Број 3308  среда, 16 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Терористка од Бадер-Мајнхоф го чува мирот во Македонија

Тероризам, траума и искупување - тоа е приказната што ја раскажува Силке Мајер-Вит за „Утрински“

Соња Крамарска


Во безначајната сообраќајна незгода на скопските улици на почетокот на јуни, во која беа инволвирани една германска државјанка и скопјанец, маке��онската полиција немаше поим кого интервјуира еден час подоцна откако се најде на самото место на настанот. Учесник во сообраќајката беше Силке Мајер-Вит, по која германската антитерористичка полиција од 1979 до 1990 година безуспешно трагаше во обид да ја изведе пред суд поради нејзината вмешаност во киднапирање и во убиство.

Малкумина знаат дека во Македонија веќе неколку години живее и работи поранешната терористка на германската екстремно-левичарска милитантна организација РАФ. Позната уште и како групата Бадер-Мајнхоф, која е документирана во истоимениот филм што доживеа светска популарност, оваа организација кон крајот на 70-тите години и во почетокот на 80-тите години изведуваше напади врз германската елита. Одговорна е за убиства на најмалку 34 припадници од високите слоеви на германското општество. Групата дејствуваше од 1970 до 1998 година, кога се самораспушти.

Силке Мајер-Вит (60) е припадничка на втората генерација на РАФ (официјално: Red Army Faction) и, според хроничарите, таа била задолжена за логистиката. Нејзиното учество во РАФ се оценува како релативно кратко и минорно.

„Зошто им се придруживте“, ја прашавме. „Тоа е тешко прашање. Ја поддржував групата, правев се' повеќе за нив и тие ме прашаа дали сакам да отстапам, бидејќи полицијата ме следи и наскоро ќе ме уапси или сакам да останам со нив“. „Да, ќе останам, зошто не“, гласел нејзиниот одговор.

Силке подолго време размислуваше дали да ја каже својата приказна во овдешните весници. Нејзиното име на „Гугл“ (Silke Maier-Witt) резултира со неколку стотици референци и новинарски статии во Германија, Србија и во Косово. Во Македонија, каде што работи веќе три и пол години, е под закрила на анонимноста. „Малку луѓе знаат за моето бурно минато, а оние што знаат не се докрај сигурни што точно се случувало. Но, ме прифатија таква каква што сум“, вели таа. Мајер-Вит по излегувањето од затвор во Германија ги продолжила студиите по психологија што претходно ги почнала во Хамбург.

„Ги завршив, но по неколку неуспешни обиди да се вработам сфатив дека тоа ќе биде тешко таму“, објаснува Мајер-Вит. Набргу прочитала за експлозија на бомба во Косово и видела оглас од невладината организација „Форум за цивилен мир“, која барала кандидати за отворање канцеларија на Балканот. „Се пријавив и така го почнав моето десетгодишно патешествие во Косово, а потоа и во Македонија“.

Мајер-Вит беше притворена во 1990 година поради нејзиното учество во два терористички инцидента, вклучително и за нејзината вмешаност во киднапирањето и убиството на Ханс-Мартин Шлејер, лидер на индустријалците во Западна Германија. Овој напад и убиството на јавниот обвинител на Германија, Зигфрид Бубак, беа климакс на кампањата на РАФ во 1977 година. Силке помогнала да се изврши организирањето и киднапирањето на Шлејер. Вели дека ги знае сите што учествувале во подготовките и во изведбата на двата атентата.

Во бегството од полицијата прави уште еден контроверзен потег и оди во Јемен да се бори на страна на Палестинците. „Се боревме поради идеолошко убедување“, по кратко размислување одговара таа.

Во книгата „Отровен терор: обиди на терористите за напади со хемиско и со биолошко оружје“ авторот Џонатан Такер тврди дека ракописот на Силке како медицински асистент е пронајден при претрес на стан во Париз, каде што била сместена импровизирана лабораторија за подготовки на РАФ за напади. Германската полиција никогаш не се изјасни за тоа.

Со насмевка вели дека нејзиното прво лажно име под кое се криела од германската полиција било Соња. Потоа се обидела со имињата Силвија и Анџелика. Но, сепак, ја фатиле и во 1990 година била осудена на 10 години затвор, а одлежала само пет. „Ме пуштија затоа што се покајав и изјавив дека сум подготвена да се ресоцијализирам“, појаснува.

