Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

Саат-кулата и Музејот се приоритет на Прилепскиот завод и музеј

Прилепскиот завод и музеј предложи педесетина проекти во Програмата за идната година што ја достави во Министерството за култура.

Според Гордана Данилоска-Спиркоска, директорка на Музејот, 33 проекти се од областа на заштитата, 12 се од музејската дејност, еден проект е за меѓународна соработка, а по два проекта се предложени од издавачката дејност и за реконструкција.

„Капиталните проекти се основата на активностите, но за в година се предложени повеќе проекти од досега. Не знаеме колку од нив Министерството ќе прифати да финансира. Вообичаено, одобрува околу 70 проценти од предложените проекти“, вели Данилоска-Спиркоска.

Како проекти што се приоритет моментно, директорката ги посочува: стабилизирањето на Саат-кулата, која е навалена 863 милиметри и чија реставрација се планира да се заврши в година и обновата на Музејот - поранешниот Участок, кој се планира да биде готов одбележувањето на јубилејот 70 години од почетокот на вооруженото востание. Според неа, за овие два проекта се потребни над осум милиони денари.

„Предвидено е да биде покриена средновековната црква ’Свети Атанасиј‘ во Варош, храбар зафат зашто не постојат никакви докази како изгледал покривот. Покривање е потребно и на црквата ’Свети Никола‘ во мариовското село Манастир, ќе се гради источното крило од конаците на манастирот ’Архангел Михаил‘ под Марковите кули, а истражувачите ќе очекуваат први откритија од античкиот локалитет кај селото Бучин, чии први истражувања почнаа годинава“, појасни Данилоска-Спиркоска. (К.Р.)


#
Статијата е прочитана 318 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Локомоушн 3“- успешно споделен авторски диверзитет со публиката
Вацлав Хавел добитник на наградата „Франц Кафка“
Симфониски концерт во АРМ
Дополнето издание на „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Смилевски
„Пред дождот“ на Манчевски во Украина и во Тајван
Амернис Нокшиќи-Јовановска: Навиките се стекнуваат од мали нозе
Библиографија за Борко Лазески






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000