Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Стил
Култура
14.05.2010, 16:38

Последен збор

Владо Јоциќ 1939-2010, карикатурист

Во Скопје вчера почина карикатуристот Владо Јоциќ. Јоциќ е роден во 1939 година во Пожаревац, Република Србија. Со карикатура се занимава од 1958 година, кога, како гимназијалец ја започнува соработката со весникот „Студентски збор“ и оттогаш животот му се одвива во знакот на карикатурата. Учествувал во формирањето на младинскиот студентски клуб на карикатуристите „Кикс“, како и во создавањето на истоимениот прилог за хумор и сатира на „Студентски збор“. Надминувајќи ги студентските теми и проблеми, со неколку колеги ја покренува рубриката „Епицентар“ во весникот „Вечер“. Не напуштајќи ја страницата за хумор и сатира во „Нова Македонија“ (со повремени излети до „Млад борец“, „Јеж“, „Политика“, „Борба“, „Весели свет“, „Ослобоѓење“, „Павлика“, „Феферон“ и други.) во 1966 година заедно со Славко Јаневски, Цветан Станоевски, Бошко Смаќовски и Дарко Марковиќ учествува во обновувањето на македонското хумористичко списание „Остен“ како уредник за карикатура. Оттогаш работи во „Остен“, каде што зазема разни функции: уредник за карикатура, заменик главен и одговорен уредник, главен и одговорен уредник, директор на Светската галерија за карикатури.

Карикатурите на Владо Јоциќ се објавувани ширум светот: Канада, СССР, Полска, Турција, Грција, Италија, Швајцарија, Германија, Унгарија Романија, Бугарија Чешка, Словачка, Белгија, Холандија, Монголија, Аргентина, Австралија и во сите бивши Ју- републики. Добитник е на 22 меѓународни награди за карикатура во земјата и странство, како и за новинарство од Здружението на новинарите на Македонија. Со самостојни изложби се претставил во Охрид, Ледница- Полска, Форте деи норми- Италија, Лесковац- Србија, Гостивар и Струга. (Н.П.)


Статијата е прочитана 1517 пати.


Испрати коментар



Изложба „Живот во кутија“ во Прилеп
Музејските поставки ни се архаични
Средба со Томислав Османли во „Или-или“
„Волстрит“ е сменет – алчноста стана легална
Писателите избираат ново раководство
Јане Чаловски изложува во „Тејт“ во Лондон
Македонија - лидер во имп��ементацијата на културните разлики
Семејни стебла“ за Денот на музеите



Јован АН, 15.05.2010 00:30:08
Владо,почивај во мир!Сочувство до семејството.
Erol Tufan od İstanbul, 15.05.2010 10:05:07
İzrazuvam dlaboko soçuvstvo do semajstvoto na poçinatiot Vlado Jociç,posebno do makedonskata poetesa Svetlana Hristova Jociç.Kako eden od poraneşnite urednici vo 'Studentski zbor' ja znam ulogata na Vlado vo razvojot na karikaturarata vo Republika Makedonıja.Neka lezi vo spokoj.
Kiril Trpkov, 16.05.2010 02:55:01
Iskreno socuvstvo i pocit za Vlado Jocic, covek so ostro pero na karikaturist, no i covek so dobrina, mekost i neposrednost sto sekogas kje gi pametam.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Ситен дожд

Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -4°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Живот како во камено време среде Аеродром
Жителите од зграда на улицата „Владимир Комаров“ откако го откажале парното греење, секој ден се без струја од 6 до 12 ч...
Убиецот од Конектикат имал луда мајка
Ненси Ланца, мајка на 20 годишниот Адам го подготвувала синот за крајот на светот...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Стил |