Силке Мајер-Вит добро го разбира македонскиот јазик, но не го зборува. Вели дека не ја импресионирал многу филмот за Андреас Бадер и Улрике Мајнхоф. „Ликовите се изнасилени, а намената е повеќе комерцијална отколку давање вистински приказ на случувањата“, додава таа. За контроверзите што филмот ги сугерира околу самоубиствата или убиствата на лидерите на РАФ во затворот, Мајер-Вит вели дека верува оти навистина станувало збор за самоубиства.

Нашата соговорничка е госпоѓа ниска по раст, за чиј лик никогаш не би претпоставиле дека се наоѓал на потерниците на германското министерство за внатрешни работи. „Во неколкуте операции за промена на личниот изглед, поради обидите да избегам од полицијата, успеав само ��а го променам носот“, вели Силке на чие лице се гледаат траги од хируршките интервенции.

„Сфатив дека работиме нешто погрешно откако при едно ограбување на банка случајно беше застрелана жена. Јас ги чекав моите другари во станот и одлучив дека треба да застанам на страна на непознатата жена, а не на страна на групата. Кога се вратија им реков дека убивањето на минувачот беше непотребно. Во тој момент сфатив дека тоа е крај на моите активности во РАФ“, раскажува таа.

„Децата на Хитлер“ - така светот саркастично ги нарече членовите на РАФ. Една од теориите за појавата на РАФ е дека неговите основачи, всушност, биле лути на своите родители. Таа кажува дека нејзиниот татко бил нацист. „Но, тоа го открив по неговата смрт. Карактеристично за таа генерација беше што не сакаа многу да говорат за тој дел од минатото на Германија“, вели поранешната терористка на РАФ. Но, не е точно, додава Силке, дека татко ми бил член на елитната тајна полиција на Хитлер под раководство на озлогласениот Химлер, како што тврдат некои хроничари и како што стои на Википедија. „Тој не беше познат нацист“.

Германија во април годинава повторно се потсети на годините на терор и сеење страв од терористите на РАФ преку апсењето на 57-годишната Верена Бекер, за која постојат сомневања дека учествувала во убиството на обвинителот Бубак и на неговиот возач во 1977 година. Силке Мајер-Вит вели дека оттука, од Скопје, со внимание ги следи овие случувања, но оти не ги коментира. „Мислам дека е добро Бекер да каже што знае и да ја прекине мистеријата“, вели кратко.

„Одржувам неколку контакти по и-мејл, но не ме врзуваат никакви специјални пријателски односи од времето на РАФ“, вели таа. Со задоволство, коментира, би учествувала на демонстрациите во Германија против испраќањето германски војници во операциите во Авганистан.

Што е Вашата мисија во Македонија, ја прашавме Силке Мајер-Вит. „Го користам моето искуство да им кажам на сите дека убивањето е ужасен чин што не може со ништо да се оправда“, одговара. Нејзин фокус се училиштата каде што учат деца од мешана етничка националност.

Верува ли дека Германија и' простила за минатото? „Зависи“, одговара по кратко размислување. „Семејствата на оние што беа жртви на операциите на РАФ веројатно никогаш нема да ни простат. За другите верувам дека полека забораваат“. (С.К.)


