Евроинтегративец |
Датум: 11.07.2008 09:07:02 |
|
Се вели: „Боже, прости им, толку им сече...“! Нашиот проблем е голем, затоа што големото мнозинство на работите гледа, односно ги просудува, на малиот мозок. Тоа е факт и нема бегање. Портокаловите маици ќе ги комплетираат со портокалови очила (за заштита од ВИСТИНАТА) и удри, плукај, пелтечи за некакви, наши, автохтони, патишта за иднина. А, ти, фрлај-ли-фрлај „бисери пред свињи“. |
|
|
|
|
|
|
Од: Archelay |
Датум: 11.07.2008 09:11:39 |
|
Sto zlo ke se sluci ako dojdat del od nasite sonarodnici od podnozjeto na planinata Karakolum?Nikakvo.Ostavete gi na mir tie koi sto vo Makedonija sakaat da gi pocestat prodolzitelite na aleksandrovoto kralsko semejstvo oti toa e nivno demokratsko pravo.Ostavete gi nato i eu ponastrana od nasive gosti oti preku glava ni e od niv. |
|
|
|
|
|
|
Од: Buntovnik |
Датум: 11.07.2008 09:14:14 |
|
Socioloski gledano komentarot na URA (L) planina, vo kratko ja objasnuva pricinata zasto golemiot del od narodot ostana glup i na na seto ona sto toj ne go razbira reagira vulgarno. Zamislite go ovoj covek koj vo 12 godini skoluvanje ne naucil nisto, tuku ona sto negovata majka ne znaela. Zamislite da taa majka e majka Makedonija. Logicno, neli! |
|
|
|
|
|
|
Од: Anticki trans |
Датум: 11.07.2008 09:15:28 |
|
Mentalniot sklop na onaj Petre i na onaj URA planina e takov sto i so inka da mu turas vo glavata vistina i znaenja nema da imas uspeh. Tie se vo edna nacionalna histericna hipnoza ispolneta so trans za velicinata sjajot i nesporedlivosta i neponovlivosta na makedonskata velicina i moc. Ovie iluzionisticki magli i pijansva se sproveduvaa sistematski i kontinuirano od odredeni centri, so posebni celi i zamisli, se dodeka ne go opijanija potpolno narodot ,pa istiot ne e vo moznost na svati sto se slucuva. Takva situacija bese i so" nebeskiot narod " na Slobo , a kako se zavrsi seto toa ludilo vidovme. Za zal i nie ce platime golema cena i nazaduvanje , no sto da se pravi so opijaneti i ludi oro ne se igra.Eve vcera na MTV edna prestavnicka na NVO tvdese deka niae makedoncite sme imale edinstven , neponovliv DNK kod,Koja toa ustanova gi ispituvala nasite kodovi ne kaza?!Mizerija od lagi i spekulacii!? |
|
|
|
|
|
|
Од: Roki |
Датум: 11.07.2008 09:15:50 |
|
Evropa ....Evropa , Evropa , Evropa!
Evropa , Evropa .... Evropa, Evropa.
NATO , EU , Evropa, Evropa , EU, NATO ...
A dobro be , ne sme lugje , ovci sme.
Vidovte taa Evropa kako nas ne esapi.Preku presudata na Tarcholovski , chetkite na Sarkozi , banovite od juznite sosedi ... nikoj ne ne onadi 2%.
Aj pak da si cekame pred vrata , samo Evropa , Evropa ,Evropa vi e u glavite , bez nikakvo ponatamoshno obmisluvanje.
