|
|
|
|
|
|
Фељтон
Славата, митот и крвта на ВМРО (20)
Обезглавување на левицата
Во ист ден се убиени Димо Хаџи Димов, Арсение Јовков и Славчо Ковачев, најголемите македонски интелектуалци во Софија
Виктор Цветаноски
Серијата ликвидации и обезглавувањето на македонската левица што ја почнал Тодор Александров со убиството на Ѓорче Петров по формирањето на автономистичката ВМРО, засилено ќе ја продолжи Ванчо Михајлов. Убиството на Александров на 31 август 1924 година ќе го искористи како повод за да се пресмета со сите оние кои што не мислеле како него и кои му стоеле на патот да застане на чело на организацијата. На сите они што ги ставил на списокот за отстрел ќе им го залепи епитетот „заговорници“ во убиството и „предавници на македонското дело“.
Првиот масак�� Михајлов ќе го изврши во Горна Џумаја, ноќта на 12 септември 1924 година. Претходно, со итрина ќе ги намами и ќе им постави стапица на Алеко Василев, тогашен прв човек на ВМРО во Пиринскиот крај, на потполковникот Георги Атанасов, кои ќе ги прогласил за главни организатори на убиството на Александров. Во Горна Џумаја ќе го покани и раководството на Илинденската организација за, наводно, заедно да расправаат за недоразбирањата што ги имале и така сите на куп да ги ликвидира.
Меѓутоа, тој нема лично да отиде во Горна Џумаја, туку, за да му ја завршат валканата работа, ќе ги испрати Петар Шанданов, Кирил Дрангов, војводата Панчо Михајлов, чија восочна фигура, исто така, ќе биде изложена во Музејот на револуционерната борба. Ванчо Михајлов една година подоцна ќе го ликвидира и него за да не му пречи во освојувањето на власта, а Петар Шанданов по четири години ќе стане негов најголем непријател.
Од тројцата, според него, директни виновници за смртта на Александров, ќе го остави жив само Протогеров, за да му ги потпишува смртните пресуди од име на ВМРО, бидејќи тој тогаш бил единствениот жив член на ЦК на автономистичката ВМРО.
Во таа страшна македонска Вартоломејска ноќ раководството на Илинденската организација панично ќе се обиде да избега од местото на злосторството. За време на бегството ќе биде фатен Арсение Јовков и вратен во Горна Џумаја, а Михајлов ќе дојде наредниот ден специјално од Софија за да го испрашува. Охридскиот војвода, Петар Шанданов, кој бил еден од главните егзекутори на тие крвави настани и знаел за многу чекори што ги преземал самопрогласениот лидер на ВМРО, ќе напише во своите спомени дека Михајлов го измачувал Арсение Јовков на свиреп начин за на крајот да го ликвидира.
Вториот чин на крвавата македонска драма Михајлов ќе го изрежира наредниот ден на софиските улици, кога ќе ги испрати своите терористи да ги застрелаат првите луѓе на левицата. Тој петок, 13 септември, за Димо Хаџи Димов, Славчо Ковачев и други левоориентирани македонски револуционери, навистина ќе биде црн петок. Откако по брза постапка ќе ги прогласи за интелектуални убијци на Александров и ќе испрати терористи да ги убијат.
За делото на Димо Хаџи Димов и на Арсение Јовков македонската јавност знае многу повеќе отколку за Владислав (Славчо) Ковачев, иако и тој е многу заслужен за македонското дело. Бил голем интелектуалец и едно од најистакнатите македонски имиња на Илинденската организација во Софија. Потекнува од Штипско револуционерно семејство, бил војвода и учесник во Илинденското востание. Дипломирал право во Париз, а докторирал правни науки во Брисел. По убедување бил федералист и се борел за самостојна и независна Македонија. Д-р Владо Поповски вели дека Ковачев во своите погледи во однос на македонскиот национален идентитет отишол најдалеку од сите Македонци што тогаш живееле во Софија, факт кој не можел да ги остави спокојни бугарските власти и оние македонски струи кои биле нивни заложници и нивни инструменти.
