Мајкл Фелпс го надмина рекордот на Марк Шпиц од седум златни медали освоени на едни Игри. Тој победи во сите осум трки во кои учествуваше и освен во една постави светски рекорд. Шпиц во 1972 година постави светски рекорди во сите дисциплини каде што победи. Меѓутоа, на овие Олимписки игри времињата се многу подобрени, така што ако направиме споредба во некои од овие трки ќе видиме дека Шпиц ќе завршеше на 55-то место од 58 пливачи во трката на 200 м слободно и 33-то од 44 пливачи во трката на 200 м пеперутка. Во штафетната трка во слободен стил неговиот тим ќе беше последен.