Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Што прават денеска
На прво место
27.09.2009, 19:11

Груевски прстот го вперува кон мрачни сили

Премиерот е на сериозна мака како да ја смири атмосферата во Владата

Гордана Дувњак

И десет дена по излегувањето на површина на спорните делови од Македонската енциклопедија на МАНУ се' уште не стивнува бурата реакции од сите страни, со сериозни импликации за дополнително влошување на меѓународната позиција на Македонија и на меѓуетничките односи.

Жешкиот костен сега е префрлен од највисоката научна институција во Владата, што предизвика создавање нервоза и тензии во владината коалиција. Лидерската двојка, Груевски и Ахмети, и викендов не се сретна, но и двајцата во сопствен стил ја искористија можноста за да упатат јавни пораки.

По неколкудневното одбивање да се произнесе со сопствено мислење околу контроверзната енциклопедија, Груевски реши да го прекрши молкот. Без да прецизира на кого мисли, прстот го впери во мрачни "сили", кои сакале да и' наштетат на Македонија пред добивањето позитивен извештај. Ахмети, пак, одговорноста за енциклопедијата ја лоцираше во "кругови, поединци и сили што не се реформирале, кои не ја сфатиле реалноста дека Македонија е на сите нејзини граѓани, на Македонците, Албанците и на сите други".

По првиот налет на жестоки критики од албанскиот политички корпус и на албанските интелектуалци, кои документот на МАНУ веќе го оквалификуваа како квазинаучен проект и политички памфлет, проблемот доби и интернационална димензија. Се отиде дотаму што се тврди дека енциклопедијата ќе најде место и во претстојниот извештај за напредокот на Македонија, кој, иако е напишан уште на 15 септември, се' уште не е затворен.

По брзата реакција на амбасадите на САД и на Британија, кои побараа ревидирање на одредени делови што се однесуваа на учеството на нивни воени експерти во кризата на страна на ОНА, сега и Бугарија и Албанија ја проблематизираат содржината на енциклопедијата и бараат нејзино целосно повлекување. Бугарскиот културен центар ја оспорува националната припадност на серија познати дејци и ликови од поблиската и од подалечната историја од Македонија, почнувајќи од цар Самуил, преку Гоце Делчев, до браќата Миладиновци и Прличев.

Политичката температура уште повеќе се зголеми откако главниот редактор Блаже Ристовски пред неколку дена најави дека нема да се прават драстични промени, туку ќе се додаваат само по неколку збора за објаснувањата да бидат научно поиздржани.

Сепак, најжестоката изјава деновиве беше онаа на поранешниот албански премиер, Пандели Мајко, кој им порача на Албанците во земјава дека имаат право да го запалат државното знаме, бидејќи, според него, дадена им е силна шлаканица, најголема по 2001 година.

"Во една нормална земја, со луѓе кои знаат што е леб и чест, имаат господово право да го изгорат знамето, среде Скопје", изјави во саботата Пандели Мајко.

Македонскиот премиер се обиде да ја релативизира изјавата на својот поранешен колега Мајко, со зборовите дека станува збор за опозиционен политичар, кој веројатно се бори за некаква позиција во неговата држава. Сепак, тој не пропушти да каже дека ваквите коментари не водат кон добрососедски односи.

Но, и покрај привидното спокојство на Груевски, очигледно му гори под нозе, бидејќи ДУИ се' повеќе му врти грб. Партијата на Ахмети бара одговорност за енциклопедијата, која е финансирана од државни пари. Се бара смена на Блаже Ристовски, иако и интегративците веројатно се свесни дека на тој начин лесно можат да го навлечат на мраз првиот човек на Владата. Евентуалната интервенција на Груевски би значела и најдиректно мешање на извршната власт во науката.

Не помогнаа многу ниту смирувачките тонови што се обиде да ги упати вицепремиерот за евроинтеграции, Васко Наумовски, кој оцени дека енциклопедијата е резултат на научна и академска расправа.

