Број 2816  понеделник, 20 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Матичната евиденција преминува од МВР во Правда

Гордана Дувњак


Матичната евиденција во иднина ќе премине во рацете на Министерството за правда, поточно во новоформираната Управа за водење на матичните книги, наместо во МВР. Матичното работење опфаќа водење на матичните книги на родените, на венчаните и на умрените. Издавањето лични карти, пасоши и државјанства и натаму останува работа на полицијата. Засега, не постои размислување во МВР за ослободување од „граѓанскиот сектор“, за да се избегне шетањето на граѓаните од еден на друг шалтер. Со воведувањето на едношалтерски систем, граѓаните на едно место би ги добивале сите документи и не би биле изложени на дополнително губење време и пари.

Како ќе биде спроведен овој процес што државата го одложуваше речиси 20 години?

Збунува тоа што пред да почне целиот процес, не е направена компаративна анализа за тоа како е решено ова прашање во другите земји. Зачудува и тврдењето на надлежните дека новиот начин на матична евиденција нема да предизвика финансиски импликации. А, во исто време се зборува дека ќе биде потребно да се обезбедат нови објекти, вработувања и опрема.

Во Министерството за правда сметаат дека, и покрај тешкотиите што можат да се јават, тие се подготвени да се зафатат со предизвикот. Истиот став го има и Министерството за внатрешни работи. „Се' зависи од Министерството за правда. Кога ќе ни дадат знак, ние сме подготвени да почнеме со делбениот биланс и со префрлање на матичните книги“, ни изјави Иво Котевски, помошник на министерот за внатрешни работи за односи со јавноста.

Се' досега, матичните книги на територијата на државата ги водеше МВР преку негови организациски форми во 30 градови и во 237 месни канцеларии во населени места, а кои се во состав на 33 подрачни одделенија на Министерството за правда. Но, искуствата од теренот говорат дека добар дел од нив, посебно во малите места, речиси и да не функционираат. Со денови се затворени, а има проблеми и во обезбедувањето огрев за затоплување.

„Со донесувањето на измените на Законот за матичната евиденција од 25 јули годинава, се создаде нова правна рамка за обединување на евиденцијата, со што ќе се избегне двојноста во постапувањето“, ни изјави заменик-министерот за правда, Ибрахим Ибрахими, кого Владата неодамна го задолжи да раководи со работната група која ќе го спроведе овој обемен процес.

Министерството за правда веќе формирало работна група составена од по три члена од Министерството за правда и од МВР, а во неа учествуваат и замениците-министри од двата ресора. „Работната група, која минатата недела почна со активности, треба да направи делбен биланс на деловниот простор, инвентарот и опремата, средствата за работа, како и да направат нова систематизција на вработените, за да види кои луѓе од двата органа ќе преминат на работа во Управата“, додава Ибрахими. Тој вели дека до крајот на годинава, треба да биде формирана Управата, а од почетокот на идната да почне со работа.

„Веќе имавме одредени искуства околу префрлањето на интабулационите книги од судовите во Катастарот, како и со префрлањето на предмети од едниот во другиот скопски суд. Верувам дека за две недели ќе успееме да ги префрлиме и матичните книги“, подвлекува заменик-министерот за правда.

И покрај пробивањето на роковите, Ибрахими смета дека со интензивно ангажирање до крајот на годинава, Управата, сепак, ќе почне со работа. Директорот на Управата требаше да биде именуван до средината на септември, но тоа се' уште не е направено.

Управата за водење на матичните книги, која ќе работи во рамките на Министерството за правда, ќе има својство на правно лице. Со Управата ќе раководи директор кого го именува и разрешува Владата по предлог на министерот за правда. Тој се именува од редот на правници со работно искуство од пет години во областа на управните работи. Неговиот мандат е четири години.

Вработените матичари од МВР ќе се преземаат од Управата за водење на матичните книги во рок од 30 дена од донесувањето на актите за организација и систематизација.


Статијата е прочитана 643 пати.

Испрати коментар

Од: devicanecot
Датум: 20.10.2008 08:09:45
Koj vika deka ne e pravena komparativna analiza? Pa uste toa bese idejata na Frcko. No koga covekot uvide kade se parite ( vo ZUS), negovite formulari i pasosi, togas se ostana po staro. Da ne bide nesto slicno i sega se plasam? A osnovnata premisa bese na Frckoski, deka ne saka Makedonija da ostane miliciska, odnosno policisja drzava. Demek, covek se ragja, treba da se prijavi vo policija, covek se zeni ili mazi, isto vo policija, covek umira, isto se prijavuva vo policija.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Од Виена го помагаме развојот на регионот
Остануваат гаранциите до 20.000 евра
Во Штип падна стотата казна за јавна чистота