Брoj 2742  понеделник, 21 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Македонците во Овчарани му одговорија на Караманлис

Игроорците на „Танец“ претресувани од грчките цариници како да се шверцери

Од нашиот известувач
Димитар Чулев

ОВЧАРАНИ - На Караманлис му се случи „народ“ во Овчарани, Леринско, само 24 часа откако се избламира со тврдењето дека во Грција „не постои и никогаш не постоело македонско малцинство“. Близу три илјади луѓе, кои играа, пееја и говореа на македонски јазик, викендот дојдоа на централната манифестација на празникот Свети Илија во Овчарани, а манифестацијата овој пат го привлече вниманието и на грчките медиуми.

„Славопровокација на скопјаните во Лерин“, објави на насловната страница вчера гласилото од Лерин „Прото тема“, а грчките електронски медиуми, меѓу кои предничи ТВ Антена, во континуитет објавуваат прилози од Овчарани, Солун, Скопје, Меџитлија, во кои комбинирано известуваат за „скопскиот упад“ во панаѓурот во Овчарани. Во живо вчера се емитуваше пренос од обидот на македонскиот национален ансамбл „Танец“ да влезе во Грција по петчасовните договарања со грчките погранични власти, кои на професионалните фолклористи од Македонија им кажаа дека не им гарантираат безбедност доколку ја минат границата. Група педесетина активисти на ултранационалистичката „Златна зора“ демонстрираа вчера на грчкиот дел од границата со петметарско грчко знаме во обид да го блокираат влезот на КУД „Танец“.

„Жешкиот пречек“ беше избегнат по телефонските разговори на релација Скопје – Лерин – Атина - Овчарани по кои на игроорците од КУД „Танец“ им беше дозволено да влезат на грчка територија по деталниот претрес на границата како да се шверцери.

„Ги предупредивме грчките власти дека протестот на ултранационалисти на границата и спречување официјално најавен настап на културно-уметничко друштво од соседната држава ќе говори лошо за грчкиот имиџ во Европа“, изјави вчера за „Утрински весник“ претставник на Културно-уметничкото друштво од Овчарани, на чија покана „Танец“ втора година доаѓа во ова село. По ова, ултранационалистичката група се повлече од границата, но затоа изведе едночасовна парада низ Лерин, на која беа исфрлени стотици килограми пропаганден материјал во вид на летоци. „Нема никаков компромис за Македонија“, „Да не се преговара со циганоскопјаните“, „Македонија е грчка земја“, „За Македонија единствено решение е граница на Грција со Србија“, беа некои од пораките на кои не се ни обѕрнаа леринчани. Вчера недостигаше само летокот кој во саботата вечерта пред почетокот на манифестацијата во Овчарани повикуваше Грција - да ја побара Битола (Монастири), бидејќи тоа било грчка земја. Но, затоа митрополитот солунски Антимон за ТВ Антена побара да се признаело грчкото малцинство во Битола.

Ѓорѓи Пултовски, некогашен кмет на Долна Грешница, општина на десетина минути возење од македонско-грчката граница, која обединува 16 села со над 4.500 жители, вели дека Караманлис уште в понеделник треба да им даде отказ на советниците што му го напишаа писмото-одговор до Груевски. „Опулите се (погледнете) зад мене, овие млади луѓе се тие за кои Караманлис вели дека не постојат. Во заднина се македонските ора, кои немаат никаква врска ни со грчката ’самјотиса‘, грчкото ’зембетико‘, а уште помалку со сиртакито, само млади луѓе. Весели женски лица го заменија ликот на традиционалната Егејка, која до 30-та година веќе беше вдовица обвиена во црно“, ни изјави тој.


Ултранационалистичката група „Златна зора“ изведе едночасовна парада низ Лерин, на која беа исфрлени стотици килограми пропаганден материјал во вид на летоци

„Младите се преплашија“, ни вели Николас Терезиос, или Никола Терзиоски, од Градобор, етнички чисто македонско село со три илјади жители на само 15 километри од Солун. Доаѓа во Овчарани од раните деведесетти кога првпат „ја скрши македонцката песна“.