Конфузноста на Груевски да даде адекватен одговор на она што се случува во последно време се забележува и во неговата намера да го насочи вниманието на друга страна.

"Генерално, искуствата покажуваат, а и се чувствува дека секогаш се појавуваат некои сили што сакаат да ја нарушат атмосферата, да создадат нервоза, кавга, спротивставени страни, кои ќе направат лоша слика за Македонија и, евентуално, кои би премислиле некој од Европа или некој од кој ни зависи некој извештај, оцена, напредок, за тоа да биде лошо", изјави Груевски.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак, е уверен дека темпирањето на една ваква "меѓуетничка бомба" не е случајност и дело на осамени научни кругови.

"Не би сакал да верувам дека зад оваа политика стојат државни и владини институции, зашто тогаш штетата би била трипати поголема отколку што е сега оваа провокација, изнесена од академикот Блаже Ристевски на чело на уредничкиот совет на енциклопедијата. Мислам дека политичките авторитети во државата треба отворено да се изјаснат во врска со ова излагање во енциклопедијата, со што ќе се отстранат сите сомневања, како кај меѓународниот фактор и етничките Албанци, така и кај нашите соседи, дека зад тој провокативен текст не стојат политичките авторитети на државата", изјави Ахмети за Радио Слободна Европа.

Но, затоа, пак, во изјавите за странските медиуми, особено оние кои доаѓаат од нашето западно соседство, лидерот на ДУИ е мошне експлицитен. Примирјето меѓу Македонците и Албанците од 2001 година е нарушено, смета Ахмети. Пораката ја испрати од Тирана, од дебатна емисија на ТВ Клан, каде што рекол дека "договорот склучен меѓу двете најголеми етнички заедници, осум години по воениот конфликт, го прекршила МАНУ, со објавувањето на првата Македонска енциклопедија".

Целата оваа мешаница дополнително ја засоли и универзитетската професорка Татјана Петрушевска, која во изјава за "Дневник" откри како настанеле спорните определници за ОНА. Таа објаснува дека наводот во Македонската енциклопедија за обуката на членовите на ОНА од страна на американски и британски САС-офицери бил буквален превод преземен од слободна енциклопедија, попозната како Википедија.

"Намерата ми беше став, кој не е на линија на западниот мејнстрим за улогата на западните сили во конфликтот од 2001 година, да биде внесен во изворно дело, кое понатаму во други, туѓи цитирања би било наведувано како извор".

По едно вакво "научно признание" останува да се види како ќе заврши пробниот балон со енциклопедијата. Ќе пукне ли со многу врева по што ќе настане тишина, или, пак, ќе одлета во височините, отстапувајќи му место на некој нов балон.


Статијата е прочитана 8069 пати.

