Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

На дисперзираните студии уписи без конкурс

Министерството ќе казнува за поголеми квоти, а во исто време се запишуваат студенти на диво

Билјана Јовановска

Околу 150 прекубројни кандидати кои на Правниот факултет „Јустинијана Прима“ не успеаја да обезбедат индекс, вчера документите ги доставуваа на истата високообразовна институција, но за дисперзираните студии во Велес. Запишувањето се врши без објавен конкурс, онака на диво.

Ова не е специфика само на посочениот факултет туку на неколку високообразовни институции на Скопскиот универзитет на кои им е наложено да отворат дисперзирани студии во внатрешноста. Станува збор за иницијатива на Владата, а Ѓорѓи Мартиновски, ректорот во заминување, од само нему познати причини работи спротивно на Конкурсот и на Законот за високо образование. Интересно е што во исто време Министерството за образование се заканува дека пропишаните квоти во Конкурсот не смеат да се пречекорат, а оние кои ќе запишат макар и еден прекуброен студент, ќе сносат кривична одговорност!

Во Конкурсот што летово го објави Скопскиот универзитет, никаде не се спомнуваат дисперзираните студии. Значи, од вчера, десет факултети примаат документи на црно, без конкурс. А деканите кои се принудени да ги примаат документите од идните студенти, неофицијално, имаат заеднички коментар: „Работата е поставена наопаку, зашто ништо, а најмалку дисперзирани студии, може да се направат преку ноќ“.

Пред три дена кога го контактиравме, велешкиот градоначалник Аце Коцевски не беше ниту запознат со идејата во Велес да се отворат дисперзирани студии на скопскиот Правен факултет. Состојбата не беше изменета ниту во вчерашниот разговор со првиот човек на локалната власт во Велес.

„Високото образование е во надлежност на државата. Мене никој не ме прашал за обезбедување простор. Можам да помогнам во рамките на моите овластувања, но не сум тој што ќе треба да го реши прашањето. Оптимист сум и верувам дека ќе се изнајде решение, а јас ќе се ангажирам во посредувањето со Техничкиот и со Факултетот за туризам и организациони науки од Битолскиот факултет, кои во Велес неколку години имаат дисперзирани студии“.

Со други зборови, простор се' уште нема. Бруцошите од скопскиот Правен факултет академската година ја започнуваат на 29 септември, а на индекс се надеваат 150 кандидати! Каде ќе го одржат првиот факултетски час, на Прав��иот факултет не знаат. Поточно, деканската управа во заминување нема одговор и упатува на претседателот на Комисијата за уписи, кој, пак, вчера не одговараше на телефонски повици.

Сето ова укажува дека дисперзираните студии на скопските факултети - за Земјоделство, Природно-математички, Правен, Машински, Градежен, Технолошко-металуршки, Факултет за електротехнички и информатички технологии се' уште се во фаза на иницијатива. Или, како што велат некои декани, се работи за обична бајка.

Владата, а и ректорот Мартиновски на студентите ќе мора да им одговорат зошто применуваат различни аршини за академци од ист факултет. Која е логиката илјадници студенти кои ќе студираат на скопските факултети да плаќаат школарина од 220 евра или двојно или неколку пати поголеми износи за кофинансирање, а нивните колеги од истиот факултет, кои ќе се школуваат на дисперзираните студии во внатрешноста да не плаќаат ниту денар?


Статијата е прочитана 222 пати.

Испрати коментар

Од: Ace
Датум: 16.09.2008 02:51:54
Dobro be luge nikoj ne se interesira ni gi spomnuva disperziranite studii na ekonomski vo STIP sto vladata gi ukinuva. I poradi koi 150 studenti ke bidat izlozeni na ogromni trosoci. Znaci lugeto vo UKIM i Ministerstvoto za obrazovanie nemat sram!!!!!! Kade se ima sluceno da se prekinuva skoluvanje na sred pat. Sramota!!!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Четири понуди за трамвајски систем во Скопје
Македонското знаме на Арарат
Чекајќи субвенции, социјалците може да останат без струја
Дождовите го спасија критичното ниво на Охридско Езеро
Над 2.500 правници поминале обука во Академијата за судии
„Јаја Мезлер“ ќе плаќа пенали за „Македонка џинс“