Sramota.
|
|
|
|
|
|
|
Од: Sirius |
Датум: 11.07.2008 09:18:54 |
|
E moj Erole, Za EU I NATO trebase da razmisluvate i da rabotite denonokno ti i tvoite pajtasi koi ja upravuvate direktno ili indirektno ovaa drzava na pocetokot na 90-tite godini, sega e docna. Sega nekoj kako Gruevski mora da gi izprava greskite i da raboti 24 casa za da stigne i mal del od obvrskite koi se talozele 17 godini. Sramete se! |
|
|
|
|
|
|
Од: d-dorf |
Датум: 11.07.2008 09:21:04 |
|
E pa najposle ni trgna, sega ke vidi celiot svet, a osobeno grcka ,KOI SME NIE!! Ima da puknat od maka poradi poseta na nasita, dalecna rodbina- direktni potomci na Aleksandar Makedonski, od Himalaja vo Makedonija.Prosto ne mi se veruva , mislam deka citam nekoja prikazna od 1001 nok. Vo kolku se prodolzi so istrazuvanjeto, po stapkite na ALEKSANDAR , ima uste mnogu ,,ceda,,Makedonski da se pronajdat , rasvrleni po svetot,so Makedonsko poteklo ,a osobeno vo Indija i Persija . A ti Erole, mozes da mlatis prazna slama kolku sakas i fermani da prakas po celiot svet: Sto ne prosetas i ti po svetot pa da odkries, Makedonci , kako koleskata tvoja, gi pronajde duri vo Himalaja, a ne tuku sedis samo vo ladovina i gi brois zeskite denovi Zemi i ti eden kalem i kamera i hajde po svetot istrazuvaj ,ako sakas da bides dobar novinar? A ne tuku si zapnal so NATO i EU Pa sto ako Hrvati i Albanci vlegoa ,neka vlezat ,ama ti edno zaboravile "ROD RODA NE RANI, AMA TESKO E,KOJ GO NEMA. |
|
|
|
|
|
|
Од: kole |
Датум: 11.07.2008 09:35:04 |
|
Како ни тргнала работава со ВМРО-вциве, не во Пакистан ами во неповрат ке не однесат... Децинска работа... кога те водат децинја со памперси... |
|
|
|
|
|
|
Од: Gledac na cirkus |
Датум: 11.07.2008 09:38:46 |
|
Vo ist den vo Makedonija doagjaat princot i princezata na Hunzite i Brat Lujbe.
Za da nemame cirkusi na dve mesta bi trebalo docecite i proslavite da se spojat na edno mesto.
Makedonijo, dali zanes kade odis??? |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 11.07.2008 10:14:11 |
|
Do sega mislev deka samo politicarive se glupi, ama izgleda i narodov e takov citajki gi komentarive. Se raduvaat na nekakov si "nivni" princ i princeza koj 23 veke so prst ne mrdnale za da dojdat i ja posetat "maticnata" zemja, dodeka so Grcite sorabotuvaat mnogu mnogu poodamna, pa duri Grckata vlada i donacii praka, a da ne zboruvame pa za razni Grcki organizacii koj se vo postojan kontakt so niv. Vakva kolektivna zaslepenost navistina nema nikade. Edno vreme Hitler uspea da gi zaslepi Germancite ama mu traese 4-5 godini, ova nase slepilo neznam do koga ke trae. Istite tie Hunzi Grcija ja smetaat mnogu mnogu poveke za nivna maticna zemja otkolku nas sto ne smataat. Za nas razbrale tek pred 2-3 godini, koj i samite toa go potvrduvaat. Od kade togas tvrdime deka 23 veke tie ne zaboravile od kade se, koga tek sega doznale za nas. |
|
|
|
|
|
|
Од: Bob Marley |
Датум: 11.07.2008 10:15:54 |
|
Problemot so imeto -citat od tekstot na g.Rizaov-"Тој не може да се реши во меѓународните правни институции и судови, туку само со политика и поддршка кај моќните сили"
Sto sakate da kazete so ovaa recenica: Da gi prekineme pregovorite so juzniot sosed ? Jas se soglasuvam ako taka mislite. Podrska kaj moknite sili : SAD, Rusija, Kina ne priznaa pod naseto ime, Francija i Anglija toa nema da go storat zaradi nivni interesi. Vo Evropa ni e potrebna podrskata od Germanija. Inaku komentarot Vi e poveke hronologija otkolku analiza i konsekventni predlozi koi ke vlijaat na javnoto mislenje. Na Makedonija i treba edinstvo vo slednite 100 godini, posle ke si igrame demokratija. |