Да објасниме, на прославата во Овчарани два часа трае официјалниот дел во кој е дозволена само „свирка“, но не и пеење. Пред полноќ, во сабота, како и во изминатите 19 години, почнува неофицијалната прослава на која од „Македонско девојче“, преку „И ние сме деца на Македонија“ до „Каде сте Македончиња“ се пеат изворните песни од трите дела на Македонија. Доаѓаат луѓе во Овчарани од цела Егејска Македонија. Предничат оние од Крушоради, село на четири километри од Овчарани, каде што има споменик на кој е името на Никос Грујос, дедо на актуелниот македонски премиер Никола Груевски. „Никола Груев, постариот, во годините пред Втората светска војна, патот го одвел од родното Сетина во Крушоради“, ни вели Петрос Андониу, еден од малкутемина останати Македонци во селото. „Бевме 1.200 Македонци. Илјада избегаа, куќите и имотите ги дадоа на дојденци од 20 различни места, почнувајќи од Атина, преку Мала Азија до грчки повратници од Русија“.

Многу историско време има во навидум забавниот панаѓур во Овчарани. Атина Цингули и нејзината пријателка Ирини Анастесјаду доаѓаат не само да одиграат оро. Тие велат дека тоа што го учат во Овчарани го пренесуваат натаму. Сопругот на Атина, Атанас(иос), додава дека сега на негова 40-годишна возраст единствена цел му е да го пренесе јазикот што го научил од дедовците и татковците на 12-годишниот син Фоти и на седумгодишниот Константинос. „Сега само го разберват, ама ќе го научат“, вели мајката Атина...

Македонските песни и ора продолжија доцна во ноќта...


Статијата е прочитана 4645 пати.

