На студентите им се суди оти викале на скопскиот плоштад
Обвинетите, во знак на револт, во судот дојдоа со лепенка на устата
Во Одделот за прекршоци во Скопје вчера започна судењето против девет лица што протестираа на плоштадот „Македонија“, кои на 28 март годинава го искажаа револтот од најавата за изградба на верски објект на централниот градски плоштад. Протестантите се обвинети за „викање и карање на јавно место“, а одговараат и тројцата организатори на протестот. Обвинетите и нивните поддржувачи вчера во судот дојдоа со лепенка на устата, изразувајќи револт што од жртви на група насилници станаа виновни. Поради „страв“ дека и изјавите за медиумите можат да бидат протолкувани како нарушување на јавниот ред и мир, тие поделија писмена изјава.
„Да, ние викавме и за тоа не планираме да се оправдуваме. Тоа е и смислата на еден протест. Доколку денес во Македонија почна за викање да се казнуваат лицата кои протестираат, можеме само да погодуваме кога ќе дојде денот кога возачите ќе се казнуваат за возење“, пишува во изјавата.
Освен на 12 протестанти, им се суди на деветмина од групата што физички ги нападна студентите и нивните поддржувачи. (Г.А.)
Деца, деца, гледам,гледам и не могу да ви се изнагледам.Кој од кој поубав, поуреден, почист, продуховен... Европа не вие рамна. По сте европејски и од европејците. А гледам ги ониј другите,ТЕПАЧИТЕ, има што да видеш? Фаци јогурт, узверени како фрески пикасови. Чисти ТАЛИБАНЦИ! Изгледа водата им служе само за пиење,а за шамшони,дезодоранси и да не праеме лаф, муабет. Ја с’м и на овие години за Европа,добро сте почнале терајте, ќе ос’мне и без петли...