16.09.2012, 17:24 Деканите се нацртаа на молитва за академската година
На поканата за молитва се одзваа мал број студенти и професори. На литургијата дојдоа ректорот на УКИМ и деканите
Даниела Трпчевска
Со молитва и остри критики за атеистите вчера на Богословскиот факултет во Скопје за првпат се одржа црковна молитва на стартот на новата академска година. Поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан кој ја предводеше литургијата што ја организира УКИМ, поточно Православно-богословскиот факултет, на присутните им рече дека религијата не треба да се плаши од научните вистини, а науката не треба да заборави дека Њутн, Ајншјан, Тесла биле религиозни и за се' што постигнале му благодариле на Бога.
„Сите што се против денешната молитва го оспоруваат делото на нашите просветители Свети Кирил и Методиј, првиот наш универзитет кој беше место за молитва, првата книга на македонскиот јазик беше молитва. Со денешната молитва немавме за цел никого да присилиме да дојде или пак да го направиме верник. Секој е добредојден. Богословскиот факултет е придружен член на Универзитетот. Можеби доликуваше повеќе сите да отидеме на Универзитетот. Уште има такви кои на други не им даваат да дојдат“, рече г.г Стефан, критикувајќи ги сите оние кои што изминативе денови го оценија одржувањето на молебенот како упад на верата во образовниот процес.
На поканата на ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, за молитва на првиот академски час, се одзваа мала група на студенти, а иницијативата предзвика полемики и меѓу професорите. Освен ректорот и деканите на речиси сите факултети, на литургијата во црквата „Свети Јован Крстител“ и во Богословскиот факултет, се појавија само неколкумина професори. Пред вратите пак, со транспаренти во рацете, против овој чин реагираше здружението „Слободен Индекс“.
„Истапуваме денеска со ваква реакција погодени од бизарноста на сета ситуација. Статутот е пишан со идеа и смисла, како ли на ум ви падна ваква мисла? Кој од денеска автономија ќе брани, кога нејзиниот заштитник пред светот ја срами? Сега молчат сите што треба да станат – знаат добро од чиј џеб се хранат“, изјавија од студентското здружение.
Но според црковниот поглавар Стефан, МПЦ никогаш немала активности на штета на својот народ. Времето и историјата, додаде тој, се најдобар судија за тоа кој повеќе придонесол за науката, културата и образованието и кој оставил потрајни вредности - оние што знаеле за Бога или оние другите. Прашање е како ќе се одрази на идните генерации ваквиот статус на веронауката, како и немањето на духовниците во затворите и во армијата, вели тој и додава дека во тој поглед заостануваме зад сите поранешни ју-републики.
„Колку време уште ќе ни треба да ги разбереме духовните потреби на нашиот народ? До кога со секуларноста на нашата држава ќе се оспорува и она што не е за оспорување. Конечно треба да се разбереме дека секуларност не значи и безбожност. До кога атеистите ќе сметаат дека им припаѓа поголемо право од оние кои се декларираат за поинакви од нив. Затоа што според сите анкетите религиозните се помногубројни од нерелигиозните во Македонија. Тогаш во име на која наука, во име на слобода на медиумите и слични се прави таквиот напад. Сите култури и науки се родени во религијата. Религијата е исконското доживување на светот. Денес, покрај сите постигнувања на науката, религијата има свое место и во животот на оваа и на идните генерации“, вели поглаварот на МПЦ.
Ректорот на УKИМ, Велимир Стојковски, минатата недела до професорите и до студентите упати молба да присуствуваат на молебенот кој ќе го организира Православниот богословски факултет „Свети Kлимент Охридски“ по повод на новата учебна година. Повикот предизвика реакции кај дел од професорите , кои изјавија дека се шокирани од постапката.
Професорката Билјана Ванковска која беше најгласна во критиките на ваквиот потег, вчера на својот „Фејсбук“ профил одговори на критиките на г.г. Стефан.