|
|
|
|
|
|
Од: Gora |
Датум: 11.07.2008 10:26:12 |
|
E,e, lugje moi! Sto se cudite sto mozele Vmro-ovcite da napravat od nas Makedoncite?! Pa, lugje, tie si dobija recisi polovina milion glasovi! Znaci, polovina milion lugje vo ovaa bedna drzavicka si go sakaat DPMNE i toj nivniot. Znaci, NIVOTO na prosvetenost, kultura i civiliziranost na narodot vo ovaa drzava e taman na nivoto mentalno mnogu lesno da prifaka ,,cirkuzi,, od ovoj vid so ,,princot i princezata,, i kako se drugo vo ovie dve godini nanazad! Dajte i na tolpata, vprocem, leb i igri i taa ke zaboravi na se! Ne bile glupavi tie starite Rimjani, de! Znaci, (po stoti pat) Republika Makedonija se vraka NAZAD, ne mrda napred so dpmne!!!! Ke si bideme kako Albanija so ENVER HOXA i Srbija so MILOSEVIC i ...kraj. Ke si ziveeme ubavo, samicki, izolirani, ke si gi vadime ocite edni na drugi, ke se stitime od virtuelniot nadvoresen i vnatresen neprijatel, uste samo Gruevski i negovata tajfa da pocnat da gi trosat NASITE pari na izgradba, ne na crkvi,covece, tuku na bunkeri. |
|
|
|
|
|
|
Од: AntickaMakedonka |
Датум: 11.07.2008 10:28:53 |
|
Vie ste boln ! Se vi smeta sto e od pred 1945 a na avtorot mu smeta se sto e od pred turskoto koga si ja smenil verata pa sega saka da smenime nie ime i se drugo .Svatete deka site Makedonci ne se predavnici i kodosi zatoa i opstoile do denes a i ke opstoime i ponataka.Mozam i da poveruvam deka nekoj i e sloven zatoa nema custvo za makedonstina no ostavetene nas starosedelcite da si resime za nasata sudbina a vas ako ne vi se sviga nazat od kade sto ste dosle ,sega nemora so cevcinja ke vi platime aviobileti.tolku! |
|
|
|
|
|
|
Од: от Самуил |
Датум: 11.07.2008 10:54:19 |
|
С едно съм съгласен в тази статия - да се направави ДНК анализ на ПРЕСТОЛОНАСЛЕДНИЦИТЕ и на тия дето живеят в Скопие, София и Атина и Солун и ще се види най-добре за какво става дума.
иначе
в Скопие наистина сте СЛЪНЧАСАЛИ.....:-)
просто не сте наред и всички политици в Скопие и журналисти трябва да отидете на групова психотерапия.
Само прочетете това което сте написали!!!!!!!!!!
и директно в ЛУДНИЦАТА
|
|
|
|
|
|
|
Од: citatel |
Датум: 11.07.2008 11:34:05 |
|
vo pravo e erol. kao prvo mora da ynaete , deka ovoj text sto go citate , polesno i potesko go raybiraat bugari srbi bosanci hrvati, ukrainci, rusi, cesi slovaci ,poljaci,,, nie sme sloveni, i nasiot jayik e slovenski.. i nemame nikakva dodirna tocka so nekoi pleminja od pakistan... i nema potreba nekoi ugostiteli hotelieri da gi pretstavuvate ovde kako princ i princeya.... ovaa vlast i ovaa vladeenje na vmro so seenje veter i magla pred prostiot makedonec porano ili podocna makedonija skapo ke go plati |
|
|
|
|
|
|
Од: Ivo Bekrija |
Датум: 11.07.2008 11:34:42 |
|
Bravo Gospodine Rizaov. Tocno e sve. Imam samo eden predlog. Ako izabereme ovoj za Tzar svakako mora da promenime i imeto zosto Tzarot ke bide od narodot na Hunzite pa togaj ke bideme Demokratska Parlamentarna Monarhija na Hunzite - LUDILO. |
|
|
|
|
|
|
Од: НАБЛЮДАТЕЛ |
Датум: 11.07.2008 11:43:53 |
|
Не може ли тия пакистански-македонски Принц и Принцеса да наминат и тук в България?