Испрати коментар



Закон има, пристап до информации нема
СДСМ обвини за големо расипништво во ЕЛЕМ



albano, 28.09.2009 00:15:00
enciklopediata neka im podarime na tie sta sakat taka ,no reallnosta ne vreme za nekoi enciklopedii.ili nekoi gllupari,vo zemjata momentallno vrie od krminall od korupcija,mafija sega duri tezok nacionalizam,do kade so nacinalizam,nie ziveeme vo 2009,koja sfetot go zabikolli krizata,a nie se dereme za nekoja kniga sto glupavite go napisale,zosto da padneme na vicot na gllupavite, vreme da se razbudime site nie makedonci albanci turci ,romi ,serbi i site,da barame eden zivot siguren,vlladata da im ispolni krietriite od evropskiot kemsiariat,dosta bese so trikovi ne mafijata, neli gledate sekojden grabez,reket,pukanje ,kade qe ziveat nasite deca vo ova sostojba? ovie zborovi neka bidat za zdravite mozoci,ako ima nekoj mozok.
Itar Pejo, 28.09.2009 00:35:57
Jas ne sum ja cital enciklopedijata, ako nekoj ja cital moze li da mi kaze sto pisuva za ucestvoto na ukrainskite piloti i ulogata na ukrainskiot predsedatel pri redakcijata na Ramkovniot? A mozda vo Wikipedija nema nisto za toa?
Дарко, 28.09.2009 00:40:25
Никогаш не сум бил подржувач на политиката на актуелнава влада меѓутоа, како Македонец не можам да го разберам премолчувањето од страна на македонските медиуми на арогантното, агресивно, дрско и безобразно однесување на албанските политичари. Палењето знамиња и останатите закани како дивјачки начин да се внесе страв кај Македонците не смеат да се игнорираат
diplomat, 28.09.2009 01:24:05
Znaci jasno i glasno makedonksata politicka..elita si go pokazuva svoeto lice sprema albanskiot narod vo makedonija,i toa so najextremni navredi..nasproti podrskata dadena od site albanci bez razlika dali e ali ahmeti ili "planinec" albanec..site ja podrzuvaat oficijalno makedonija vo sporot so grcite,bugarite,srbite za site otvoreni prasanja?!Znaci albancite so leb,makedoncite vozvrakaat so kamen!A gospodinot Premier,kako da ne e premier na site gragjani,tuku si uziva vo konfliktot,i toa fraerot si bara razbiranje,i toa da se resi so dijalog?Sto da se resi so dijalog?Deka albancite se prezivaat "Siptari" za toa saka diskurs?Mnogu e naiven covekot,bas epten!Toa e isto vo germanija,merkel da kaze deka toa sto go tvrdi ahmadinedzad za izraelcite,deka nemase logori,za toa treba da debatiraat raskaranite strani,i so dijalog da se resi...toa bi znacel kraj za nejzinata politicka kariere,krivicna prijava..!Halal neka vi e makedonci,halal,e vie ste za sozivot!!
steve, frankfurt am main, 28.09.2009 01:31:55
Duvnjak vie kako da ste " Ilirka po poteklo". Se izrazuvas kriticnki vo superlativ. Kamo i Siptarskite novinari taka da gi kritikuvaat svoite enciklopedii i svoite pratenici (ulicni sverceri i planinski kriminalci). Togas mozebi ke imase nekakov balans. Makedoncite od dijasporata nikogas, apsolutno pod nikakov pritisok, nema da go menaat mislenjeto za malcinstvoto. Se znaeme veke 4 veka.
западна МКД, 28.09.2009 02:00:01
Премиерот да ги каже кој тоа јаде леб,се богати на рачун од Македонија,а сака да е нема.Слободно нека каже кој е толку моќен и кој за кого работи...ние народот ке го сомелеме.Сепак народот е силата.Државата тоа е народот,не само површината на територијата.Подршка за Груевски ако е говори вистината.Позз
зоки, 28.09.2009 05:05:04
без расчитување на минатото, нема влегување во светла иднина! може да влеземе само во сценаријата на тие што шират лаги и пропаганди за минатото! кој може нека ме разбере што сакам да кажам!