„Со оглед на тоа што верските убедувања се лични права на поединецот, а слободата на вероисповеста вклучува и слобода на неверување во ниту една религија, поглаварот на МПЦ може да настапи само во името на својата црква и паства, но не е ниту над Уставот ниту над за��оните, па ниту над Статутот на УКИМ кој во член 13 забранува верски активности и користење на верски обелележја. Јас сум позагрижена за тоа што ректор ми се заканува со дисциплинска постапка, отколку што г.г. Стефан фрла анатеми за оние кои не се согласуваат со денешниот бизарен почеток на академската година. Ако пораката ми е упатена мене, ќе кажам дека е на погрешна адреса - тој нека си го гледа своето стадо, а јас моите студенти“, вели Ванковска.
Полемика
Г.г. Стефан : „До кога атеистите ќе сметаат дека имаат поголемо право од другите. Уште има такви кои на други не им даваат да дојдат на молитва“
Билјана Ванковска : „Ако пораката ми е упатена мене, ќе кажам дека е на погрешна адреса – г.г. Стефан нека си го гледа своето стадо, а јас моите студенти“ |
|
Статијата е прочитана 3542 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Mirko, 17.09.2012 02:13:37 | Vankovska, vo stadoto spagjame site, a vie verojatno ste edna od zagubenite ovci,koja ce treba da se vrati vo stadoto. I ne zaboravi deka od takva ovca kako tebe, ne se stanuva pastir, a ti uporno sakas da bides pastir. |
| zik, 17.09.2012 03:35:48 | кој тоа таму пее!?(фалш) |
| makedonec, 17.09.2012 03:45:22 | Potpolno se soglasuvam so konstatacijata na profesorkata deka sekoj covek ima pravo na svoja verska opredelba,,,ama profesorite se pri sto se vakaat za skoboven den pa i da e verski a mozi i ke si go povrzat za da isteraat odmor,,,ako mozi da se pocutuvaat vreskite slobodni denovi za da ne odat na rabota togas nema da se sinat ako pojdat na edna skuzba vo crkvata,,,
|
| bitolcanec od kanada, 17.09.2012 05:25:39 | Pozdrav do profesorkata, koja bi sakala da kaze mnogu poveke za nastanite koi se odvivaat denes pomegju crkvata i naukata, pomegju dekanot i poglavarot, pomegju premierot i denesnite zakoni, pomegju ona sto denes se desava do vcera bese najgolemata glupost, za onie sto do vcera ja kritikuvaa crkvata denes so rasireni race ja pregrnuvaat istata i tkn. Za profesorite koi se molat na boga i baraat istiot da im igi oprosti site greovi sto gi napravile vo minatoto. Jadni dusicki skoluvani vo edno opsestvo, steknale dobar zivot vo denesnicata za otre po smrta da bidat odvedeni vo rajot, mozi vo pekolot ako ne se poslusni na dekanot ili ako ne go dobiat blagoslovot od Stefan. |
| Itar Pejo, 17.09.2012 06:52:26 | Univerzitet so vakvi dekani ne treba da se plasi za svojata idnina. Nikoj od niv, ni rektorot i dekanite, nema da bide lustriran niti pak decata ce im ostanat bez rabota. Nesakam ni jas da bidam lustriran i zatoa sveceno izjavuvam deka site nie (osven prilepcanite) poteknuvame od Adam i Eva i deka ziveeme na zemjava koja sto e ramna ploca i okolu nea se vrti sonceto i deka edinstvena crkva koja sto zboruva vo bozje ime e MPC |
| пријател, 17.09.2012 06:57:48 | Кирил и Методиј му створиле писмо на Словените преку кое требало да се шири христијанската религија.Обичните луѓе ги слават затоа што им поклониле писменост,а цр��вата затоа што преку тоа писмо се ширела нивната религија.За обичните луѓе тие се Кирил и Методиј,а црквата ги прогласила за светци па се свети Кирил и Методиј.Затоа нема врска тоа што го вели поглаварот на црквата.Инаку науката никогаш намала корист од религијата.Напротив религијата секогаш била кочница за науката.Инаку Христос никогаш не го правел она што го прави пог.Стефан.Не ги делел луѓето на верници и атеисти туку на праведни и неправедни(„Не сум дошол да ги повикувам праведниците на покајание,туку грешните“-Лука.5,32).Св.ап.Павле:Бидејќи пред Бога не се праведни оние,што го слушаат Законот,а ќе бидат оправдани само оние,што го исполнуваат Законот.Зошто незнабошците,немајќи Закон,сами од себе вршат се`по законот...До Римјаните.2,13-16. |