Много ще сме благодарни и почетени, от тяхното внимание.
Ама има един проблем - ние вече си имаме ЦАР - Симеон. Даже и 4 години бе Министър-Председател. Той ни вкара в НАТО. Той изпрати нашите войски да се бият в Ирак и Афганистан. Да пазят там реколтата от мак. Та да се не обиди нашия ЦАР, ако дойдат тия пакистански претенденти.
Иначе ние всички сме благодарни на Сашко Македонски. Щото именно той доведе в Европа индийските цигани. Елате сега да видите какво става в България - от всеки 4 родени деца - 3 са циганчета ... |
|
|
|
|
|
|
Од: Nikola |
Датум: 11.07.2008 11:54:03 |
|
Hunzite v Pakistan bivat narichani i KELESHI.Znachi istoto kako i kaj nas.Gruevski napravi makedoncite keleshite na Evropa i sega se sabira s keleshite ot Pakistan. |
|
|
|
|
|
|
Од: makedon |
Датум: 11.07.2008 11:56:21 |
|
abe kakvi gluposti slusam od site be sto vi e vas imeto nato pa zar ne vi e jasno deka za toa ne odlu4uvame nie kako ke ni kaze amerika taka ke bide nasava domasna politika ne vode do nikade za toa ne se zamarajte mnogu rabotite sami ke si dojdat na mesto kako ke kaze amerika taka i ke bide toa e |
|
|
|
|
|
|
Од: citatel |
Датум: 11.07.2008 12:03:59 |
|
edno resenie samo -- ljube i hunzite zaedno da se precekaat i ljube da im raskaze na princot i princezata za rastanski lozja, pa da vidite kako hunzite sami ke se otkazat od nas :)))))))))
|
|
|
|
|
|
|
Од: Gustav |
Датум: 11.07.2008 12:16:20 |
|
Комуњари криво ви е, ве боли, ако ако еден ден ќе се свестите. |
|
|
|
|
|
|
Од: Никола |
Датум: 11.07.2008 12:28:46 |
|
Господине Ризаов,одличен ,аналитички напис. Фундаментално познавање на наука ,историја,со два збора се говори за солиден,солиден новинар. Какви се тие глупости за нашите котени - Антички Македонци? Не е научно издржливо. Малку фали и готови сме: Адам и Ева се македонци. Се изгубивме во сопствените будалаштини. Е сега, ке бидиме и Антички Македонци, но мораме да бидиме и Славјани. Апсурд до апсурд. но сепак, следува театарот со нашите гости од Хималаите - нашите браќа,корени, ееееј !!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: niko |
Датум: 11.07.2008 12:37:45 |
|
ova so hunzite e istata itrina kako so sobraniskata komisija za meguernicki odnosi, ili taka nesto, koga edna makedonka se proglasi za vlainka samo za da gi zezne onie drugite. taka i sega so narodni skazni sakame da ja zezneme grcija i evropa. e pa koj saka da zivee vo skazni treba da bide spremen toa da go pocustvuva na svoj grb, so dostoinstveno navednata glava i so skinati gepovi gordo da talka vo sopstvenata izolacija i nemoc. no ke ni ostane itrinata, neli. |
|
|
|
|
|
|
Од: Goce |
Датум: 11.07.2008 12:57:12 |
|
Ako ti ako sto kazuvas nie ne sme potomci na antickite makedonci nie sme bila slavomakedonci spored tebe a ti shto ke budesh slavoturcin udri glavata be abdal |
|
|
|
|
|
|
Од: Nikola |
Датум: 11.07.2008 13:12:26 |