mitko za klucnite zborovi, 28.09.2009 05:24:46
Braka Makedonci ve molam da podrazmislite barem nekolku minuti za opstoto znacenje na zborot "primirje" i za nacinot i pricnite poradi koi Ahmeti go naveduva ovoj zbor . Ke ima pak vojna! Ako ne zaradi enciklopedijata, togas zaradi druga nekoja banalna rabota. Lugeto mu se smeeja na Ljubco koga pred nekolku meseci vo emisijata na Nedelko izjavi deka tie zasega se lazno smireni.
Kakva sizofrenija.... Em vo NATO i EU sakame em Albanci i Amerikanci ne podnesuvame!? Za zal ISPRDOCITE na Milosevic (Bumbarestite "SITEL-0VCI" Gruevci) eksplodiraat vo Makedonija so odlozeno dejstvo, 28.09.2009 05:53:45
Na MANU treba da i se odade priznanie. Blagodarejki na nejzinoto navodno brzanje padnaa maskite na dzoa patriotite. Timot na Blaze Ristevski go potvrdi ona sto mnozina ne sakaa da go vidat. Zad bozemnata griza za imeto ne se kriese nisto drugo osven zelbata da se odlozi vlezot vo NATO koj e demek edno zlostornicko sredstvo na globalizacijata od cija protivrecna priroda DEMEK sme nastradale vo 2001-ta. BAS TOA NI GO KAZUVA ENCIKLOPEDIJATA koja spored promotivnoto slovo na Gruevski pretendira da bide avtenticen skener na nasata seopsta realnost. Epa AJ NA ZDRAVJE..... Nie doprva vlegovme vo NAJZESTOKIOT del od matricata na Milosevic koja veke trpi porazi i vo samata Srbija!!! Gruevski bozemniot prerodbenik dojde na kriljata na narodnata nadez deka na Makedonecot ke mu ja ispravi svitkanata kicma osobeno vo odnos na Albancite i nivnite stranski mentori. Se razbira PRVIOT uslov bese eliminiranjeto na Ahmeti od Vlasta oti NELI so teroristi NE MOZE da se koalicira. I STO OSTANA OD TAA ZELBA?
pero, 28.09.2009 06:25:30
Grujo e dzak na PRILEP HARWARD UNIVERSITY pa zaradi toa negovite stavovi se najnapredni za nego a najnazadni za Makedonija...
Kolo Diamantot, 28.09.2009 07:08:57
SDSM napravija od vlakno artoma za enciklopedijata ja stavija pod lupa i se se vadi odnea samo dago zagrozat Gruevski sto e mozno poveke a ne razmisluvaat deka so toa go zagrozuvaat i MANU i Makedonija. Tolku mue pametot.
Petre, 28.09.2009 07:45:56
neka ne drobi Majko, neka si ja vidi situacijata doma kaj nego vo Albanija; ako ne daj boze nekogas dojde do oformuvanje na golema Albanija, duri i po miren pat, koga celiot region ke bide vo EU, ke si go bara toj svojot gospod, ama nema da go ima tuku i nemu ke mu praat sunet
petta kolona, 28.09.2009 07:59:08
Istorijata se povtoruva. Sega sme vo ista sitoacija kako pred 2001 godina. Dokolku nemame petta kolona vo makedonskite redovi nemase ni 2001 godina da mu uspee na albancite. Vaka za da dojdi na vlast SDSM kako vo 2001g. ke gi poddrzi albancite vo se. Tokmu zatoa e i ova so Enciklopedijata.
Prijatel, 28.09.2009 08:18:26
Prijetel, -Nikade vo naseto opkruzuvanje kade so decenii Makedoncite vo nivnata borba za covekovi prava, ne se culo I videlo da Makedocni upotrebuvale I upotrebuvaat sila I nasilstvo. Toa e nepoznato vo svetot: baranje na covekovi prava so ��diajlog” preku kalashnikovi I mitrolezi I podmolni ubistva…Toa e fakt I treba pomisuvanje zasto I da ima vojni pak mora poslem toa d a se zivee e pa zosto narodot da pati stalno…A da se prasat starite Vlasi preseleni od Episus vo Makedonija ke vi recat deka tie se pravite Siptari- Albanci I znaat I Albanski I Vlaski… E toa e sega rabota za definiranje koi se novite Albanci! -Za Makedoncite-Ristevski e poznat slavjanin od pamtivek I zatoa ima problem so Makedoncite I samiot sebe a ne gi prasal Makedoncite sto se a I ne cita naucni dela povrzani so DNA e tuka ima greska pa ke treba da se ispravi…znaci I tuka imaprasalnik…Aj prijateski da si porazgovarate za da nema i tuka ima?