Д-р Зоран Тодоровски истакнува дека Славчо Ковачев бил еден од ретките македонски дејци кои меѓу првите по Првата светска војна во Бугарија, преку употребата на термините Македонци, македонски народ, македонско население, како и лозунгот Македонија на Македонците, всушност, ја истакнувал посебноста на македонскиот народ, заговарајќи го принципот на негово самоопределување. „Ваквото политичко промакедонско дејствување на Славчо Ковачев му пречеше на раководството на Македонскиот револуционерен комитет и на автономистичкото крило на ВМРО, како и на бугарскиот политички фактор, кои го ставија на нивната смртна листа, заедно со најистакнатите лево ориентирани македонски дејци. Врз основа на писмена смртна пресуда, потпишана од членот на ЦК на ВМРО, генералот Александар Протогеров, тој беше убиен на 13 септември 1924 година во центарот на Софија, само неколку часа пред да го убијат неговиот истомисленик Димо Хаџи Димов“, подвлекува Тодорвски.
Ковачев бил убиен пред своите деца. „Јас не знаев во што беше вината на убиениот од мене Ковачев. Верував целосно во праведноста на решенијата издавани од организацијата и сметав за свој долг да ги исполнам безусловно. Исто така, до моето затворање не знаев дека Тодор Александров е убиен. Инаку, тогаш ќе ги убиев и неговите деца“, ќе изјава неговиот егзекутор, Мирчо Кикиритков.
И Сопругата на Ковачев – Анастасија Размова била позната во Софија. Таа ја играла улогата на Цвета во првата претстава на „Македонска крвава свадба„ на Вој��ан Чернодрински, изведена во Софија. Кум на нивната свадба бил Борис Сарафов, а девери Гоце Делчев и Ѓорче Петров.
За тоа како Михајлов ги испраќал тој ден своите терористи да ги ликвидираат најголемите македонски интелектуалци во Софија најилустративно говори искажувањето на атентаторот на Ковачев, Мирчо Кикиритков: „Ме воведоа во една голема широка соба преполна од наши другари, четници. Се отвори соседната врата до неа и се покажа Иван Михајлов. Не' поздрави и возбудено повторуваше како да говореше за самиот себеси: ’Не плашете се, Македонија е слободна‘. При секое влегување подоцна тој одвојуваше еден по еден од другарите, кои што не се враќаа. Разбравме дека нешто се случило и претстои работа за завршување. Телефонот од другата соба непрестано ѕвонеше во неговата рака. Самиот тој таа ноќ неколку пати ’одлета‘ со автомобилот. Но каде? Тоа нас не не' интересираше. Најпосле, кон 8 часот утрото дојде и на мене ред. ’Ќе го смааш ли (по штипски) Славчо Ковачев?‘ ’Каков е?‘ ’Предавник!‘ ’Се согласуваш ли?‘ ’Согласен‘. ’Бакнете се тогаш со Страхил Развиговор, тој ќе ти го покаже‘“, раскажува Кикиритков.
За ликвидациите што Михајлов ги вршел говори и едно писмо што му го испратил на Петар Шанданов, кое требало да биде уништено, но сепак Кирил Прличев го зачувал: „Ова ноќ В’ндев долу ќе го заколе Методи Алексиев (Пандов ја знае шифрата) му даде наредба. Утре вечер ќе завршиме со претставниците Гоце Манолев, Стојо Хаџов, Говедарчето и Медникаров. Таму Филипов веројатно веќе ги убил – Димитар Пенков, Бујнов. Да знаете дека со Ковачев е завршено“, му пишува Михајлов на Шанданов. Тие по четири години ќе станат најголеми непријатели и ќе ги извршат најголемите крвопролевања на софиските улици.