|
Вака господине, ако не ти се допаѓаат нашите гости од Пакистан тоа си е твое лично убедување, но тоа нема никаква врска со НАТО и некоја си ЕУ. Ако отидеа истите луѓе во Грција, цела Македонија ќе попиздеше а сега кога ни направиле чест ги резилиме. Поздрав |
|
|
|
|
|
|
Од: Pale |
Датум: 11.07.2008 13:36:30 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: G222 |
Датум: 11.07.2008 13:39:41 |
|
Princ, princeza i Crkva
Se slozuvam deka site tie ni trebaat. Bravo Gruevski. Bidejki nema leb, nema rabota, nema razvoj na ekonomijata nitu pak nema politicki napredok. Nam navistina ni treba gospod. I crkva na plostad e odlicna rabota, vednas najblisku da se pomolime. Za sreka blisku e I do Vlada I do Sobranie, na tie sto mozebi najveke im treba. Bidejki so nivnata nesposobnost samo gospod neka im e nim I nas na pomos.
A princ, ako ovie 'nasive princ i princeza' se pogodat kako Aladin, pa mozebi ke najdeme nekoe spanosno sise, I opss ke izleze duh i ke ni spolni duhot zelbi. Odlicna strategija, bravo Vlada!
Napisot premnogu se oslonuva na racionalni razmisli. ne vireat tie vo nasata tatkovina (ops grujovina). Tuku sto se razbiram jas od emocii i nadzemski raboti. Mislam deka Erol Rizaov ja pravi istata greska. Analiza na emociite e potrebna, i nadzemskite interesi, a ne na realnata situacija.
P.S. I davam na Makedonija 10 godini! I toa ke bide najgolemiot uspeh na ovaa vlada. |
|
|
|
|
|
|
Од: telerig |
Датум: 11.07.2008 14:02:08 |
|
Бракя Българи / Македонци /. Това не го пиша за да ви дразня. Аз няма да ви казвам какви сте. С ��оздрава "Бракя Българи / Македонци /".Поздравявам тези които се чустват такива. А на вас ,които смятате ,че това са вашите "Принц и принцеса" ще кажа само това: Цял свят ще ви се смее и тия- мъртвите ако разберат во гроб ке се обарнат за да видят какви ги вършеа техните внуци и правнуци. Веке не е смешно. Веке е време да разберете вие БРАКЯ от БЮРМ ,че съдбата ви навлиза в трагични измерения. Казвам го с известна доза съжаление към вас и вашите деца. Осъзнайте се и разберете божата истина. НЕ "Сръбската", не "Гръчката" та дори и моята истина "Българската" Разберете и приемете тази истина закоято са се борили нашите дядовци.
P.S. Статията г-н Ризаов е истината от каде може да почне да се търси "Божията истина"
Сполука и сърдечен поздрав :Симеон Григоров - Българин |
|
|
|
|
|
|
Од: Struga |
Датум: 11.07.2008 15:02:50 |
|
Koj mu dava da pisuva na ovoj Erol Rizov?! Samiot za sebe e kontradiktoren...najverovatno obrazovanieto vo SFRJ go dobil na dobro provereniot nacin, sa sekoj ispit po edna ovca!!! Neka pisuva, a nie ke mu gi citame glupostite, ama neka ne gi navreduva cuvstvata na Makedoncite |
|
|
|
|
|
|
Од: BALKAN KAN |
Датум: 11.07.2008 15:07:46 |
|
Sega koga GAZANFER ALI KAN i GRUJO KAN ke se zdruzat, da vidime so ke pravat Grcite. Duri togas koj ke ni bide ramen!
