Број 3641  среда, 27 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Втора страница

Зорбас од Скопје

Смртта на Мајкл Какојанис, режисерот на култниот филм „Гркот Зорбас“, не' потсети дека славниот Грк почива на гробиштата „Бутел“

Димитар Чулев



„Ист е како него. Дали е возможно толку да личи на мојот татко. Само не, мојот татко не беше рибар“, така изреагирала Екатерина, ќерка на вистинскиот Зорбас кога го видела Ентони Квин на проекцијата на филмот Гркот Зорба на 22 јули 1966 година во Белград. „Политика експрес“ еден ден подоцна го одбележа овој настан, кој беше повод за подоцнежни новинарски истражувања дали најславниот Грк бил вистинска личност.

Потрагата уште одамна стигна до скопските гробишта „Бутел“. Таму во парцела број 17, алеја 3, во гробот со број 23 почива Георгиос Зорба��.

Мајкл Какојанис, кој почина во неделата, направи ремек-дело инспирирано од истоимениот роман на Никос Казанѕакис, а главната улога му ја довери на Ентони Квин. Музиката за филмот и препознатливото сиртаки се дело на уште еден грчки великан, Микис Теодоракис, кој во средината на 1990-тите беше во Скопје за изведбата на своето најпознато дело „Гркот Зорба“ во МНТ и му оддаде почит на човекот кого никогаш не го сретнал, но кој долги години по својата смрт ќе стане легенда, благодарение делумно и на него.

Тешко е да се реконструира животниот пат на еден човек за кого како доказ постојат еден роман, еден филм и едно музичко дело, познати во светот и во кои поради слободата на уметничкото изразување многу факти се поместени и произволно дадени... Извесно е дека Никос Казанѕакис му го сменил вистинското име на Зорбас од Георгиос во Алексис, веројатно да избегне можни компликации со семејството, кое можеше да се најде навредено од некои описи во романот. Тоа дека лично го познавал реалниот Зорбас потврдува самиот во една изјава за печатот по премиерата на филмот во Атина.

„Зорбас со години живееше и работеше во Скопје. Одлично се познававме, а отсекогаш ме опседнуваше неговиот извонреден живот и несекојдневен карактер. Никогаш не сум сретнал човек кој знаеше толку да се забавува како што го умееше тоа Зорбас. А како само играше сиртаки...“

Алексис, односно Георгиос, бил роден во Катерини, место во северна Грција. Се оженил со убавицата Елени, ќерка на богат сопственик на рудници во кои и самиот работел. Таткото, велат, не ја давал својата ќерка, но Зорбас ја грабнал и тајно се оженил со неа. Со сигурност се знае дека Елени била единствената венчана сопруга на Зорбас, која починала млада, на 36-годишна возраст. По оваа трагедија, Зорбас со својата 11-годишна ќерка Екатерина (најмлада од седумте деца што ги имал со Елени) во дваесеттите години доаѓа во Ниш. Тука купил рудник, а рудници купил и во околината на Скопје, во Драчево и во Зелениково. Ќерката и таткото живееле во хотелот „Ловец“. Екатерина, малку пред неговата смрт, се омажила со видниот скопски трговец Нико Јада, со кого подоцна се преселила во Белград. Имале и син, Вангел, кој ја зачувал единствената фотографија од својот дедо.

Меѓу старите скопјани долго се прикажувало дека едно мрачно пролетно утро во окупирано Скопје, во далечната 1943 година, пред хотелот „Ловец“, подобро речено гостилница, која видните скопјани ја одбегнувале,

бил поставен ковчег. Луѓето низ шепот говореле: Отиде и Зорбас. Како? Беше стар, велат едни. Па, кое срце може да го издржи таквиот живот, додаваат оние што се обидуваат да се прикажат како добри познавачи на чаршискиот живот. „Да не се убил - прашува некој, да не бил болен или алкохолот, сепак, му пресудил? Многу пиеше...“

Околу пладне, на старите гробишта под Водно, во присуство на неколку члена од семејството и пријателите, гробарите ги фрлаат последните лопати земја на гробот на човекот кој една деценија подоцна ќе стекне светска слава, благодарение на еден негов пријател и писател со име Никос Казанѕакис, кој некаде далеку ќе прими писмо... „Јас сум селскиот учител и ви пишувам за да ви ја соопштам тажната вест дека Алексис Зорбас, сопственик на овдешниот рудник за магнезит, умре минатата недела, попладнето во 6 часот. Тој пред смртта ме повика и ми рече ’дојди ваму, учителе, и слушај ме внимателно‘. Во Грција го имам тој и тој пријател. Ако умрам, јави му за мојата смрт и напиши му дека се' до последниот миг добро ми работеа сите врталки во главата и дека мислев на него. Потоа дека не се каам за се' што направив во животот... Многу работи направив во мојот живот, а сепак ми се чини дека ништо не направив: луѓето што се како мене би требало да живеат по илјада години. Добра ноќ!“

Така напиша Никос Казанѕакис во своето прочуено дело „Алексис Зорба“. И тоа е појдовната точка која дава за право да се верува дека ликот од неговото дело е реална личност.