Атентаторот на Ковачев нема долго да остане во затвор. Заедно со Владо Черноземски, кој што истиот ден го убил Димо Хаџи Димов и со други терористи - Стефчо Каркалашев, од Богданци и Ипократ Развигоров кои извршиле други убиства избегале од затвор. Бегството го организирале луѓето на Михајлов со знаење на бугарската власт.
(Продолжува)
(Продолжува)
|
#
|
Статијата е прочитана 2402 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: BgMak |
Датум: 22.06.2011 00:12:28 |
|
За прв пат некој да спомене тој факт. Владо Черноземски е екзекутор не само на кралот Александар, но и на Димо Хаџи Димов и уште барем неколку други дејци на левицата (за овие барем се знае, а Бога ми уште за колку не се знае ...) |
|
|
|
|
|
|
Од: pk canada |
Датум: 22.06.2011 00:25:23 |
|
posle citanje na ovaa statija treba site da se zamislat, i da se zaprasaat, dali VMRO kako organizacija bila za samostojna Makedonija ili avtonomna oblast vo ramki na Bugarija(zalaganje na site desnoorientirani VMRO-vci).
Treba imeto VMRO da se zastiti i da ne se dozvoli da se upotrebuva povece, zatoa sto od taa organizacija Makedonija i makedoncite ne videle mnogu dobro.
Nikogas ne se izborila za nezavisna makedonska drzava.Toa e fakt, kolku i da vmro-vcite se lupaat vo gradi, vmro bila partija protiv nasusnite interesi na obicniot makedonec i se zalgala da gi ostvari interesite na bugarskiot dvor.
Zatoa teroristite na vanci mihajlov slobodno se setale, zatoa sto bugarskiot dvor ja zn ael korista od niv. |
|
|
|
|
|
|
Од: Kultiviran Balkanec |
Датум: 22.06.2011 00:25:51 |
|
Dimo Hadjkidimov vo "Nazad kon avtonomija" :-"Idejata za avtonomna Makedonija si ostana samo bugarska. Nitu Grcite nitu Turcite, nitu druga nacionalnost vo Makedonija ne go prifati toj lozung. Vo licieto na Bugarija, grchkoto kralstvo i negovite agenti vo Makedonija gledaa eden posilen faktor i zatoa imaa negativen odnos kon vnatreshnoto bugarsko dvizhenje. Shtom makedonskite grci, kako najmnogubrojni posle makedonskite bugari zemaa negativen stav preme avtonomnata ideja, taa ideja ne mozheshe da smeta na uspeh." |
|
|
|
|
|
|
Од: Gjokica |
Датум: 22.06.2011 01:57:38 |
|
petnaeseti dokazОд крајот на 19 век г-ѓа Пенелопа, Гркиња во својата книга "Тајните на мочуриштата" за Македонците вели: "нивниот јазик беше ист, македонскитички...нивната национална свест беше само македонистичка, но кога Бугарите ја прогласија својата црковна независност (1870 г.) ... Македонија се подели на патријаршисти Грци и егзархисти Бугари, при што луѓето од едно населено место, па дури и од исти фамилии се делеа на две партии" ("Тајните на мочуриштата" , стр. 44). sesnaeseti dokaz.Јордан Хаџиконстантинов - Џинот, јасно кажува дека за него поимот Бугари значи Словени, па во неговата "Солунска Легенда" објавена 1859 г. во "Гласник друштва српске словености" вели дека Св. Кирил и Методиј се апостоли на сите Бугари (Словени) (Гласник друштва српске словености, VIII, стр. 146-147). |
|
|
|
|
|
|
Од: kirsner |
Датум: 22.06.2011 02:48:54 |
|
Dokaz sto i prvi:
Gjokica, ne si vo pravo. Koga Jordan Hadjikonstantinov-Jinot zboruval za Bugari, jasno kajuval deka poimot Bugarin znachi Amerikanec. Ti ednash kavuvash deka Bugari znachi Tatari, a posle kajuvash deka Bugari znachi Sloveni. Jas mislam deka poimot Bugari znachi Romanci. |
|
|
|
|
|
|
Од: do avtorot |
Датум: 22.06.2011 03:31:38 |
|
Go molam avtorot da napravi poizbalansirano istrazuvanje. Ocigledna e orientacijata na citiranite "naucnici" da se dodvorat na segassnata vlast pa bi trebalo nivnite stavovi da se potvrdat i negiraat niz delata na drugi naucnici. Poznati se istrazuvanjata na poranesniot Rektor Poljanski vo Britanskite i Francuskite Arhivi. Ako se citiraat tie dikumenti se kje bide pojasno.
