28.11.2012, 17:14 Исповед - Водам двоен живот за да не ме отфрлат
За да не ја открие болеста која ја добил од незаштитен сексуален однос, 28-годишното момче вели дека дури и земањето терапија го приспособува кога не е на работа
Лицата инфицирани со ХИВ-вирусот мора да водат двоен живот. Вака ја почнува својата исповед 28-годишно момче кое пред седум месеци дознало дека се заразило со ХИВ-инфекција кога за вработување му требало да направи здравствена контрола.
„Моите колеги и претпоставени не знаат за мојата состојба. Мислам дека во блиска иднина не би ни кажал дека сум ХИВ-заразен поради тоа што ги знам нивните ставови за позитивните ХИВ-лица“, раскажува ова момче, кое верува дека засега неговите колеги не ни насетуваат за неговиот здравствен статус.
„Максимално се трудам да прикријам од што боледувам, што ми претставува искрено голем проблем, бидејќи морам да внимавам што зборувам, случајно нешто да не ми се испушти“, раскажува ова момче вработено во јавната администрација. За да не ја открие болеста, која ја добил од незаштитен сексуален однос, ова момче од Скопје вели дека дури и времето за земање терапија го приспособува да биде кога не е на работното место.
Колкава е стигмата во земјава кон ХИВ-болните тој вели дека доволно покажува како нашиот здравствен систем во земјава ги прифаќа лицата како него.
„Најмногу ме повреди односот на докторка, која иако би требала да биде обучена и свесна за начинот на пренесување на ХИВ-инфекцијата, не ми дозволуваше да влезам во нејзината ординација. Дури и не сакаше да се ракува со мене, ниту, пак, да ми објасни како мојот статус ќе влијае на мојот понатамошен живот“, го објаснува момчето своето лошо искуство со лекарите. Тој морал дури да го смени и матичниот лекар за да може да се лекува.
За среќа, неговото семејство и пријатели го прифатиле таков каков што е. „ХИВ-статусот им го имам откриено на моите родители и на сестра ми, кои во ниту еден момент не ме отфрлија. Од нив добивам огромна морална поддршка. Исто така, и моите најблиски пријатели знаат за мојата состојба“, вели ова момче, кое додава дека за разлика од мнозинството луѓе кои мислат дека доколку си ХИВ позитивен, тука завршува живот, за него со болеста почнал да живее нов живот. „Дознавањето на мојата состојба за мене беше повик за разбудување. Ми тежи фактот зашто лицата кои живеат со ХИВ се отфрлени и дискриминирани од општеството“, револтирано додава.
Како член на групата за поддршка на лицата кои живеат со ХИВ, ќе се труди да се разбие стигмата кон нив. „ХИВ не' засега сите, без разлика на верата, националноста, а уште помалку степенот на образование“, вели ова момче и од бара државните институции поголема заложба за подостоен живот на ХИВ-лицата. (Ј.Ј.В.) |
|
Статијата е прочитана 16482 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Реален, 29.11.2012 02:10:43 | Браво за храброста на момчето!!! А, ние како општество треба да се засрамиме како ги третираме заболените лица! Денес сме 21-ви век и на сите треба да ни е познато како се пренесува, а како НЕ СЕ ПРЕНЕСУВА вирусот. Однесувањето на докторката, како медицинско лице, само кажува на кој образовен, култрен, па и цивилизациски стадиум се наоѓаме! Новите лекови кои сега се достапни им овозможуваат на лицата со ХИВ да имаат нормален животен век (како и сите други), но и понатаму останува стигмата од општеството. Ние како Македонци често жиееме во мит и самоубедуање дека сме многу хумани и сочуствителни како народ, но ваквите случаи всушност покажуваат колку сме навистина сурови. |
| menkalazovska, 29.11.2012 02:26:23 | da ne osuduvame i otfrlame necij zivot , nikoj ne e imun na zarazi |
| Реален, 29.11.2012 02:35:04 | Токму вакво криење на заразените од ХИВ допринесе кон експлозија на зарази низ целиот свет. Да знаело момчето од текстот дека неговата партнерка (или партнер) е заразена од ХИВ, никогаш тој самиот немало да се зарази!
