Сточарите лути на премиерот Груевски. Тој не се огласува во новиот заплет околу „Сведмилк“
Александрија Стевковска
Нема пари и решение за сточарите. Ова вчера на очајните фармери им го соопштиле министерот за економија, Фатмир Бесими, и заменик-министерот за земјоделство, Кристијан Делев, на разговорите во Владата, откако нивните протести ескалираа и добија несакани димензии.
Вчера кулминираше гневот на фармерите-кооперанти на „Сведмилк“. Група од 200 фармери од Скопје, Битола и Прилеп жестоко протестираа пред Владата, а првично најавениот мирен протест прерасна во агресивен настап на млекопроизводителите, кои сакаа насилно да влезат во зградата, влечејќи и тргајќи ја заштитната ограда, поставена пред кордонот полицајци. Веројатно, и чуварите на редот беа изненадени од таквиот настап, бидејќи им требаше извесно време да се консолидираат и да ги повикаат специјалните единици на полицијата, кои спремно чекаа во гаражите на зградата на Владата.
По пристигнување на дополнителните полициски единици, огорчените фармери се' уште извикуваа и го повикуваа премиерот да се сретне со нив, но конкретно решение на нивниот проблем, исплата на долгот од „Сведмилк“, не добија, по што се закануваа дека ќе останат во Скопје додека не ги добијат парите што им следуваат.
Во меѓувреме, на прес-конференцијата во Владата која се одржуваше во исто време, а по повод потпишувањето на меморандумот со турската компанија „Шишеџам“, премиерот Никола Груевски не сакаше да даде никаква изјава во врска со случајот „Сведмилк“. Подоцна неколку фармери влегоа во Владата за да разговараат со министерот за економија, Фатмир Бесими, и заменик- министерот за земјоделство, Кристијан Делев.
„Пред некој ден Никола Груев��ки рече дека не се меша во работењето на приватна фирма. А зошто тој ја сечеше лентата кога се отвораше ’Сведмилк‘? Кој го донесе странецот - Швеѓанецот, или пак овој ,новиот Моше Баум? Нив не ги донесе татко ми или мајка ми, туку ги донесе Владата.Токму поради тоа, Груевски сноси голема одговорност за нашата несреќа. Ние на него чекаме како на татко, а него не му е грижа за нас. Па, тој на кого е премиер? На четири-пет јавни претпријатија во државата, или на народот? Барем навреме да ни кажеше - ’ние носиме инвеститори арамии, да го опљачкаат народот‘ за да знаевме што да правиме“, револтирано изјави Гоце Таневски, сточар од битолско село, на кого „Сведмилк“ му должи две илјади евра.
Тој го обвини премиерот дека залудно троши народни пари, барајќи инвеститори по светот. „Се трошат наши пари за премиерот да шета по светот. И тој самиот има кажано дека бара инвеститори, а кај се тие инвеститори?“, праша Таневски.
Овој битолски сточар ја обвини Владата дека нема обѕири за ништо и никого. „Тие уриваат се' пред себе. Имаат пари, имаат власт. Моќни се, крадат на мртво. Нас не' осудија на смрт. Но, јас не ја наоѓам крива шведската млекарница, ниту пак новиот газда. Некој им го овозможил тоа. Крива е Владата која не потпиша ниту протокол со новиот газда, ниту покажа со какви и колку пари се влезени во млекарницата. А Никола Груевски вели ’јас ништо не знам’. Така случајно да не поминал покрај млекарницата, одел на бавча со жена му, па ја пресекол лентата во ’Сведмилк’! Тоа е срамота. Ние не сме деца да не' лажат. И затоа нема да не примат ниту во НАТО , ниту во ЕУ, кога светот гледа какви политичари имаме“, додаде Таневски.
Тој вели дека имал осум крави, а сега има четири. „Јас купив и трактор, верувајќи му на Груевски дека сточарството има иднина. И се излажав. Зедов кредит за крави и за трактор, а сега немам пари да го плаќам кредитот“, вели Таневски.
Според сточарите, во други земји со вакви проблеми, Владите даваат оставки, а кај нас никој не носи одговорност за ништо. „Шест месеци сме по улиците, а на власта сега пред избори и' текна дека сме и' потребни за гласање, па пушта свои емисари да кружат околу нас и да купуваат гласови“, велат сточарите.
„До кога ќе бидеме само гласачка машина, додека нашите деца питаат за јадење. Зарем државата со тоа што се дистанцира од нас сака да останеме на нејзин грб, да бидеме социјални случаи. Што треба да правиме - да крадеме или да убиваме за да преживееме. Власта е таа која краде и руши се' пред себе“, обвини Иљо Огненовски од село Могила. Тој вели дека фармерите се дојдени во мал број, бидејќи другите немале пари да дојдат во Скопје, а дојдени се оние кои го продале добитокот, бидејќи им требале пари за да преживеат.
За сточарите, „Сведмилк“ е втор ТАТ.
„Секогаш Пелагонија била цел на арамиите. Прво тоа беше ТАТ, а сега ’Сведмилк‘. Секогаш се крадело таму каде што има, а пелагонискиот крај секогаш бил богат. Ова што се прави во државава е чист криминал“, велат сточарите.