Пред дваесет години, неделникот „Пулс“ објави обемно истражување кое ги потврди „сомневањата“ дека најпознатиот Грк на новиот век, Зорбас, поминал речиси две децении во Скопје од 1926 се до смртта во 1943 година.

Стекнал углед на способен човек, а веројатно и одлично заработувал ако се суди според прикажувањата за тоа како живеел: бил постојан гостин во гостилницата „Ловец“, најдобар муштерија во кафеаната „Маргер“, која до д��цни часови работела за него и за неговото друштво. Бил боем, во вистинска смисла на зборот. Нека е и приказна, но и неговите најблиски тврдат дека немал однос кон парите, дека бил алтруист, дека дури и некојпат ги присилувал сиромавите да го примат неговото добродетелство... Правел како што самиот ценел, не дозволувал никој да му го диктира животното темпо и имал доволно авторитет и дрскост да го прави тоа. Дента пред смртта, имал намера да се прегледа кај лекар. Но, не се пожалил никому, не се јавил никому, отишол во својот пансион во хотелот „Ловец“ каде што наполно сам и умрел. Старите скопјани ни тврдеа дека три дена никој не го побарал, а причината за смртта, најверојатно, била - чир на желудникот. За погребот велат дека бил скромен, но поменот по 40 дена што го приредила неговата љубовница со име Љуба бил величествен.

Спасенија Китановска, старател на семејната гробница во која почива Зорбас и блиска роднина на неговата најмала ќерка, Екатерина, за „Пулс“ во 1991 година ќе изјави: „Точно е, Алексис Зорбас, чие право име беше Георгиос, е погребан во Скопје и почива во гробот на моите родители“.

Дека бил богат тврдел своевремено и новинарот на некогашниот ВУС (Вјесник у срједу), Перо Златар, кој една година по белградската премиера на „Гркот Зорбас“, ќе напише. „По смртта на Елени... Георгиос никогаш не се женел. Стануваше се' побогат и повиден човек. Од 1915 до 1917 година беше конзул на Кралството Грција во Одеса, а оттаму се вратил по Октомвриската револуција. Меѓу старите скопјани во тоа време се зборувало дека и ден-денес некаде во Русија останало закопано богатството на Зорбас“.

Овие детали од неговиот живот Казанѕакис ги внел во биографијата на својот јунак Алексис, кој имал страст кон рудниците и за кого напишал дека почива „во околината на Скопје“. Како што, впрочем, внел и разлики: „Вистинскиот Зорбас никогаш не бил на Крит, немал повеќе од една сопруга, никогаш не бил рибар, и ги имал сите прсти на рацете. Алексис Зорбас, главниот лик на истоимениот роман, е роден на Крит.


