Градежните фирми лани инвестирале 12,8 млд. денари
Градежните фирми минатата година извршиле градежни работи во вредност од 12,8 милијарди денари. Најмногу граделе во Скопскиот, Пелагонискиот и во Источниот регион. Индивидуалните сопственици на објекти, пак, лани извршиле градежни работи во износ од 12,2 милијарди денари. Најмногу се градело во Полошкиот, потоа во Скопскиот и во Југозападниот регион.
Во текот на 2010 година се градени 1.497 објекти и завршени се вкупно 871 стан со вкупна површина од 55.944 квадратни метри, од кои 617 се во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените станови е 64,2 квадратни метри.
Според податоците на Државниот завод за статистика, лани како индивидуални инвестиции се граделе вкупно 4.526 објекти и се завршени вкупно 4.281 стан со вкупна површина од 386.698 квадратни метри, од кои што 142 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 10.898 квадрати. Просечната корисна површина на завршените станови е 90.3 квадрати. (Ек.Р.) |