Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Македонија ја совлада фаворизираната Турција

Синоќа во директниот дуел со селекцијата на Црна Гора нашите кошаркари решаваа кој ќе го освои „Трофејот Македонија“

Кошаркарите на Македонија направија извонредно голема работа откако во рамките на второто коло на силниот турнир „Трофеј на Македонија“ кој се одржува во нашиот главен град, успеаја да ја совладаа фаворизираната репрезентација на Турција предводена од првата ѕвезда на овој тим, Туркоглу со 67:59. Синоќа момчињата на селекторот Јовица Арсиќ, во рамките на дуелот од третото коло, во борбата за освојување на првото место на турнирот ги одмерија силите со репрезентацијата на Црна Гора, која исто така извојува две победи на стартот на турнирот.

Во добар амбиент и малку повеќе публика на трибините во спортската сала „Борис Трајковски“, нашите момчиња одиграа тврд и тежок натпревар во кој на крајот сосема заслужено и' се радуваа на големата победа.

Сепак, мечот не започна баш најдобро за нашиот тим. Очигледно прилично импонирани од квалитетот на противникот на стартот, нашите играчи, не успеаја да ја контролираат играта се' до финишот на првиот период, кога преку расположениот Влатко Илиевски првпат успеаја да поведат со (18:17). Сепак, Арслан со две едноподруги тројки веднаш ја врати контролата на резултатот за неговиот тим, кој во тие моменти поведе со 23:18.

Гостите поведоа и со двоцифрена разлика во 13-та минута кога на семафорот беше 30:20 за селекцијата на Турција. Нашиот тим се' уште не можеше да ја пронајде вистинската игра против Турците, се форсираше шутот, кој по некое непишано правило не и' беше наклонет на нашата екипа. Сепак, ниту Турците не успеаја да ја искористат нашата лоша игра, па така негативата се' уште беше достижна.

Кам-бекот на нашиот тим уследи во третиот период кога со серија од 10:3, македонската репрезентација се приближи на достижни 44:42, по одигрувањето на првите пет минути од овој период. Сепак, повторно Арслан и Туркоглу со ефикасното забивање, покажаа кој се' уште ја има контролата на резултатот и играта на оваа средба (53:45). Нашите кошаркари по многу натегање и грешење, конечно започнаа да играат поорганизирано во одбраната и како резултат на ваквата игра, на крајот на третиот период стигнавме до 53:50.

Комплетниот резултатски пресврт се случи во финишот на мечот, кога нашиот тим уфрли во петта брзина и благодарение на извонредната игра во тие моменти на новакот под кошевите, Џеремаја Мејси, кој беше потпомогнат со неколку одлични асистенции од капитенот на нашиот тим, Врбица Стефанов, конечно го скршивме отпорот на незгодниот противник и стигнавме до извонредно важната победа на турнирот, која македонската репрезентација ја донесе во ситуација синоќа да се бори за освојување на „Трофејот на Македонија“ против составот на Црна Гора.

Сала: „Борис Трајковски“. Гледачи: 3.000, судии: Денковски-Крстевски-Терзиевски.

Македонија: Илиевски 17, Мираковски, Р.Стефанов 3, Блажевски 3, Тасовски, Гечевски 4, Стојановски, Гоцевски 2, Мејси 25, Самарџиски 2.

Турција: Акјол 2, Гулер 2, Атцур, Арслан 13, Илјасова 6, Тунчери 6, Ѓоркем 2, Ѓонлум 10, Солак 4, Сонкол, ��уркоглу 14.


Статијата е прочитана 403 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Вардар про победник на турнирот во Зеница
Рекордни 5,05 м на Исинбаева во скок со стап
Кина во солзи- поради повреда, се откажа Лиу Ксијанг
ШАХ - Победнички потег
Селмани откажа, Славковски ќе дебитира во Реквере
Јотовски на главниот тениски турнир во Добрич
Трајанов му се придружи на Демири
Селман последен меѓу 37 во трискок
Прв медал од Олимписките игри за Маврициус
Споредба меѓу Фелпс и Шпиц
Германија не успеа да се пласира во четврт-финалето во ракомет
Финале Бразил-САД
Во ватерполо четврт-финалето Црна Гора против Хрватска
Прв пораз за кошаркарите на Литванија
Освоени медали
РЕЗУЛТАТИ

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.