Број 2926  вторник, 03 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Чешка бара да продолжи проширувањето на ЕУ

ЕУ не треба да подига вештачки бариери со нови услови, рече  чешкиот премиер и актуелен претседавач со ЕУ 

Европската унија треба да продолжи со прием на нови членки без дополнителни условувања и да не се фати во замката на изолационизам поради актуелната глобална економска криза, порача чешкиот премиер и актуелен претседавач со ЕУ, Мирек Тополанек, на отворањето на меѓународната конференција „Проширувањето на ЕУ пет години подоцна“, која се одржува во Прага. Според Тополанек Унијата треба да продолжи со процесот на проширување без да подига вештачки бариери со поставување некакви нови услови пред земјите кои сакаат да станат членки.

Конференцијата на која учествуваат околу 50 високи европретставници е со цел да се предочи користа, пред се' економската, од влезот на посткомунистичките земји во 2004 и во 2007, но треба да укаже дека иста корист ќе донесат и новите проширувања. „Ние пред 40 години живеевме во комунистичка зоолошка градина, но не престанавме да бидеме Европејци. Животот во кафезот не направи од нас тоталитарни животинчиња“, рече Тополанек, додавајќи дека затоа нема апсолутно каква и да е причина ЕУ сега да одбива некои земји кои чуваат на нејзината врата „само затоа што и' се чини дека се сиромашни или премногу историски или културно различни“. „Никако не смее да се прават нови бариери во вид на некакви дополнителни услови. Критериумите од Копенхаген не се лични, тие се строг, но правичен тест колку сериозно земјите-аспиранти мислат да се интегрираат во ЕУ и колку се подготвени за тоа“, нагласи чешкиот премиер.

На конференцијата учествува и македонскиот вицепремиер здолжен за европски прашања, Ивица Боцевски, кој во своето обраќање во Прага рече дека „проширувањето е најпозитивната политика на ЕУ, но на Македонија и на сите други земји од Западен Балкан во моментов им е потребна јасност и предвидливост на целиот ��роцес, како и негово врамување во прецизна временска рамка исто како што беше направено со државите кои влегоа во ЕУ во 2004 и во 2007 година“.

„Сметам дека времето е зрело за еден сеопфатен, голем план што ќе ја предвиди не само следната фаза туку целокупниот процес до крајната интеграција на секоја земја од Западен Балкан, процес со јасни планови и временски рамки за секоја држава“, изјави Боцевски. Според него, учесниците на конференцијата уште еднаш потврдиле дека проширувањето е најуспешната политика на Унијата. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 1367 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 03.03.2009 00:30:46
EU e kratenka od Evropska Unija, a ne Afrikanska Unija.Vladata na FYROM, i ovcite koi glasaa(t) za nea, se borat za clenstvo vo pogresna unija.
Од: mitko za dvata kineski dzidovi
Датум: 03.03.2009 04:15:25
Vo Evropa poradi depresijata se sozdava zelezna zavesa megu razvienite i nerazvienite clenki na ovaa zaednica. Makedonija moze da se locira dva kineski dzida zad ovaa zavesa. Do tamu ne odvleckaa ovie VMRO-ovci.
Од: Vodenski
Датум: 03.03.2009 15:48:10
Do Makedonecot vo UE. I jas ziveam vo UE. Te molam, takvi gluposti povekje ne pisuvaj. Izgled, za zalost, povekje si antimakedonec, a ne Makedonec.

Најди! во Утрински
Насловна
Топ-профити на топ-компаниите
Утопија од осум милијарди евра
Сценариото за самитот на НАТО под прашалник
Владина фабрика на соништа
Пустец почна да се буди
Се кандидираат во Македонија, но со албанска химна
Аргентина на Дунав
Главниот човек на Милошевиќ работел за ЦИА
Нешто меѓу поп и папагал
Различни показатели во анкетите
Државата на „столбот на срамот“
Учениците од Струга се враќаат на настава
Спречен влез на 55 тони радиоактивно железо
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (2)