Број 3309  четврток, 17 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Македонија и БиХ сакаат повеќе да тргуваат

Трговската размена меѓу Македонија и Босна и Херцеговина, која изнесува 130 милиони долари, е на незадоволително ниво, и покрај одличните политички односи и близината меѓу двете држави. Економската соработка ќе се подобрува преку интензивирање на контактите меѓу бизнис-заедниците, соработка во туризмот и заеднички проекти, за што двете држави ќе потпишат билатерални договори. Таква оцена изнесоа македонскиот министер за економија, Фатмир Бесими, и босанскиот министер за надворешна трговија, Младен Зиројевиќ, кој е во посета на Македонија во придружба на 40-ина бизнисмени од БиХ. Ова беше прва поголема деловна средба на бизнис-заедниците од двете држави по десет години. Учествуваа фирми од прехранбената, дрвната, металопреработувачката индустрија, производство на кожа, амбалажа, производи од челик....

Според министерот Бесими, Македонија и БиХ во рамките на ЦЕФТА имаат целосна либерализација на трговијата, која се одвива без проблеми, но и покрај тоа, ниското ниво на размената бара воспоставување систем за зајакнување на соработката. „Трговската размена изнесува околу 130 милиони долари, односно 3,7 проценти од македонската трговија, со што БиХ е на 17. место меѓу трговските партнери“, изјави Бесими.

Министерот за надворешна трговија на БиХ, Зиројевиќ, ја нагласи потребата за зголемување на инвестиционите активности во двете земји. „Нашите економии се компатибилни, потрошувачите се навикнати на производи и од едната и од другата земја. Имаме слично ниво на економски развој, исти амб��ции за евроинтеграции, слична легислатива и географска близина. Тоа се многу предности и добра основа“, оцени Зиројевиќ. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 218 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Радоста кратко траеше, нема евтини кредити
Клима-уредите ја запалија струјата
Стечајците ќе останат без пари
„Икеа“ ја одбра Србија
Паѓа рејтингот на банките во Грција
Казна за високиот буџетски дефицит
Французите постари ќе одат во пензија