Abe lugje, ostajte gi tie budalastini. Kakvi kanovci ve spopadnale! Sega uste i Muslimani ke se pravime, samo da se odreceme od naseto slovensko poteklo. Sekoj koj se srami od slovenskiot gen, moze slobodno da odi i otade Pakistan.
A onoj zabegan GRUJO KAN, barajki gi nasite ,,anticko-pakistanski,, koreni moze, ne daj Boze, i nekoja Al Kaeda da ni dovlecka ottamu, pa duri togas ke gi vidime i NATo i EU. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mijak |
Датум: 11.07.2008 15:13:55 |
|
Mnogu mizeren i nedolicen text koj izobiluva so mnogu nepoznanici, a mnogu arogancija da se skrie neznaenjeto ili frustracijata. Avtorot treba da si procita bilo koj anticki hronicar ili istoricar, za da doznae deka imalo masovni svadbi megju vojnicite na Alexandar i lokalnite zeni i da ne se srami poveke da pisuva vakvi ignorantski textovi. A ne vlegovme vo NATO, zosto edni makedonski politikanti nadvor od maegjunarodnoto pravo potpisaa "vremena spogodba so Grcija", so koja go prekrsija ne samo ustavot na RM, tuku i gi legaliziraa nelegitimnite baranja na Grcija, koi bea i se` nadvor od megjunarodnoto pravo. I sega novava vlada demek bila kriva za katastrofalnite greskitna nekoi makedonski politikanti tnr. politicari od pred 15 godini, koi se nakloneti kon Grcija i oskata so Srbija, a tuka favorizirani! |
|
|
|
|
|
|
Од: Goce Viena |
Датум: 11.07.2008 15:25:00 |
|
Ubava idea Makedonija da stane monarhija toa bila i pak e toa e fakt |
|
|
|
|
|
|
Од: Branko |
Датум: 11.07.2008 17:00:20 |
|
Kako ne te e sram be Erol !
Sramota, pesimist eden !
|
|
|
|
|
|
|
Од: Makedonija |
Датум: 11.07.2008 17:21:10 |
|
Ероле тоа е тоа не знаеш дали да плачеш или да се смееш, ке правиме разни глупости само и само да бегаме од ЕУ и Нато, Македонија останува изолирана сама и жалосна. |
|
|
|
|
|
|
Од: URA planina2 -> Anticki trans |
Датум: 11.07.2008 17:30:24 |
|
Ant. trans napisa: "se sproveduvaa sistematski i kontinuirano od odredeni centri, so posebni celi i zamisli" -> mentalen sklop -> TEORIJA na zagovor. Nema centar, samo eden osamen intelektualec, koj gi pomina ste nivoa na obrazovanie vo dragata ni Yu: Skopje-Zagreb-Sarajevo-Beograd. Osamen romanticar, uspesen vo strukata, zdravo hristijansko semejstvo, respektiran kako Makedonec tamu nekade daleku. Somnenieto vo "vistinite" za Makedonija i Makedoncite od debelite YU istorii e izvorno. Talkanje po vistinata e prirodna pojava kaj mnogu luge. A vistinata bi trebalo da e ednostavna logicka i razbirliva. Da se otrgnat Makedoncite od sopstvenata istorija i identitet e kako da ja otrgnete dusata od teloto. Za zal nekoi seuste ziveat so tugja dusa vo teloto ili tugj um vo glavata. Sprotivno od nas ostanatite Evropski narodi, go nemaat toj problem. Tie sami si ja pisuvale istorijata, a i nasata- Makedonska. Gi pretpocitam zborovite na majka mi - tie ne mozat da se falsifikuvaat. |
|
|
|
|
|
|
Од: makedonka |
Датум: 11.07.2008 17:37:06 |
|
ama si pravite so umot bajram ,kakvi princovi i princezi ,namesto da se resi prasaneto so imeto rabotite trgnaa nadolu . |