Испрати коментар

Од: kris
Датум: 21.07.2008 00:12:49
edno golemo BRAVO za site sto bile tamu. Pozdrav do nasite braka vo Egejska Makedonija ne dozvolete decata da vi zaboravat deka se makedonci!!!Dogodina uste poveke da ve ima a i nie poveke ke vi dojdime!
Од: Ilinden the Macedonian
Датум: 21.07.2008 00:18:12
Chestito na Ovcharani I na Vinozhito so nashiot rakovoditel Pavle Filipov ( Voskopulos) Srekjen nashiot praznik Ilinden. Karamanlis I Dora Bakogiani trebashe da bidat vo Ovcharani, za da se uverat shto postoj Makedonski jazik I Makedonski narod.
Од: Real
Датум: 21.07.2008 00:25:39
Predlog do Gruevski: Vednas, znaci utre, da isprati edno javno pismo do Karamanlis i do Grckata Vlada, vo koe izrazuva ogromna blagodarnost za denesnite golemi napori na Grckoto Ministerstvo za Vnatresni Raboti koi se pogrizija da sredbata na grckite gragjani so makedonsko poteklo vo Ovcarani pomine vo najdobar red, mirno i dostoistveno, i sto gi sprecile napadite na neonacistickite grupi vrz grupata grcki gragjani so makedonsko poteklo koi slavele vo Ovcarani. Pismoto ne treba da bide so cinicen ton, tuku iskreno. So eden udar se ubivaat dve muvi, Grcite sami kje se namestat deka imaat nase malcinstvo.
Од: sasho
Датум: 21.07.2008 00:49:06
Makedonski braka i sestri ve sakam kade i da ste na svetov. Makedonija i makedoncite nejzini, izdrzale mnogu stradanja i maki, i ovie teshki vreminja ke gi izdrzime, ke pominat ednash zasekogash. Ve sakam od celo srce i dusha, i vi posakuvam golemo trpenie i izdrzlivost. ke dojde i toj svetol den kako sto go´ kazale prorocite od nash tatko ALEKSANDAR MAKEDONSKI vo bliska idnina ke se razvedri vistinata. itaa ne e daleku. A najveke na vas tamu nashi Belomorci, so golema ljubov ve sledam niz minatoto i sega vo ovie teshki migovi, nemojte nikogash da pomislite deka ste sami, taka se odnesuva i za brakata i sestrite ni i vo Bugarija, i vo Albanija. imate golema podrshka od site Makedonci od Republika Makedonija, i jas sum eden od niv. Me raduva sto vistinata e na stranata na MAKEDONIJA , a toa se samite Makedonci. Nemojte nikogash da se odkazete od makedonshtinata, taa e neshto najsvetoto za makedoncite i majka MAKEDONIJA so golema potcit ljubov i vera vo Boga i Makedonij
Од: boka
Датум: 21.07.2008 00:52:51
se gordeam sto sum makedonec se gordeam sega sto gi vidov vaka makedoncite vo ofcarane sobrani kako se veselat na makedonski,blagodarnost i do tanec sto prisustvuvase vo ofcarane.GRCITE NEKA SE SVESTAT I POLITICARITE DEKA SAMO SI NASTETUVAAT SAMITE NA SEBE NA IDNITE GENERACII.
Од: Ivan
Датум: 21.07.2008 01:00:18
Bravo, dogodina 300 000 da se soberat
Од: SAD
Датум: 21.07.2008 02:30:49
Izgleda na grcka i se blizi krajot po vtor pat. egejska makedonija, zapadna trakija, camerija.......kade e grcija???? ke vidimi sto k e ni kaze vremeto. najverojatno vtorive nema da bidat tolku dobronamerni kako i osmanskata imperija. bi trebalo da ima barem nekolku pametni luge vo grcija za da ja vratat od ovoj pogresen pat. pozdrav on new york
Од: Gevgelicanec
Датум: 21.07.2008 02:37:24
BRAVO! Brakja i Sestri MAKEDONCI samo napred, taka se dokazuva nase dostinstvo i drzava koja postoi milioni godini pred taka narecena grcija. Sekoja cest MAKEDONIJO samo aka slozno ke pobedime kako nasite predci
Од: mitko
Датум: 21.07.2008 02:41:23
od ubavo po ubavo bravo bravo.cestit praznik
Од: mitko bara vlakno vo jajceto
Датум: 21.07.2008 03:28:36
Posle vakov euforicen nastan bi sakal, NA ZALOST, dragi Makedonci i posebno Egejci da ve potsetam deka prioriteten prioritet na Makedonija e da vleze vo NATO i EU. Zatoa, NA ZALOST, ke mora nekako da se pregovara i da se najde kompromis so Grcite. Rabotite, NA ZALOST, ne se smenija. Ve molam da imate razbiranje za nas ne-Egejcite kako sto imame nie za vas.
Од: gagi
Датум: 21.07.2008 05:04:05
dozvoleno oro no ne i pesna. lele KARAMANlis(covek so tursko prezime) ZITI DEMOKRATIJATA
Од: spase - australias