Dosega vo ovoj feljton samo imame pro-vmrovski dokumenti na uvid i toa glavno obraboteni vo Sofija. Ova ne bi pominalo na nitu eden poseriozen naucen sobir sto bi se odrzal nadvor od kontrolata na dpmne.
Za pomladite generacii samo bi dodal- sto napravile vmrovskite orgnizacii za makedonija vo 20-tite i 30-tite godini od minatiot vek?
Sto napravile tie za osloboduvanjeto i osamostojuvanjeto na Makedonija?
Od VMRO nikoj vo Makedonija ne videl air sem ovie sto se sega na vlast.
Neka vi e na zdravje.... |
|
|
|
|
|
|
Од: goran |
Датум: 22.06.2011 04:55:56 |
|
AMA Sepak, VMRO Mozebi se revulucioneri,teroristi,ubijci. SVE sto e izgradeno vo Makedonija e izgradeno vo vremeto na Komunizmot, NOVI avtopatista ucilista univerziteti, aerodromi, fabriki, rudnici, topilnici, ogromni lozarski nasadi elektrifikacija, telefoni,sudski palati, akadamija, Ogromnata zgrada na MRTV ELEktro BRAni, Termocentrala, Zgradi, kuki |
|
|
|
|
|
|
Од: pameten |
Датум: 22.06.2011 05:12:51 |
|
site da se zamislat, i da se zaprasaat, dali VMRO kako organizacija bila za samostojna Makedonija ili avtonomna oblast vo ramki na Bugarija(zalaganje na site desnoorientirani VMRO-vci...""
Ovo prashanje nema smisla! Idejata za poseben Makedonski narod so poseben Makedonski jazik togash se ragjala. Ne ja prifatile site prekonokj. Ovo bilo proces koj shto evuluiral vo glavite na Makedoncite so deceni, za nekoi pobrgu, za drugi pobavno. VMRO sekako se izbori za nazavisna Makedonija... vo 1991. Togash Ljubcho rechisi sam ovo go ostvari! |
|
|
|
|
|
|
Од: Janakiev Nikola |
Датум: 22.06.2011 06:22:29 |
|
Kole.22.6.2011god.
Gjokica ti stavas nekoi licnosti sto se bile vo Ohritska patriarsija kako ubavi pametni Grci nija ne gi znaeme puno sa bile vo Makedonij dobri srbi bugari i ne terale so sila da gi sakame no nemozefme da gi zapamteme.Ne ni kazuvaja i ni braneja da peeme da rasazuvame cak izatvarani za.Filip.Aleksandar.Samoil.Kiril Metodi.Angelari.KlimenNaum SavaArsenija od Karpos Goce do Cento od Prlicev Miladinovi do VenkoG.Todorovski.Ne e vazno koj pise narodo znae sto da veruva. |
|
|
|
|
|
|
Од: Верник во верата а не поповите |
Датум: 22.06.2011 07:59:43 |
|
Владо Черноземски-Шофјорот, Бугарин, е платен убиец. Крвав во рацете донемајкаде како и Ванчо Михалов којпак, е крвав до гуша. Шофјорот г о убива стеде Софија Димо Хаџи Димов. А нашите попови, редовно му прават панахида во црквата “Св. Димитрија“ во Скопје. Алооо, Македонци. |
|
|
|
|
|
|
Од: teroristicka organizacija |
Датум: 22.06.2011 08:09:57 |
|
Tocno poradi site ovie strui vo organizacijata, opredelbata za atentati vrz svoi soborci, terorizam i bezidejnost za nacinot na osloboduvanje i resavanje na Makedonskoto prasanje. nikoj vo diplomatskite,intelektualnite i politickite krugovi vo Evropa VMRO ne ja esepal za ceriozna politicka i osloboditelna sila no ja smetale za cisto teroristicka organizacija, sklona kon terorizam i krvavo razracunuvanje so neistomislenicite.ili " predavnicite" kako gi narekuval Vanco Mihajlov, pa i T.Aleksandrov i Protodjerov,svoite soborci koi imale poinakvo mislenje od negovite vizii. Znaci koj poinakum misli od vodacot e predavnik ili stranski spion i platenik, koj pokratka postapka trebalo da se likvidira.VMRO ama nema nikakva uloga i zasluga vo formiranje na makedonskata drzava i sekoe pravenje na nekavi si muzei se rezultat na pogresni procenki i volja na poedinci koi ja izvrtuvaat istorijata.Ilindenskoto vostanie go podigna TMORO a ne VMRO.VMRO postoi od 1919-20 godina ,formirana. od Aleksadrov. |
