Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Бензинот поевтин за 1,5, а дизелот за 4 денари

Бензините од денеска поевтинуваат за 1,5, а дизелот за четири денари за литар, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,20, односно за 4,16 отсто. Новата цена на моторниот бензин МБ-96 ќе изнесува 73 денари, ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава за 70 денари, а ЕУРОСУПЕР-98 за 71 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е ИВ) ќе чини 67 денари за литар, додека цената на екстра- лесното за домаќинство (ЕЛ) и на екстра-лесно масло за домаќинство-1 (ЕЛ-1) се намалува за 4,5 денари и ќе изнесува 55,50, односно 56 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,724 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-2, кој сега ќе се продава за 34,438 денари за килограм. (МИА)


Статијата е прочитана 379 пати.

Испрати коментар

Од: taksist
Датум: 19.08.2008 08:26:39
Naftata vo poslednive dvaeset dena poeftini za preku 15%, a kaj nas cenite na benzinite poevtinija edvaj 4%. Sto se slucuva? Spored denesnata cena na naftata na berzite dizelot ne bi trebalo da e poskap od 58 den. a benzinot ne poveke od 64. Zosto e sega ovaa razlika?
Од: Александар
Датум: 19.08.2008 10:41:33
Кога скока цената на нафтата на светските берзи за една недела се состанува регулаторната комисија.сега кога веке повеке време паѓа и тоа за околу 30 долари кај на поевтинува за 5 ден.Ова остава сомнеж за нецисти игри.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Фармерите се премислија - не се откажуваат од штрајк
Законот за енергетика може да ја чини државата стотици милиони евра

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.