Брoj 2789  среда, 17 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

ОН ја испрашуваа Грција за македонското малцинство

Македонците во Грција ја оценија како историска посетата на експертот за малцински прашања на ОН


Грчките медиуми посетата на Геј Мекдугал ја оценија како отворање нов проблем за грчката дипломатија - и тоа малцинскиот

За Грција станува се' подалечно времето кога успешно го прикриваше постоењето на малцинства на своја територија и се декларираше себеси како етнички чиста држава. Најновиот удар за грчката ксенофобија е посетата на експертот за малцински прашања на ОН, Геј Мекдугал, која вчера го заврши своето неколкудневно „чешлање“ на Грција од север до југ за евидентирање на постоење или не на малцинства на грчка територија. Мекдугал, која покрај Грција треба да провери уште две држави, Унгарија и Етиопија, за шест месеци ќе го објави својот извештај за малцинските прашања во овие три земји.

За време на посетата на Воден, Мекдугал се сретнала со претставниците на македонското малцинство од речиси цела северна Грција, како и со претставниците на партијата на македонците во Грција - Виножито, кои нејзината посета ја оценија како историска.

На независниот експерт на ОН тие и' го презентирале децениското негирање на постоењето на македонското малцинство во Грција, презентирајќи и' и докази во вид на документи, фотографии за официјално произнесување како Македонци, забрана за образование на мајчин јазик, полициски тортури и слично, се' со цел да се искорени свеста за самобитност и припадност кон друга – негрчка нација. Мекдугал била запознаена со непочитувањето на Универзална декларација на ОН за заштита на човековите права и слободи, Европската конвенција за човекови права, Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа, пресудите за Судот за човекови права во Стразбур, од страна на Грција, во поглед на македонското малцинство кое живее таму, но и спрема сите други, бидејќи Грција на својата територија не признава постоење на друго етничко малцинство, освен муслиманското - како верско малцинство.

„Во март идната година се надевам дека ќе биде премногу интересен извештајот за состојбата во Грција и непочитувањето, не само на македонското малцинство туку и со другите што имаат проблеми – од турското, па до ромското, што се дискриминирани во оваа држава“, изјави претседателот на Виножито, Павле Васкопулос, за македонските медиуми.

Ва��копулос се надева дека посетата на Мекдугал и нејзиниот извештај за состојбата со малцинствата во Грција дека „ќе помогнат Грција да се демократизира и да не биде црна дупка не само во Европа туку и пошироко, кога зборуваме за почитување на основните човекови права и правата на малцинствата“.

Грчките медиуми посетата на Мекдугал ја оценија како отворање нов проблем за грчката дипломатија - и тоа малцинскиот. Некои од нив посетата ја поврзуваат со неодамнешните писма на македонскиот премиер, Никола Груевски, за прашањето на македонското малцинство во Грција, до генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, и други светски лидери. „Елефтерос типос“ објави дека посетата е поради тврдењата на Скопје за притисоци што се вршат врз Македонците.

„Грција, Унгарија и Етиопија се единствените три држави што се на листата за посети на Мекдугал, по што ќе поднесе извештај за проблемите и за кршењето на малцинските права“, пишува весникот. Весникот под наслов „Малцински игри“, наведува дека официјална Атина не ја коментира посетата, но, според дипломати, грчката дипломатија се здобила со уште еден проблем што досега го немала - малцинскиот. (Т.Г.)


Статијата е прочитана 883 пати.

Испрати коментар

Од: jimmy1
Датум: 17.09.2008 04:48:27
Grcija poleka no sigurno e gibi bitkata i celata vistina ke izleze na videlina, ke uvidi svetot koja e taa Grcija i veruvam deka 99.99% od drzavite ke ne priznaat pod nasoto ustavno ime. Toa znaci cel svet, a toj 00.01% se odnesuva na Grcija. Sekogas sum veruval, iako bavno, no pravdata sekogas pobeduva.
Од: istoricar
Датум: 17.09.2008 10:57:40
jas na ova tema celo vreme davav komentari tuka deka treba da se otvori ustata od vlada da se kaze za postoenje na egejcite vo Grc deka toa e vsusnost faktot koj ja plasi Grcija od imeto mak da ne dojdat vo uslovi na kosovizacija sto ce dojde dokloku mak vleze vo eu i ce ima pravo da pobara prava za egejcite videte samo Belgija,Kanada.
Од: кирилица
Датум: 17.09.2008 15:10:52
Се надевам дека во извештајот на госпоѓата Геј Мекдугал ќе биде споманто постоењето на Македонците како дел од малцинството кое живее на територијат�� на Р.Грција,и со тоа на некој начин мал дел од правдата(за која се залагаат во Европа) ке излезе на виделина!!! За во иднина ќе ги замолам сите кои испраќаат коментари да го користат кириличното писмо,како дел од Нас и Нашата историја!Само потсетете се на Влатко Стефановски-Кирилица : http://www.youtube.com/watch?v=-GicVHQLZh4

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Карикатура
Себастијан Фетел
Нова демократија е процес што претстои
Заплеткани истраги
Verbatim