#
Статијата е прочитана 5620 пати.

Испрати коментар

Од: neopredelena
Датум: 27.07.2011 01:21:23
Kako ne i Dali Lama i Gingis Kan ke gi napravite Makedonci ili so nekoe si Makedonsko poteklo. Utre ako dojdat Marsovci i tie se "nasi", site se "nasi" i juznite sloveni i antickite Grci, aj odlucete se koj ste?
Од: Slavko Lazovski
Датум: 27.07.2011 02:37:51
Ete, ubava prikazna da se napravo povrzuvanje megu grckiot i makedonskiot narod i posiroko. Edna kulturna manifestacija megu Krit, Skopje, Odesa i Belgrad. Mislam deka g. Mirko Stefanovski od Direkcijata za kultura na Grad Skopje moze da osmisli edna kulturna manifestacija, vo ramkite na Skopskoto kulturno leto.
Од: do neopredelena
Датум: 27.07.2011 08:21:20
Od omrazata, ne znaete sto pisuvate.
Од: Koj bil Zorbas
Датум: 27.07.2011 08:51:19
Pisuvate deka ziveel vo Skopje od 1926 do 1943 godina , a na pogrebnata ploca pisuva deka pocinal 1941 godina?! Aleksis Zorba prema site opisi na Kazanzakis bil od Krit.
Од: nesposobni
Датум: 27.07.2011 09:09:20
ete sto treba da se publicira na CNN i BBC. ne onie stupidarii so aleksandar veliki i cela negova familija. ama koga ne ne biva toa tie e. ce pravel grujo turizam so vlatko i ostanata boranija.
Од: graganin
Датум: 27.07.2011 09:28:09
Neopredelenosta ne znaci i nepismenost i neinformiranost. Site stari skopjani znaat, potvrdeno e i istoriski, a postojat i zivi potomci, deka grkot Zorba ziveel i umrel vo Skopje. Ili neopredeleno ke tvrdish deka grobot vo Butel e skoro postaven, od nekoi opredeleni...postojat crkovni, postojat knigi za dozvoli za zakop, poveli vo crkovnite i gradskiot arhiv ...mozebi togash ke se opedelish...
Од: Angel
Датум: 27.07.2011 09:54:37
До неопределена! Тоа се историски факти и никој не го прави Зорбас македонец?Побарај во архиви на Политика експрес, Илустрована политика...што е напишано, а и што има изјавено неговата ќерка која живееше во Београд.Прво провери некои работи па потоа коментирај!
Од: Janakiev Nikola
Датум: 27.07.2011 10:37:51
Kole 27.7.2011god.Do Neopredelen. Edniot Zorbas e Vav a drugiot e Grk.Teodorovolakise drugo.
Од: do neopredelena
Датум: 27.07.2011 10:55:34
prvo procitajte go celiot tekst posle komentirajte, nikade ne pisuva vo tekstot deka bil makedonec samo ziveel vo skopje, gospogo marsovec
Од: Определен
Датум: 27.07.2011 11:08:58
Гробот на Зорбас е во Скопје,на гробиштата на влашката фамилија Јада (мислам дека од таа фамилија е Гане Тодоровски).Инаку и во книгата на Никос Казанѕакис,пишува дека Зорбас умрел во Србија,во Скопје,а живеел со Србинката Љуба!Инаку ,за настаните во младоста не спомнува Македонци,туку кажува дека се борел против Бугари!
Од: Tina
Датум: 27.07.2011 11:47:25
Interesno. Zorba sakase da bide graganin na R.Makedonija? Zosto? Aaaaa, oti Makedonija imala rudnici koi nikoj ne go koristil. Toj se mislese, abre ulavi Makedonci, imate zlato a bedno ziveete. Ako vie ne go sakate, jas ke go zemam. Razmisluva bas kao Grk. I do koga ke gi trpime site tie koi koristat nase bogatstvo? A so godini a i do sega Grcite i Srbite so priatelsko vnimanie go vnimanile naseto bogatstvo. Neli? Ako Zorba bese od Makedonsko poteklo a negovoto ime bese promeneto kao i site makedonski iminja, deka se podatoci na negovoto pravo ime od Krit? Sepak grobot e turisticki privlacliv. Samo sto ako Grcite dojdat da go kidnapirat Zorba? Toa ke bese dobar muvi film. Ha,ha,ha.
Од: bivs sk
Датум: 27.07.2011 12:00:16
Dobro , ludje koi komentiraat ,a osnovni poznavanja nemaat, kako gi narekuvavme? Vo knigata (da dragi prijateli, ima roman koj e snimen) Zorbas ima edna recenica kade Zorbas raskazuva za negovoto radjanje vo Makedonija(Trakija) i uzasite od vojnite vo Makedonija. Znaci sema: najpoznatiot i najgolemiot Grk e Makedonec, kako i starata srbska pogovorka: nema goreg turcina nego poturice. Citajte knigi, computer da imas neznaci i deka nesto znaes.
Од: k2
Датум: 27.07.2011 12:48:11
Neopredenelena....Vo tekstot pisuva deka e pogreban vo Skopje a ne deka e Makedonec.......citaj malku ako znaes de.....
Од: ubava prikazna
Датум: 27.07.2011 14:11:41
ma tolku sme zatrueni so politika i omraza sto zalosno veke zaboravame da procitame i da uzivame vo edna ubava novinaraska prikazna. A ova e navistina edna takva ubava prikazna. Jas navistina uzivav, bravo i fala za culev....uzivav dodeka ne pocnav da gi citam komentarite :)...opustete se bre luge
Од: milan
Датум: 27.07.2011 16:09:15
Aman od komentatori kontrasi koj mislat deka pred tija da se rodat nemalo svet, a deka posle nivnata smrt ce nastane potop.Povece mu veruvaat na Antonio Kvin otkolku na faktite.

Најди! во Утрински
Втора страница
Забоболка, па што?

"""