Брoj 2807  четврток, 09 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Новата зграда во Скопје само ќе личи на Народната банка

Деловниот објект со приземје и шест ката се гради на едно од најскапите места во Македонија

Сања Наумовска

Новата деловна зграда што се гради во срцето на Скопје, на аголот на кејот „13 Ноември“ и плоштадот „Македонија“, само ќе заличува на некогашната Народна банка која постоела на просторот меѓу некогашниот „Метропол“ и реката Вардар до земјотресот во 1963 година, но нема да биде нејзина копија. Новата зграда има изменета маркичка со поголем габарит и различна форма од онаа на банката.

Според проектот, фасадите кои ќе гледаат кон Вардар и кон плоштадот „Македонија“ ќе задржат многу елементи со кои ќе потсетуваат на изгледот на поранешната банка. Се задржуваат столбовите и полукругот и некои други детали со кои главната фасада ќе ја задржи мемориската нишка на Народната банка, како одредница на тој простор.

Според авторот на проектот, архитектот Јовица Стефановски, од студиото за архитектура „Јасива“, во проектот нема аспирации за целосна реплика на Народната банка, бидејќи и самата маркичка не го дозволува тоа. Новиот објект е во габарит што го дозволува новиот Детален урбанистички план и одобрението за градба, но со вметнување детали кои ќе потсетуваат на некогашната банка.

„Ова ќе биде современ објект чија ултрамодерност во надворешниот изглед ја занемаруваме заради почитување на таа мемориска нишка на Народната банка. Ќе бидат искористени најубавите делови на предните фасади кои се свртени кон реката и кон плоштадот“, вели Стефановски.

Новиот деловен објект ќе има приземје и шест ката со две галерии на врвот, во кои ќе има и ресторан. На приземјето, дел од деловните простории веројатно ќе ги закупи една од домашните банки, а дел голема компанија. Шесте ката ќе бидат опремени како административен простор кој ќе се приспособува на потребите на потенцијалните клиенти кои ќе изразат заинтересираност во текот на изградбата на објектот.

Инвеститори на административно-деловниот објект се фирмите „Латис“ и „Дивелоп“, кои пред половина година добиле одобрение за градење од Општината Центар. Според Детаљниот план, максималната дозволена висина на објектот е 29 метри, а ќе се гради на површина од 1.100 квадратни метри.


Статијата е прочитана 3994 пати.