Датум: 21.07.2008 05:38:52
sto sve ne prezivea pavle filipovski (Vaskopulos) duri mu podmetnaa vo jadenjeto da dobie podocna i izliv vo mozokot i nanovo voskresna i eve go nanovo, moji mili makedonci samo so borba albancite uspea vo makedonija i vo srbija duri drzava napravija a nie ne mozeme pravata da si gi izborime do kade ni e svesta i upornosta. Ne smee po nikoja cena identitetot da se pazari i pravata sekojdnevno da se baraat od site relevantni faktori da se baraat se dodeka ne se izdejstvuva pobeda.
Од: Doktorot od Neprosteno
Датум: 21.07.2008 07:21:41
Pozdrav i cestitki do site Makedonci od Belomorieto. Poraka do Grcite deka samo vistinata koja sto ja prepoznavas i prifatis kako takva ke te oslobodi od strasnoto cuvstvo na vina za nesto sto tvoite predci go storile vrz Makedoncite i nivnite deca vo izminatie blisku dvesta godini. Istoto vazi i za drugite prestapnici okolu, no i vo Republika Makedonija. Samo taka moze da pocne pomiruvanje i procesot na zalenje i oplakuvanje na nasite predci, na naseto duhovno soedinuvanje so nivnata neprocenliva energija sto koga ke se sretne so nasata ni gi smiruva dusite. Vo sprotivno samo ke se sozdava gnev, a negovite rezultati namesto da ne smiruvaat samo ke gi razbuduvaat senistata od minatoto protiv koi ke mora da se borime so site sredstva i se sto ni stoi na raspolaganje.
Од: Toshe
Датум: 21.07.2008 08:44:11
Bravo za igraorcite na Tanec
Од: Филиповски
Датум: 21.07.2008 09:06:51
Честит празники мили мои македонци, каде и да сте. Да живее Македонија. Во година повесело и уште помногубројно !!!
Од: Itar Peyo
Датум: 21.07.2008 09:36:18
Ovaa proslava se odrzuva vece 19 godini! Sega e nekolku dena udarna vest na site makedonski mediumi. Dobra metoda da se svrti vnimanieto od faktot deka Makedonija stana crna dupka vo Evropa. Cukajte se vo gradi clenovi na VMRO i simpatizeri. "Dogodio se narod" ! Tie sto citaat vesnici znaat do kade se stignuva taka.
Од: Boshko
Датум: 21.07.2008 09:45:45
Мојот коментар е предлог. До колку има снимки од оваа прослава одзана во Грција.Би требало Македонската сателитска програма да ги пренесе низ цел свет,да се зборува на Англиски и нека видат заспаните дека стварно и ден денес пости Македонски народ Во Грција.За Грците не е морално да го видат зашто многу добро знаат дека сме повеке од нив.
Од: daskalot
Датум: 21.07.2008 10:14:14
Pocituvan Gruevski, na ovie luge im e potrebna pomos. Sobraa hrabrost i izlegoa pred ocite na celata grcka javnost kojasto najrado oci bi im iskopala. Ova se denesnite makedonski heroi i niv im e potrebna nasata podrska. Pari? Ne. Bukvari! Citanki! Knigi! Za da ne go zaboravat majciniot jazik i poteklo.
Од: Makedonka
Датум: 21.07.2008 10:28:05
Do "mitko bara vlakno vo jajceto". Jas ne sum Egejka no so godini povtruvam nema ni NATO ni EU se dodeka ne se procepka vo korenot na problemot, a toa se proteranite Egejci i Makedoncite vo Grcija. Se dodeka ovoj problem ne se resi nie nema da napravime ni cekor napred vo resavanjeto na problemot so imeto. Dobro e sto konecno se najde politicar toa da go pobara od Grcite. I dali moze ovoj artikl da se prevede na angliski i objavo vo stranskite vesnici?
Од: Gospod
Датум: 21.07.2008 10:52:56
B R A V O. Uste podobro bi bilo koga informaciite za datumi koga se panadjuri, sobiri i zabavi vo okupiranite delovi na Makedonija se najdat i na internet ili se shirat medu ostanatite i nadvor od Makedonija. Posetenosta bi bila pogolema i ludjeto bi se zblizile povece. BI si pomagale i bi razmenile idei i iskustva. Okupatorite Grcka, Bugarija i Albanija si gi pokazuvaat rogovite pred svetot. Destruktivni drzavi vo Evropa so dvoen moral. .
Од: Biljana
Датум: 21.07.2008 11:02:48
I? Svrtea edno oro I? Sega ke sme poblisku do EU i NATO? Nie vo Makedonija NE, a tie za koi se raduvate-tie tamu veke se, i moze da si gi baraat pravata vo soodvetni institucii, a nie maticnata zemja, ke im pomogneme koga ke se pripoime kon Evrospokoto semejstvo. So zurli i tapani ne se postignuva nisto! Treba diplomatija, za podsetuvanje, denes sme 2008 godina!