„Ја повикуваме Гордана Јанкулоска да пушти контроли во млекарницата, да ги испитаат сите работи. Ова веќе не се трпи. Мене ми должат 14 илјади евра. Имам кредит за враќање. Кога ќе дојдат струјата да ми ја исклучуваат, ќе дојде и полиција. Кого да викнам јас да ме заштити. Новиот газда има обезбедување од 50 лица. Зошто му е тоа обезбедување и кој да не' заштити нас. Јас не барам туѓо, си го барам моето. Регистриран земјоделец сум. Треба да плаќам давачки кон државата, а од каде ми се парите?“, праша Ило Стојков од Свети Николе.
Тој ги повика земјоделците да ја заземат млекарницата. „Ги повикувам сите колеги-фармери да појдеме во ’Сведмилк‘ и да си ја земеме. Таа е наша, бидејќи таму имаме 5 милиони евра наши пари, што значи дека ние сме веќе таму акционери. Нема да си одиме додека не ни дадат плик со пари. Да не не' лажат веќе и да не не' возат од една до друга банка. Трчи во една да извадиш трансакциона сметка, трчи во друга, а пари нема. Зошто Владата не ги повика и старите и новите газди за да се распраша за криминалот кој се правеше во млекарницата, кога нас можеше да не' повика во полиција и да ни кажува што треба да правиме, а што не, и како треба да протестираме“, рече Стојков.
„Сведмилк“ на фармерите им должи пари за предаденото млеко во изминатите седум месеци, во висина од околу 4 милиони евра.
Web update
Фармерите го продолжија протестот пред „Сведмилк“
00:00 14.03 - Фармерите што денеска беа пред Владата, вечерва го продолжија протестот пред млекарницата „Сведмилк“. Тие бараат средба со менаџерскиот тим или лично да дојде премиерот Никола Груевски за што побрзо решавање на проблемот со неплатеното млеко.
- Нема да си одиме од дворот на млекарницата додека не ни ги дадат нашите пари. Бараме премиерот Никола Груевски или газдата на „Сведмилк“ Моше Баум да ни кажат кој е сопственик на млекарницата, изјави Сулејман Максутовиќ, сточар од Скопје.
Тој посочи дека заедно со фармерите протестираат и дел од вработените во „Сведмилк“ и оти млекарницата ја обезбедува специјална полиција.
„Сведмилк“, пак, информира дека вчера и денеска пуштила по 200.000 евра и дека фармерите веќе ги добиваат парите. Според менаџерскиот тим на млекарницата, ќе се потпишуваат нотарски договори со секој производител поединечно како вид гаранција за побрза исплата на млекото. (МИА)
Nikola Gruevski e vtor Branko Crvenkovski. Da potrosese barem del od vremeto i energijata sto gi potrosi na tuzbata protiv Frckovski, branejki go svojot "ugled" so montiran sudski poces, mlekarite ke imaa resenie. Ovcar.
Од: Acko
Датум: 14.03.2009 00:27:25
Bravo za sdsm ke soberat nekoe poence koj znae kolku se imaat raduvano vcera koga policijata se tegnese so farmerite.Vo Bitolska mlekara ne im se davase mlekoto oti im plakase od 16-18 den a vamu od 26-28den i site trci vamu dobra e budalion premier i subvencii vi dava za mlekoto se za da vi ugodi ama zabe e nemoze da svatite sto e privatna firma ve buckaat sdsm pravite guzvi sea pred izbori ako pak premierot i za tutunot i za mleko i za se neka vi gi kacue subvenciite malce mu e koa fanal rabota so najprostite lugje vo opstesvoto toa e rezultatot seljak samo dodeka ima interes trca po tebe a nema gotov si ke te gazi.
Од: igor-bt
Датум: 14.03.2009 00:32:46
Ako imas obicen kolonijal i imas dva do tri proizvodi neprijaveni, ili pak navreme (samo eden den podocna) ne ja isplatis platata, 100% ke ti go zatvorat dukanot (osven ako ne si podanik i veren sluga na DPMNE). Svedskata mlekarnica, nekolku meseci ( se spekulira 5/6) nema isplateno plata na vrabotenite, a so toa i danoci kon drzavata i seto toa Vladata go tolerira. Premierot neznael, kreva rameneci...alooo pa nekoj krazba pravi !!! Za obicen prekrsok ako nemas pari ke lezis 10/15 dena v zatvor, a za kriminal so milioni i milioni nisto.
Uste eden primer. stimulacijata 2 denari, pa ovaa godina 2,5 denari, za litar mleko, e cisto seenje magla i lazenje. Zatoa sto so site presmetani ( bitni i nebitni danoci na Vladata) doaga do 2,7 denari po litar mleko, da se plati kon drzavata. Prasajte koj sakate sto cuva kravi , ke vi go potvrdi ova.