На Куба, сите заразени од ХИВ се под специјален надзор на државата, и затоа никогаш немало епидемија на Куба. Кој сака нека полемизира, но човечкото здравје на сите тие кои се сега здрави а можеле да се заразат и ним самите им е многу поважно од некои хипотетички човечки права кои би ги имале кога би се заразиле.
Во врска со момчево, не ми е само јасно како вработените и претпоставените во неговата фирма не знаат дека е заразен кога тој правел ХИВ тест токму затоа што му барале од работа? Му посакувам здравје и среќа во иднина, и внимателно да се однесува према околината и партнерите. |
| ФЕЛИКС, 29.11.2012 08:18:04 | Е ова е дискриминација par ekselans од општествен и здравствен аспект.Општеството не е спремно да ваквите болни ги прифати а докторската фела треба да се срами да нивни поединци подлегнуваат на здравствен примитивизам со одбивање на ваквите болни.Е за ова треба да се прават протесни маршеви на кој ќе се осуди општествено-здравствената дискриминација. Оти ХИВ не се добива само од истополни односи,туку и од хетеро односи, се добива од трансфузии,наркоманијата и т.н па дури и се пренесува на идното потомство на заразените.Запрепастува односот на поедини доктори кон ваквите пациенти преку избегнување контакт со нив.Ваквото нивно поединечно однесување треба јавно да се санкционира и тоа казнено.На овие поединци им се одземе правото на протест за почитување на професијата,кога тие така примитивно се однесуваат кон болните од ХИВ. |
| Gargamel, 29.11.2012 09:22:53 | Golem rizik za okolinata pretstavuvaat inficiranite za koi ne znaeme deka se,a koi normalno se psiholoski pastrepereni i povredeni so sostojbata vo koja znaejki ili ne se dovele samite.Slucaite za smisleno i osvetnicko zarazuvanje na poveke partneri,slucajot so sekretarkata vo Srbija,prostitutkata vo Ukraina,25 godisnata devojka vo Slovenija,a partnerite neznaejki go vnele virusot vo svoite semejstva i t.n.,otvoreno zboruva deka toa e rizicna grupa,cija okolina e prepustena na stepenot na samokontrola na zarazeniot i negovata psihicka sostojba.Human odnos da.Pomos da.No ve molam ovaa grupa se razlikuva od,bez namera da gi navredam,paraplegicarite,slepite,gluvite i slicni grupi na lugje koi ne se opasni za okolinata i ne se vinovni za svojata sostojba.Pomos im treba od opstestvoto,od sredinata,no na opstestvoto i sredinata i treba i zastita od raspolizenieto i mentalniot sklop na bolniot. |
| klikovac ljubica, 29.11.2012 09:57:08 | ve molam ako mozete da go ispratite mojot mail na bolnoto momce.sakam da mu predlozam nesto vo vrska so negovata bolest,mislam deka mozam da mu pomognam.
vi blagodaram
|
| Realnost, 29.11.2012 13:15:27 | Prvo iskreno mi e zal za deckovo koj na 28 godini mu se poremetuva celiot ponatamosen zivot i e ogranicen do nekoj stepen vo ona sto saka da go postigne, i seto toa poradi nekoja neodgovorna licnost koja sokrila od nego deka e bolna ( ili i samata ne znaela za toa). No ke se slozam so eden od predhodnite komentari deka sepak kolku i da imame liberalni stavovi kon bolnite od HIV sepak so toa sto krie gi izlozuva svoite kolegi do nekoj stepen na opasnost.
Za doktorite odamna se znae deka se so primiivni stavovi vo vrska so ovaa bolest, ako gi prasas niv oni mislam deka ako gi doprat bolnite i oni ke se zarazat.