|
|
|
|
|
|
Од: marina |
Датум: 11.07.2008 18:53:45 |
|
Neli ve potsetuva ovaa so princot i princezata na uste edna vakva euforicna poseta-"KASANDRA" se dodeka ima ludaci koi so nasi pari placaat vakvi gluposti ke bideme tamu kade sto sme"vo siva zona" na nebitnica so politicari koi javaat vrz nacionalizmot kako javaci na apokalipsata,za zal ovoj nepismen narod(javno se odreknuvame od slovenskite korenja i deloto na Miladinovci,K.P.Misirkov,B.Koneski) i ne zasluzuva podobra idnina. |
|
|
|
|
|
|
Од: Маријан |
Датум: 11.07.2008 19:21:31 |
|
Запрепастува колку е прост, необразован и закржлавен Македонецот и се` повеќе тоне, а тоа се гледа по коментарите. Страшно! Нека ни е со среќа...Секоја чест за натписот, Ерол! |
|
|
|
|
|
|
Од: od mene |
Датум: 11.07.2008 20:48:53 |
|
Se prasuvam mnogu cesto kolku li patat svajcarcite koga ziveat vo tolku izolirana zemja, ne samo sto ne se vo NATO i EU tuku nikoj i ne pomisluva da im ponudi pregovori za clenstvo. Zamislete tolku ponizeni, izolirani, isfrustrirani, resile lugeto da si se posvetat na sebe i da pocnat da si ja gradat zemjata. pocnale prvo infrastruktura da gradat, pa prodolzile banki da gradat, pa napravile praven sistem, pa napravile ova, pa napravile ona...i sega gledam deka malku im se potkrenal duhot pa izgledaat malku poveseli...a nie...mozebi NATO ke bide dobra investicija, mozebi EU ke treba da pregovarame, mozebi imeto ke treba.....hm. |
|
|
|
|
|
|
Од: majka |
Датум: 11.07.2008 21:14:55 |
|
gos.rizov vasata statija napisana e na makedonski jazik i potpisana so vaseto ime.samo za sporedba dali so toa ime bi mozele da pisuvate vo grcija ili bi se slozile da vi go promenat . vie se prikazuvate kako umen pa izberete. |
|
|
|
|
|
|
Од: Angel |
Датум: 12.07.2008 00:26:11 |
|
Citam nekoi komentari i sramota...
Hunzite imale nezavisna drzava do 1970tite koga stanuvaat del od Pakistan.
Se smetaat sebe si za potomci na antickite makedonci,i toa se prenesuva od koleno na koleno vekje so mileniumi.
Ova se e vistina.
A za tie sto zborat za Slovenite..pa dobro,dosle..a antickite Makedonci isparile?
Ne...tie bile Helenizrani,pa romanizirani,pa slovenizirani.
Priroden proces,vo nisto neobicen.
Ako nadvor od Makedonija ima narod koj sto se smeta za Makedonsi,ili za potomok,ili barem povrzan so nas,sentimentalno,legendarno,i najvisokata postava od toj narod,vistinski princ i princeza doagjaat kaj nas da go spodelat toa,makar i simbolicno,pa sto ima loso vo toa?
Sto moze da ima loso vo toa?
Germanskiot kancelar go primil eden Dalay Lama,pa toa se smeta za normalno.
Nastanot e vedar i ubav,nema nisto loso vo nego.
Prirodno e tie lugje da se interesiraat za nas,i nie za niv. |
|
|
|
|
|
|
Од: Аминта |
Датум: 14.07.2008 01:11:56 |
|
ЗА ЈАЗИКОТ НА ХАНЗИТЕ - БУРУШАСКИ, ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА ЧАШУЛЕ ИМА НАПИШАНО КНИГА.
ХАНЗИТЕ ИМААТ МНОГУ ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦИ.
ПРОЧИТАЈТЕ. ПОГЛЕДАЈТЕ.
ПА, ТОГАШ СУДЕТЕ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
|
|