I najsmesno ili najtragicno e sto, t.n novinari ( citaj platenici) kako Latas, Tomik, Janko, Milenko...ke vi kazat deka MED I MLEKO tece vo Makedonija
Од: libertator
Датум: 14.03.2009 00:43:18
nemie jasno kako ovie jadni ludje sto drzat stoka a taa e kako covek da cuvas so site atributi nikoj asolen vo ovaa drzava koja trosi miljardi da ne moze ovaj praven ekonomski i neznam kakov cirkus da go resi ova prasanje ve molam okolu 1 casot gledajteja emisijata na hrt-za zemjodelcite i ne vi treba nikakov fakultet.koj krediti koja naucnba zastita za krtavi sviunji i proizvodstvo na hrana bez koe ne moze da se zivee! kako nikomu nemu e zal ilicistoa odgovornost kade sto dosega vo vava situacija ministerot treba se sam da si popdnese ostavka ili prem.da go smeni mislam na onaj za zemjodelie od kicevo kade sto rastat samonik slivi i po nekoj orev.zalosno sto ovie domacini da ne ispadnat kako kaj,p.m.andreevski poslednite selani.zalosno.
Од: commanddevil
Датум: 14.03.2009 00:47:18
sram za nikola...ova e pocetok na krajot na lagite na prevarantot narecen premier.vekje ja gubi podrskata a ocigledno deka po ova vrtoglavo ke pagja rejtingot na ovoj dezorientiran vo prostor i vreme premier
Од: LONDON
Датум: 14.03.2009 00:48:41
Dodeka ima ovci ke ima i mleko a bogami i volna!!! Taka veli narodnata pogovorka ama nasiot narod nikako da ja razbere i da prestane da bide ovca.Bez da uvredam nikogo sakam da kazam deka na zapad a gledam sega i kaj nas se znae sto e privatna firma a sto e odgovornost na vladata.Kako moze nekoj so 8 kravi da dava so meseci mleko na recka pa da stigne neisplatena smetkata do 14000 evra???I sega vladata da dade pari?a od kade?od makedonskite gragani sto cesno plakaat danok za da gi pokrie ovcite sto davale na privatnik da gi strize?!?Za investitorite SITE se takvi vo EU! Trazat ovci za strizenje a ako vlezeme vo EU takvi kako farmerite goli i bosi ke setaat.Tuzete ja kompanijata pa ako treba i vo Strazburg ili megunarodniot sud go koristete samo za kodosenje i ocrnuvanje na drzavata Makedonija!?! Pozdrav
Од: Petre
Датум: 14.03.2009 00:49:27
tocno...Svedmilk e vtor TAT...ama ne samo Svedmilk...gi ima uste mnogu, ne samo ovie 18g, ima i porano, od SFRJ ( Zelezara);..no kaj Svedmilk dojde do izraz i edna druga rabotra, PAD na cenite na mlekoto, pa ako ne bi bilo taka, mlekarite uste prviot mesec koga ne im platija ke otidea vo druga Mlekara.ednostavno proizveduvame MNOGU mleko a toa ne e konkurentno vo odnos so uvoznoto od Regionot... dali komsaiite nelojalno, so subvencii ja rusat cenata ili nesto drugo e vo prasanje...
Од: Zoran
Датум: 14.03.2009 00:53:32
"Gazdata" Moshe Baum, denes go vidov vo kaficot Segafredo vo Miami Beach... si piese kafence. Vo nedela obicno odi vo diskotekata - restoran na south beach, Nikki Beach od 12-6, kade vleguva so nekolku foto-modelki i si gi trosi parite od Svedmilk... Vo cetvrtok moze da go vidite vo hotelot na Madonna - Delano. Inaku pazaruva vo evrejskite prodavnici... Epicure i Whole foods na Alton rd. ... A mlekarite neka si cekaat i ponatamu... Jas ne znam sto pa policijaci i specijalci go stitat "IMOTOT" na "GAZDATA" Moshe Baum.... Kakov gazda be... prevarant najobicen... pimp od new york... Gruevski treba da se zatvori i na toj Moshe Baum da mu se zabrani da vleguva vo Makedonija. A mlekarite da si ja zemat mlekarata i samoupravuvanje, kako porano... Pozdrav od soncevo Miami... Denes e malku oblacno.. izgleda ke vrne...
Од: Flaster siti
Датум: 14.03.2009 01:24:41
Кај е сега Минхаузен да пие јогурт и да се слика со “инвеститорите“? Секоја лага постара од 6 месеци ја покрива со нова. Кај ќе му биди крајот кога еден ден ќе им пукне на сите невмровци во државава? Тогаш ниту неговите колеги по арамилак од МПЦ не ќе можат да му ги исперат сите гревови. Грујо во Идризово!
Од: Mr. No
Датум: 14.03.2009 01:53:25
“Веќе нема да има млечна криза“, широка насмевка (“i zlatan zub, samo zapovedi sta cemo svirati“) и пиење Сведмилк јогурт, без бурек со урда, кажано од Г'ујо пред една година на предвремените избори 2008 и свечено отварање на Сведмилк во кампањата “Преродбата продолжува“. (“Stize jesen dunjo moja, al tek polako ...“)
Од: Narodot
Датум: 14.03.2009 01:59:01
Buckovski ja izgubi vlasta samo zasto potpisal za Bacilo!A od obvinitelstvoto bese pokrenato obvinenie,zatoa sto nabavil delovi i ja ostetil drzavata za 3 milioni evra!A koga ke Obvinitelstvoto ke pokrene obvinenie protiv Gruevski za 17Milioni evra otstetata koja narodot treba da ja plati za OKTA?Gruevski ke se brani pred javnosta deka sme se dogovarale so OKTA tie 17milioni,da ne im gi plati Makedonija na OKTA!Narodot ke go prasa,a kakov dogovor za kompenzacija e toa gospodine Gruevski?Sto im davate na OKTA za tie 17Milioni?Pod hitno treba da se obelodeni??
