Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Воени хеликоптери го гаснат пожарот на Беласица

СТРУМИЦА - На планината Беласица кај Струмица и вчера беснееше големиот шумски пожар. Тој не е ставен под контрола, иако два дена непрекинато, во неговото гаснење учествуваат пожарникарите од Струмица, и вработените од Шумското стопанство „Беласица“, односно комуналното претпријатие „Комуналец“. Пожарникарите велат дека гаснењето на пожарот оди бавно и тешко поради непристапниот терен, а силниот ветер постојано го шири кон селото Куклиш. Откако видоа дека пламените јазици им се доближуваат, жителите со трактори и други средства, од вчера се вклучија во борбата со огнената стихија. „„Не обзема страв кога гледаме како ветерот го носи пожарот кон селото. Затоа од изутрина се собраа стотина луѓе и со трактори заминаа горе, во планината да помогнат во гаснењето на пожарот“, изјави Томе Дрвошанов, жител на селото Куклиш.

Во гаснењето на пожарот на планината Беласица од вчера се вклучија и два хеликоптери на АРМ. Од засега непознати причини, пожарот на планината Беласица избувна во саботата околу 15 часот. Според првичните процени, досега изгореле над 400 хектари дабова и букова шума. Од вчера под контрола е ставен пожарот над селото Николич кај Дојран. За два дена таму изгореа над 150 хектари нискостеблеста шума. (Е.П.)


Статијата е прочитана 441 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Куршумот од Балтимор и овдешните желки
Во болниците ќе нема лек со доплата
Македонија не смее да го изгуби чекорот за НАТО
Претходен број
Русите се повлекуваат од Јужна Осетија
Зденко
СДСМ дебатира за лидер, но Црвенковски веќе ја зеде палката
Добри и лоши момци
Зошто Белград молчи?
Пензиската афера ја тресе Битола
Бензините поевтинуваат за 1,5, а дизелот за четири денари
Пекинг 2008
Мушараф поднесе оставка на функцијата претседател
На Трауматологија се појави опасна бактерија
Хипнотизам и бриканизација
Кина- Да се учи од другите – за да се надминат
Verbatim

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.