Од: Branko Gorgievski-Kecovski
Датум: 21.07.2008 11:10:31
Vo 1998 bev vo Ovcarani zaedno so pogolema grupa nekogasni Deca begalci, vo sklop na Vtorata svetska sredba na Decata begalci. Kako avtor na pesnata Kade ste Makedoncinja mi se dade i moznost i da ja ispeam pesnata pred mnogu iljadniot makedonski narod sobran tuka za praznikot Sv. Ilija. Zemjata naprosto se tresese od beskrajniot tanec od gordelivite Makedonci, a moeto srce prepolno od gordost i milina kako da ke ispukase od gradite. Pojdete vo Ovcarani za da ja pocuvstvuvate makedonstinata na nasiot narod tamu i da se uverite deka Makedonija bila, ke bide, sega i sekogas i vo vecni vekovi... SAMO MAKEDONIJA
Од: trpe (original)
Датум: 21.07.2008 12:03:41
Zalosno e koga nadbogovite ne ja pocituvaat starat pogovorka: pred vistinata i bogovite ja simnuvaat glavata. Sega imame mnogu nad bogovi:grcki, makedonski, belosvetski. Dokumenti ima, ama nema zelba da se reprintaat, Postoi moznost da se krene edna ofanziva za covekovite prava. Samo dali nekoj toa go saka? Mediumite zboruvaat za golemo policisko obezbeduvanje. Dali bi bile srekni da nema obezbeduvanje, da se slucat nesakani raboti? Verovatno da, togas ke imaat statii na prvata strana! I ke ja matat omrazata!
Од: Boro Dim
Датум: 21.07.2008 12:05:51
Ova pokazuva deka treba da se sluci obraten proces od onoj sto se predlagase, imno treba sto e mozno poveke da odime vo egejska Makedonija za da ne ima sto e mozno poveke tamu, a koga ke vlezeme vo EU masovno da kupuvame nedviznini. Toj e nacinot miirnodobski da si ja vratime zemjata !
Од: Dr. Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 21.07.2008 13:44:21
NACIONALNIOT i KULTURNIOT IDENTITET na eden NAROD ne moze DA SE ZABRANI SO DEKRET od bilo koja Institucija !! Takov primer nema vo ISTORIJATA na civiliziraniot svet !
Од: DO POMLADITE !!!!!!
Датум: 21.07.2008 15:17:25
Se sekavam na edna slika bez zborovi ,odmna bese, uste od osnovnoto uciliste. Si napravil tatko nekolku stapcinja, gi sobral sinovite okolu sebe i pocnal da im gi deli na site po edno da gi krsat, i na site toa im uspeja- da gi skrsat stapcinjata. Arno ama koga im gi dal site stapcinja od ednaska sekoj POEDINECNO da gi skrsi, ne mu uspealo nitu na eden . Poukata e vo edno"SITE ZEDNO SME MNOGU POJAKI ,I NEMOZE NIKOJ DA NE SKRSI" Pa duri ni CRNIOT-manlis.Sekoja cestitka za organizatorite na vakva Proslava, kako i na nasite mediumi sto ne izvestuvaa ( i pokraj probemite sto gi imaa) za seto sto se slucuvase na Proslavata. So zelba za uste pomasovni sobiri i Proslavi ,ne samo na E.Makednici tuku i na drugite malcinstva , ROMI, ALBANCI, TURCI ,VLASI sto ziveat vo gr. I samo taka moze SVETOTda vidi deka vo gr. ziveat i drugi NARODI osven grci-A crniot- manlis neka se zasrami i site kako nego sto mislat , deka nema nikoj osven grci vo grcija!!! ( HAHAHAHAHAHA)
Од: Dean Kostovski
Датум: 21.07.2008 16:49:30
Taka Makedonci, da se znae koj sme i od kade sme. Golem pozdrav i ogromna poddrzka za onie koi se borat za Makedoncite, za nasite prava. Ako sum Makedonec od Skopje, i jas sakam sekade Makedoncite da si gi imaat svoite prava, eden den ova ke se zavrsi nepravdata ke izleze na videlina, nemoze vecno da trae, golgotata makedonska.
Од: -Bamberg-Germanija
Датум: 21.07.2008 17:23:04
Postepeno svetot ja gleda vistinata.Lagite imaat kratki noze.
Од: petko
Датум: 21.07.2008 18:11:43
Samo taka da se prodolzi so obelodenuvanje na vistinata koja sakale nejkele (iako ja znaat ) zapadnite zemji koga toga ke pocnat poinaku da gledaat na grckite lagi i izmami .
Од: Cacko
Датум: 21.07.2008 18:41:39
Samo zabi pokazi im na grcistata, i tie begaat. Edinstveno sto znaat e zad grb i kukavicki da napagjaat.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Г.г. Стефан- Егзодусот е длабока и неизлечлива рана