Pod hitno treba da odgovara licno Premierot Gruevski za propasta na SWEDMILK,taa e formirana,finansirana,kontrolirana direktno od vladata,a normalno deka Gruevski licno ne moze da upravuva so SWEDMILK,tuku postavuva svoi lugje vo menagerskiot tim?Vednas stocarite da barat direktno od obvinitelstvoto da pokrene obvinenie protiv menagerskiot tim na gruevski?Pod hitno da se vklucat pravni eksperti,top advokati i privatni detektivi!
Од: васко
Датум: 14.03.2009 02:01:38
Ги подржувам сточарите во протестите,а воедно ја охрабрувам владата доколку има криминал да поведе постапка.Ама никако не ги подржувам сточарите дека владата им е крива крајно никој не ги терал да го даваат млекото во шведската млекара, па неможе владата за се да им е крива, неможе да им е крива за приватна фирма што не работела добро, кој што ќе прави ајде на протести пред влада, ај да се работеше за државна сопственост добро, оправдано е да протестираат пред влада,ама сега владата приватни сметки да подмирува неможе така, владата направи се во нејзина моќ да им помогне на сточарите,ама неможе таа да им го врати долгот!!!!!
Од: ljupco,bitola
Датум: 14.03.2009 08:28:52
Контрадикторни изјави од сите страни,каде е тука вистината,не знам.Оваа ситуација се дешава во најлош можен период,на сред изборна кампања, така да подбуцнување и манипулација со маката на селаните е евидентна. Другарчината од сдсм како лешинари ги потпалуваат страстите кај напатените сточари,без притоа да понудат визија како тие би го решиле овој проблем. Типично за нив.Па и овој напис во вашиот весник е во таа функција.
Од: blagica kavadarci
Датум: 14.03.2009 09:06:51
Se sekavate li koga Feni Industri strajkuvaa pred vladata, im rece ministerot nie ne se mesame vo privaten imot. Isto e so stocarite , nikoj ne gi terase mlekoto da go davaa vo swedmilk. I odma sega sds obvinuvaat vladata e kriva .Sramota
Од: do makedonec vo eu
Датум: 14.03.2009 09:16:02
Ne znam dali si svesen sto komentari pisuvas . Na mene po komentarite mi licis na makedonec od nekoe zaostanato selo od 19 vek.
Од: Vrves
Датум: 14.03.2009 09:20:21
Sega koga site baraat da imame fer odnos dodeka traat izbornite procesi se drzna SDSM da organizira nasilni demostracii.Makedonija ne e moneta za potkusuruvanje pa ke si igrate.So sila nisto nema da postignite.Nesrekata koja ve ima zavateno ne dozvoluvajte nekoj da koristi za da dojdi na vlas.Samo koga tie bea na vlas mlekoto se otkupuvase za 6 denari a evroto bese i togas kako i sega.Vo oviegodini sekogas kupuvam makedonsko mleko noaku vaka prodolzite povekenikogas nema da kupuvam,pa koga sakate sami sebesi da si nastetite togas ajde da Vi pomognime.Iako vasta propast ke bide i makedonska propast.Ostavete da pominat izborite teskidenovi se za makedonskoto opsestvo no denovive ima pozitivni signali dajte i sansa na vladata i vasiot problem ke bidi resen.Tamu kade sto ke se otkrie kriminal nema da ostani ne rascisten veruvajte na ona sto dosega e sraboteno toae dokaz deka i vo idnina uste podobro ke se raboti.Novi izbori ke ima za triipol godini.
Од: MLEKARKA
Датум: 14.03.2009 09:28:12
Gruevski i Spasenovski voapsana - Idrizovo, ama gordeto ne smee, grujo ke ja izbrka od rabota, neviden kriminal, TAT za ova e nula.
Од: Regaconi
Датум: 14.03.2009 09:29:09
Mlekarite treba da povedat postapka pred sudovite za naplata na svoite pobaruvanja a so vremena merka da baraat zamrznuvanje na imotot na Svedmilk od koj eventualno bi se namirile nivnite pobaruvanja. Kako dozvolile tolku vreme da ne im se plakja ne mi e jasno i sto cekale. Ima institucii i postapki za naplata. E sega ke vleguvale vo mlekarata i sto ke naprava t i da vlezat?. A za vinata na Gruevski, toa e kako nekoj da e kum ili igra na necija svadba a potoa mladite se razvedat pa kriv im e gostinot ili pak kumot.
Од: rostuse
Датум: 14.03.2009 09:29:33
Gospod da cuva i da brani!!!!-ovoj Acko pile mu go ispil mozokot.