|
|
|
|
|
|
Од: Tatarcev |
Датум: 22.06.2011 08:49:53 |
|
neka go velicat Vanco Mihajlov veleshanite pak... eve go koj bil i kakov bil....
site sakale da go zemat ova parce zemja, site sakale da ne asimiliraat, da ne napravat neshto shto ne sme, ama i po 2500 godini, posle site slucuvanja na ova parce zemja, nie ushte sme tuka, i ushte sme trn vo oko na se okolu nas, ama vo toa,pak, lezi nashata istrajanost, nashata izdrzlivost, ako ne sme trn vo oko, nie neznaeme da ziveeme, ama toj trn eden den, ke im gi istera ocite na site shto sakale da ne nema, i ke izleze pravdinata na videlina. |
|
|
|
|
|
|
Од: Убивани се водачите а народот останал |
Датум: 22.06.2011 09:52:08 |
|
Македонските водачи се убивани а македонскиот народ останал и има во Бугарија што се смешани со Татарите ама има и чисти Македонци и тоа стотици илјади. А кога се збори за потекло секој трет Бугарин е со македонско потекло. А во Македонија може останал по некој Бугарин од поповите мисионери или колонизатори или преправени Македонци. Татарчиња да се окозите од објаснување не сте во право. Обратно е. Да се признае во двете држави кој како сака да се изјаснува ке ве видам. Ама ви фуфка. Фуфка е изртрен грчки збар за страв. |
|
|
|
|
|
|
Од: Kole |
Датум: 22.06.2011 10:38:49 |
|
Na istiot sudbonosen den vo Gorna Dzumaja e ubien i mojot cicko Petre Veselinov od Stip,koj bil napreden makedonski intelektualec . imeno toj studiral vo Pariz i Viena i zboruval francuski, angliski i germanski jazik. Kako sto dobil informacii mojot tatko,deka brat mu Petre bil predaden od veren drugar koj go zamoli mojot cicko da mu gi pokaze dvata revolvera za da napravi sporedba so negovite. Mojot cicko ni na kraj pamet ne pomislil sto ke mu se sluci mu gi dal. Taka da mojot cicko e ubien so negov revolvler za da potoa mu bide otsecena glavata a teloto frleno vo bunar. Ubiecot ne go znaeme koj bil , no toj trebalo da ja zemi glavata od mojot cicko so sebe za da ja pokaze na naracatelot na ubistvoto. Taka zavrsil Petre Veslinov od Stipsko Novo selo. |
|
|
|
|
|
|
Од: R. Topciev |
Датум: 22.06.2011 12:13:53 |
|
Во своите мемоари Ванчо Михајлов вели дека ако имало како да изгради затвори, би сакал да казнува прегрешенија со затворање наместо убиство. Но предвид статусот на ВМРО на нелегална организација, тоа било невозможно. И уште нешто вели Михајлов по повод братоубиствата: "Многу српско и грчко злато, дадено за купување на предавници, отиде залудо". |
|
|
|
|
|
|
Од: Психијатарот |
Датум: 22.06.2011 13:12:56 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: bg |
Датум: 22.06.2011 13:16:01 |
|
Треба и да знаете дека во пролетта 1920 година Тодор Александров заминува со чета за Македонија / да се бори против новиот српски окупатор / и на крајот на 1922 година, неговата глава во Белград е оценета на 250 000 динари и правете заклучоци кој го e убил?