Испрати коментар

Од: Goran
Датум: 09.10.2008 00:35:27
Ako se apstrahirame od site kontroverzii okolu kupoprodazbata na zemjisteto, proektot za ovaa zgrada e prekrasen. Da se nadevame deka kje se izgradi nabrzo, no kvalitetno, so neophodnite podzemni garazi.
Од: pero
Датум: 09.10.2008 01:51:22
A cija spostvenost ke bide taa delovna zgrada...od Familijata li???
Од: demokrat
Датум: 09.10.2008 02:20:17
Naslovot e "sakam kazam ne znam recam".
Од: pravnik
Датум: 09.10.2008 03:04:48
Kakva zgrada! Predlagam na sred plostad da se podigne Kineskiot Sid! Sto ima da go gledame Vardar, neli promaja duva od tamu srede leto. Eden Kinski Sid, zgrada ili amerikanska ambasada na sred polostad ke ni go napravi Skopje uste potoplo i poprijatno vo juli- avgust. Kakov Povardarec, koj videl ajr od promaja, bolest ziva!
Од: Anonimen
Датум: 09.10.2008 04:25:48
Nevkusna kombinacija na dva stila od koi edniot pretpocita obli a drugiot pravi linii.
Од: Ace
Датум: 09.10.2008 08:02:06
Bas ne mi se dopagja... A i uste sto na plostadon - crkva, banka, trgovski centar...
Од: Aleksandar
Датум: 09.10.2008 08:08:08
Kratko kazano - SRAMOTA
Од: Zoran
Датум: 09.10.2008 09:09:16
Jas se prasuvam pa posle kade ke imame manifestacii i koncerti koga nema da imame nikakov plostad.Moze i od drugata strana da se napravi uste nekoja "ZGRADICKA "pa super ke ni bide.
Од: Дарко
Датум: 09.10.2008 09:30:41
Мене ми се допаѓа и изгледот и локацијата. Само кога веќе прават подземни гаражи, треба да се направат низ целата површина под плоштадот. Скопје има огромен плоштад кој е неискористен за подземен паркинг. Во сите европски градови плоштадите се искористуваат за подземни паркинзи. Со подземен паркинг под плоштадот Македонија, засекогаш ќе се реши проблемот со немањето паркинг места во централното градско подрачје на Скопје.
Од: zoran
Датум: 09.10.2008 09:35:28
Podesno malku na plostad da izleze,ili neka gi izramnat skalite,neka dojde do vradar
Од: eden
Датум: 09.10.2008 10:07:08
Familijata Gruevski, Mijalkovi, Kamcevi i Stavrevski kako nivni trabant napreduva. Makedocite glasaat za nivnite djepovi. Lud narod.
Од: jas
Датум: 09.10.2008 10:22:24
Izgledot e za nikade. Moze da napravat nesto popriklasno pa makar i ne potsekjalo tolku na starata banka koja padnala vo zemjotresot . Moze ova na nekoj mu zvuci loso ama zgrada e tolku grda sto plostadot koj vaka taka zalici na nesto ke se upropasti. Probuvajki da kombiniraat moderno so retro ja zeznale rabotata. toa trebalo nekoj da go kaze
Од: mene
Датум: 09.10.2008 10:27:17
Kako da bilo napisano vo konkursot "Birame koj povece ce go nagrdi plostadot" - i go izbrale pobednikot. Pa dobro, koj arhitekt go proektirase ova - kula sto goltnala pravoagolnik? Vakvi li zgradi se gradat vo centarot na gradot?!
Од: Војводата
Датум: 09.10.2008 10:45:47
Dosta komunjarite gradea, sega red e i na nas. Da puknat dusmanite !
Од: Brutalita - Nea Moderna
Датум: 09.10.2008 11:01:42
Do koga ke se gradat kvazi objekti kaj nas? Pa ne sramite i kako nacija i kako kultura! Podobro ke bese da go imitirate gabaritot na postoeckiot, veke srusen objekt na NB, bar ke imavme izgovor zosto nema nikakva arhitektonska vrednost to zdanie na centralniot plostad na R Makedonija koe ke go ima skoro na sekoja vtora razglednica. Samo profiti, profiti i profiti.. i namesteni konkursi. Se somnevam deka nekoj drug ne mozel da ponudi podobro resenie. Za pozdrav e modernizmot sto e prifaten za resenie, no samoto resenie e medikritetno - prosecen student po arhitektura ke go izvel do ovoj stepen i ke zavrsel so ocenka i tolku! Od urbanisticki plan e totalno promasuvanje - zatvoren e celosno prostorot za pesaci. Sekoj urbanist prvo ke vidi koja e prirodnata pateka na lugjeto za da ne go prekine kontinuitetot na setalisteto na kejot. Ova bukvalno izgleda na isprecen zid potiknat od brutalno profiterstvo! Grcite nikogas vakva glupost nema da napravat!
Од: Bojan
Датум: 09.10.2008 11:32:43
Kakvo li e ova cudoviste?! Nema nikakva slicnost so starata narodna banka.
Од: ANA
Датум: 09.10.2008 12:04:38
Bravo za Kamcev i VMROvskata druzina! Navistina golemi biznismeni. Poshteno si zarabotile, poshteno kje investiraat. Samo neka ja proshirat zgradata nakaj kejot, za da moze samo preku nivnata zgrada se proagja od edna na druga strana. Pa posle mozat i karti za prolaz da ni naplakjaat i taka ushte povekje da se zbogatat.
Од: jota
Датум: 09.10.2008 13:17:22
go zadusija plostadot zgrtadi novi kako pecurki po dozd gradat sram da vi neranimajkovci.
Од: Gox
Датум: 09.10.2008 13:59:48
Pa dobro de,ne e tolku loso :))))..taman za da se razmrda narodot i za da pomine od dr.strana ke moze da ide cik-cak po skalite nadole-nagore i zavrsena rabota...Samo uste vlasta da obelodeni po koja cena e prodadeno zemjisteto za da ne bideme nie u zabluda kako i sekogas !?
Од: Goran
Датум: 09.10.2008 14:38:09
Sekade vo svetot se raboti na toa gradovite da se otvorat i plostadite da dobijat na sirina. Samo kaj nas plostadot e se pomal sekoja godina. Zaedno so idejata na dvajcata ministri, edniot prilepcanec, a drugiot bitolcanec, da ja preselat i ostanatata polovina polulacija od Makedonija vo Skopje (skopskite kasarni), ova e ideja na godinata.
Од: maja chicago
Датум: 09.10.2008 15:19:58
verojatno na izlezot od trgovskiot i kameniot most, ke bidat deleni upatstva kako da se stigne od edniot do drugiot kraj na plostadot, zasto od tolku zgradi, ne ke ima mesto da se odi.
Од: SBEPot
Датум: 09.10.2008 17:48:33
Ако не се лажам, архитектот Стефановски (мислам дека е Јован, познат и како Жан) е авторот на милениумскиот крст. Веројатно неговиот капацитет и визионерство го надминува оној на просечниот граѓанин. Се надевам дека после неколку десетици години оние што сега го напаѓаат во коментарите нема да ги признаваат тие коментари за свои. Колку за потсетување. Центарот Бобур бо Париз беше многу напаѓан додека се градеше... а сега е едно од местата што секој (секој втор) турист што е во Париз мора да ги посети...
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 09.10.2008 18:26:40
Тоа решение особено ќе го поздрават жителите на Скопје сегашни ,особено оние дури од пред 1947 г.кои верувам се носталгично врзани за спомените од младоста на ПЛОШТАДОТ КОЈ БЕШЕ МОНУМЕНТАЛЕН ВО ПОШИРОКИ РАЗМЕРИ, особено недостасуваат офицетрскиот дом и бившата зграда на Банката крсте поп/стефанија

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Пациентите не сакаат да се дијализираат со неквалитетни филтри
„Меркур“ инвестираше 3 милиони евра во нов центар
Ученици од битолско училиште на настава носат греалки
Гостивар остана без факултети
Само 48 субјекти во Tетовско со лиценци за продажба на алкохол
АД „Жито Битола“ ќе се продава со непосредна спогодба
Учебниците за шесто доцнат веќе еден месец
Стипендија „Трајче Мукаетов“ за 41 студент