Mene do Vas, 28.09.2009 08:25:47
Mracnite sili vo vreme na konfliktot prenesuvaa kontejneri so helikopteri bez dozvola i znaenje na Makedonskite strukturi. Mracnite sili stopiraa porobuvanje na vojni zlostornici i naredija transport na istite vo nepoznat pravec. Mracnite sili edno ja sovetuvaa M struktura a drugo zemjite okolu M. Mracnite sili . . . . . . . . . . . . . . . . se najdoa vo M enciklopedija. A palenjeto zname e znak za sozivot?
" Enciklopedisti", 28.09.2009 08:30:57
Vo Enciklopedijata site se fatija samo za dve odrednici: potekloto na Albancite i narekuvanjeto na istite sonazivot Siptari( Planinci) ,no vo istata ako se podobro razgleda ima mnostvo drugi nelogicnosti i nevistini.Jas se cudam kako mozie edna naucna ustanova od rang na Akademija da angazira vakvi nestrucni lica za pisuvanje na odredeni odrednici na edna taka vazna kniga. Dali toa e samo slucajnost ili e namera. Samoto odreduvanje na Blaze Ristovski za redaktor prestavuvase vistinska katasrofa, bidejci toj od poodamna e poznat po svoite nacional sovinisticki stavovi, predlozi za razmena na teritorii kako i pisuvanja na odredni kvazinaucni teorii. A sto se odnesuva do Samoila, vo site relevantni svetski enciklopedii istiot e oznacen kako tcar na Bugarite, a samo nie uporno tvrdime deka e nas.Pa otvorete Enciklopedija Britanika ili Larousse, enciklopedii koi gi cita i priznava cel svet, pa ce vidite sto tamu pisuva. Sigurnio ne sme nie popametni od cel svet?! Kitenje so tudji perja
Déjà Vu, 28.09.2009 08:57:43
На ред е Разгорувањето на страстите! Додека Шерифот McCloud, ги разјаснува „мрачните сили“, со чија помош им наредил на партиските војничиња во МАНУ и научните институции, да ги напишат Глупостите сведени на степен на „научен“ идиотизам, политичарчиња (Панделки, Марионетки) Бараат „Гордо“ Палење на Македонско знаме во Скопје?! Уште да повикаат на повторно Терористичко „востание“, како „нашиот“ „политичар“ кој повикува на прекин на „Примирјето“!?! А зарем мислат дека нив не ги бие куршум?! Или дека нечие знаме не гори?! Умните избегнуваат војни, Малоумните - за туѓи интереси (и своите преполни ненаситни џебови) ги разгоруваат! Народот (најчесто оние, обичните луѓе што го ценат другиот по вера и сој),на крајот го Јаде стапот, заглавен во изметот од „најумните-најголеми-најпатриоти“! Веќе видено! Ние сме и онака народ кој никогаш не учи ништо од Лекциите на минатото! Затоа сме токму таму Заглавени - Во Камено Доба!
zabegan., 28.09.2009 08:58:41
еееееее-црни ГВУЈО за кои мрачни сили зборуваш????.Помрачни сили од МАНУ и ДПМНЕ немало и ќе нема за МАКЕДОНИЈА. Сакавте даја поделите ЗЕМЈАВА предизвикавте војна,не ги решавате проблемите од 4 комши со 5 имаме проблеми,те со име те со јазик,те со црква и ај да не редам.Пред да кажеш нешто преиспитајсе НЕ ПАСЕМЕ ТРЕВА.
Do: Kolo Dinamitot, 28.09.2009 09:03:10
Momche, sto zboruvas??? Sakas da kazes deka amerikanskiot i britanskiot ambasador se clenovi na SDSM??? Ili Vladite na Bugarija, Albanija i Kosovo se pod vlijanie na BC??? Ajde ti se molam, ne bladaj.....
Партизанот, 28.09.2009 09:11:51
Не знам дали некој се секава и гледал случајно Discovery во тие нивните научни докумертарци ( воени )многу убаво се сеќавам човекот колку искрено си кажа дека учествувал во Босна, Косово и Македонија во англиска униформа.
