Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Инспекцијата за труд затекна 941 непријавен работник

Државниот инспекторат за труд во јули годинава извршил вкупно 3.965 контроли од областа на работните односи и од областа на безбедност и здравје при работа. Инспекторите од областа на работните односи извршија вкупно 3.052 инспекциски надзори, од кои 2.619 редовни, 327 контролни инспекциски надзори и 106 надзори по писмени барања од странки. При контролите биле затекнати вкупно 941 непријавен работник и по донесените 327 решенија за забрана на работа на работодавецот биле пријавени 672 работници.

Инспекторите за труд донеле 63 решенија за отстранување на законски прекршувања и на други прописи и 7 решенија за одлагање на извршување одлуки, како и 15 решенија за усогласување на работното време со бројот на вработени во трговија согласно со Законот за трговија. Притоа, поднесени се и 390 барања за поведување прекршочна постапка.

Државните инспектори од областа на безбедност и здравје при работа во јули извршија вкупно 913 инспекциски надзори, од кои 744 редовни и 169 контролни инспекциски надзори и донеле 335 решенија за отстранување недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и 4 забрани за работа за деловни простории или орудија за работа во деловни простории. Инспекторите за безбедност и здравје при работа извршиле 59 увиди на самото место за потешки повреди на работа, од кои една со смртни последици. Поднесени се 10 барања за поведување прекршочна постапка за повреди на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за инспекција на трудот. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 330 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Во болниците ќе нема лек со доплата
Можен е штрајк ако Собранието не се премисли за Законот за работни односи
Пензиската афера ја тресе Битола
Водостопанство „Брегалница“ половина година без плата
Се гради канализација за гостиварското село Чегране
Ќе се гради нов студентски дом со 600 легла во Скопје
Паричен надомест од државата побарале 6.553 стечајци
Управата за спречување перење пари ќе санкционира шест банки
Оптички кабел на линија Скопје - Кичево
Од утре втор уписен рок во средните училишта
Узурпирани тротоари на две улици во Гостивар
Хуманитарен сунет за ромските деца

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.