Од: pelince
Датум: 14.03.2009 09:32:27
Deka ima tuka kriminal i deka nesto smrdi e mnogu jasno.Vladata tuka mora da intervenira so svoj tim da se rascisti ovaa lakrdija.Prasanje za stocarite, dali tie imaat napraveno legitimen dogovor so Svedmilk za otkup na nivnoto mleko, so koj dogovor moze da se tuzi i sutski da se izvadat parite od akcionerite.I od onoa sto najveke se plasam a toa e mesanje na nasite "oligarsi" kako akcioneri vo Sved milk, a tuka ni gospot veke nemoze da pomogne.Ako Vladata izbegava od procesluvanje na rabotenjeto na Svedmilk, togas smrdi uste poveke i .........
Од: dbreak
Датум: 14.03.2009 09:34:32
Site onie koi ne gi podrzuvaat mlekarite i ki obvinuvaat, i so barat samo izgovor za nivnata nesposobnost. Deka cenata na mlekoto padnala LAZAT; Lazat samo da go do-iskradat narodot. Cenata wa nekolku godini skokna od 35 na 60 denari. A otkupo stagnira; CRVEN KARTON ZA POLTRONITE NA VLADATA
Од: strumica
Датум: 14.03.2009 09:50:58
ne e nisto odgovorna vladata?????? a koj e odgovoren??? koj gi terase da zemat krediti? koj im vetuvase deka za stocarite dojdoja svetli denovi? VLADATA Gospodo Vladata.......taa nikakva bez koncept Vlada..........koja site pari gi trosi samo za reklamiranje..........ama ke se slucat crni denovi ....ke se stavi kraj...pleka poleka se otvarat ocite na narodot........kako ne mu e sram Na nasiot premier da vika deka ne e odgovoren......do dusa toj celiot e sramota ama Ve Molam PREKINETE DA GO STITITE...NE NOSI VO PROPAST.....mozebi sdsm ne se poarni ama Grujo pa ic ne go biva..........ZATVOR ..
Од: makedonski
Датум: 14.03.2009 10:11:00
za ljupco od bitola
Resenieto postoi i e kazano mnogu pati.Samo parite za reklami da se namalat ke se isplatat mlekarite, a posle vladata neka brka rabota so Swedmilk
Од: tihi
Датум: 14.03.2009 10:14:07
na 15 septemvri narodot ke ja zeme sudbinata vo svoi race.mislite sme zaboravile.abe procitani ste veke odamna.dajte nekoja druga finta,ne ja zloupotrebuvajte makata na mlekarite.
Од: Branko
Датум: 14.03.2009 10:20:36
Do Igor-bt,uste li ne ti e jasno deka ako napravis mal prekrsok TIE nema sto da zemat pa zatoa te osuduvaat na nekolku neseci ili godina a koga ke se napravi nekoja milionska suma nisto na se prezema zatoa sto i TIE imat sto da zemat a za narodot koj go sisa,(Vladata).Farmerite ne trebalo tolku da cekaat isto i kako i site vraboteni vo Makedonija stom nema plata ili isplata za ede mesec ako e mesecno STOP a vaka site takanareceni "Gazdi" ke se nafatiraat i nikomu nisto.Koj slusnal dali nekoj od novopecenite gazdi vo Makedonija e Likvidiran,NIKOJ e koga nekoj ke zavrsi vo nekoj sokak togas i tie gazdi ke se zaprasaat dali seto toa sto go pravat e dobro???? e do togas tie ke go ograbuvaat posteniot rabotnik ili Zemjodelec(Farmer).
Од: Мина
Датум: 14.03.2009 10:26:30
Немој да мислите дека овој народ е малоумен и дека нешто му фали, луѓето веќе не веруваат во оие намесени скандали и уште, ни помалку ни повеќе пред избори.
Од: Трпе
Датум: 14.03.2009 10:41:10
Ги жалам фармерите за некој што не сака да им ја исплати маката.Од друга страна ги осудувам за грешката што ја направија на 1 јуни.Што пагат на ефтини штосеви на ЕПП владата.Тука влегуват голем број на земјоделци стечајци и други.Кога ке се свести македонскиот народ дека од две зла треба да се избере помалото.Сеуштер некои трубат за ТАТ,а дали и таа не беше приватна.Нека се свестат кој се поголеми лопови.Нормално овие кои кога ја губат власта се разбегуват низ светот со резервните пасоши кои ги имат во џебот.Во овој случај владата,носи голема одговорност како и во случаите телеком,окта а овие за платежни картички,патриотски каси денот на дрвото(кога се перат огромни суми пари за садење ,кобајаги милиони садници а се перат пари а од друга страна масовна бесправна сеча на шумите со благослов на владата)Каков народ таква влада.Но страдаме и ние невините.
Од: Струмица со вас
Датум: 14.03.2009 11:05:09
Луѓе остајте ги партиите,вие сте силата.Народот дава и зема власт,па затоа добро размислете
за кого ќе гласате(и негласањето е начин на избор).Овие се бетер од претходните,ама кој ви е крив,кога вие(земјоделците,фармерите)ги донесовте на власт.Што да кажам,немојте да се плашите,додека не покажете заби,нема за сериозно да ве есапат.Барајте си ги парите од пред владата,тие ве наседнаа со своите „инвестиции“.