| blagoja, 17.09.2012 07:51:22 | Kavi popovi, takvi intelektualci,takva i drzava. |
| Од мене, 17.09.2012 08:41:56 | Браво за професорката! Надвор попови и оџи од образовни институции! |
| So Bozja pomos., 17.09.2012 09:20:19 | A dedo Stafane, zoste ne udris edna molitva i protiv ovaa recesijava, oti eve Grujo i Stavreski se naporegaat od petni zili ,ama eve ne mozat da ja sovladaat . Po se izgleda im treba Bozja pomos.. Belki ce te cue Gospod i ce ni pomogne |
| student, 17.09.2012 10:05:59 | Ocekuvam Stefan da ni odrzi nekoj cas po biznis,pa belkim ke bidime uspesni vo taa oblast kako nego.Mene kako student po ekonomija toj mi e idol |
| ace, 17.09.2012 10:08:51 | Тесла не бил религиозен. Тоа може да се прочита во биографијата напишана од неговиот најпознат биограф, Џон ОНил во книгата „Ненадминливиот гение“ , каде напишал (цитирано од српското издание од 1944 г.)„Тесла није припадао ниједној вери. Рано у животу је раскинуо са црквом и није прихватио њена учења.“ (Ненадмашни геније,1944).
Ајнштајн исто така не бил воопшто религиозен. Во своето писмо од 3 јануари 1954 до филозофот Ерик Гуткинд (којшто му испратил на Ајнштајн копија од својата книга „Одбери живот: Библиски повик на револт“) Ајнштајн му вели: „“Зборот бог за мене не е ништо повеќе од израз и производ на човечката слабост а Библијата колекција, вредна за почит, но и понатаму само колекција од промитивни легенди кои се ни помалку ни повеќе туку детски. Никаква интерпретација, без оглед на тоа колку и да е вешта,не може да го смени моето мислење“. Толку од религиозноста на Ајнштајн.
Њутн, кој што, патем живеел пред околу 350 години(1642-1727) бил застапник на креационизам, н |
| mile, 17.09.2012 10:36:55 | По лицата им се гледа дека се сосила дојдени.............. |
| mariovec, 17.09.2012 11:50:01 | Mirko, cedo bozje, a zemjata se vrti, okrugla e ili ploca koja slon ja nosi na grbot?!Pastiri kolku sakas kaj nas, imaat mnogu materijal za obrabotka. Ace, nemoj taka da pisuvas zosto mozebi ke te proglasat za Juda, pa i na kladivo mozes da zavrsis.Da te spalat kako Jovanka Orleanka, pu,pu skraja bilo.Ti Ace pod hitno da upises veronauka,ubrzani casovi za da se informiras. Nemoj taka, ta jas citam deka Stefan rekol...... |
| Славко, 17.09.2012 12:28:42 | Така е , Мирко! Беееееее! |
| Baba - Mileva, 17.09.2012 12:56:00 | Dedo Stefan gledaj si gi biznisite tamu si mnogu uspesen a neli se plasis da ne te stigne bozja kazna.Site popovi vozite dzipovi od kade vi se parite ziveete vo luklsuzni kuki a na gladnite i siromasni ne ni pomisluvate . |
| od dijaspora, 17.09.2012 13:12:58 | dedo stefane soberigi svestenicite i blagoslovigi ikazimy kako da rabota i neznam kade zavrsija sekoj svestenik razlicno krstava i razlicno vencava dyri i za najzalnijo den razlicno go pej pred da go isprati do poslednoto mesto kazimy na petar dane kolni niz avstralija i ostavigo narodo da veryva sam vie ste tie so nikola sto go razdelivte narodo i krst i stavivte na makedonia |
| Самоил, 17.09.2012 13:28:15 | Во стадото единствено што можеш да бидеш е овца ! Пастирот е одговорен ама не е дел од стадото. Овците кои не се однесуваат според правилата ги јаде волкот – ако се изгубат или кучињата чувари – ако ствараат неред или ако не допринесуваат доволно. |
| Toni, 17.09.2012 14:21:10 | Profesorke Vankovska, ve smetav za korektna licnost koja e na stranata na realnoto, megutoa sum gresel vo procenata.vie ocigledno iako so dolgogodisno iskustvo gi nemate ni nacnato iskonskite vrednosti na makedonecot. ve sovetuvam da se pokaete i priklucite na stadoto. |
| Менде, 17.09.2012 15:14:51 | За Ванковска браво, а за таквите како Мирко само овци да им дадат да чуваат ако умеат.