ilija, 28.09.2009 09:26:59
Ne mozam da izdrzam a da ne ja spomnam mudrosta a posebno pismenosta na nashiot ni-Koljo Diamant...Da MUE daete use edna zadacha bukvi da vnesuva pred da isprati komentar...A?!
Diogen, 28.09.2009 09:30:14
Gi povikuva Albancite da go palat Makedonskoto zname??? Cii drzavjani se tie sto se narekuvaat Albanci,a se rodeni i ziveat vo Makedonija??? Ke go palat znameto na zemjata koja gi rani i im ovozmozuva da Egzistiraat kako gragjani? Kvazi Politicari,sto zagovaraat vakvi akcii,ne se nisto drugo tuku prefarbani-kamuflirani teroristi,koi cekaat kako lesinari,za da sigo pokazat pravoto lice.Moze da ima sozivot samo do kolku se ima respekt prem drzavata i instituciite i simbolite sto ja oznacuvaat drzavnosta.Se dodeka gi veat znaminjata so dvoglaviot orel,simbol na druga drzava,nema da imaat doverba kaj nikogo vo Makedonija.Toa e razgoruvanje na nacionalizam, toa e netolerantnost i toa e iridentizam i nacionalizam.Falsifikuvanjeto na izborite,baranje procentualna a ne profesionalna zastapenost vo instituciite na drzavata,se samo dokaz za "poima njeto" na drzava od strana na "albancite"te. Maked oncite od Albansko potekolo.A za ulogata na Nato i EU vo vojnata vo 2001,postojat dokumenti.
igor, 28.09.2009 09:36:27
Nikogas ne sum glasal za Gruevski,no so ova sto se zbidnuva kaj nasa vo vrska so eden naucen trud,zastanuvam na stranata na podrzuvacite na Enciklopedijata.Mozebi ima odredeni propusti i nedoprecizirani raboti koi so nejzinoto pecatenje potrebno e da se koregiraat.Ova sekako i apsolutno treba da go storat kompetentnite naucnici koi rabotele na ovaa problematika.Za zal kaj nas site stanavme "naucnici".Me intereira kako samiot Ahmeti ne se srami koga se javuva da diskutira za takva problematika.Ako navistina naucno se dokaze deka Albancite vo MAKEDONIJA se starosedelci od pred 3000 godini,Tie sto pisuvale pogresno i bez fakti,no istoriski fakti,mora da bidat kazneti so maksimalna kazna.Vo sprotivno! Gospoda novinari,politicari i obicna RAJO,baram od site vas da prekinete i da im dozvolite na NAUCNICITE od dvete strani da dokazat koja e vistinata. Taa vistina ce bide glavniot patokaz za sozivot.Vo kolku ova so politicki pamflemi,so uceni i "palenje"znaminja bide reseno,togas smetajte dek
nabljuduvac, 28.09.2009 09:38:09
Vo princip enciklopedijata e naucen trud i takov treba da ostane. No naucnicite se neprincipielni bidejki od dnevnopolitikantski pricini go izostavile najmarkantniot del od makedonskata istorija-antickiot. Ottamu vo toj konekst sosema e vo pravo "eve odgovor".Veke pretpostavuvam deka e izostaveno i toa deka Makedonija e primena vo OON so privremenata referenca BJRM(FYRM). Navistina zosto spor so Grcite koga i samite Makedonci se manipulatori i nihilisti na "nivnoto"bitie i duh? Zatoa Grcite imaat pravo da se smeat na t.n. makedonska enciklopedija.xxxx Albancite bea degradirani vo instrument na NATO vo terorot protiv Makedonija i nejziniot Ustav da bide degradiran od graganski i vo nacionalisticki. Dali Albancite vo idnina ke evoluiraat vo porespektibilna populacija ke pisuva vo slednoto izdanie.
Митко, 28.09.2009 10:15:36
Еј, навистина смешно! Академици и универзитетски професори ја користат ВИКИПЕДИЈА како извор! И тие учествуваат во создавањето на идните академски граѓани. Сегам јасно ли ви е зошто сме на ниво на кое што сме? Дали некој видел книга нашишана од некој Македонец да се користи на некој од универзитетите во светот, да се цитира како библиографија или слично? Ама ние сме си убедени дека се знаеме!