Sepak mnogu hrabrost i istarajnost mu treba na desckovo za da prodolzi ponatamu no mislam deka nema da moze uste dolgo da krie ako sepak saka da ima eden opusten zivot. |
| Споделена одговорност, 29.11.2012 14:40:31 | Доколку сакаме навистина да се спречи пренос на ХИВ тогаш треба да престанеме да бараме виновници за ширењето на инфекцијата (и кој на кого требало да каже), затоа што најголем дел од случаевите на пренос е томку поради тоа што ниту еден од партнерите не знаат за свјот ХИВ статус.
Затоа еднаш засегогаш секој граѓанин треба да приофати одговорност дека СЕКОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА СВОЕТО ОДНЕСУВАЊЕ, и да знае дека секој незаштитен секусалне однос е потенцијален ризик за ХИВ. Што значи не може некој да не користи кондом и доколку се инфицира со ХИВ вината да ја бара во партнерот. Затоа користете кондоми при секој секс, ако имате ризик тестирајте се за ХИВ - тоа се ефикасни мерки на превенција и секако користењето на кондом за ваша заштита е само ваша одговорност!
|
| drago momche, zhivotniot vek so ovaa bolest e vekje pokvaliteten i podolg, 29.11.2012 16:16:49 | Momcheto se soochuva so realen problem i seriozna (eventualna) stigmatizacija. Mu posakuvam zdravje i osobeno da vnimava na svoeto zdravje vo zimskiot period. Odlukata dali kje ja kazhe svojata zdravstvena sostojba nekomu e negov i samo negov izbor a toa mu go garantira Ustavot, chovekovite prava, na krajot na kraishtata i negovata volja...
Jas imav sluchaj na blizok chovek zabolen od HIV/SIDA i znam kolku e teshko bremeto na onoj koj so ovaa bolest zhivee, i na negovoto semejstvo...
Na ostanatite, osobeno eve na Gargamel eve edo prashanje... dali ste razmisluvale da se vozite vo drzhaven avtobus i toj shto sedi pozadi vas da ve krcne za vratot i da vi go skrshi vratot?! Ne?! Ako ne znachi deka se se sveduva na chovechki - humani odnosi i verbata vo niv. Za ostanatoto treba da se grizhite samite i da se zashtitite namesto da zhiveeme vo paranoja i da tropame sekakvi gluposhtii bezb sekunda razmisluvanje. I da ...jas navistina veruvam deka kje se pronajde lek za SIDA ta!!! |
| mmms, 29.11.2012 17:01:23 | Niti HIV nitu bilo koj drug virus ne go unishtuva imuniot sistem na chovekot osven negovata psiha. Vashata psiha go kontrolira vasheto zdravje, zatoa iskluchete se od misla shto ne ve pravi da se chuvstvuvate dobro a posebno vakvi planirani, kontrolirani bolesti koi nosat profit na odredeni svetski imperii. http://educate-yourself.org/nwo/brotherhoodindex.shtml Metodite koi se koristat za da se utvrdi dali e nekoj bolen ili ne ne se verodostojni no stanuva bolen shtom se usadi taa ideja vo negovata psiha. |
| Zagrizen, 29.11.2012 17:28:34 | Честитам за храброста на ова момче. Им порачувам на оние кои коментираа дека истиот е опасност за околината да седнат, да прочитаат и да се информираат за начинот на пренос на инфекцијата. Интернетот не служи само за чекирање во кафулиња туку и како средство за информирање и учење. Воедно ја давам целата моја поддршка на овие лица во борбата против стигмата и дискриминацијата.
Поздрав |
| aneta, 29.11.2012 18:18:09 | sekoja cest za momceto samo napred i hrabro niz zivotot.nikogas ne se znae sto ni nosi utresniot den a neka se zasramat tie sto go diskriminiraat mozebi nekogas ke im treba sovet od momceto |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 5°C
Магла
|
Понеделник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: -6°C
|
Вторник
Ведро
Макс: 6°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (16)Тито ја прокоцкува довербата на Америка. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|