Брoj 2816  понеделник, 20 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Шкарт ОКТА-ни

Маја Томиќ

Тоа дека ОКТА со години наназад произведува деривати со лош квалитет, поради што страдаат и автомобилите и се трујат граѓаните и околината, на сите одамна им е јасно. Но, домашните власти и одговорните во оваа компанија упорно се прават „на Tошо“. ОКТА најнормално ги продава горивата на своите бензински пумпи и никој од неа не барал и не бара да покаже со каков квалитет се тие. Тоа дека станува збор за висок неквалитет треба да ни каже Косово. Веќе втор пат за една и пол година цистерните на ОКТА не се пуштаат да влезат во Косово, затоа што надлежните утврдиле дека бензините се неквалитетни и контра европските стандарди. Овие стандарди во Косово се применуваат и тамошните власти со право не примаат сешто да им се продава на пазарот. Македонија, за жал, се' уште нема европски стандарди за горивата, иако има значително поголем државнички „стаж“ од соседно Косово.

Така, почитувани македонски граѓани, но и македонски власти, за сите подетални информации околу (не)квалитетот на бензините на ОКТА што циркулираат на домашниот пазар ќе треба да им се обратите на институциите во Косово. Очигледно тие ги имаат вистинските информации за она што ни се случува нам.

ОКТА не е технолошки подготвена за производство на квалитетни бензини, а друг увозник и да сака, не може да ги донесе на пазарот. Затоа што Владата, иако дозволи бесцарински увоз на „еуро 5“, се' уште не утврди цена по која ќе се продава ова гориво. Со други зборови, Владата, наместо да ги штити граѓаните, ја штити ОКТА, давајќи и' нови и нови рокови, наводно, за да обезбеди технологија за повисок квалитет на бензините. Но, веројатно на компанијата и' е поисплатливо да продава шкарт горива отколку квалитетни, бидејќи така има ем помали трошоци, ем поголем профит.

 


Статијата е прочитана 738 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 20.10.2008 02:00:56
Pa koj ja nasadi OKTA vo Makedonija, Premierot so Bugarski pasos??? I za ova VMRO-vcite vikaat deka SDS e kriv???
Од: Koj se paravi na toso?
Датум: 20.10.2008 07:49:08
Kole !Potpisnik na toj dogovore e i togasniot minister za finansii vo vladata na"premierot so bugarski pasos" . A setise koj bese togas minister za finansii , a sega se pravi "na toso".
Од: Reno18
Датум: 20.10.2008 10:00:01
Ma sega se super odkoga pocghnaa da stavaat i voda. Od toa pochisto zdravje. Morav da go izvzdam celiot rezervoar na moeto skapano R18 za da ja isturam vodata od nego.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Разбојници ограбиле банкарска сметка на Саркози
Зденко
Годинава ни НАТО ни датум за преговори со ЕУ
Бугарија - најкорумпираната држава во Европа? (2)
Претходен број
Љубе Бошкоски од Битола зачекори со ОДАМ
Цариград не дозволува „промени на канонското управување“
Рејтинг-огледалцето на Груевски
Како да се стане и да се остане државен службеник
Винарството во Македонија се развива побрзо од лозарството
„Ла круа“
Косово повторно им стави рампа на цистерните на ОКТА
Карикатура
Вербатим