Z, 28.09.2009 10:41:39
Пред фактите и боговите молчат! Турците се криви за се! Пред се криви се заради деталните податоци сто ги имале за населението во тоа време. Па сега на некого не му одговараат тие факти, а зошто? Кај им е лицето на Турците сега а?
zelezara, 28.09.2009 10:42:49
Go vperuva prstot kon mracnite sili?Pa ti si najgolema mracna sila za Makedonija
andrej, 28.09.2009 10:46:56
Veke i oficijalno e!!Grujo e zabegan do daska!Koj li uste veruva na negovata propaganda!
Bojan, 28.09.2009 11:12:55
Како и секогаш ние пак немаме национално единство. Пак капитални дела за Македонија се пишувани врз база на политика. Пак немаме заеднички став за милион нешта од нашата историја. Пак Гуевски молчи и вината ја префрла на некој друг. Иста песна различни пишувачи. Се на страна, ама ако се запалат Македонски знамиња во сред Скопје, треба да се запрашаме како некои кои се 15% во нашата држава се прават главни и диктираат политика врз 85% од населението. Доста беше со тоа лигавење од страна на Албанците. Ако сакаат да бидат еднакви во Македонија со сите останати, треба да се научат да водат политика со зборови, мисли, идеи, а не со калашникови. Поздрав.
cile, 28.09.2009 11:25:31
covek koj vodese teroristicka vojna kon mak saka da stavo dneven plan na po, vo mak so falsifikuvanje na ist na mak za golemoalbanski stramezi pa duri i istoriski fakti treba da falsifivukat deka nese dojdenci deka so vo mak pred nas a sp toa se orvatra moznost za avtohtonost i otcepuvanje,kaj se videlo vo evropa pol par na malcinstvo da ucenuva sto ce stoi vi enciklopedija i istoriski fakti i izvori da nese upotrebat tuku da se filuva so sonista na dui pa manu bila so drzavni pari?pa so koi pari toj raboti a se borese na urivanje na mak i ubivase makski vojnici i toa trebalo da se zaboravi prema nego?t.e. da se falsikuva istorijata nesto sl sto go barat neonacistite deka nikogas nemalo etnicko costenje vo germanija.
Трпе, 28.09.2009 11:30:21
Не е проблемот само со енциклопедијата.На ЕПП владата на чело со мистер Рејтинг им одговара,колку е можно повеке да ја матат водата.Зарем не знае секој дека риба се лови во матно.Зошто,секогаш е најматно кога дпмне-овците се на власт.Така некој ги учел,дека вака полесно се води држава со матни зделки.Рејтингот мора да опстојува.затоа владата прави разни сценарија за снимање на филмови во копродукција.Па зошто нив да ги обвинуваме.Мора да постои дежурен виновник.И лук јадел и пак кажуват дека на лук не мирисале.Не мириса но многу смрди.А како ова реа ке се отсрани нека му ја мисли друг.Треба да се држиме настрана и да не кажуваме дали нешто е добро или лошо за државата.Рејтингот мора да опстојува.Но народот сам тоа си го заслужува.Баравте гледајте а не мора да слушате.
Dosta e!!!, 28.09.2009 11:32:47
Zasramete se. Sto vi e poentata. Gruevski ili Ahmeti. Ocigledno se raduvate i mu se dodvuruvate na Ahmeti. A kade e vasata osuda na poranesniot albanski premier za povikuvanje na palewe na makedonskoto zname, na povikot na Ahmeti za nova vojna. Duvnjak, toa e bitnoto, a ne dali Gruevski ce ostane na vlast ili za vas e vazno Gruevski da si otide a da dojde Crvenkovski koj sigurno za da go pridobie Ahmeti, ce mora da mu dade povece otstapki, od onie koi mu gi dade i dava Gruevski. Sramota, cuknete si ja glavata. Kaj obicnite Makedonci vece im e dojdeno preku glava se, i od Gruevski i od Crvenkovski, a i od vas novinarite, poradi vakvoto predavstvo i nedostonstvo sto go propagirate. Istorijata i gospod nagraduva i kaznuva!