Од: trocki
Датум: 14.03.2009 11:14:33
Poddrska za stocarite. Neka ne popustaat, site sme so niv. Neka ja zazemat mlekarata i neka postavat svoja vlast. REVOLUCIJA za ovaa zemja! Toa e potrebno. "Krenetese na noze site kleti, krenete se site izgladneti...."
Од: sramota
Датум: 14.03.2009 11:18:49
Sram da im e na farmerite, sto baraat pred Vladata? Pa zarem ne znaat deka Vladata e na DPMNE, pred vlada moze da se protestira samo koga DPMNE e vo opozicija a ne na vlast. Pa uste zamislete sega pred izbori. Pred izbori moze samo da se potpisuvaat memorandumi, da se frlaat lopati po tret pat na isto mesto, da se sadat drvca da se gleda Milenko, Latas, Manko, da se cita Mirka. Uste ednas ke recam, sramota!!!!
Од: petar
Датум: 14.03.2009 11:29:25
Abe Grujo,Grujo,ako trgnam da te kolnam ne do sedmo,ami do 14 koleno,air da ne vidis, so gi zapusti lugevo(mlekarite).Ova e vo stil na negoviot kandidat-pretsedatelski.Koj pak smeta deka bile ugoru a nekoi drugi udolu.ko nekoi svetci da se be GOSPOD DA CUVA
Од: Irina
Датум: 14.03.2009 11:37:05
Swedmilk e privatna firma,toa so premierot ja secel lentata nema nikakva vrska so rabotenjeto na gazdata na swedmilk,ja secel lentata se slikal i sega isplati ni go dolgot...a be so nacija sme..?!?
Од: борец за вистината
Датум: 14.03.2009 11:58:04
Какосамо се фалеше грујо со своите поданици и
платеници(Томиќ ,павловиќ-Латас,осветникот Миленко,бумбарката и дебилниот јанко)дека Свед-
милк е топ компанија.Сосилна кампања ги натера
фармерите да влезат во бизнис.Испадна голема
измама.За една година 36 милиони долгови
Невидено!!!???.Наместо за 1еврона моше млекарата на фармерите.Тие ке ја платеа 6милиони евра .Невиден криминал на владата.Тие го донесоа моше.Наздравје шишање со бричење на суво.Свести се македон.
Од: bogoljub
Датум: 14.03.2009 12:11:07
do site takvi kako acko i ostanatite ovcari na vladata,odete kupuvajte mu burek na nikola gruevski a koga ke dojde vreme da se plati po dve rafalcinja i edna fiska po glava neka vi dade pa gledajte familii so toa i plakajte danoci na drzavata.alooo,kakvi sdsm,kakvi vmro,kaj zivees,ti izgleda nemas smetki za plakanje na prvi vo mesecot.ovcar eden
Од: mima
Датум: 14.03.2009 12:11:29
So pa ti go spomnuvas Branko Crvenkovski?
G'uevski-sirota ne moze ni senkata da mu ja vtasa a ne pa da bide vtor Branko...A za podolniot komentar?
Za poencinjata kaj SDSM, toa e najmalku bitno!Sramota e na lugevo sto im pravat...Toa se slucuva vo cela Makedonija...Samo neznam slepi li se, gluvi li se,tie sto mu veruvaat na G'uevski?
Za kratko vreme cela Makedonija ke ja sfati situacijata i ke PADNE VLADA!
Од: Vanco od Strumica
Датум: 14.03.2009 12:58:09
Do Ljupco od Bitola, vasite komentari gi smatram za edni od najrealnite(uslovno kazano), no denes pisuvate nesto sto e veke kazano, vprocem SDSM izleze so jasen predlog do vladata, koj predlog sakase da odi na rasprava i vo parlamentot, bidejki predlogot doaga bas od SDSM istiot ne e prifaten.Da ve podsetam na predlogot: Vladata da go otkupi dolgot na mlekarnicata prema mlearite i so istata suma da ima eden vid akcii vo istata, potoa samo ke gi prodade koga istata ke profunkcionira(ako profunkcionira).Dali gospodinot Ljupco od Bitola e za VMRO zatoa sto ne treba da bide za SDSM.Dali treba da go amnestirame od odgovornosta prema TAT B.Crvenkovski, ako veke uslovno kazano go amnestirame N.Gruevski. Zoran Zaev bese pritvoren , i setan kako mecka po Makedonija za kriminal od nedokazani 8 milioni evra, a ovaa mecka vo mlekarnicata nikako da zaigra, a se raboti za suma tripati pogolema od onaa na Zaev.Pozdrav do Utrinski i da vi kazam deka vie ste najdobri.