|
|
|
|
|
|
|
Од: ANA |
Датум: 22.06.2011 14:51:34 |
|
Ima eden kup istoricari vo Bugarija i barem deset pati poveke vo Makedonija.Neznam zosto ama na makedonskite nekako im "duva" da se soocat so bugarskite kolegi.Ste se zaprasale nekogas zosto e toa taka?Zaprasajtese,pa potoa ostavajte komentari. |
|
|
|
|
|
|
Од: bezanec |
Датум: 22.06.2011 15:17:10 |
|
Од сето досега што прочитавме од фелтонот на Цветаноски и што престои во понатамошното излагање,може да се заклучи дека буквите ВМРО,со закон да се забранат и да не се експлоатират за партиски надмудреување,да се остават во историјата,со нивната величина и гордост,да погледнеме во иднината на на земјата. Бидејки тоа што го имаме е створено од пред 66 години,продолжение на македонскиот непокор,да извлечеме заклучок дека тие четири букви ВМРО е братоубиство и разнебитување на македонското ткиво,храна на нашите вечни непријатели. Дека партијата со предзнакот на овие четири букви,ги злоупотребува,придобивките од пред 66 години а најмалку ќе докаже дека со нивното доаѓање на власт,Македонија постои,негирајки се пред себе. Ако таа Македонија од пред 66 години не беше створена,тие глупости што се прават врз македнскиот народ не ќе можевте,свртете се и видете што се случува со Македонецот во Бугарија,Грција,Албанија и Србија. Ако имате малку човечност ќе се срамите. |
|
|
|
|
|
|
Од: Влатко Михајловски |
Датум: 22.06.2011 15:25:12 |
|
Секој втор збор во колумнава се „восочните фигури“ во музејот :) Веќе ми стана јасно дека ова не е никаква објективна колумна, туку србокомуњарска пропаганда. Кога сакам да читам за ВМРО јас си ги читам оригиналните документи и мемоари на ВМРО-вците, а не вашите прераскажани приказни, господине колумнист. Заборавате дека сега сме 21 век, децата раснат со компјутер и интернет и сите оригинални историски книги им се на дофат. Времето кога преку весници ни го перевте мозокот помина, сега сами си читаме и ја дознаваме вистината без некој да ни ја прераскажува. |
|
|
|
|
|
|
Од: Од Мирко |
Датум: 22.06.2011 22:52:37 |
|
Господине Влатко ! Сите таканаречени „оригинални документи“ ги читаш во булгарска обработка и на булгарски јазик,прилагодени за булгарската историја. |
|
|
|
|
|
|
Од: Drug Vlatko |
Датум: 22.06.2011 23:54:25 |
|
Mirko a ti gi imas procitanite site dokumenti vo original na makedonsk, neli? Ajde posali i mene nekoj link da procitam.. |
|
|
|
|
|
|
Од: rego |
Датум: 22.06.2011 23:55:55 |
|
Mirko, site takanarecheni "originalni dokumenti" gi ima i vo amerikanskite arhivi prineseni od makedonski emigranti vo SAD. I amerikanski nauchnici kako Elizabeth Shostak eve shto pishuvaat:
http://www.everyculture.com/multi/Le-Pa/Macedonian-Americans.html
Istoricharite nadvor od Makedonija si a znaat rabotata, ti nemaj gajle. "Istoricharite" od Makedonija se problemot... |
|
|
|
|
|
|
|
|