Pero Zdero, 28.09.2009 12:05:03
Preku "onakvoto" mi e vekje od vakvi intrigi i scenarija...Demek narodot e maloumen i nemoze da razbere zoshto cela ovaa galama okolu Enciklopedijata...pa ne se vekje '90-tite, se' vidovme i se' chuvme i ne moze nekoj vaka da ne zafrkava povekje.Ova so enciklopedijata e zagovor lugje, celta e da se raskaraat Makedoncite so Albancite.Nie Makedoncite najmalku treba da se raspravame so Albancite, naprotiv nasha strateshka cel e da uspeeme da izgradime iskreno prijatelstvo so Albancite i da gi pridobieme na nasha strana vo sporovite so sosedite, pred se Grcite (mislam deka problemot so Bugarija e daleku poneseriozen i reshliv).Koj dobiva ako Makedoncite ne se trpat so Albancite-ocigledno oskata Belgrad - Atina.Se si mislam deka ova e nivno maslo, a ako ne e togash treba da sme glupavi a da ne zabelezime deka sevo ova e samo vo nivni interes!
Kakvi mracni sili!!!, 28.09.2009 13:37:09
Ајде малку да ги поедноставиме работите: Кој ја порача и плати за енциклопедијата? Одговор- Владата. Кој кажуваше славопојки на промоцијата? Одговор - премиерот. Е па што ги бара ‘мрачните‘ сили на друго место?
Огнен, 28.09.2009 14:21:49
Во 1990-тите Милошевиќ везден упатуваШе на некакви „мрачни сили“ кога немаше доволно аргументи. И овој Груевски изгледа се занимава зо вражби. А тоа што МАНУ ја користела Википедијаза извор е мизерно. Срам да ни е каква Академија имаме. Пустотници. Нека молчат таму.
jug, 28.09.2009 14:23:20
Jas ziveam vo Gevgelija najuzniot grad na Makedonija. Za Skopje ne odam vo 10 godini ama eden pat. Albanec gledam samo na televizija . Edno e jasno oni se realnost vo Makedonija toa e vo red i gi uzivaat site blagodeti na ovaa drzava no veke jas se osekam zagrozen i maltretiran od niv. Na jugot imame vlasi, romi, turci , srbi i sto sega - se toa ke diskutirame za pravata na sekoj- ovaa drzava e na site gragjani i sto poveke baraat vlakno vo jajceto. Ednas zasekogas treba da razberat deka oni se kako i site drugi ZITELI na MAKEDONIJA i nema vrska dali si Albanec , Srbin, Vlav ,Rom bitno e da si covek progresiven i ne samo evropski nego svetski orientiran.
Déjà Vu - vi kaza sve - Chapeau, 28.09.2009 14:24:09
Nema shto da se dodade drugo, a vie site i mak i amb poglednete u ogledalo i razmislete kade sakate da odite, vo vremeto na Enver, ili Aco Mak, ili vo Nato i Evropa... opciite se dve,n a izborot e eden... pozdrav
маја, 28.09.2009 14:51:26
Граѓаните треба да бидат претпазливи и секогаш да бидат водени од разумот. Анализирајте ги случувањата и гледајте ја големата слика. Средена и просперитетна Македонија не им одговара на некои држави и на поедини групи во Македонија. Мора да постои постојан конфликт, неслога, затапкана економија за да убаво си живеат поединци. А на народот ќе му се сервираат политики, национализми, народот ќе бара утеха во подобро утре, во религија дури и бајачки, неразбирајќи дека е манипулиран. Нема полоша состојба за човекот од бедата и безнадеждноста, а посигурен метод за владеење од стравот. А после некое време ова ќе биде само усште едно оправдување или обвинување поради кое луѓето во Македонија не гледаат подобрување на квалитетот на живот.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Делумно облачно

Недела
Локални грмотевици
Макс: 4°C, Мин: -3°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Што прават денеска |