Од: Stefan
Датум: 14.03.2009 13:09:10
vmrovcinjata stanuvaat se poocajni i posmesni....od koga tie pocnaa da pocituvaat privaten kapital??od koga padna vladata na Buckovski blagodarejki na ovie "seljaci" koi sega strajkuvaat pred vladata,blagodarejki na tutunarite i lozarite tie gi dovedoa na vlast ama vo toa vreme nekoj morase da prezeme nesto za da konecno trgnat rabotite....i lozarite koga strajkuvaa sopstvenik na Tikves bese i seuste e Sveto Janevski znaci se rabotelo za privatna kompanija ama nemozese da im se objasni na lozarite deka smederevka nikoj nesaka site sakaat sortni grojza so poveke sekerni edinici tamu bile parite sega se preorientiraa i nema problemi vo otkupot bitno Bucko bese kriviot a nikoj ne go branese taka zdusno kako sto sega vmrovcinjata go branat Grujo i privatniot kapital..za tutunot i da ne objasnuvam sekako izleguvate smesni branejki go Minhauzen mesto da i mislite dobro na drzavata za site da imaat a ne samo vie od drzavnata administracija.Sramota!
Од: Kire
Датум: 14.03.2009 13:31:32
Batka samo vie lajte si oni si go napravija tovarot znaat deka i so kogo si imaat rabota. Makedonski narode zemise ednash za sekogash nasebe.
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 14.03.2009 13:50:50
Навистина луѓето не можам да ги сватам,колку човек повеќе добро им прави му враќаат со лошо.Таков е и случајот со Свидмилк,Груевски со сите сили и напори прави во Република Македонија да се донесат што повеќе инвеститори и со тоа да се зајакне економијата, воопшто не е виновен со актуелниот случ��ј со Свидмилк, виновни се раководството на Свидмилк и начинот на менаџирање.
Од: baba
Датум: 14.03.2009 14:13:08
Mislam deka treba da se donese zakon so koj sekoj praven subjekt shto se zanimava so otkup treba da deponira bankarski depozit vo visina koja bi pokrila 100%procenti od otkupot i na toj nachin bi se steknala so licenca za otkuop(ne e samo mlekoto, tuku i tutun, grozje,itn) Na toj nachin
1-Bi se dokazzalo deka firmata e seriozna i ima soodevtna finansiska mokj za da vrshi otkup
2-Vo sluchaj da ne plakja i da docni samo eden mesec , bamkarskata garancija bi se aktivirala i na firmata bi i se odzela licencata so koja se ovozmozzuva otkup.
Vaka kako shto e sega sekoj mozze da se zanimava so otkup na se i seshto, lugjeto mnogu lesno se doveduvaat vo zabluda i se vrshi eden chist kriminal-, a od razvoj na zemjodelieto i prikaskite deka mozze da se zzivee od zemjiodelie nema nishto osven koga se upotrebuvaat vo propagandno reklamnio celi
Од: ВМРО-забавна!
Датум: 14.03.2009 14:15:14
А бре народе-ОВЦИ. зарем до 7(седум) КОЛЕНА ке ги трпите овие ВМРООВЦИ !.На 22 март ви е шансата ДОСТОИНСТВЕНО да му одговорите на Груевски и......крај!!!!!а ако НЕ! ке рупате ТРЕВА(и некое зелче) и ке водите ВИСОКА политика и..уште 27 КОЛЕНА ке го чекате БУКЕФАЛ!!!!!!
Од: jimmy1
Датум: 14.03.2009 15:02:22
Nemozam da svatam dali ovaj Lupco od Bitola, Irina, Miki maus i nekolku drugi se VMRO-ovski platenici ili pak tolku im rabotaat klikerite, sto velat, mozebi tolku im dodelil gospod. Gi zalam sirotite no ne mozam da im pomognam. Koga ke se dozvoli da se registrira privatna firma, vladate se obvrzuva za zastita na kooperantite so taa firma, a voedo zastita na firmata. I ednite i drugite plakaat danok na drzavata pa zatoa e obvrska dvete strani da imaat drzavna zastita. Dali firmata bila privatna ili ne, sepak taa treba da raboti sprema zakonite na drzavata, i nemozi da pravi sto saka. Dokolku postoi zakon deka na firmata i e dozvoleno da pravi sto saka, i da ima pravo da ne im plaka na mlekarite, ondak zosto ni se stranski investitori za da gi plackaat kooperantite i drzavata, podobre neka se nasi i da ne kradat barem parite ke ostanat vo Makedonija. Vo slucajov Grujo bara stranski investitori za da ne kradat a ne da e podobrat nasata ekonomija. Treba zavzemanje na vladata i sikter site.
Од: Verag
Датум: 14.03.2009 16:27:52
Груевски поарно нека не шета по светот за да донесе вакви инвеститори,нив ги имаме доволно дома Се слика со сите инвеститори,а кога ќе испаднат утка вели јас немам ништо со нив,само се сликав. А ако испаднат добри,тогаш нема да престане да се фали дека тој ги донел. Манипулатор,нема што. А овој Моше ја има истата улога како глумецот кого го донесе исто ВМРО во Бучим,откако нивниот директор го упропасти рудникот.А денес видовме што ќе добијат фармерите од Владата- прекршочни казни или затвор.
