Број 2731  вторник, 08 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Сугестии до Бакојани за директни преговори со Македонија

Атина – Експерти од грчкото Министерството за надворешни работи и' сугерираат на шефицата на дипломатијата, Дора Бакојани, да почне директни преговори со Македонија за името. Ова го пишува грчкиот весник „Експрес“, наведувајќи дека Бакојани добива предлози да разгледа разговорите со властите во Скопје да продолжат без посредство на Обединетите нации, под чиј мандат тие се водат изминатите 15 години.

Според весникот, како што пренесува Макфакс, предлозите за директни преговори се поставени во поширок контекст на размислување како Атина би можела да ги промени позициите за да постигне крајно решение на прашањето за разликите за името.

Но, во македонското МНР велат дека одбиваат да ги коментираат нагаѓањата во грчкиот печат. ОН се вистинското место и рамка каде се водат разговорите за разликата околу името, а досега ниедна од двете страни, ни Грција ни Република Македонија не покренале иницијатива за менување на веќе воспоставениот формат на разговори, велат во МНР. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 1761 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Политика
Владата ќе се задолжува за да ги доврши фискултурните сали
Македонија не го прекршува договорот за границата од 2001
Андреј Петров се повлекува од челната позиција во ЗЕЛС
Регионални последици ако Македонија не биде дел од ЕУ
Македонски војници во нова мисија во Авганистан

"""