Секој има право на мислење но од сликата се гледа дека на некои од присутните во храмот мислите им се на друго место.
Нема игра со црквата.На големиот Толстој ни до ден денешен не му е симната анатемата заради неговиот став кон истата. |
| ja, 17.09.2012 16:20:31 | БРАВО ЗА ОВА - „До кога атеистите ќе сметаат дека имаат поголемо право од другите. Уште има такви кои на други не им д��ваат да дојдат на молитва“
- СЕ Е КАЖАНО ВО ОВА, НЕМА ПОТРЕБА ОД ПОВЕЌЕ! |
| BitolaHamiltonCanada, 17.09.2012 16:28:52 | Drzavata,shkolite i site drugi javni institucii,sekogas treba da se sekularni.Samo kako takvi,ne pravat diskriminacija kon nikogo.Sloboda na religijata znaci deka sekoj mozi da praktikuva religija shto ja saka,no nema pravo da mu ja nametnuva na drugi taa negova religija.Kako shto Stefan toa go pravi.Sloboda na religija znaci i sloboda od religija.Stefan,ochigledno ima problem so toa.A izgleda i Rektorot V.Stojceski go ima istiot problem.Stojcevski neka go vika Stefan doma da mu drzi molitva na negovite deca sekoe utro pred da odat na shkolo.Univerzitetot treba da ostani sekularen.Kako shto Crkvata saka Drzavata da stoi nastrana od crkovnite raboti,taka i Crkvata treba da stoi nastrana od drzavnite raboti.Biljana Vankovska e vo pravo.Mozda ke ja izgubi rabotata zaradi nejzinata pravda,oti mnogu e teshko da se borish protiv moknici shto ja potisnuvaat pravdata.Sepak,na krajot pravdata pobeduva kako shto ke pobedi i vo slucajot so Biljana. |
| Митре, 17.09.2012 17:14:56 | Стефанеее, немој да лажеш дека Алберт Ајнштајн и Никола Тесла биле религиозни. Едноставно - не биле!!! |
| prlice.si, 17.09.2012 17:32:48 | Pocetokot na coveckata emancipacija lezi vo sposobnosta za sprotovstavuvanje,pa i podsmevanje na aftoritetite,osobeno vrhovnite...Discipliniranjeto na kicmata e nesvojstveno za akademska sredina osven ako ne zavladeala akademska diktatura....Pa i ako me kaznat ke napravat od mene Sokrat......Namesto prof.da bidat avangarda...kolektivno ne vodat na samoosoznavanje vo manastir....Seto ova mirisa na(konzervativna) politika zacineta so temjan....Ovie misli na pocituvanata profesorka Vankovska im gi preporacuvam na moite makedonci vo maticnata zemja i dijasporata,da gi citaat,uste poveke nejzinite kolumni zasluzuvaat napamet da se ucat kako zamena za evangelijata.Zosto?Zatoa sto niv ni gi ispoganija nasite popovi i vladici predvodeni od g.g.Stefan. |
| RODE, 17.09.2012 19:53:23 | OBRAZOVANIETO E ZA DA SE OBRAZUVAS DA BIDES POSTEN VREDEN DA NE LAZES DA NE KRADES I SE DO 10 BOZJI ZAPOVEDI .NIE RABOTNICITE NEMAME , ZASTO GI POCITUVAME 10 BOZJI ZPOVEDI ,STEDIME A NEMAME OD STO I LICNO PORANO CESTO GI POSETUVAV BOZJIITE HRAMOVI A SEGA ZA DA ZASTEDAM POSLABO .PROSTIMI BOZE ZA ISKRENOSTA .I NA SEMAFOR DAVAM PO NEKOE SITNO DENARCE NA TIE STO PROSAT ZA ZDRAVJE NAMESTO DA POJDAM VO CRKVA .AMIN. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 17°C
Делумно облачно
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 27°C, Мин: 14°C
|
Четврток
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 5°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|