Од: toni montano
Датум: 14.03.2009 18:35:16
celo vreme slusam od mediumite deka se pusteni pari na mlekarite , no me intersira na koja smetka se pustaat pari , koj djeb se polni sega?Zosto na mlekarite ni denar ne e pusten . Kako ne gi e sram i strav od gospod i svedmilk i vladata . Dali imaat nesto covecko vo niv da svatat deka toj narod ke ostane bez pokriv nad glavata ako ne im se isplati celiot dolg koj sto gi sleduva. gospod ke go kazni grujo za ovie godini vlast ja rasturi celata drzava se sto pipna i kaza se e unisteno a za prekrsocnite prijavi do organizatorot na protestite pred vladata neznam ni sto daKAZAM odi si Grujo od Makedonija ti si ramno na hitler
Од: koki
Датум: 14.03.2009 18:37:12
ова со Сведмилк е исто како самоубиството на новинарот Владо во тетовскиот затвор, цел свет ни се чуди бидејќи во аналите на криминалистиката не е познато давење во кофа вода, ова со Сведмилк е повторно некој ВМРО-вски феномен на пљ��чкање на народот...
Од: ace
Датум: 14.03.2009 18:41:34
Dobro be lluge ne mi e jasno veke koj sto pravi i koj sto kazuva neli gledate PROPAGAME od den na dene se poveke i poveke ne samo finansiski tuku kako so trgnalo ke ne izbrisat i od kartata na svetot Grueski so saka to pravi so nikoj ne se konsultirai so mislam oti e najtragicno toj e ubeden oti toa so go pravi e ok. pa ne bara od nikoj mislejne, gi vraboti site vmrovci vo administracija jas ne poznavam covek od vmro koj ima visoko obrazovanie a da neee vraboten kogaodam po tie kancelariite drzavni abe ima so da visi po desst luge u dvakvadrata koj od koj se postrucen koj gi plaka koj plaka reklamite koj plaka kampajnite abe haos i gi najde tie pacientite okolu sebe milenko janko latas i vrvot na site tomik heheh i sega neznae grrujo sto se slucuva so mlekarite on ne bil nadlezen pa koj e be i gi gledam komentarite na nekoi luge i se cudam i netrebalo da go davaat mlekoto a kaj da go dadat kog imaat krediti i samo toj so ima cuvanostoka znae kako se doga do toj denar.
Од: R.R.
Датум: 14.03.2009 18:50:03
Abe ajde vi se molam,ako sekoj sto ima neplateno smetki od nekoj privatnik doaga pred Vladata i bara taa da mu gi podmiri smetki ......do kade ke stigneme??? Pa i na lozarite ne im e isplateno grozjeto,treba da dojdat i tie????Sramota e ova sto go pravat mlekarite.Neka odam kaj toj sto im dolzi ne kaj Gruevski!
Од: od bobbi svetska
Датум: 14.03.2009 19:35:50
Jas nemozam da svatam kako ovie kakaraskite od kavadarci i od Vmro go podrzuva maliot grujo tuka vladata e odgovorna 100 procenti tie e go donesoa Swid milk grujo gi bira negovite kriminalni lakeeri i perfekten kriminal i posle se smeeat so Mlekaritei posle Swidmilk im go donese Baum naj golemit evrejski kriminalec i uste ednas da gi zaevat Mlekarite Grujo treba da ide na robia toj sigo deli profitot so crvenkovski i romkovski i pred vas glumi Teater pozdrav do Mlekarite nema vlada za koja ke glasam.
Од: Даци
Датум: 14.03.2009 19:50:37
Како моѓело толку долго државата и нејзините контролни институции да не приметат дека Сведмилк направил 38 мил. евра долг. Каде се тогаш тие пари???
http://www.youtube.com/watch?v=DI9Zw6QdS-0&feature=channel_page
Од: jovan
Датум: 15.03.2009 07:23:56
i stocarite se budali so go davale mlekoto bez paro eden mesec zakasnuvaat so ispjatata ne im go davajte mlekote. Sekoj stocar ima svinji doma. Molzi go mlekoto od kravite i go davaj na svinjite da go jadat so krma i pa fajde ke imas a ne bes pari dago davate mlekoto. vladata nevi kriva oti toj ajdukot nevi go pjatil mlekoto neste potpisale dogovor so vladata davi go otkupuva mlekoto za toa svestetese danese nekoj mocko lukusuzira so vasata maka.
Од: Македонија
Датум: 15.03.2009 13:53:56
Не сум земјоделец,нити пак се разбирам од тоа..ама знам дека тој евреинот е донесен од нашиве чауши да им земе млекарата за 1 долар како што се правеше во 1998 година..тоа беше изгледа нацрт програма на Никола,не на Љубчо пошто е филозоф...ми идаt зборовите на Јане Сандански....Кога падна на Пирина ранет јане Сандански................остајте ме трук да умрам..Мајка Македонија други ке роди ке е ослободат..ако вакви очекувал Јане се излажал..За срамота кокавички народ...доживеал кулминација во својот кукавичлук..го крадат и ќути..само ќути...има ли Македонци во Македонија?...јас ке дојдам организирајте се сите против Скопје..долу Скопје и Скопската Мафија...УРА!!!!
Од: Стојко
Датум: 15.03.2009 14:18:04
Овој американец да не му е некој роднина на оној американец што го купи - исто од дпмне-овци - Бучим?