#
Статијата е прочитана 8446 пати.

Испрати коментар

Од: lorija
Датум: 16.06.2010 00:46:33
masala
Од: chitatel
Датум: 16.06.2010 05:19:28
fascinantno!
Од: Aleksandar
Датум: 16.06.2010 06:11:08
A ne pisavte sto kola vozi? Da znam da begam koa kje ja vidam...
Од: Antoneta od Germanija
Датум: 16.06.2010 08:00:40
Koga samo nasite politicari od komunistickoto minato bi go sledele nejziniot primer. Javno da se pokaat i angaziraat vo dobri dela. Bravo za Utrinski! Ova vi e najdobrata naslovna strana do sega.
Од: general midi
Датум: 16.06.2010 08:03:14
Bravo ej!! Vednas da ja vrabotat kako profesorka na nekoj od selskite univerziteti. Moze da predava pedagogija...
Од: Ајван Доктор®
Датум: 16.06.2010 08:24:30
Се сеќавате ли на Бадер-Мајнхоф групата?Што е интересно со нив?Еднаш ги споменав во контекст на тоа дека и противниците на капитализмот не се галени по затворите!За да не бидат во Заблуда читателите,називот „Фракција на Црвената Армија“,нема врска со Комунизмот,туку со Анархијата!Тие се подметната Банда,која би требала да асоцира на Злото-Комунизмот!Нешто налик на Црвените Бригади и„Новиот“ЦИА продукт Ал Каида!Токму како што и„нашата“анахрона „Револуционерна“партија,би требало да ни асоцира на патриотизмот!На самата официјална потерница(100.000DM),госпоѓата Мајер-Вит ја нема,што јасно говори за улогата во групата!Легендата Жан-Пол Сартр водачот на бандата (Бадер),по средба со него,ќе го опише како „К(ќ)ел Кон“(каков Идиот)!Интересно е што главните членови,по употребата се отфрлени во Кошот-претежно самоубиени(Андреас,Урлике...)!Но и „споредните играчи“се користат во „НајОслободителната“светска Организација,за достава и информирање!(www.ajvandoktor.blogspot.com)
Од: freeman
Датум: 16.06.2010 09:04:23
Колку што се сеќавам, во Германија службен јазик се уште е германскиот. Па не може да биде Red Army Fraction туку Rote Armee Fraktion (RAF).
Од: Стојко
Датум: 16.06.2010 09:51:35
Госпоѓо Крамарска, насловот на вашата статија е навредувачки! Силке Мајер-Вит одамна се откажала од тероризмот а вие сеуште ја нарекувате терорист. (Впрочем балканскиот пекол е одлично место за испаштање на старите гревови!)
Од: V.K. Bitola
Датум: 16.06.2010 09:53:18
Dobar primer. Nas vo Makedonija odamna ni treba vakvo nesto. Ovoj primer treba da se sledi!
Од: Aaron
Датум: 16.06.2010 10:06:21
Napred Makedonijo! Bader-Majnhof, wachabiti...Samo zarad imeto li ne sakat da ne prfatat vo NATO i EU?
Од: mira
Датум: 16.06.2010 10:11:32
Bravo za tekstot...kakov zivot...
Од: Angel
Датум: 16.06.2010 10:38:48
A sto se polosi nasive teroristi?Sedat vo parlament i site gi znaeme. Plus ubivaa nasi lugje!
Од: violeta
Датум: 16.06.2010 13:13:32
Sto se nema da procitam po vesnicive!!!
Од: intelekt
Датум: 16.06.2010 14:37:06
???!!!sto se imame vo zemjava?!
Од: Велимир Цвејиќ
Датум: 16.06.2010 16:24:25
За жал само познавам само еден филозофмало во Македонија што ја знае вистината за исклучителни млади луѓе који се саможртавувале за добробит на човештвото. Несе исти као Исус, зато што тој се жртвувал без другите да страдат, но сите по Него за да ја шират Неговата идеја биле прогенети и убивани, од иста прична што биле прогонети, осудувани и убивани некој млади во Германија и Италија који удриле со своиte животи врз системот који постојано произведува војни и умножавуа сиромашни во целиот свет, само да би имале много повеќе од што им треба на малкуброини коишто владеаат со светот. Та и филмот претставувае конструирана лага за да се компромитираат Исусовите луѓе, да би можело малцинството од 5% до 20% во секоја земја на капитализмот да продолажи со експотација на мнозинството. Или може би не знаете дека кога ќе видите нов џип низ Скопје дека веднаш се создадени десет нови семејства што ќе немаат доволно ниду за храна. За то е потребно да се има основното знаење по економијата.
Од: ROMPLUS
Датум: 16.06.2010 16:42:11
Тероризмот за секогас останува теротазам. и во било кое уредување на општеството тероризмот треба да се осуди. исто така и лицнистите кои се бавеле со тероризам не треба никогаш да ни слижет за пример, напротив. Г-це Antoneta od Germanija многу малку знаете за комунистите за да ги споредувате и осудувате. Вероватно прикаските за комунистите сте ги слушале од следбениците на хитлер и слицни нему. Ајван доктор добро ги анализирал случувањата на РАФ, но и кај него преовладува страв од комунистите.

Најди! во Утрински
Политика
Вацлав Клаус идната недела во Македонија
Матурантите за приговор ќе плаќаат 1.000 денари
Доаѓа новата машина за лични документи
Општa мобилизација за вмровскиот митинг
Расмусен во прва посета на Македонија
Обама ќе летува на Крит
Лоша вест од Луксембург
„Филип Втори“ оперира за 5.000 евра